Ау, ау, ау... ај не драматизирајте. И јас и многу други сме живееле со свекрви. Eве јас речиси три години. Па не осеќав потреба да се претставувам на форумов како припадник на ранлива и тешко напатена категорија граѓани. Сме имале проблеми и тоа еден многу сериозен, па се` се преброди. Не им придавав толку на значење. Сопругот си го ставав на прво место, неговите желби и потреби, затоа и тој кога беше најгусто ја одбра правилната страна на фронтот за да после сите заедно бидеме еден ист фронт. Ако нешто не ми се допаѓало, сум расчистувала на маса со неа. Сум поставила граници од старт. Не сум се трудела да ја импресионирам па да се осети слободна да ми го опне самарот. Како што сум се чувствувала, така и сум правела. Ако не сакам да и` слугувам, што? Во полиција ќе ме пријави? А за тоа што вие упорно седите во бракови во кои мажот не ве поддржува и од старт си ги става родителите пред вас, ниту свекрвата не ви е крива, ниту пак оние чии мислења ви пречат на форумов.
Штом кривицата секогаш се бара во друг човек и не се знае да се седне да се разговара како возрасен, не сте ни дозреани за брак и незнам што воопшто трчате во истиот. Небаре немажени ќе си останеме...
(Обележаното) Оваа реченица кажува повеќе од 100000совети!!!!!! НИкогаш ама баш никогаш неможеш да го задржиш бракот ако ова е темел на сите проблеми. Никогаш не ја барајте кривицата во свекрвата, него единствена причина за вашите несограсувања е непочитувањето на мажот. Јас го кажувам ова од искуство. Ќутев, ќутев....но сега се е поинаку! Ако нешто имам да и кажам на свеки одма во лице на да ставам се во себе. Зашто јас да се нервирам нека се нервира и она. А мажот колку ме ппочитува толку и јас него....па ќе видиме до кога ќе издржиме заедно.....ќе видиме кога тиквата пак ќе пукне.
На мене ми личи дека трудничка и таа секеринка е една личност која сака сама да си прави каши на темава.Не е решение да се омажиш за да избегаш од татко пијаница или било каков проблем.Значи си можела мн други начини да најдеш за да се справиш со тој проблем.Ти си го одбрала најлошото во оваа ситуација ти си си напрзавила поголеми проблеми сега трпиш па свекрва значи дека не си решила никаков проблем пак татко ти е пијаница имаш нервоза од негова страна а и си го дуплирала проблемот со свекрвата.Не е решение ај ке се омажам и ке ги решам моите проб.Јас имав ОГРОМНИ проблеми со свекрва ми па што уште живеам во нејзина куќа ме маваше ова она не признаваше мнооогу раб и се замарав ама ко видов дека за инат така раб па почнав и јас да и терам инает.Еве баш денес дека празник никој ниш не раб јас си пуштив свадбата наша да ја гледам и таа влегува јас го метлеев син ми во раце да играме па ко си се фативме двете оро околу маса некој да не видеше ке ни се изнасмееше,се каравме ме маваше удараше и се и свашта ма ко виде дека не попуштам си легна на брашното и еве денес и кафе пиевме значи ке свати и твојата еден ден дека треба да се попушта во некој ситуаации и дека не е вината во младите како што повекето мислат.позз и имајте убав ден
Еве и јас со мојата сторија за свекрва да се јавам. Интересни ми се девојкиве кој се жалат од свекрви , па добро бе само јас ли имам „супер свекрва„ ? Може некој ке рече „ ОД КАЈ СЕ ЈАВИ ОВА ДЕМЕК ДОБРА СВЕКРВА ИМАЛА„ . Но ете јас и мојата свекрва сме како мајка и керка. Речиси за се се сложуваме , нормално е некогаш и да се скараме па живи луге сме. Значи кој и да дојде таа се што самата напраила вели „ Снаата го направи„ ни заблазнуваат. Дури имавме случка кога една братучеда на свекор ми од пуста лјубомора ни рече „ КЕ ПРАВАМ ШТО КЕ ПРАВАМ НО СНААТА КЕ ЈА ОТТРГНАМ ОД ВАС„ демек да се замразиме со свекрва ми но не и успеа.
свекрва ми е прилично постара жена да не грешам душа ама сега за сега е добра спрема мене, ако нешто ја замолам , ако ми треба помош го прави тоа, арно ама многу е љубопитна , се ја интересира, доаѓаме со мм од продавница она зјапнала во ќесите, а што купивте? од кај го купивте, кај шетавте? Ако искочиш на тараса она одма дига глава нагоре гледа што правиш и те прашува нешто..насабајле верувате некогаш кога ќе станам одам на прсти за да не чуе дека тропам зашто а чуе одма се качува горе што сум правела да види кога ќе дојде горе кај нас ако имаме нови чаши, нови лажици било што, не е жива да не праша од кај ни се, колку пари и одма си вели е и јас сакам вакви многу се убави , како да ни кажува да и купиме, до некаде ми доаѓа како детинеста да е , зашто буквално се ја занима од најмала ситница до најголема, прошли пат ми вика е убаво вие си купивте танири нови јас немам, јас и велам не ги купивме, мајка ми ми ги даде ПОвторувам не е лоша жената ама како да немам приватност, како на штрек сум дека секој момент ќе дојде а не сум/сме секогаш во можност да и отвориме , а најлошо и е тоа што ако не и отвориш додека сум сама а мм е на работа, тропа по врата, по прозор, вика за да и отвориш а ја сирота колку пати во веце сум, се бањам
Не ми се верува, како ти го читав постот, мислам ја опишуваш мојата ситуација, само што јас овој проблем го имам со баба ми на моменти ја чувствувам како свекрва ( а свекрва немам, не сум мажена) . И таа е постара жена на 72 години и се ја интересира, се сака да знае, и кога не и правиш нејзе муабет она те препрашува што како било, иста ситуација- јас во веце се бањам, таа 10 минути викала по мене, а јас нормално не ја слушам, и на крај ми се лути зошто не сум и се одзивала,а кога ќе и објаснам што била работата, во моментот се одљутува, смешки ама мора да ги разбереме стари луѓе, по малку и изветреани, па по цел ден сами, сите околу нив негде брзаат, одат, нормално е кога ќе начекаат прилика сакаат да си поправат муабет, и да дознаат некоја новост. Немој да и замеруваш, верувам дека не го прави тоа со лоша намера, ти направи си смешка од тие ситуации, насмеј си се и уживај си. И на мајка ми некогаш и сметаат овие исти работи и како демек се подналутува ( пошо нели не би биле снаа и свекрва ако не се подналутат малку ), ама и нејзе и го кажувам истово, нема поента за некои вакви ситници да се почнува расправија, на тие години никој не се променил и нема зошто понатака да се докажуваме и трудиме да ја промениме, невозможно е. Затоа накриви си ја капата и уживај Со среќа
ама не секогаш имаме време за муабети нели, они се пензионерки и седат дома и друга работа немаат ама ние сме со обврски и не само тоа, како што кажав се осекам без приватност и како да живеам на видик, како се што правам она да посматра и да е запознаена прошли пат и се налутив, јас си седам во дневна, мм беше надвор нешто работеше а она земала со некои тетки стрини појма немам кои се, си влезе внатре без да тропне зазвони за да им покажела како имаме дома наместено отварам врата гледам и само една лута фаца направив ама после и мм и јас и кажавме дека нема што она да качува горе некој да ми се шета, или веке ако качи нека тропне, па може гола се шетам бе по дома :geek: и она, ама јас мислев тука сте си вие , си седите во дневна па и да седиме со кое право влага така па уште со други,а свекор ми ти е друга приказна тој неколку пати до сега си влага без да тропне и од памет не вади, ама мм му кажа прошли пат дали слушнал за звонче, абе убаво јас клуч на врата и гајле ми е , ццц тешко е со стари луге дефинитивно
свекрва ми е прилично постара жена да не грешам душа ама сега за сега е добра спрема мене, ако нешто ја замолам , ако ми треба помош го прави тоа, арно ама многу е љубопитна , се ја интересира, доаѓаме со мм од продавница она зјапнала во ќесите, а што купивте? од кај го купивте, кај шетавте? Ако искочиш на тараса она одма дига глава нагоре гледа што правиш и те прашува нешто..насабајле верувате некогаш кога ќе станам одам на прсти за да не чуе дека тропам зашто а чуе одма се качува горе што сум правела да види кога ќе дојде горе кај нас ако имаме нови чаши, нови лажици било што, не е жива да не праша од кај ни се, колку пари и одма си вели е и јас сакам вакви многу се убави , како да ни кажува да и купиме, до некаде ми доаѓа како детинеста да е , зашто буквално се ја занима од најмала ситница до најголема, прошли пат ми вика е убаво вие си купивте танири нови јас немам, јас и велам не ги купивме, мајка ми ми ги даде ПОвторувам не е лоша жената ама како да немам приватност, како на штрек сум дека секој момент ќе дојде а не сум/сме секогаш во можност да и отвориме , а најлошо и е тоа што ако не и отвориш додека сум сама а мм е на работа, тропа по врата, по прозор, вика за да и отвориш а ја сирота колку пати во веце сум, се бањам : Не ми се верува, како ти го читав постот, мислам ја опишуваш мојата ситуација, само што јас овој проблем го имам со баба ми на моменти ја чувствувам како свекрва ( а свекрва немам, не сум мажена) . И таа е постара жена на 72 години и се ја интересира, се сака да знае, и кога не и правиш нејзе муабет она те препрашува што како било, иста ситуација- јас во веце се бањам, таа 10 минути викала по мене, а јас нормално не ја слушам, и на крај ми се лути зошто не сум и се одзивала,а кога ќе и објаснам што била работата, во моментот се одљутува, смешки ама мора да ги разбереме стари луѓе, по малку и изветреани, па по цел ден сами, сите околу нив негде брзаат, одат, нормално е кога ќе начекаат прилика сакаат да си поправат муабет, и да дознаат некоја новост. Немој да и замеруваш, верувам дека не го прави тоа со лоша намера, ти направи си смешка од тие ситуации, насмеј си се и уживај си. И на мајка ми некогаш и сметаат овие исти работи и како демек се подналутува ( пошо нели не би биле снаа и свекрва ако не се подналутат малку ), ама и нејзе и го кажувам истово, нема поента за некои вакви ситници да се почнува расправија, на тие години никој не се променил и нема зошто понатака да се докажуваме и трудиме да ја промениме, невозможно е. Затоа накриви си ја капата и уживај Со среќа[/quote] ама не секогаш имаме време за муабети нели, они се пензионерки и седат дома и друга работа немаат ама ние сме со обврски и не само тоа, како што кажав се осекам без приватност и како да живеам на видик, како се што правам она да посматра и да е запознаена прошли пат и се налутив, јас си седам во дневна, мм беше надвор нешто работеше а она земала со некои тетки стрини појма немам кои се, си влезе внатре без да тропне зазвони за да им покажела како имаме дома наместено отварам врата гледам и само една лута фаца направив ама после и мм и јас и кажавме дека нема што она да качува горе некој да ми се шета, или веке ако качи нека тропне, па може гола се шетам бе по дома :geek: и она, ама јас мислев тука сте си вие , си седите во дневна па и да седиме со кое право влага така па уште со други,а свекор ми ти е друга приказна тој неколку пати до сега си влага без да тропне и од памет не вади, ама мм му кажа прошли пат дали слушнал за звонче, абе убаво јас клуч на врата и гајле ми е , ццц тешко е со стари луге дефинитивно [/quote] леле истава ситуација и мене ми се случуваше а и сега понекогаш.кога се преселивме на спратот ,пред три год.и оставивме клуч на свекрва ми ајде домашен човек па да има ,ние по цел ден не сме дома .на неколку пати ја начекав како ми носи луге на турнеја- кој стигне да види горе како е наместено,роднини ,комшии.од една страна и ја разбирам радоста ново ,сака да се пофали ама од друга страна јас скоро секое утро излегував наврат нанос па не ми е секогаш стокмено за изложби и не сакам бре,непознати луге да ми се шетаат низ куки кога не сум дома .е тоа го решивме ,си го зедовме клучот назад.арно ама како да ја научам звонче да користи?влегува кога ке и текне без најава.
Заклучуваш врата и решен проблем. Ако те праша зошто, тогаш кажи и дека ти е страв од лопови. А за butterflysk совет (проверен од моја блиска пријателка), почни да си се шеташ по гаќи и без прслук по дома.
За соживот со постарите, еден совет од мене-потрудете се да најдете разумен компромис.А тоа веќе сигурно знаете што е Тие што се сега љубопитни, такви биле и кога биле помлади. Тие што се сега намќори, такви си биле. Староста не ги менува луѓето, само им потенцира некои особини малку повеќе. А тоа меѓу другото значи и дека нема шанси да ги смените. Евентуално може да ги убедите да се контролираат малку. Кога има потреба борете се за себе. Ама, искуството ме научило дека е важно и да знаете кои битки ви се најважни и тие да ги биете. Ако се борите постојано и за се, на крај освен тоа дека ќе бидете општо сметани за живчана снаа, нема да смените ништо и никој веќе нема ни да ве слуша кога се буните. А ако се изборите за работите кои ви се најважни, голема е веројатноста другите сами да се наредат. И најголемите војсководци губеле кога се бореле на повеќе полиња во повеќе битки. И уште нешто-бидете свесни дека за нешто да се смени треба време. Младите се нетрпеливи и тоа е нормално, ама сфатете дека ништо добро и вредно не се прави преку ноќ.
абе она си е доле јас сум си горе, јас НИКОГАШ не сум влегла без да тропнам дури чекам да дојде и да ми отвори иако е отклучено , а она често пати знае да се фати за квака и ако е отворено влага во ходник и вика по мене , а ако не е звони без престан, не сакам да ми влага така, растурено ми е не ми е може средено, не сум средена ни јас, едноставно не сакам никој да ми доага, и многу ми е тешко зашто јас дома кај моите никогаш не сум заклучувала а тука сум се под клуч како да фрчат лопови на сите страни се осекам али следниот пат треба да не најдат со мм во некоја поза па да видат дали ке доагаат така, свекор ми па леле од никаде гледаш отвара врата од дневна ние седиме со мм се исплашив ја не знам како не му е срам а свекрва ми следен пат кога ке ме праша што купивте ке кажам влошки за госпожава и да оставиме врати со мм и онака да си се соблечеме да не видат еднаш така па да видам дали секоја минута горе ќе се јас ги почитувам и се, и ајде постари се ама тоа не значи дека треба во мој дом да се устручавам ,. да се штрекнувам, и да газам на прсти насабајле за да не ми дојде кога уште ни заби не сум измила
Баш сега сакав за истово и јас да напишам. Ние со мм од пред некој ден си се качивме на спратот. Двајцата сами конечно, во ново убаво и целиот ќеиф сега ни е. Еве пример вчера, си дојдовме од работа накај 17h јас си чистев средував алишта во спална мм гледам заспал во дневна и накај 18,30h беше и ОП еве ти ја свеки ми влегува во спална се штрекнав јас. И се дери вика спие мт ти што правиш и јас ја гледам бледо (а преморена од преселбата бев цели два дена се селевме + ме отепа жешково) и и' викам еве не гледаш средувам алишта. И јас не и зборувам таа упорна дреми во спална си седна и ме гледа и викам ти треба нешто, ааа не не вика онака дојдов да видам што правите. Ахам добро. Си замина госпоѓата. Ни се најавија гости дека ќе ни дојдат едни другари. И еве ја пред да дојдат пак ТУП се тупна горе си заѕвони еднаш и одма си влезе и пак исто што правите и си седна. И доаѓаат другариве и си седи таа си дреми. И текна после пола саат дека треба да оди и замина. После еден саат еве ти ја пак, а по 10 мин. се качи и свекор ми (го викна мм). Јас превртувам очи а мм ни а ни б дреми како некој мисир. И мене ми се поврзаа жичките и не можев повеќе и и' викам на другарка ми ај ќе одиме во соба да ти покажам нешто. И на оваа изглда и текна и замина. Свекор ми остана пиво да пие со мажите. Ај ок свекор ми е премногу добар со мене и дури се устручаваше да се качи горе мм слезе и го намоли да дојде. А оваа ни срам ни перде се тупна 3 пати во рок од 5 саати. Значи не ја можам и КРАЈ. Уфф.....
Е затоа убаво ви велевме дека џабе спратот кога сте иста куќа. Со добар план на финансиите, се` ќе се средело. Кога јас и мм успеавме ... Пак е тоа нивна куќа и како таква ќе си ја сметаат. Вие барем имате каде да викнете другарки, мене додека живеев во заедница на памет не ми паднало некого да викнам затоа што немав каде да го пречекам. Две фамилии во две соби, па сега вие правете ја математиката. На се` се правеше распоред, до распоред за користење на купатилото што се вели. Но, не сум писнала или да превртувам со очи или да земам да се нервирам. Сум знаела за кого се мажам и каде тој живее и бев задоволна со таа една соба што ја имавме а за повеќе одлучивме сами да се избориме. И се изборивме и се`уште се бориме, за што сме се лишиле од многу луксузи, важни за многу млади на денешницава. И во собава во која седам сега, никој нема право да ми досаѓа и да ми седи доколку јас не го сакам тоа. И што ако се качила свекрвата? И мене ми се дешавало да ми седи во соба со саати првата година. И не, не сум ја бркала од прва или да и` вртам очи, или да и` се муртам божем да сфати. Не. Ќе пробав да свртам збор два со неа, не ретко сум имала што да чујам, а кога ќе сум сакала да останам сама, ќе сум и` рекла со најљубезен тон дека сакам малку да се одморам и дека малку покасно ќе си седиме заедно кај нејзе или во кујна кога ќе направам кафе за двете. И нормално, не и` оставав повод да се лути. И не, не ми беше така лесно да прифатам некој кој еднаш ме има избркано од таа куќа. Единствено ми беше важно додека престојуваме таму да стварам што помалку конфликти животот да ми биде полесен. Немаше потреба од огорченост, штом бев таму и сите ме почитуваа и ден денес сум оставила образ секогаш да бидам добредојдена, јас излегов победник. А губитникот има право да се лути, не победникот. Исто така, тоа нејзино присуство не ретко ми било од помош. Кога ќе сум била сама дома и не ми било добро, таа останувало да трча по лекови и да ме тера да јадам за да можам да ги пијам. Ќе сум заспиела од што ми било лошо и таа ќе влегла, ќе ме разбудела и ќе ми рекла „Ајде да јадеш, без снага како ќе оздравеш?“ И сум и` враќала на ист начин кога нејзе не и` било добро. И глупаво ми било навистина да пресечам секаква комуникација со неа и да и` обележувам територија за пристап. Тоа е живот во заедница, се живее заедно и во добро и во лошо додека не се најде покомотна алтернатива. Што се однесува до љубопитноста, исто. За се` сум требала да елаборирам. Но, со време си научив и на завиен начин да и` одговарам на такви прашања, по принципот многу зборам, малку кажам . По некое време, очигледно и` се смачи, си сфати дека нема секогаш да ги добие сите информации и си се откажа. Тоа не се проблеми кои треба да ги ставате на памет и да кинете живци заради нив. Допрва ве чекаат нервози, поштедете си се сега колку што можете.
Девојки, сечете од старт. Инаку, ќе си имате проблеми со свекрвите. Јас имам 2 јатрви и едната паметно постапува. Уште од старт кажа пред цела фамилија на маж и дека не сака никој да и се меша. Свекрва ми ќути како мумија пред неа. Збор и нема преречено.
Хмм, значи точно е дека треба да се поставите како авторитет и лице кое бара почит. Но почитта не се стекнува со шерифување и лутење и навредување за секоја ситница. Како на пример длабоко да се увредиш ако свекрвата го поместила миленцето/ ги премила садовите ти што претходно си ги миела/ ти влегла во соба / не јадела од твојата манџа/ ти пререкла нешто што не било твоја вина ... Пред да тврдиме дека сакаме да не` прифатат како семејство и да не ни` бранат да си ја чувствуваме куќата како наша, треба да се запрашаме „а дали ние се однесуваме како што сме се однесувале кај нашите дома?“ - Зарем во нервоза не сме се направиле од г***о подоле со нашите па после сме преминале преку тоа како ништо да не било? - Зарем не сме биле неправедно обвинети од тато, пример за нешто што не сме го направиле и мама да ни` рекла „Ќути, повозрасен е. Не му враќај со таков тон.“ - Ќе сме скршеле нешто пример, зар не коментирале „де брее, како да си фатена во рацете“... и многу други работи ... Од друга страна, дали се чувствуваме и однесуваме слободно како да сме дома? - Пример, ако дента не сте можеле да извршите дадена обврска и во афект нормално дека сте добиле префрлање за тоа, дали сте се замарале „Леле зошто ми го рече тоа? Ауу вака ми рече... така ми го рече, гарант ме мрази...“ Сакам да кажам, понекогаш се лутиме што не ни` помагаат да се чувствуваме како во свој дом, а ние самите се однесуваме поинаку и бараме не ретко и уште подобар третман од оној кој сме го добиле дома. Ама некој за погорново ќе рече, „Ама јас на моите не им замерувам за тие работи, тие ми се семејство.“ Како очекувате да не ве делат од нивното крвно семејство кога вие го правите тоа? А тоа не може да биде. И едното и другото е наш дом, нашите улоги и очекувањата на другите се различни кога сме ќерки и кога сме сопруги. Некогаш сме прекатегорични од оној свесен страв да не претераме со попуштање па да не` влечат за нос како сакаат, што не ни помислуваме дека можеби вчера на другарка сме и` простиле многу полоша работа од онаа која ни` ја направила свекрвата... Од тој претеран одбранбен механизам самите од сопственото гнездо знаеме да си направиме пекол. Слободно и природно однесување, самодоверба, но и почит кон оние со кои го делиме покривот. Не од шо сме добродушни ... за нас самите, за нашиот мир и за нашиот кеиф. Ова не се однесува за екстремните случаи кога си имаме работа со навистина нечовечни луѓе, но доколку одат во пакет со исто толку човечен сопруг, самите сме си виновни. Затоа што свекрвата не можеме да ја бираме, но мажот и те како можеме.
Kаков е тој ручек во кавги?Подобро леб и сол во мир ,отколку згоен вол во кавги.Многу ме иритираат личности кои на ручек провоцираат.Мислам дека треба да имаме малку повеќе почит кон храната која е поставена за ручек.Никогаш не ми било важно дали е богат ручек,кој од нас го обезбедил...Секогаш сум се стремела за семеен мир.Никогаш не сум ја критикувала храната.Таа ни е дар од Бога,и се помалку ја има, признале вие или не.Глад владее по светот. Некаде луге умираат за храна.А ние... За жал повеќето кавги се случуваат токму кога треба да се јаде.Останува едно пршањеДали сме навистина гладни за храна, или за љубов, почит,мегусебно разбирање, толеранција, слога пред се ... Спојлер Кога бев бремена четврти месец, бев на ехо.На вракање една Циганка јадеше јабоко.Абе од уста го оддели кога не виде со маж ми.Рече дека трудница треба да проба ако виде некој дека јаде.Греота било за бебето.Тоа секако го знае свекрва и на тридничка.За Трудничка ТОЈ МАЖ КОЈ ДОЗВОЛУВА ТОЛКУ ВРЕВА ЗА ВРЕМЕ РУЧЕК НЕ Е МАЖ.Тука вината е негова , после на мајка му.(никоја вистинска мајка не би ја зела платата на своето чедо.НИКОЈА.)
Зависи која каква е свекрва, со каков памет. Мене на пример ми криеше додека бев трудна, а и едно што е запомнав месеше кифли и знаете како мирис ко ке се прават домашни кифли ниту една не ме понуди !
Здраво на сите, ве читам подолго време и решив и јас да ви пишам но незнам од каде да почнам пошто голема историја е мојата, можам само да кажам дека не се поднасаме воопшто. Едно време не зборевме цела година па се смиривмее и дадов шанса да се поправи но таа пак по старо, мисли дека ке изиграваме спански серии, но готово веќе сум се зарекла дека нема да се смирам со неа па што сака нека биде, ни за добро ни за лошо. Многу е лошо што живееме во иста куќа, се разминуваме како да не постои таа за мене и јас за неа.лошо е што мора да се гледаме, да имам шанса никогаш очите несакам да и ги видам ама тоа е. Секогаш сум имала почит кон неа и лојалност но џабе е се кога таа ми враќаше со многу лошо , тоа никогаш не се заборава. Само едно можам да кажам ако еднаш се влошат односите веќе ништо не се поправа. п.с таа не му е мајка на маж ми.
Не разговарање со неа нема да ти донесе никакво решение. Најдобро ти е да не зборуваш со неа , иако тоа нема да ти донесе никаков напредок. Всушност тоа и ке ги влоши вашите односи , таа ке почне постојано да те задева. Решение разговарај со маж ти , нека превземе мерки или отселете се ак сте во можност.