1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    4.442
    Пол:
    Женски
    Кога одиш на одмор, газдата на хотелот/апартманот има право да ти ги претура гаките во шкаф или куфер пошо се наоѓаат на негов терен и зошто не?
     
    На flower30, Gosh, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    И на гости кога одиш да преспиваш исто. Кај мене братучетка ми кога доаѓаше ние и тропавме пред да и влеземе во соба. И додека беше тука не сме и влегувале во соба а најмалку не сме и претурале по лични ствари.
    Ама многу сакаат да псметуваат на темава дека снаата е безгласна буква, а свекрвата газдарица па може да прави што сака. Секој може да прави што сака, ама има граници на нормално понашање и култура.
     
    На flower30, Gosh, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.268
    Пол:
    Женски
    Има и мамини синчиња, и татини принцези, колку ќе им дозволат, толку ќе се мешаат, еве пример јас не дозволувам на мајка ми да ни се меша, и ако има нешто мене ќе ми каже, не на маж ми.
    А мајка ми ако направи нешто што не треба, јас сум таа што треба да и каже, а мажите на своите мајки треба.
     
    На Gosh, Antebellum, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.358
    Допаѓања:
    47.245
    Пол:
    Женски
    Има гости шо не си го знаат местото дефинитивно.
    Сега со тоа мачам мака. И тоа за друг. Собата лом, фрла детето сѐ на земја, му буричка по фиоки, таму има поклони од мене и работи шо не се за дете. Му влагаат коа збориме на телефон ,,е сеа ли мора да збориш”
    Ама крив е тој шо попушта. На безобразие не се ќути. Тие шо се невоспитани, не ни знаат дека се такви.
    На мајка ми не ѝ давам да ми претура по работи, не па на свекрва или золва. Мало морген :mp:
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  5. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    14.641
    Ние ним им пречиме па од таму почнуваат сите проблеми.
     
  6. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    10.932
    Пол:
    Женски
    Ако гледаме така, можеле и тие да одбијат живот во заедница наместо да ја потсетуваат снаата од кај дошла. :)
    Ако им дошла дома не значи дека имаат право да и душкаат во гаќите. Тука не се работи за сопствен или за туѓ терен туку за основна култура и почит на приватност.
    На крај краева има свекрви што исто така во таа куќа, во заедница, некогаш биле снаи па не треба сега да се прават шерифи на своите снаи.
     
    На Gosh, *Amethyst*, mKdevojce и 7 други им се допаѓа ова.
  7. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Па нормално и тебе ќе ти пречи и ти да си во куќа со мајката на жена ти си имаш посебни соби( приватност ) и мајка и ти доаѓа ти буричка секаде и си наоѓа за право да ти кажува ти ова не знаеш да правиш ти тоа не знаеш за ништо не те бива не знаеш дете да чуваш и тала натаму. За се , за било што да ти се меша во бракот ( во мојов случај е како тоа синот не требал да го гледа детето негово, мажот бил да работи а жената да гледа дете ама и да иде на работа и жената) да си дава за право и во одгледувањето на твоето дете да се меша. Ај сега оправдај го ова.

    И сами на себе они си пречат а не пак ние.
    Не ги сфаќам и нема никогаш да ги сфатам. Да кукаш зошто се оженил синот а што ќе биде ако не се оженеше? Ќе си ги чукаа главите ама касно ќе биде..
    Им пречи што синот си го става детето и жената на прво место, што веќе поважно му е да си помине време со жената и детето отколку со нив, им смета што сеа со жената се советува за нешто не со нив, што не им ознесува више приватни работи на нив, што синот се сменил и си ги сменил приоритетите во животот
     
    Последна измена од модератор: 28 март 2024
    На *Amethyst*, mKdevojce, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.268
    Пол:
    Женски
    А чиво дете фрла на земја?
     
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Најјак коментар во последниве денови што го прочитав, од свекрва е: Жената треба да сфати дека децата не ги раѓа за себе. Не се родила таа што ќе ми забрани да одам кај син ми и внуците кога јас сакам.
    До каде со овој став? До каде?
    А за кого раѓам,ако не за себе? За свекрва ми ваљда, да си ги исполни комплексите од младост што не смеела да писне за свое дете.
    Пред некој ден малиот беше кај нив доле и му дала да вечера и свекор ми ми вика "роди ти уште едно, таман ова со нас ќе си јаде стално". Што да одговориш на вакво нешто? Јас им реков "кога ќе родам, ќе раѓам за мене, а не за вас". Со овие коментари уствари сфаќам дека очекуваат се' што не сум ги оставила да прават со првово, ќе го прават кога ќе дојде второто, демек јас ќе се сменам, ќе немам време.
    Заменски родители се они, за нив раѓаме, за нив дишеме, ние снаите сме само пропратна станица за исполнување на желби и соништа за внуци.
    Страв ме фаќа понекогаш од ваква посесивност и обиди. Гледам дека ништо не научиле од првиов пат, мислат вториот по нивно ќе е. Зар и за второто истите нервози да ги јадам бе?
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, mKdevojce и 4 други им се допаѓа ова.
  10. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Аааа има и те како да забранам внуци да си гледа ако е токсична за нив. Јас планирам да ги израснам како што треба а не некој само да ги труе со лоши работи.Да да во ситуацијава ти си само фабрика за деца ништо друго не вредиш имаш матка можеш да раѓаш они ќе ги чуваат како сакаат. Забеган народ еи.
    Моите само зборат "ќе сум си легнела на брашното". Мислат дека ќе попуштам јас за нешто јас грешам они се во право. Никогаш не признаваат дека грешат за ништооо. Маваат со глава во ѕид прават многу работи од инат за мене а не гледаат дека со тоа му штетат на детето.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.832
    Се' што нема пресечено папочна врвка.
    Е сега кај нас обично жената иде кај неговите да живее, па треба да се справува со неговата и на мајка му папочна врвка најчесто.

    Настрана од другово, меѓутоа чисто да знаеш, пример почине мажот, баба/дедо може да бараат преку ЦСР време со внуците и најчесто им се дава.
    Нормално дека не раѓаме за никого освен за себе, само дигресија мала.
     
    Последна измена од модератор: 28 март 2024
    На VDT2906, SummerGirl, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.268
    Пол:
    Женски
    Братучед ми е починат, и снаава не им ги даваше децата на тетин ми и тетка ми, беа и во социјално, џабе.
    Инаку да, имаат право бабата и дедото да бараат преку ЦСР да ги гледаат внуците.
    Не знам, може оваа фатила врски.
     
    На Antebellum, Трагедијаупмм, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Знам дека е вака, баш едни разведени беа (сега се смирија), мажот во странство беше, дедово и бабава си ја гледаа внуката место него одредени денови во неделата. Може да бараат они што сакаат, ама ако мајкава сака да докаже дека на пример не влијаат добро над нејзе или не се грижат ко што треба, мислам дека суд таа привилегија може да им ја одземе.

    Се' тоа во ред, не викам јас да не гледаат внуци, ама посесивност не оправдувам, особено не над дете кое растело во мене.
    Уште па кога ќе чујам "ееее деца и без мајка растат, па што им фали, пораснаа", коса ми се крева. Битно баба да е жива и здрава и да е тука, според нив, мајка само инкубатор 9 месеци е.

    Ова е и кај мене. Демек млада сум била, затоа вака. И што ги гледаат жениве од околина и фамилија што родиле второ та и трето, не се притресувале толку за нив колку за прво, па свеки се надева/очекува дека ќе сум иста и јас. А зошто не ги гледа другиве, што се исти ко пред тоа? Или тие не и' одговара да ги види? Сега ми труби како многу голема разлика ќе ми биле децата, еве го син ми пораснал. Што ви е гајле бре? Уствари знам што им е гајле, син ми ќе е самостоен тогаш, ќе имам време да се посветам на бебе, пак они исклучени ќе бидат.
    Не си ја гледа маката, артритис има, бебе ќе ми чувала,да и падне од раце утреден, да треба да ја утепам. Сум им рекла и на мајка ми и нејзе, вие две за дете под 2/3 години не сте да чувате, кој сака нека се увреди, ич не е мој проблем.
     
    Последна измена од модератор: 28 март 2024
    На Zumbulche, Mother of 2boys, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    Дека си им снаа,не си им ќерка затоа така.
    Да им беше ќерка ќе го вртеа муабетот дека една е мајка.
     
    На Zumbulche, Mother of 2boys, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Интересна работа е за свекрвите што немаат керки, ама кога ќе дојде време керките на нивните синови да имаат свекрви ееее тогаш е пу пу не се важи.
    Или кога ќе го видиш свекорот како се однесува со своите родители а очекуваат нив на раце да ги држат синовите.
    Тој кој нема седено во заедница ништо не знае, а меене некој да ме праша едеен ден да не седи.
     
    На Zumbulche, Gosh, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Да,јас често знам за некои работи да им направам споредба со золва ми и тогаш или ќутат или некои глупи изговори имаат.
    На пример дур ми беше син ми бебе, јас бев лоша мајка зошто сум чекала да заплаче за да му дадам млеко, а золва ми сега второ роди и дур се на видео кол со нив,тоа пишти, плаче, свекор ми ни а ни б не вика, чудо нема нагон да ја направи ќерка му лоша мајка. Итоа ова не е еднаш десено. А за мене и ден денес да се расплака пред нив, одма има осуда како "не сум знаела со убаво", а да го прави истото маж ми или золва ми, штама е тогаш. До душа и за мм има коментари зад грб, ама за ќерката никогаш. Пациенти.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.268
    Пол:
    Женски
    Свекор ми и свекрва ми и се дереа на мајката на свекор ми, а женава имаше склероза, свекрва ми пред мене и свекор ми ја нарекуваше "свињо".
    Свекор ми и се дереше и на мајката на свекрва ми.
    А сега очекуваат на раце да ги носиме и да седиме со нив.
     
    На Zumbulche, Antebellum, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.027
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    Да си ми жива за ова. Вака свеки вика за ќерка ми да се ожажела за некпј богат, слуги да и работале.
    И јас викам а за неа ве боли богат да бара да не чисти да не работи.
    Па вака ако размислуваа сите (и јас ако размислував вака)тогаш и син ти требаше да остане неженет. Зошто да го земе некоја. Може и мајка ми сака јас да седам да не чистам.
    Ама за своето боли.

    Јас мислам дека ти прават намерно. Пошто гледаат се нервираш. Не им придавај значење на нивните зборови пред нив. Во себе изнервирај се ама не се докажувај со нив. Само нешто ако директно те засега тебе. Пример ако ти речат ќе му дадам благо на детето(лупам од памет сега) а ти не сакаш да му дадеш ќе им кажеш директно не и толку.
    Дали си лоша или добра мајка не е нивна работа,треба да сфатат дека ти си таа што одлучува за детето. И ти го имаш последниот збор нормално заедно со маж ти.
     
    Последна измена од модератор: 28 март 2024
    На Zumbulche, *Amethyst*, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  19. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Бабата на маж ми не постои за свекор ми, ја множи со 0 , а ваму така син им да им прави нив готово крајот тука бил.
    Најдобро гледај си за себе и на едно влегло на друго излегно. Ама пак ќе кажам до мажите е , немаме исти проблеми ние и девер ми и етрва ми, маж ми е стабилен и знае да направи граница. И за секое паметување од нивна страна ми има каажано , не се докажувај само им кажи незнам јас како хххх ќе каже, не сме се договориле со хххх и готово . И во голем дел од работите е успешно, ако треба нешто да помогнат него не го одбиваат.

    Е тоаа јас не можам да го сварам , како сакаш да си почитуван и чуван а со такво понашање.
    Неможе свекрва ти била лоша, поминале 20 год снаа лоша. Се менува времето хаха
     
    Последна измена од модератор: 28 март 2024
  20. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.601
    Пол:
    Женски
    Жени бегајте од заедница колку што ве држат нозе! Значи сам па како знам! И да знаете дека раатот нема цена, ама баш нема!
    Сега свекрва ми, ми вика дека сум била во право што сме се одделиле пред да се роди второто дете, ама јас оддамна си знаев дека сум де.:?:
    Пак ќе кажам: олабавете се и не се замарајте за се и сфашта, ќе дојде време кога ќе ви е криво за што сте губеле нерви:D
    Без нервози и мн замарња.
     
    На Zumbulche, Antebellum, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.