1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    85.536
    Пол:
    Женски
    Истото го имам приметено.
    Денешните деца нема ни да си ги гледаат бабите и дедовците.
    Од преголема опсесивност и посесивност на мајките.
    Се прави драма ако му дадат грисинка,па одма пасив агресив не ги носат децата.
    Штета и голем минус за едно дете е да порасне без да осети љубов ба баба и дедо.
    И да има дупка во спомените.
    Да не се сеќава на моменти од среќно детство и со други членови освен мама и тато.
    Ниту бабите ќе им станат мајки на децата ниту нешто ке им се случи ако поседат или преспијат кај нив.
     
    Последна измена: 28 март 2024
    На Mother of 2boys, baby-star, Manako2 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Се' дур пред моето дете, има некој потреба да ме понижи и да не ме испочитува, макар колку-толку да ми возврати на почитта што ја добиваат, нема потреба од пречесто гледање со баби и дедовци. Многу убаво гледам во околинава како влијаат баби и дедовци на деца,кои поминуваат повеќе часа секојдневно со баби и дедовци. Кога ќе сфатите дека големото присуство на баби,дедовци,тетки,вујковци итн и те како влијае на воспитувањето на децата? Јас можам колку сакам да се трудам да го воспитам, ако некој утре за 3 саати ми погази се', зошто да му давам привилегија да ужива со внукот? Свекор ми од инает ореви ќе му дадеше, зошто јас наводно премногу нежно сум го направила детето со тоа пазење, па затоа бил алергичен на ореви. Или па им го оставив еднаш со спиење зошто умре татко ми, свекрва ми го имаше брзо брзо однесено во комшии (за кои јас и мм и имаме речено дека не смее да го носи, не сме во контакт) па и уште 2 саати госпоѓата намерно не крена слушалка, свекор ми лажеше горе се, ваму се, таму се, на крај мм и пиша "те видов на камерава дека излезе од двор, крени" па на крај да признае. Што е тоа? Нормално е ова? Па после да имаш доверба. Или ко свекор ми еднаш заспан си беше, демек го чува, дете во подрум си отишло, на бетон по тенки чорапи, застанато, си лиже лижавче. Не дај Боже да е некое дете што нема страв или што е послободно,излезе надвор и да не мислам понатака што се' би можело да се случи, што треба да му направиме тогаш? Да го удавам, така? 4/5 саати преку сила неделно, доста им се дома кај нив или евентуално да го прошета низ маало. Чим син им се согласува со ова, а е ептен по правда значи има нешто.
     
    На Zumbulche, Puffy2019, Gosh и 10 други им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    14.640
    Јас никогаш ја немам оставено ќерка ми сама во двор или на тераса да не ми е пред очи или во друга соба а да не ја слушам што прави. Е затоа свекрвата, кога бевме во Мк, ја оставила во двор сама а таа внатре си брка домаќински работи низ дома. Две години беше тогаш. Јесте да е дворот заграден али со ниска ограда а куќата се наоѓа до улица која е доста фрекфентна со луѓе. На сите овие случки во денешно време не сакам ни да замислам што можело да се случи.

    Исто тогаш, од толку мерак да и ја оставиме за да помине време со неа дека далеку живееме.. на вториот или третиот ден, бевме излезени на кафе со мм и се враќаме и што да видиме, куќата трешти. Малата и води инат за облекување, таа ја стиснала меѓу нозе, ќерка ми плаче силно и се тегне а таа ја стиска силно и вика: "Ќе те истепаааам!" .... ека они се се жртви на кои лошите снаи цело време им грешат и им ускратуваат нешто:tmi:)
     
    Последна измена: 28 март 2024
    На Zumbulche, Gosh, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    А, да, како посесивноста на една 30 годишна жена за сопственото дете не чини, ама на 60 годишна жена е во ред ?
    Зошто, ете ние со нашата посесивност како мајки, им кратиме невидени спомени со посесивните баби.
    Сега излегува дека е во ред една баба да е опседната со внуче, нели?
     
    На Zumbulche, Lena0903, Puffy2019 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.598
    Пол:
    Женски
    Точно така!
    Многу мајки се посесивни спрема децата, на работа не одат за само да се со нив, и пази утре нивно понашање кога ќе се свекрви, кој знае што ќе биде од нив. :rofl:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Ако посесивен значи да нејќеш да го оставиш на свекрва зошто од инат (за мене) му прави на детето работи што се лоши по неговото здравје тогаш јас сум најпосесивната мајка на свет. Не зборам само за јадење туку за секакви други работи што се многу поопасни на пример докторите што кажале не било вистина она како ќе кажела така требало да се прави. На секое течење нос збори кско тееба антибиотик да и го оставам ќе му даде зошто еднаш има направено такво нешто
     
    На Zumbulche, Puffy2019, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.292
    Допаѓања:
    200.447
    Пол:
    Женски
    Не знам како мислиш ти дека влијае преголемото присуство на баби и дедовци во животот на децата, на моиве досега немам забележано ништо лошо, напротив, има многу позитивни придобивки од тоа што голем дел од денот децата поминуваат со баба и дедо. Штета е децата да немаат баби и дедовци во животот, секако, ако се разбрани луѓе. Ама верувам дека некогаш и снаите претеруваат, оти и јас бев таква, се' си ставав при срце.
    Ама, не можам да се жалам, оти ме слушаат многу, јес да имаат пропусти, ама ништо страшно и алармантно.
     
    На Mother of 2boys, H.VAGA, referentka и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.300
    Пол:
    Женски
    Јас се би дала да иам покрај мене некоја баба, да и остаам децата, шо сака нека ги рани, кај сака нека ги шета, само за да можам да рашетам без нив :D.

    Ако сака и цицка нека им даде :D.
     
  9. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Па, да, така излегува. На крај ќе излезе дека посветените мајки се лоши мајки зошто не оставаат да им се дава на децата чоколадо за ручек на 8 месеци.
    Пре би избрала да седам дома уште 10 години дур ми пораснат деца да можат да седат самостојно дома, одколку да ги оставам на некој што му смета да сум мајка која сака да поминува повеќе време со своето дете, одколку они, зошто во нивно време не било така и оставала дете од 3 месеци со свекрва, не го видела дур растел син и. Not my problem.
    Да, ако се разбрани. Многу пати имам кажано, да останев со бившиот (и да беше уште мајка му жива), на таа жена и 5 да родев, сите со задоволство ќе и ги оставев. Ама вака, не фала. Свекрва ми не кара ниедно дете, зошто немало да ја сака после. Значи син ми со неа буквално што сака прави. Епа како една искусна нели мајка,треба да си свесна дека дете во одредени ситуации опасни за него треба да се искара за да престане.

    Земи си ја свеки мор. Што туку ја одбиваш кога сака да дојде. Нит се водиш, нит се тераш ти.:rofl:
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2024
    На Zumbulche, Puffy2019, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.300
    Пол:
    Женски
    Кај мори да ја земам, јас сакам да и остаам децата ама не под мој кров :D:D:D:D
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Пушти и ги во Македонија. Ко золва ми лани, па да се каеш уште 5 години.:rofl::rofl:
     
    На Anyshka, *Amethyst* и Adidas888 им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.300
    Пол:
    Женски
    Аууу, шо убо така, да ги испратиш во друга држава :rofl:. Раат.
     
    На Puffy2019 и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    И золва ми така мислеше. Па после 2 месеци кога дојде да си го земе, ко друго дете да добила, подиве уште не замината.:rofl::rofl:
     
    На Трагедијаупмм, Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  14. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    3.643
    Ќе те цитирам пошо пред некој ден ме цитираше со совет да се опуштам кога се жалев дека враќањето на работа ми падна тешко после породилно и дека дури размислувам да се откажам.
    Ако ме прави посесивна фактот што тешко ми паѓа одделувањето од 10 месечно бебе со кое бевме 24/7 и на кое му бев и сеуште сум се’ на светот, нека.
    Зошто толку осуда спрема тие кои одлучиле да останат дома со своите деца? Апропо твоево мислење, тие што заминуваат на работа се немајки?

    И јас растев со баба и дедо и имав многу блиска врска со нив. Ама се знаеше кои се баба и дедо, кој се мајка и татко. Никогаш не ме дисциплинирале ниту па направиле нешто без согласност на моите родители.
    Има да драмам до утре и за грисина ако сум рекла дека не смее. Пошо не смее и многу други намирници поради разно разни причини кои на постарите не им се јасни или одбиваат да им се разјаснат.
    Да е до свекор ми, секој плач на син ми би го решил со цуцлата во мед. Он не сфаќа дека не смее, иако сто пати сум му објаснала зошто. Што му фалело на мм, пораснал со цуцлата во мед. Зошо да не смеело сол, зошо не смеело да го патка син ми, како ќе се научел да оди ( детето апсолутно не е спремно за одење ) и мал милион примери. Ако не ме почитува мене како родител и моите одлуки кои се во најдобар интерес на моето дете, бидејќи никој не му мисли подобро на моето дете од мене, зошто јас да ја почитувам неговата улога на дедо? Помина времето кога младите чутеа, а старите се слушаа од почит.

    Многу е едноставно, respect is earned. Почитувај ме за да те почитувам. Ако за една грисина ме газиш како родител, што останува натака за потешки денови.
     
    На Zumbulche, Puffy2019, Gosh и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.300
    Пол:
    Женски
    Ај барем нема да ви го праќа веќе :rofl:.
     
    На Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  16. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    За тоа најмногу се радувам.:rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    2.757
    Пол:
    Женски
    Со свекрвата не живееме заедно, отидовме неколку дена кај неа во село и знаете што забележав? Упатството од антидепресивите кои ги пијам го читала па не можела убаво да го здипли целото беше наклаено во паковчето (facepalm)јас се лечам од анксиозност па женава да истражи од што боледувам(facepalm)значи незнам што да мислам повеќе. А еднаш му имаше пишано на сопругот демек мајка си е мајка не е како сопруга, значи тоа си е така не можи јас да му бидам како мајка, ама женава пред мене глуми пред мене демек добра но ја имам фатено во повеќе вакви глупави ситуации.
     
    Последна измена: 28 март 2024
    На Zumbulche, Joanna28, Erika.greeneyes и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.598
    Пол:
    Женски
    Мн ја изврте темата, воопшто не мислев на тебе да кога го пишав ова.
    Кажувам дека има мајки кои се страшно опсесивни спрема децата, и поради тоа остануваат дома, чему тоа?
    Искрено и нема потреба да се чувствува несигурност или љубомора во таткото на детето. Сите сме биле 24 часа со децата додека да тргнеме на работа, тоа не значи дека 10 години дома треба да седам за да го гледам детето, зошто никој не го гледа како мене, тоа секако мајка е мајка, ама некад треба тоа дете да е самостојно, да види како е и со баба и дедо, и без мама.
    И што ако дала грисинка? Голрма работа, и мене баба ми скришно ми давала грисинки или чоколадо, и било како баша тајна, секако дека не ја сакам баба ми повеќе од мајка ми, мислам тотално е за мене безврска да си залепен за своето дете, да го гушиш и да не му дозволуваш со никого да е!
    Сами правиме од децата снобови па после други ни се криви.
     
    На baby-star, Ena05, Bebetoo и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Секој нека си прави како мисли дека е најдобро. Не почнувајте и овде со непотребни напади на една иста тема, исто ко во "Жени домаќинки". Ти во нешто не гледаш потреба, јас во нешто друго не гледам потреба и тоа е тоа. Овде ниедна не се жали за само една грисинка, не се обидувајте да минимизирате се' што ќе прочитате и стално ние што имаме проблеми ем се нервираме со глупости дома, па и на форум некоја со потсмев да ти гледа на проблемите, на крај уште и криви сме што не ги оставаме децата да ни ги гледаат други 24 часа.
     
    На Puffy2019, Gosh, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    3.568
    Пол:
    Женски
    Не живееме заедно ама од петти месец бременост за се што купував за бебе ми викаше што ќе ти е? Тетра пелена? Што ќе ти е не ти треба. Постелнина? Што ќе ти е?имаме од син ми. Боди?на бебе боди не се облака.( не знам може у вреќатребаше да ја изнесам од болница). Каква е оваа подлога за бањање ние пешкири редевме. Што ќе ти се машни што џабе купуваш да не ќе и ги ставаш. Најголем сеир пукаше кога купив аспиратор за нос да имам,мислиш за кола му уплатив на бебево да полага. Пресмешно беше.Се роди, дојдовме дома, една недела се објаснував зошто капа дома не и ставам кога дома ни е 24/25степени. Немоеше да се помири. Никако не можев да и објаснам како ми рекоа за папочето при бањање. Она така не праела. Затоа не и дадов да ја избања,сори нот сори. Не можам и немам ни нерви ни живци некому нешто 1200 пати да му објаснувам. Од прв ден збори со бебе и и вика овие мајка ти и татко ти се малце смотанки. СмотанКИ демек послатко е и нема да забележам.Маш ми сто пати ја опомена. Ако дојде и ја чуе да плаче( нели бебе е?!) што и праите???? Имавме грчеви и маж ми им кажува дека лоша ббеше ноќта многу плачеше и свеки вика не бе не се грчеви . Викам ама докторката ми кажа дека се и ми даде капки. Не не се не знаете вие. Ок.
    Да не објаснувам какви невкусни коментари имаше за доењето и не може да се помири дека ја дојам во приватност,сама јас и она! Ме виде дека и чистам мрсули зошто сум ја малтретирала она плачела ?!? И нешто за крај како најслатко најнов прекар за бебето и е Џеки. Со милозвучен глас. И како после да бидеш фина ?Буквално го вади најлошото од мене.
     
    На Zumbulche, LUCI 99, Joanna28 и 15 други им се допаѓа ова.