Работава е што се опеснади со синовите,не смее синот друга жена во животот да сака освен неа,кај мене е случајот така брат му на мм трча по мама и не прави ништо без она да му дозволи жената дури и да ја смета како непостоечка во животот иако му родила дете,а мојот мм па не прави ништо без консултација со мене и таа сака да полуди кога и да отидеме кај нив на гости она го фали другиот син како тој никогаш не и вратил збор и не направил ништо без нејзино прашање.Дури на почетокот кога почнавме да живееме заедно доаѓаше на гости за да му каже на мм дека она му е најбитна во животот и дека не треба да засака никој на светов како неа што ја сака,да мојот мм многу ги сака неговите родители воедно колку ги сака неговите толку многу ги почитува и моите ама за да направи нешто без да се консултира со мене нема шанси и таа полудува.
Стресови и правите на жената. Не е за смеење, ама во короната умре еден пријател на свекор ми и мајка му одма после него, после неколку дена. И во тој период бевме чапнати со свекрва ми и му вика на мм "од жал умре по синот, ама ете тој никогаш не и' викаше, колку си ја почитуваше и сакаше и снаата се' и' правеше". Која глупа споредба и кој глуп муабет. Тропај само нешто колку да се стропа. Не знам дали после кажаното некогаш се преиспитуваат што тропаат.
Мојава очекува кога и да ми дојдат гости неа да сум ја викала да седела и она со гостите,па за јадење демек ми се лути зошто сум готвела сме можеле да идеме кај неа на ручек,па на мм му се лути кога сме кај нив зошто не си бара да јаде таму туку ми вика ајде да одиме дома да јадеме,на почетокот искачавме многу и секогаш ни се јавуваше на телефон да ни каже дека времето ладно ќе било да не сме излегувале,ама за тоа дигна раце виде дека никој не ја слуша,сега кога сме сами знае да се помеша нешто колку да се пикне у наш муабет ама инает и е дека не делуваат нејзините зборови кај мм и сега кога ќе ми начека гости кај мене доаѓа и ко шериф се понаша ќе разгледа низ кујна па ќе се пикне у тоалет да види дали машините ми испрале па ќе влезе во дневна и ќе седне со гостите и таква е само посматра што се зборува и се понаша како да е главна,неќни и реков те молам не влегувај во тоалетот валканите работи мои ли те интересираат не не вика само да видам дали ти завршила машината,инает и е за што и да купиме ново во домот наш абе ни еднаш не рекла со среќа да си го користите само доаѓа гледа и си оди и сака да цркне и нека цркне ни убаво е ни ништо дури еднаш и ми рече не купувај бели работи ќе скапеш од чистење нека си скапам сакам да ми е како што јас сум замислила
И мојава е иста. Возрасна жена се плаче ли пред синот и на синот да му зборуваш како се сменил, дека ја разочарал како син дека сега се за жена му гледал. Неа веќе не ја сакал и останатите дома, ама најмногу мислам дека за себе си зборувала. Дека почнал да ги дели работите. Дека требало се заедничко со нив да му биде не требал да дели, со нив требало да си споделува. А мм ништо им нема направено толку добар син не ни заслужила искрено. Секогаш со кого и да разговара гледа да биде смирено и бира зборови за да не го навреди тој другиот. Секогаш ако имаат потреба од негова помош е тука. Не знам со што ги заслужил тие зборови. Па и којзнае каков да беше зарем на свое дете се зборува така?
Начекале така, затоа така прават. Дека синовите им се погодиле добри па користат На едни комшии едниот син живее во друг град и доаѓаа секој викенд, едно време се скараа и не доаѓаа па пак се смирија. Е после тоа еве две години како не се стапнати со жена му и децата. За такви така им треба, да не им отидеш никогаш, па да видиме тогаш дали ќе му се жалат на синчето дека не ги сакал, дека повеќе ја сакал жената од нив.
Само игнор за вакво понашање, ние сме 9 години со маж ми заедно, на почеток кога гледаше колку ми помага, прави ручек, и се останато, проба да зборува, да плаче и сл. Ама ништо од тоа не и успеа, виде не виде се извини и почнавме да функционираме нормално, посебно откако се преселивме немаме несогласувања, помага околу децата и слично. Само син и не треба да и попушта, бидејќи ти си му сега примарно семејство, утре па и дете здравје. Ви принцип ваљда скоро сите вака прават зошто премногу биле наслонети на синот во животот, постоеле само они како фигура мајка, и сега им е тешко што некоја друга жена главна има во животот на синот, ама ќе се навикне и на тоа, што викаат "ќе си легне на брашното" Само игнорирајте и не губете нерви за ништо и никого, терајте си по ваше, ако од мажот имате поддршка се останато ќе се среди.
Јас не знам просто се чудам од возрасни луѓе да слушнеш такви зборови. Како на дете кога ќе му земеш играчка. Не ми беше верно како е можно тоа. Со што ја разочарал како син, ајде убил некого крадел или не знам што таму? Ја разочарал затоа што сега си има свое семејство и си дели живот со жена му и детето. И одма плачење и зборување дека се сменил. Па нормално ќе се смени, сите поминуваме низ тоа не може да биде исто како порано што било. Ај ова да не може да го разбере некој што не е во брак, ама возрасна личност? Не е само синот така. Цел свет минува низ тоа, животен тек е. Ова е вид на манипулација и директен напад врз мене искрено.
Имало такви работи, ама има и чаре за тоа. Одамна имам пишувано, пребарај наназад, да не се повторувам
Еее ние кога почнавме спратот да го правиме, па плачки, убаво било во заедница. Им кажав ако било убаво, вие зошто сте се одделиле. Тоа време не живееле во заедница, а сега сакаат со синот. На ќерка им куќа и направија за да не живее во заедница. И откако се одделивме пак не замараа да сме јаделе заедно. И сега кога одиме таму, ама ај ок еден ручек, и така не седиме таму, ама сакаат по цел ден, па не го правевме спратот да седам цел ден со нив.
Читам и се чудам, до толку ли на сите ви пречат свекрвите? Зошто ви пречат? Па тоа се мајки на маж ви. И вие имате мајки, претпоставувам и дека сте мајки, а еден дене имате снаа или зет. Што ви се случува бе луѓе? Зошто не си го уживате животот?
Се чудиш зошто си маШ! Нели гледаш какви свекрвишта има јас читам и се чудам дека постојат такви. * не сум јас за оваа тема, мојата е злато
Имаме и ќеркичка. Ова беше баш она кога имаше неколку месеци. И зошто сега мм нон стоп трчал за нас. Се ние па ние. Или како што рекла она за жена ти се тепаш. Фала богу од мм имам поддршка. Ама таа дома им е влијателна многу па пробуваше и преку свекор ми(што многу мирен човек е) ,пробуваше и преку брат му. Пак со такви муабети како така он со нив бил семејство ако имал и ново семејство тие му биле цел живот тука бла бла глупости. Мм им кажа и нив, видоа дека не попушта. Ама еве како се прават проблеми. Да беше друг маж, ете да речеме одбрал со жена му живот да дели и некој вака да му соли нон стоп памет може да потпадне на провокација ипак ќе рече цел живот сум растел со нив не ми мислат ништо лошо. И кој е крив у ситуацијава, немој да речете дека правдате вакви постапки од свекрва и сл. Па тие им ја уништуваат среќата на синовите, себични се гледаат по нивно да биде макар и детето им патело. Оваа не верувам дека некогаш би се извинила. пред мене и пред народ знаеш како глуми дека јас и малата сега се сме му биле на мм. А јас уствари знам се. Многу е опасна. Ова што пробувала да го направи искрено напад е директен врз мене сака во очите на мм да ме направи помалку вредна а таа да се истакне. И јас сум слушала такви муабети од баба му(нејзина мајка) му збореше на мм дека мајката била најбитна во животот. Си реков овие сите се чудаци. Па мајката е таа што треба да ги поучи децата дека треба да си основаат свое семејство. Јас мислев секаде е така, мајка ми паметам кога му зборуваше на брат ми дека ако е решен да се жени да си основа свое семејство прво ќе си гледаш жената децата, својата куќа па се останато. Тогаш бев дете и се чудев зошто му зборува така. Ама кога се омажив ми стана јасно се, и не можам да разберам што кај мм никогаш немам слушнато така да му речат за мене и ќерка ми туку упорно му зборат како сите сме семејство. Сите на исто рамниште.
Ти имаш свекрва? Не можеш да знаеш како е. Се согласувам дека не треба мн значење да се придава на ништо, јас кажав 9 години сме заедно со ММ, се поминавме, ама да се вратам назад ич нема да се замарам со свекрва, еве сега сме во коректни односи.
Мојата се смени сосема, од корен. Кога ќе имаш дете и жена, не може родителите да ти се поважни од детето свое! Еве и од женски аспект, моите се на второ ниво секогаш, децата и маж ми се мое примарно семејство, се друго е на второ место, иако кај моите ние сме на прво место, ама така и треба да е. Чим имаш поддршка од маж ти, не се замарај за останатото ич. Се ќе си дојде на свое кога тогаш, ако не дојде самп дистанца.
Разликата во мајките наши е тоа што можеме се да им кажеме. Што мислиш, не им викаме на мајките наши ако направат нешто што не треба? Туку вие мажите се плашите да им кажете, не се женете тогаш, не ви треба жена.
Ајде сега поинаку да го формулираме прашањето. Пошто си го згрешил. Зошто на сите свекрви им пречат снаите??? Снаите се тие што доаѓаат во семејството (не мора во заедница да живеат , не мислам во таа смисла) и тие ја запознаваат фамилијата од мажот. Очекуваат да бидат прифатени. И на почеток се во ок односи сите. И наеднаш свекрвата не ја сака снаата не ја поднесува, а зошто која е причината? Таа е омажена за синот, не за неа. Не треба неа да и се свиѓа. Јас не познавам снаа да дојде и автоматски да не ја сака свекрвата. Обично свекрвите секогаш не ги сакаат снаите никако не можам да разберам зошто. Според нив снаите ништо ме знаат, а тие се се нај нај.
Не ни пречат на сите свекрвите, ама 90% од свекрвите, секоја чест на исклучоци, на многу снаи му го прават животот многу тежок. Наместо мажот да си ја гледа жената, фамилијата, свекрвата тука упорно се меша каде што не ѝ е место. И морат да разберат дека синчето сега има жена и тоа е сосема нормално повеќе да си ја гледа жената и децата. Нека си го гледаат нивниот животот, нека не се мешат во ништо, нека не пререкуваат некои непотребни ствари, тогаш темава ќе биди празна и нема да се чудиш.
Абе тие попрво ќе пукнат, ама нема да го направат тоа. Сум слушнала од стари баби една изрека за инает од снаа ми нека умре син ми. Е до толку што ги мразат снаите, гледаат да направат буцки а не мислат дека синот страда во цела оваа ситуација. Себични суштества што мислат да го задоволат своето его