Ќе се убијам.. ја ако остане вака. Нема да иам свекрва.. а мислам дека би се слагале. А да треба да иам не знам шо ќе праам..
Како не, ќе се убивала Јас баш сакам да имам, абе нема свекрва што нема да ме сака мене Знаеш како со бившава кога ќе ме “начекаше“ на само? За што и да имаше критика, јас ѝ викав - не знам зошто така, син ти така ми рече, јас само го послушав. Нормално, 90% благе везе нема, ама пред него не смееше да ме буцка, него директно да го праша уште помалку, а чим кажам дека е негова одлуката јас само “го слушам“ што ќе каже понатаму Што рече Џој, учиш во животот да не се замараш со ситници, ако имаш што попаметно да правиш.
Ништо нема што да се праи со свекрва, таа му е мајка на мажот, мене мојата мајка ми останува за расправање. Со свекрва апсолутно ништо немам за решавање, нит таа нешто бара од мене, нит јас од нејзе. Ќе си бараш самостоен маж и толку е филозофијата.
Ова што го кажуваш држи вода. Ама потребата да се главни и за внуците? Да се преиспитаат малку кај им е местото, кога станува збор за внуци? Не знам, можеби јас сум полиберално растена, па немам толку блискост со мајка ми и не ми се јасни овие "посесивни испади". Јас во мојов случај немам проблем за маж ми, имам за моето дете и нејзиниот бескраен список на очекувања. Не дека не легна колку толку на брашното, ама имам уште битки за водење. И зошто да е така? Зошто едноставно не си го знае секој своето место? А речено им е, безброј пати, туку инаетот што сме 2024та, а не 1980та е преголем. Аксиозност ми се јавува во секундата кога ќе помислам да го оставам со нив на некој саат, а не дека сум идиот да им го забранам внучето. Едит: Што е до мене, ние многу убаво би живееле доколку они си ја држат устата затворена за работи што не се нивна работа и да немаат потреба "да ми го присвојат детето". Сјајно и бајно би било. Кога не е детето присутно и правиме некаков муабет за било што, баш најнормален однос имаме. Секако, ко и од секој постар, ќе чуеш некоја глупост, ама нема натегања како кога е присутно детето и нивната бескрајна потреба да се они главни, да ги сака нив најмногу итн.
Па да де, освен што околу мене уште сум фрапирана што на 30+ годишни мажи мајките им готват и перат и у шкаф им местат алишта, еве мене ми е ненормално тоа, сигурно со таков нема да бидам нели.
Па да, ама тоа не е случај за золва ми на пример. Кога мм стануваше навечер за млеко, еден позитивен коментар немаше, нигде пред никого еднаш не чув пофалба за него, кога го зема било каде со него, баш има мрчење ко "ете нема да може да го пази таму ќе работи" ко мм да е некој неспособен, а зет им зошто го носи постариот внук од ќерка им на тренинг, бил многу посветен и добар родител. Нормално, не ми треба некој да ме фали пред комшии, ама чисто за споредба пишав. Двојни аршини.
Искрено, јас не знам зошто те допира мислењето на свекрва ти за тебе како жена, како мајка, како човек. Нека мисли што сака, ти себе не си дозволувај да ти влијае. А си дозволуваш, не ти ги знам сите околности, ама се додека се замараш каква е таа со ќерка ѝ, а каква со син ѝ, секогаш ќе те фаќа нервоза. На крајот на денот ти можеш да го воспитуваш само сопственото дете, тие какви се, нема да се сменат, како што ни ти карактерно допрва нема да се смениш. Игнорирај едноставно, знам дека сте во иста куќа и е потешко, ама за ти да не се нервираш, мораш со себе да расчистиш прво дека ни мајка ти, а уште помалку свекрва ти, можеш да ги превоспиташ.
Еве на пример сам си готвам перам пеглам средувам. Ама па и сам живеам. Па, и да не живеам сам, исто ќе беше. Знаете како може еднаш засекогаш да се замолчи свекрва или да ѝ се спречат обидите за вмешување? СО ЗАСУКУВАЊЕ РАКАВИ
Да. Кога ќе побараме совет. Башка нели и кога е веќе бремена жената. Добива ете чувство за некои работи, па и коа ќе се роди детето. Сигурно нема да чекам пример да ми каже дека треба да пазам на главчето кога го држам, дека ако го боли стомак или има гасови, дека треба мешето да му го масирам.. итн Или само они знаат Па и за куче кога зимаш се едуцираш сѐ, не па за дете
Во право си, точно е. Искрено (во мојов случај) не влијае тоа што сме во иста куќа,зошто претежно за викенд се гледаме 2/3 саати и на некој минута кога ќе го оставам понекогаш кај нив, значи буквално влези-излези правам, немаме контакт невиден, ама како од инает, се наоѓа обавезно момент да се буцне или пререче нешто. Си викам реално среќна сум, можеби и ниедна што е под ист кров со свекори не живее сама ко мене (зошто на спратов не идат,знаат дека буквално ми сметаат), еднаш во месец се случува да се качат, ама сеуште не сфаќам како успеваат за 1 саат или 15 мин да го извадат најлошото од мене.
Ама на интернет и новиве доктори не знаат ништо ,детето наше парче месо им е. А нив внук/а се грижат повеќе од мајката.
Ќе се согласам со напишаното од @joy1 . Некогаш малку треба пошироката слика да се разгледа зошто се случуваат некои работи и паметно да се реагира. Особено кога и сам имаш дете. Искрено не ве разбирам ни вас снаите со забрани за гледање внуци,не доаѓање,казнување и пасивна агресија.
Па си имаат такви очекувања. И тоа според нив тоа должност тебе ти е, како они коа имале родителско право и должност да те одгледаат. Мислам, секако на улица нема родител да остаиш коа ќе остари фала Богу ама некои ептен се себични и не им е на место понашањето и претеруваат со барањата.
Прво ради размазување не би. Ни со моите. Таткото на дечко ми, и кучето и внуката ги има размазено до бесвест. На кучето ако ме му даеш од маса нешто, не ја јаде сувата храна и плаче уште. Малата исто, ем нејзините ја размазиле, он уште ги поддржува. Боље да добивала сѐ што сака, него да не добивала. Е браво. И сеа има тантруми по 15-20 мин, изливи буквално, вришти. Така со мое дете не доаѓа у предвид. Мене баба ми исто ми идела по гзот за да јадам, едвај ме вратија у нормала моите. Барав нереални работи за да јадам. Шо ако барам авион за да јадам, треба да ми купат??
Јас ден денес се чудам зошто нејзиното мислење толку ми влијае ,зошто не успевам да ја игнорирам ,зошто сум стигната до степен да кога збори ме иритира... Дали дека немам никој околу мене за поддршка.... Знам знам ,во очи ми рекла(свекрвата)дека мора да ми ја чува сеа ќерката за да ја чувам јас неа кога ќе снеможи. Е а мајка ми вика ако забегам у дом да ме дадете слободно...
Ова е тоа низ кое минувам, ама среќа барем тука маж ми знае да прецрта. Пример, малиот плачеше и никако да се смири, беше у раце ма свекор ми па свекрва ми го зеде малиов никако да се смири. Идам јас и ѝ велам “дај ми го” оваа го стиска до неа и ми вели “ ама не, нека го јас ке го држам кај мене на гради и ке се смири ке видиш” и тука веќе со дрзок тон пак наредив да ми го даде док свекор ми у позадина вели “Аме, абе остај го на свекрва ти ке се смири”. Си го земав малиот и у соба. На мм прв пат му кажав тогаш дека нема да толерирам вакво нешто втор пат и оти нема да знам како ке изреагирам. Пред неколку недели, малиот исто не е добар кај неа у раце и иде мм и вели дај ми го, оваа “не, не ти го давам!” Тука веќе сфати овој колку е саат. Слично пред една недела, имаше реакција од рота вирус, плаче малово срце ми се кине. Го гушкам да се смири, ми влага у соба и “дај ми го” та “дај ми го” викам после ке ти го дам остави ме сега со него. Женава се налути, тресна врата од соба. Пријавив кај мм и веќе не и текна на такво нешто, пошто и свекор ми си го доби. ова е тоа што ме вади од такт. Први се да се пофалат дека свекрви им чувале деца, па јас тука идам до прашање: Ако свекрвата ти го чувала детето како побогу знаеш сега ти внук ти да го чуваш? Језиви се. Едино што гледам позитивна реакција на золва ми со малиот што искрена ке бидам многу ми е драго и искрено посакувам таа врска меѓу син ми и неа (како тетка) да трае, со оглед на тоа што јас сум поврзана со сите мои тетки и сум блиска со сите нив повеќе одошто со мајка ми. Се надевам нема роговите да и изникнат за брзо. Еве 4та год како чекаат да легнам на тоа брашно, а мене пустата никако да ми се легне Туку би сакала да прашам а би била среќна некое стручно лице од фелата на психологија да се вклучи и да објасни. Имено, станува збор за геслајтинг. Ама не разбирам дали женава сериозно не е свесна што работи или и патолошки манипулатор. Една од работите ке спомнам: мм прашува што ке има за ручек (пошто она е “шеф кухиње”) и оваа дрска му вели ништо нема да се јаде. Ок. На крај прави пто прави седнуваме да јадеме и женава ни ја треска чинијата со салата, ама не беше ненамерно, зашто чинијата веќе си беше на маса меѓу мене и мм туку она ја поткрена и ја лупна пак јас тука веќе ја следам со поглед а она се врти како ништо да не било и иде да го земе син ми. Мм збеснува си го зима детето и иде у соба. Свекрва ми испушта некој крик и плаче на што свекор ми цело време тврди оти женава ништо не направила. Побогу, како е можно да не си свесен за постапките? Ај еднаш да не си ке разберам ама константно да не си свесен што правиш? Дали ние двајцата сме луди и халуцинираме или што е работа не знам. и како е можно свекор ми за ништо да не потврди дека оваа греши? Како е можно да ја брани за се нешто? Она и кога се расправа со мајка му он пак си молчи и ја брани. Абе не знам кој е нормален кој не тука.
Лелеее, на баба ми сестра имаше три ќерки, не сакаше да оди кај нив, женава се држеше, ама пред неколку месеци не можеше и им кажала во дом да ја однесат. Сама си живееше во станот. А овие уште сега размислуваат дека снаата треба да ги чува. А зошто не синот и ќерката, или па зетот што не смеат да му писнат?