Јас да ја чујам ке ја прашам како тоа сака да ја чува снаа што е “п’на грех, што ги прави брљиви, што им расипува фамилија, што го б’цкала син и, што заслужувала фамилија што ке ја к’ца” . Е само тоа ке прашам зарем стварно сака таква снаа да ја чува?
Ама мене не ми е јасно зошто снаата, а не синот? Ајде ќерката да ја оставиме на страна. Мене еднаш свеки ми кажа кога ќе умреле јас ќе сум ги спремала. Кој муабет ејјј.
Оваа мојава свекрва е љубоморна кога ќе му направам на мм нешто јадење Дека ручаме сите заедно доле кај нив и ако слеземе и ако речеме не јадеме одма распрашување и на крај ќе ни рече више не ви праам и другиот ден пак не вика И му реков на мм дур сака да прави јадење нека си ни прави да си поуживаме
Да не го имаме истиот свекор? Истите муабети, син ми ќе спиел со нив, ќе шетал со нив, вие дојдете ние ќе го шетаме, вие излегувајте, ќе го земаме на одмор итн. Пред да останам бремена само викаше, абе вие направете го детето јас ќе го чувам. Никаков осет. И свекрва ми беше многу нападна откако се породив, ми го земаше детето од раце, ако плаче дај јас ќе го смирам, ако му се спие дај јас ќе го успијам, ама буквално ми го грабаше од раце, до степен да морав да станам дрска. Му кажав и на мм и тој сто пати ја испеа, женава или не сфаќаше или се правеше дека не сфаќа. Најмногу ме нервираше кога ќе кажеше "Оди легни си ти, одмори, јас ќе го чувам" и доаѓа и ми го зема од раце. Се спречкавме неколку пати, ама стварно не разбираше со убаво. Последно кога си заминавме за МК, на малиот му дојде голем шок, ваљда непознати лица, и не сакаше да оди кај никого во раце освен кај мене и кај мм. И ајде као да пробаме, во иста соба, да го земе таа да го подржи малце, постепено, да се опушти детево. Абе го зема во раце, детево вришти, потсинува од плачење. Јас станувам да го земам, она се врти, демек да не ме гледал мене, плачел бидејќи ме гледал дека сум тука. Јас упорно го барам да си го земам во раце да го смирам, она упорна се врти, го шета детево низ стан, му покажува новогодишни украси, тоа зајдува. Виде невиде мм стана и и' се развика, и вика зошо не и го даваш, гледаш дека плаче по неа. Па се налути, како така ќе се научел на нив, како ќе седел со нив сам. Од вакви случки ми станаа многу антипатични заедно со свекор ми, пред тоа немавме некои проблеми, ама откако се породив, никако да си научат дека се баба и дедо, а не мајка и татко, и тука имаме големи проблеми. Коментар на свекор ми кој многу ме навреди, седеше мм со нив во дневна, заедно со син ми, си играа. Влегов јас и нормално, син ми одма се пушти по мене да го земам. И замислете, ни два ни три, човеков вика "Ее што мораше да влезеш, ни го прекина раатот."
Иста песна и ден денеска буквално ќе ме турне за да му облече палто или патика се она знае се она може старка од 65 години. Нема разбирачка, па и кога за инат ќе ми рече кажи и на мајка ти што направивме (нешто што ќе кажам не тоа) Граница никако не можеме да поставиме со неа. (Во 5години) Ама јас со мм раскрстив еве ти ја кога сте заедно ти расправај се, јас не сум воспитана да се карам секојдневно и да терам правдини, а јас кога сум сама под клуч седам или бегам од неа. (Ама кога не се трпи, пак по 100ти пат ќе и кажам) На чување воопшто не сакам да и го оставам, (ретко се случува)
Мори Анушке тоа е правило! Ќерка им некната свекрвица ке ја гледа. Тоа што ние младите сме расипани и не им идеме по кеф тоа е др муабет веќе @Lavender13 збудалуваат значи сите не само ова моиве. Срам да им е, при живи и здрави родители они како се поставуваат со внуци. Ама вакво нешто го имам доживеано и од баба ми (на мајка ми мајка) каде цел живот ме труела против мајка ми.
Свесна е и сака да привлече внимание и е љубоморна на тоа што веќе не е мама најбитна. Колку и болно да звучи, често е така, ПОСЕБНО кога се живее заедно. Ниту очекувај да се смени, или вие џадето, или не ја перцепирај. . . . Друга работа што не разбирам, добро бе жени, па зар вие никаде не сте биле со баба и дедо? Никогаш не ве чувале? Не ви зготвиле, не ве однеле некаде, не сте седеле на гости? Можеби јас само сум имала среќа што ЕДВАЈ чекав да ме однесат кај баба ми и дедо ми, како мала речиси секој викенд со нив го поминував, и спиев со нив, и јадев со нив, и ме шетаа, и на викенди ме носеа, и на излети.... и тоа ми се едни од најубавите спомени во животот искрено.
Цели романи имам да раскажувам за свекрви, посебно откако ќе се роди дете. Одиме на роденден кај малото ма другарка, нејзиното годинка, моето 6 месеци, свеки нејзина, ја гледа мојава мала бела и буцка... Како и секое бебе, ааа тебе сигурно баба те чува. А свекорот вика не бе, цвет сама си ја чува. На гости кај роднини, го држам бебето нивно, свекрвата ми прави кафе(3во1) и вика на мм(кој збореше на тел во тој момент) ај ти, не знам јас. Викам дај јас ќе си го напраам. Ам како, па детето го држиш. Е де де викам, јас моето како мислиш дека го израснав. И од тука произлегува ваљда, дека мислат дека сме неспособни за сами, па јадните они мораат да помогнат о кога не е помош побарана. И еве ја ќерка ми после скоро 7 години, повеќе го сака дедо и. Зошто, зошто децата осеќаат кога некој е наметлив. Бабичка знае се, бабичка ќе напраи се.... Баба ја сака и од што ја сака на сила ја тера да јаде, иако јадела пред пола саат. А дедо е смирен, полека, не и попува, не ја размазува, не гледа да се докаже дека напраил поубаво јадење од мама. Епа нека го сака. А она леле аман веќе со тој дедо ти... Ама, ама... Јас и покажав кај и е местото. Па веќе сериозни скандали нема.
Тие што живееле сами тие сакаат сега да живеат во заедница да знаеш. Пошѕо кога биле млади си го поминаке животот какп сакале сега стареат и не сакаат да бидат сами сакаат внуците околу нив да бидат. Додека овие другиве што живееле во заедница кај нив е обратно. Една жена стана свекрва. Ми кажуваше дека синпт се оженил. И јас и велам си станала свекрива. И ми кажуваше дека они си останале да живеат на село а младиве во град. Знаеш што мо рече цел живот живеев со свекрва , па не сум будала сега и со снаа да живеам. Пак,истото. Нема шанси.
Двете беа далеку па седевме по цел месец за летен распуст и кај едните и кај другите ама кај таа по мајка ми (нешто ко свекрвиве што ги опишуваме ) одев под присила и со плачење кај таа по татко ќефој бев и со радост се сеќавам. Ама животот не е фер и тие по татко ни ги зема прерано.
Јас со таа по татко ми живеев, не беше нешто грижлива баба, ама цел живот таква си била. Имав ок однос со неа. А другата, по мајка, уште е жива, уште ми е бабЕ и уште едвај чекам да ја видам Дедо ми за жал е починат.
@CameliaMiller , едните баба и дедо мои, ненаметливи ама доволно трпеливи и ми одеа по кеф. Никогаш не ме тргале од раце на мајка ми, колку што паметам де и да обожавав да сум кај нив. Домашните баба и дедо - само двајца омилени внуци, другите нека се живи и здрави, ни нешто ни посветиле внимание, ни пак им беше гајле за нас. Ама за навреди, омаловажување и слично, први тука. Е сега кога веќе сум со дете. 9-10 часа сум надвор од дома. Дете по градинки, со баби, дедовци. Па реално и тие 2-3 часа во ден што ми остануваат со детето, сакам раат да си ги поминувам. Не дека дете од 1на година ќе се сеќава на нешто, ама не пак и да ме памети како родител кој е само со чантата на рамо и низ врата. И да имаме "натпревар" во смисла да ако дете си е заиграно со мене, случајно свекор и свекрва да се најдат тука, па да имаат нешто интересно на телефон да покажат. Или баш тогаш да имаат потреба од одење на балкон, па дете да се растревожи и да бара надвор. И го имаме она, остај ја мајка ти, баба/дедо ќе те шетаат. Или свекрва да ме праша, дали јас сум се сетила на МОЕТО дете да му сменам памперс. Оти јас ќе го оставам 3 дена во истото пример. Не е проблемот на поминувањето време со баба и дедо, колку што се постапките и начинот на кој тоа се прави.
Јас повеќе го сакав дедо ми од на татко ми страната, баба ми исто беше наметлива. Знаеше што не јадам и со сила ми даваше, не дека ме чувала, ова веќе возрасна кога бев "на земи, земи", а пример тоа не го јадам. На мм му кажав дека свеки и баба ми како мајка и ќерка да биле, и свеки знае дека не јадеме благо и не пиеме газирано, со сила не тера, тоа најмногу ме нервира "ама многу е убаво, земете". За некој ако е убаво за нас не е. Ако сакаме сами ќе земеме, не сме деца..
Исто и јас По природа сум нервозна хаха и се замарав многу. И седнав размислив и реков па немој бре жена од 50+ мене ќе ме нервира. Зошто да се нервирам јас, кога може она да се нервира.
На една познаничка, ми се жалеше дека свекорот кога бил мал син и, накај 2,3 месеци, плачел многу, и овој (свекорот) го земал и го шетал по стан и едно време бебево се уќутело и мајкава (познаничката) тргнала да види што е, како е и кога го нашла овој брца цуцлата у тегла со мед и му дава на бебево а кажано им е ништо освен вода и чајче евентуално пошто си го дои Свекрва ми кога се роди првиот и внук, од јатрвата моја, у болница отишла со девер ми по бебето, и инсистирала она да го носи, баба била од таткото, другата нема везе.. Е да, и забранила на девер ми да се јави кај мајката од јатрвата дека ќерка и ја однеле на пороѓај, кога ќе завршела, тогаш. Важно они знаеле
Сеа на кеј баш 2 баби шетаа и едната оговараше нешо како внучето го запишале у приватно школо, дали нешто ќе научел.. си викам бабе ти само за на ФФ си. па оваа другава ѝ викаше а зашо не у државно. Сакав да им се убацам да им речам, де бе сте искочиле да прошетате и со шо се замарате..
Па размислував ноќеска, поише особи шо ми зборевте. И у право сте. Ја од шо сакам некад да сум фер и поштена, ја го јадам после. А и џабе да си добар со некои особи, поготово коа им смрди душата на километри. Само ќе почнам посуптилно. А понатака зависи од нив.
Иста свекрва немаме, а напишаново ко ја да сум го пишувала. И мојава сака да е главна и да се прашува за се, и се да знае. Ама мало сутра. И се имаше десено да ми речи на неколку пати "ако се скара со мажот ти (син и) да ми кажиш мене, јас можам се да му речам ти не можиш тебе ќе ти се налути" Тешка патологија е