Не е проблемот во свекрвите туку во неспособниците од мажи што се плашат да и гугнат нешто на мамичка.
Ние доаѓавме во ситуација зошто не сме и отвориле врата кога дошла на гости иако бевме легнати и мм изрази желба да не стануваме да и отвориме,па една недела не ни зборуваше поминуваше покрај нас како странци,камо среќа да потраеше нејзината лутина
Епа и свекрвите можат да расипат, ама...ако им дозволиме и ако има мамини синчиња да ги слушаат. Мајките не ви расипале ништо, туку девојките/жените ваши паднале по нивно влијание.
Не читаш доволно затоа се чудиш ,врати наназад. Шо ако мајка тина секоја закачка и вели на жена ти одете си а пред тебе и не смее такво нешто ? Стави се две минути на ова место и одговори ми што би правел ти ако си на местото на мажот а што на местото на жената ?
Не сум во брак а нити во врска но години живеам сам, на страна од моите. Нај голема грешка е заедница, мое мислење. Кај повеќето не кај сите.
Многу паметно ! Еве не мора да е како во заедница ,нека е ,,немој веќе да доаѓаш (оти за мене исто ми е пак ја брка од негде)
Да, и ние ќе имаме снаи и никогаш така нема да им правиме. Нема да им претураме по куќа, по шкафови, по фиоки. Нема да им кажувам да не збеснуваат кога пуштаат машина на 2-3 дена (дека скапо било), нема да им се мешам како ги чуваат децата, нема да ја распрашувам од кај и се новите шољи, тањири (пошо само трошела пари), нема да и замерувам ако спие покасно, нрма да кажувам на маж ми "овие пак шетаат, збеснале секоја недела" и ред други работи! ЕДНОСТАВНО НЕМА ДА ИМ СЕ МЕШАМ ВО ЖИВОТОТ! ЌЕ ЖИВЕАТ САМИ И ЌЕ БИДАТ СРЕЌНИ И СЛОБОДНИ!
Мојава свекрва нигде не оди, не мрда од дома, башка не работела никогаш. Секој ден ја гледам дома, сафра ме фаќа. Неа само нивите ја интересираат и бавчата. Му вика на син ми кој има 4 месеци "Ти баба да си најдеш девојка од село, да ти работи во нива" А јас учена, со факултет која не сака нива да погледне, си имам добра работа и добра плата, ја слушам и не ми се верува што слушам. Таа ли ќе му кажува на син ми каква жена да земе? Таа ли ќе го направи син ми земјоделец ? Е нечеш мочи. Мојот син ќе се школува и ќе си има добра работа, нема да црнчи по ниви зошто она така сака. Се за*бала гадно. Дур сум жива нема тоа да го дозволам.
Разлики во вредности и во системот.... Не сфаќаат дека светов наш и тој нивниот некогашниот се различни...
Имаш гнев и одбивност кон свекрва ти и те разбирам потполно. Ама малце и претеруваш. Незнам како ќе ме сфатиш, ама не секој што е школуван е успешен. Мал милион примери за тоа. Земјоделци што ги знам живеат многу подобар живот од многу школувани. Овде може има некој што де занимава со тоа, а малце ги стави ептен ниско тие луѓе што се занимаваат со тоа. И како што свекрва ти несакаш да ти се меша и на маж ти, така ти нема да можеш да му влијаеш на син ти што ќе прави, бидејќи тогаш снаа ти ќе те плука тебе овде како се мешаш и наметнуваш влијание. Последната реченица е исто како размислувањето на свекрва ти.
За влегувањето и претурањето. Не е во ред. Но, вие што мрчите за тоа, сами си правите белја. На повеќе од половина што се жалите овде, проблемот ви извира од мажите, не од нивните мајки. Кој/а сака да има раат, не треба да живее во заедница. Туку, секој да биде во свој дом. Ни да им претураш, ни да ти претураат. Можеш да им забраниш пристап на твој терен. На нивен не можеш. Можат да те потсетат дека си дошла од друго место и да се вратиш таму ако не ти се допаѓа. Единствено можеш да му речеш на мажот да им рече. Он е бар растен таму и не можат да му се налутат толку колку на тебе.
Точно ова, ама тој терен на снаите ќе биде заеднички со синот, и ако тој дозволи пак ќе се мешаат. Ако е мамин син, џабе и одделно живеење. Не знам некако кога се работи за нашите родители, ние жените им кажуваме ако нешто направат и каде им е местото, маживе како да се плашат.
Еј не можеш да речеш, ти ептен го претера. Секако дека може да се рече дека не сака да и претура по лични работи и не е мрчење. Што има по гаќи да претура? Или по било што друго. Тоа што се мажени таму, не значи дека се од улица собрани, па милостина направиле. Дека е најдобра опција свое- е, а претурале и така. На пример ќе остават клуч додека се на пат, овие ќе издушкаат. Кај моја познаничка свеки и се заклучи во спална, рече ќе се моли. Ама од балконот има прозорец, снаата гледа внатре оваа претура. Ако се такви луѓето, ќе најдат начин.
Можеш да заклучиш врата и клуч да не даваш, можеш кинески ѕид да подигнеш, ама не можеш од муле коњ да направиш. Тоа е маката.
Влезната врата од надвор само со клуч ни се отвара. На два пати се зезнавме , не земавме клуч и дремевме надвор додека се отвори. Оставивме еден клуч доле за вакви моменти. Ние посекако заклучуваме и горна брава, ама тие клучеви само кај нас стојат. Не заклучувавме еден период, но се враќам од работа еден ден и ми вика, да знаеш влегов горе да земам четката. Следно после свадба идеме на неколку дема во Охрид и на враќање мм и вика те молам вклучи го бољерот. Доаѓаме, една цела бомбониера изедена. Да не ме разберете лошо , 10 би им дала нека јадат. Е тука веќе пресековме. Заклучуваме на двете брави. И на одмор кога идеме и до маркет кога идам/ме. За секој случај муабети кај мене не палат. Ако бевме во друг град или држава , да не идеа да проверат. Не не. Тој клуч стои доле, за ако сме низ двор па не сме земале за да си влеземе. Па да ми претура да ја фатам? Мислам дека она не би се осудила. Ако ја интересира што гаќа носам ќе и покажам де. Нејзино е доле, мое е горе. Ја чекам сега со бламовите за кога ќе се роди бебе. Ама мм има спремено текст што ќе им го диктира и на неа и на мајка ми. Комплет важи за сите тоа.
Ама и ќеркици не се за пофалба, верувај ми. Критикувам и едни и други, ама ташти и свекрви нај на крај.