Акп мислиш без да ѕвони на врата, не. Не само зет општо мразам некој кога како падобранец упаѓа во куќа/стан без да ѕвони. Затоа заклучи па нека пољуби врата. Не те сфатив баш точно дали на тоа мислиш.
Мене ме интересира како одржувате контакт со свекор/свекрва што не го поднесувате? Сепак родител е на мажот и сакале или не ќе ги сретнуваме. Не можеме скроз да ги избришеме. На почетокот бевме у ок односи, се додека не ја запознав подобро Направи некои работи што мене не ми се допаднаа и од тогаш едноставно не ја можам. Ама ич не сум тип што знае да глуми. Знам дека неподнесувањето е обострано. Арно ама од другата страна има глумење, особено пред народ. А мене на челово ми пишува. Цело време сум кратка,директна на дистанца. Може претерувам ама не знам да глумам. Додека она сака лажно да бидеме другарки хаха и сепак пак ми се обраќа ми се наметнува сака и мене да ме контролира како се останато. а има денови едноставно кога не сакам ниту да ја гледам ниту да ја слушам. Не знам дали претерувам ама не сфаќам зошто не е нормално да се биде на дистанца и едноставно муабет да се прави онака што би се рекло по потреба професионално. Сите околу мене со свекрвите нивни абе мед и млеко, па тоа мамкање. Па блиски пијат кафе, шетаат заедно. Зошто се очекува секогаш ова од снаата? Имам почит само како мајка на маж ми. Мене не ми е ништо.
И мене ме интересира. Не можам да ги смислам кога ќе ги видам ми се слошува. Живееме во иста куќа на различен спрат ама цело време се гледаме, ги избегавам и се кријам во соба ама со дете не можеш да седиш затворен
Контактот помеѓу мене и неа е само кога ќе се видиме. И исклучиво службена комуникација. Јас да се прашувам нема да имам никаков контакт, ама маж ми запна да и зборувам. Сега глуми некое лудило, ама тоа кај мене веќе не пали. Нити и се јавувам, нити сакам да ми се јавува. Се јавува на месинџер и сака да зборува и со мене. Јас само и кажувам добар ден... И толку. Му кажав на маж ми. Муабет само кога мора. Знае он што следува ако пак и дозволува да се меша. Она провоцира по телефон. Му викам на маж ми - Дај да и го кажам тоа што и следува. Он - Немој те молам. Кој ќе ја слуша. Секоја чест за оние жени кои имаат супер свекрви. А тоа е реткост.
Ти , да не си јас? Скроз иста сум. Неможааааам да се правам дека се е ок, кога неможам да ја поднесам.
Не постојат супер свекрви, ниту добри снајки. Постојат психички и емоционално зрели жени кои си ја гледаат својата работа. Ако се погодат и двете вакви нормално ќе живеат. Само што не се сите такви. Некој мора да буричка и да сплеткари.
Меѓусебна почит. Ниту ја оговарам ниту ме оговара. Лошо не ми прави ниту јас нејзе. Помага кога може со ручек, да причува деца. И ние со мм и помагаме за што можеме. Во ништо не се меша. Ниту пак јас и се мешам. Инаку во иста куќа живееме само различни спратови. Читајќи ве изгледа сум имала среќа. И ве разбирам зошто постојат секакви луѓе.
Епа тоа е тоа, да се има меѓусебна почит, ако тие не ме почитуваат и се мешаат во се (секако не им дозволуваме), зошто па јас да имам почит кон нив. Секој треба да си го знае местото и границите до каде можат да одат. Не ми е јасно како може да чепкаат во работите на снаата додека не е тука, не научиле за приватност. И кога ќе кажат некои нивна куќа, што сакаат ќе прават . Па алиштата и плакарите не се нивни, што бараат во алиштата на снаата, како што пиша членката цел спрат и го чепкала, и фиоки отварала во спална и во дневна. Ние еве одиме на 2-3 недели таму, и приметувам дека ми чепкала, а лаже нема клуч, јас си ги заклучувам дневната и спалната, ама имам плакар и во ходник, и дека е со огледало приметувам прсти, и кога затворила потфатила некои капути и штрчат од плакар. Следно сакам да и залепам лист и да напишам "кој влегува да зачисти барем".
Блиска пријателка живее во странство, дел нешто облека имала оставено тука. Видела дека свекрвата и зема и носи од облеката бидејќи жената си се фотографирала и објавувала по социјалниве мрежи. Се поткачиле малку ама свеки била упорна со што на крај и рекла ,,облеката секако е во куќава - значи наша е".
Како што и сами пишавте погоре постојат зрели жени што си ја гледаат својата работа. Значи во тој случај не би имало проблем. Проблемот се јавува значи некој прв го почнува нели. Тоа сакале признале или не. Најчесто се свекрвите. Зошто најчесто не можат да се помират дека синот веќе си има друго семејство. Тие сеуште се сметаат дека семејството се тие и снаата дека се приклучила само. Небитната. Дојдената. Си мислат е јас го гледав го растев јас му готвев го перев сега некоја ќе ми го команди синчето ќе и чисти ќе и работи по дома ќе го земе под нозе хаха. Ова не го прават зрели жени во право сте. Свеки моја мисли дека се околу неа се врти дека се она може да контролира и дека се она знае и мисли дека како она што сака така се во животот ќе биде. Му кажав на мм, (свекор ми мирен човек е, децата мајка им е). Му викам имала среќна звезда и се погодило да прави што сака а и цело внимание како светот околу неа да се врти било. Арно ама кај мене нема да може, мене не ми е апсолутно никаков фактор и не може и мене да ме контролира. Јас ли требаше да ги учам како треба со снаа да се однесува, возрасни луѓе. Џабе некому и социјализација шетање школо кога некој нема ни култура ни понашање. Влагање во соба без тропање, земање работи од мм ко нивна сопственост да се, без прашање. И ред други примери. И уште они навредени зошто јас сум се лутела, пази добро. Можам еден роман да напишам, да не должам многу.
Не е стално вака. Јас не сум "добра" снајка, ама познавам едни, имаат и стара куќа и нова, една до друга, стариве си живеат во новата куќа заедно со младите. Имаат поделени спратови, ама пак нонстоп се заедно, за спиење се делат. Заедно ручаат, свекрвава си кажува дека ги чисти и двата спрата,дур се родителите на работа,бабава си го чува внучето и со сигурност и од двете знам дека вистина се сакаат. Знам дека има исклучоци, ама онака баш ептен мило ми е кога ќе ги слушам како секој си го знае местото и свекрвава си е скроз приземјена, на пример самата кажува дека она им викала да се носи детето во градинка, она ќе го земала зошто вози,не и било проблем. Во глобала ова е реткост да се чуе од свекрва, претежно е муабетот "нејќат јас да го чувам, поубаво ќе му е со мене отколку таму,ми го земаат детето". Јас имав вакви проблеми, ама мм ги среди. Реално ние снаите џабе е да збориме, нас на г***т не не' редат. Ама друго е синот кога ќе им каже. Мм си кажа "гледате дека никој не живее ко вие што сте живееле, не може да е така, ако вие неможете да се помирите со тоа, не е наш проблем". Е после тоа упорно суптилно се пробува нешто да се наметне (и што упорно јас се нервирам,ама не покажувам),ко на пр. "Ееее види Кате како убаво си живее со свекрва и, откога е она во куќата, Весна смукалка нема фатено, постела нема сменето" а јас се смеам и викам "Епа кога е проста Кате, Весна ќе заборави постелините кај и се" и штама Едит: Така да,сакам да ти кажам дека маж ти треба да ги смести кај што треба, после можда ќе има зборење, ама на празно, знаат дека нема да е по нивно.
Ама некои не разбираат, џабе и синот да им кажува, си тераат по нивно, само игнорирање на таквите. Мм колку пати им викал, џабе. Сега не ги ни слуша што зборуваат.
Исто,исто. Уште јас да научам да игнорирам и готово. Затоа ти викам после на празно зборат, знаат они убаво се', ама понатаму намерно прават од инает, за нервози да ти ствараат. *Да си го сочувам ова, за следен пат кога ќе се напнам.
Абе душо средени се тие одамна нормално поголемиот дел на мм му ги оставив пошто они се фамилија. Ама у ситуации кога мм е на работа а она ми влага у соба а јас пример дојам, не ќе играме расипан телефон си и кажав дека неќам да ми влага у соба веќе без да тропа. Па сама сум била не бил мм, и реков може се пресоблакам е што имало врска жени сме биле. И кажав мене мајка ми на врата ми тропа не ти. И она ми вика е ако си срамежлива тоа е друго. Алооо жено каква срамежливост за приватност и интимност се работи тука. Се надоврзав на муабетот погоре дека од некаде почнуваат проблемите, некој ги почнува. Не значи по дифолт одма дека во лоши односи мора да бидете. Зборот ми беше дека на почетокот ете бевме ок ама полека почнаа лицата да си ги покажуваат.
Кај мене си играме лотарија. Можда месецов ќе сме одлични во односите, а можда и да се направиме пуздер. Иначе монотонија ќе не утепа.
Какви се, такви се, на нас е од ова поука да извлечиме, и да бидиме нормални свекрви во иднина. Јас вака што читам, луѓе, страв ме фаќа, си викам болест да не е тоа некоја што повеќето ги фаќа... дијагноза некоја да не нема бегање под тоа. Мајтапот на страна, тие што сме со синови, да извлечеме поука какви да не бидеме.