Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Знаеш колку слободни момци познавам, кои живеат посебно од родители? Десетици. Зошто избрала таков каков што избрала - ни сама не знае.
    Туку, сончево е денес, ајде во природа.
     
    На Antebellum и Feminka22 им се допаѓа ова.
  2. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.512
    Пол:
    Женски
    Размислување како свекрва ти. Ако некој е земјоделец не значи дека е неписмен. Доктор специјалист има ниви овоштарници не може секогаш да биде присутен заради работата си има вработени, но секој слободен миг е таму. Повеќе заработува од земјоделието одколку од платата доктор. Пријатели и роднини земјоделие и сточарство работат ( некој и со факс) па оди смеј им се на џиповите што ги возат.
     
    На Zumbulche, Mother of 2boys, Oneo и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    А ако живеат посебно, демек родителиве и на едни и на други не може да се мешаат? Расчитај по темава, па дај пак мислење.
    Напорни луѓе остануваат напорни па макар ти и во Австралија да се преселиш.
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.713
    Допаѓања:
    322.579
    Кога се мажите сигурно знаете дека мажот има мајка и дека ќе живеете со неа :)
    Ако не ви одговарало тоа, значи дека не ви одговарал тој маж и таков брак, за што сега е доцна да се збори за тоа.
    Кому не му одговара, слободно нека се отсели.

    ...и не само за живот со свекрва, за СЕ останато во животот важи истото.

    На работа - газдата не чинел, многу викал, терал да работиш за ,,тие,, пари...
    Ене ти ја вратата !!...газдата е тој кој поставува услови во негова фирма, ако сакаш прилагоди се, ако не-гитла.

    Ако неможеш да направиш компромис (па колку и да е лоша) тогаш мора да го напуштиш нејзиниот терен.
    Снаата не е таа која треба да ја пре-воспитува свекрвата.
     
    На Zumbulche, eliesaab, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  5. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Е како е полесно, да шетаат голи со свекрва или ташта дома или да шетаат голи во своја дома? Пак ќе кажам, грешката е многу кај машкото малку повеќе кај женското што избира..мислам...што воопшто се објаснувам (facepalm)
     
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.598
    Пол:
    Женски
    Јас се согласувам со тебе, само со тоа да чепка по туѓа приватност и да збори против мене не се согладувам, ама ок де ќе се отселиш и навистина работите се менувааѕ кога живеете на сосема друго место, јас сум жив пример за тоа.
    Не живејте во заедница!
     
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.358
    Допаѓања:
    47.245
    Пол:
    Женски
    А зошо се такви не сфаќам? И свекрви и золви? Шо они најдобри се, најспособни, најмајки, сѐзнајки? Зошо не може да им е мило само за синот/братот, него мора на све да се наоѓа замерка. Они па совршените.. и тоа шо е најлошо, и свекрвите имале свекрви, и пак се понашаат ко ѓубриња. Биди среќна со изборот на син ти, ваљда знаат да одбираат. Никој никој не е совршен, сите иаме маани, и тоа е убаво. Не постои жена by the book.
     
    На Zumbulche, A94, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Јас зборам за едно, ти за што збориш?
    Ти кажуваш да имало соживот некаков, не спомна за шетање голи по дома.
    Еве ти живееш сам на пример, мајка ти жив напор е, сака да ти иде кога ќе посака, само појави се на врата работава, ви се пика во спална, жена ти се пресоблекува она ко никому ништо, ти храни дете со што ќе стигне, "зошто со тебе така правела, па што ти фали", жена ти, ти објаснува дека се' ова и' смета, дечко, ме интересира ти што ќе направиш?
     
    На Zumbulche, H.VAGA, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.999
    Допаѓања:
    11.417
    Пол:
    Женски
    Еее зошто, абе лоши се, злобни, така им се сака.
    Знаеш дека ваквите лошотии од луѓе ги исполнува коа тебе ти е лошо, се ситат, се хранат они со тоа. А ако ти е убаво и те гледаат среќна, пукаат од мака.

    Нит за синот/братот ниту и за среќата негова ги заболе. За вакви со став сум дека не требале ни родители да станат, не заслужуваат едноставно.
     
    На Zumbulche, Erika.greeneyes, Трагедијаупмм и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Очекувањата Феминке. Они све нешто очекуваат, затоа е така. Очекуваат да си ваква, онаква, очекуваат да ги слушаш, очекуваат дека ние ќе живееме како во нивно време. Не сакаат да се навикнат на промени и секој да си го гледа својот живот. Оти порано старите за се' се слушале, сега ова им е ново, непочит и невоспитување го нарекуваат.
     
    На Zumbulche, moonlight-girl.55, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Членкиве на последниве страници што пишуваме, уствари сите живееме одвоено, ако не грешам. Што да им се направи друго? Да ги избришеме од живи? Или да се одселиме на друг континент, само за на свеки да не и' се наруши раатот? Мада така уште повеќе ќе им се руши среќата, ќе ја одделиме од синко. Како и да го свртиш нив ништо не им чини, а и на посматрачи од страна, исто.
     
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.358
    Допаѓања:
    47.245
    Пол:
    Женски
    Епа ако не очекуваш многу, нема ни да се разочараш
    хехее
     
    На Erika.greeneyes и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.259
    Пол:
    Женски
    Мене па повеќе ме нервираат оние свекрви што не живееле во заедница, а сега со синот и снаата сакаат.
    Ни во нивно време не слушале и не почитувале постари, слушале и почитувале уште во времето на прабаба ми. :D
    Сите што ги знам од 50-60 години, тетки, вујни, стрини, комшики, мајки, свекрви, не живееле во заедница, епа зошто сега сакаат, не знам.
    А да, да им водат евиденција на синот и снаата каде одат, што јадат, што си купиле, вака нема да можат.
     
  14. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    683
    Пол:
    Машки
    Ќе ја избркам. Моите не ми ни ѕвонат на телефон освен во итни случаи не па друго. Тоа сум си го решил одамна. Тука е зрелоста, вон заедница и без замарања од страна. Ако не го овозможил или овозможила тоа, не е зрел/зрела за бракови.
     
    На Zumbulche, Antebellum, spacegirl92 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.999
    Допаѓања:
    11.417
    Пол:
    Женски
    Ова стварно чудно некако за некој што ни самиот не живеел у заедница, сеа да сака.. И тие 50 годишните па не се толку стари бе и затуцани ко порано што биле.
    Би требало да се современи колку толку, добро и средината има влијание тука. :^)

    Не им е ли и нив преку глава од гужвата ко прво, остај меѓугенерациски јаз и несогласувањата, еве и да е се океј и баш да се погодени. Немаш приватност ни комоција ко што треба.

    По се изглеа дека се знае зашо сакаат, на старост да има кој да ги чува коа ќе станат зависни. И тука себичноста доаѓа до израз. :|

    Ако се има можност да се живее посебно, не глеам причина зашто некој да се буни.
    Мада и не треба гајле да им е на младите дали се бунеле стариве, нека се бунат до утре. Само заебано е што рече ти, и да си одвоен, а пак да се мешаат.
    Но пак стојам на тоа дека ако сопругот не им дозволи и им постави граници, не би требало да има проблем. :)
     
    Последна измена: 28 март 2024
    На *Amethyst*, Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.358
    Допаѓања:
    47.245
    Пол:
    Женски
    Загреота у секој случај
    Неисполнети особи. А многу сакам да се рчкам со вакви. Уфф
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.830
    Затоа што и самата веројатно живеела до тогаш со нејзините. Можеби била премлада, можеби е така воспитана, свашта може.
    Живеењето некаде и со некого, макар цимери, бара МНОГУ трпение и толеранција од двете страни.
    Овде е уште пострашно, зошто синот никогаш не се одвоил од “цицката“, уште мама му готви, пере, па сега добива мама конкуренција.

    Имам некаде напишано, точно дека ние овде сме поблиски него на запад, најчесто токсично и нездраво блиски.
    Израснав во куќа со 2 семејства, знам дека тоа може да функционира, ама бара жртва и самосвест многу.
     
    На Dust, *Amethyst* и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    32.259
    Пол:
    Женски
    Па тоа велам, не се стари на 50-60.
    А имаат размислувања како на 80.
    Комшика кај мајка ми 70+ има, и прабаба е, па колку е современа.
    Уште пред да се ожени синот, му кажаа сакаш спратот горе прави го, сакаш во другата куќа оди.
    Уште од самиот почеток женава (свекрвата) не сакаше да живее во заедница со синот и снаата.
    И знам и многу вакви примери, уште пред да се оженат синовите им велат да се одделат.
    А не како некои, синот сака во странство, овие го спречуваат, му велат "синко, нас кој ќе не гледа".
    Епа имаат и ќерки, зошто мора да биде синот и снаата, а не ќерката и зетот.
     
    На Gosh, MeowMeow, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.661
    Допаѓања:
    322.440
    Пол:
    Женски
    Па ако размислиш подлабоко секој родител е горе доле таков, кога ке се појави некој поважен во животот на своето дете.И тоа е нормално се додека има граница некоја( значи да нема навреди, чепкања по фиоки ,драми).Еве ке го земам мм за пример.Ќерка ми е скоро 16 год.Кај и да е ке почне да искача може и дечко ке фати.Маж ми уште сега го мрази идниот дечко :D .

    Па тој ке и го свртел умот.Ке ја направи полоша особа можеби.Ке ја наведе на пороци.Ке го запостави учењето дрн дрн дрн.Вика зетовците наши ке живеат со нас :D .За да бил сигурен дека керките му се добро.

    Тоа е заштитничко однесување и мала посесивност.Исто е и со свекрвите.До вчера она била главниот женски лик во животот на син и.Сега е друга.

    До вчера нејзините јадења биле најубави.Она се грижела за син и.Она го чувала.Сега доаѓа друга и и го ‘зема’ местото.Вниманието на синот сега е насочено кон ново семејство.

    Ништо страшно.Битно е да не се прави драма од секоја ситница.Ке си дојде се на место.И нејзе ке и здосади да се меша и тебе ќе ти здосади да трошиш живци на неа :D
     
    На Zumbulche, IRBBB, Gosh и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    2.999
    Допаѓања:
    11.417
    Пол:
    Женски
    До мајндсетот е сепак и до средината, условите, убедувањата лични, а највеќе до тоа дали добар е човекот и му мисли добро на своето дете или не.

    Браво за бабата. Секоја чест. Ова треба нормално да е и очекувано, а не да и се дивиш и да ја сметаш за исклучок.
     
    На SummerGirl, Feminka22 и Anyshka им се допаѓа ова.