1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    3.643
    Апсолутно во погрешен контекст ме цитираш. Да, јас сум љубоморна што мм е дома со син ми моментално. Но не поради тоа што сум несигурна во маж ми. Туку поради фактот што тој поминува време со него, а не јас. Пошто се осеќам дека губам скапоцено време со син ми, еднаш ќе биде толку мал, некои работи во животов не се повторуваат. Посебно зошто имав шанса за подолго породилно.

    Нејсе. Апсолутно сум за тоа дека на децата им требаат повеќе фигури во животот. И немам против да го оставам, се додека сум сигурна во личноста. Во свекор ми и свекрва ми не сум сигурна, бидејќи се полни со фикс идеи кои не се безбедни. Досега кога и да сум го оставала со нив, а на прсти се бројат тие пати бидејќи не ни живееме во Мк, секогаш си тераат по нивно. Бидејќи да ги цитирам, “изгледале тие деца, знаат како треба, не мора јас да кажувам”. Од тој инает ќе го плеснеше свекор ми син ми на плочки, на нецели 4 месеци. Јас викам не го седнувајте, слегувам долу детево седи. Викам не му давај за јадење, му спремам јас. Слегувам долу детево јаде. Зошо викам јаде? Па гладен беше. Па проблем ли е да се качиш да ми кажеш? За кого спремам јас? Од кај знае што намирници сум вовела, што не? Да не зборувам дека имаме проблеми со алергии.

    За се има причина. Не се мајките посесивни, туку сакаат да се почитувани ко родители.
     
    На Zumbulche, Nausicaa, CareTee и 12 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.075
    Допаѓања:
    14.640
    Јас не се сметам за опседната со детето но ете, не можам да бидам 100% мирна и опуштена кога е со некој друг освен мм. Ни со мајка ми не можам да бидам сигурна, а со свекрва после дешавките па ич.

    Поради тоа што расте само со нас, мислам дека само ние и го знаеме табиетот и навиките и дека единствено ние можеме да и го предвидиме следниот чекор.

    Љубомора не сум почувствувала кон никој, освен кога свеки по сила на закон сакаше да ја земе да спие со неа секоја вечер додека сме во Мк и се перчеше со тоа секако сакајќи да ме потцени мене како мајка. Детето заспало возејќи ја на трицикл, таа не ми ја дава да ја земам да ја однесам горе во кревет. Нека се зацврстела во сон па таа ќе ја земела кај нив во спална. (facepalm)
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Skyler и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.256
    Пол:
    Женски
    Не е во ред посесивност и опсесивност на мајките, ама затоа на бабите е во ред.
    И не знам што запнале со тоа дека мајката морала да работи, не било добро за детето ако седела дома, секоја мајка си знае што е најдобро за детето.
    Како од нивен џеб да земаат, па се бунат зошто не работела.
     
    На Puffy2019, Gosh, *Amethyst* и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
    Ако мајката е доволно свесна за да воспита дете како шо треба, нема врска дали седи дома или работи.
    Остај овие тука шо пишат, не им е дојдено на нив до доброто на детето, туку неможат да се помират шо има мајки шо имат избор да не работат.
     
    На Puffy2019, Gosh, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    40.360
    Пол:
    Женски
    Абе каква опсесивност и посесивност, едноставно сметам дека нешто не правиш како што треба за моето дете и едноставно немам доверба дека ќе го чуваш како што треба и затоа не го ни чуваш. Што ако му дале грисина, не е муабетот за грисината, туку оти мајката рекла да не ми се дава ништо и ти не си го почитувал зборот и сметаш дека си повалиден од мајката за донесување одлуки.
    Мене ме слушаат генерално и моите и неговите, не се ни мешаат многу. Едино што ме нервира свекрвата кога проба да му бута храна кога не му се јаде, значи јас оставам чинија и го спремам да го земам оти очигледно не му се јаде веќе, она се врти по мене зема чинија и лажица во уста, ауу ова од такт ме вади, ама не реагирам бурно, само ќе речам не сака доста му е, и со собирањето на храната околу уста кога му дава да јаде, затоа не оставам она да го храни, ептен во неизбежни ситуации.

    Друго коментари има секако ама не мислам дека ради тоа што сакаат да кажат дека они повеќе знаат, него онака колку да се рече нешто, јас ќе си кажам аха добро и си терам по мое.
    Мајка ми ме нервира за тоа дека постојано му е ладно, значи ме отече жената, само се караме за тоа.

    На родителите зборот треба да се слуша и крај. Не сфаќаат дека само на тој начин ќе го имаат внучето и на чување и на преспивање натаму, на летни распусти и сл.
     
    На Zumbulche, Gosh, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.597
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам мое мислење, ама баш ич не те спомнав во мојата порака можеби ти се најде повикана не знам, ама апсолутно погрешно.
    Јас и сопругот ги воспитуваме децата, бабите не им влијаат, и не можат да влијаат бидејќи имаме доволно авторитет, децата ми се научени со баба и дедо од мали, и не плачат каде и да одам, ако гледаме така секој период од животот на детето е драгоцен, значи ли дека треба да го седиме дома???

    И во градинка не го пуштаме, зошто таму не го гледаат де, јасно е дека детето никој подобро не го чува и гледа од мајка, баба е баба, мајка е мајка.

    Мислиш дека ќе знаеш секогаш дали се почитуваат твоите правила? Верувај дека не, ни во градинка нема да ти ги почитуваат, и тоа е реалноста за жал или не.

    Јас пишувам, и имам можност да седам дома, ама не седам туку работам, зошто 2 години седев дома и се побудалев, не сакам да седам дома, мојот избор е да одам на работа, а имам услови да седам.
     
    На Ena05 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Адидаске во право си, ама ако едно дете седи по 4-5 часа да речеме со баба, како сакаш врти го, директно влијае на воспитување и стварање животни навики.
    Јас летото пред да го пуштам во градинка, седеше со свекрва ми по 2-3 саати кога одев јас на работа, а дур да дојде мм и детето буквално беше научено да се треска од земја ако не добие нешто. Само 1 месец пред тоа не беше таков. И да останеше да поминува секојдневно толку време со неа, колку сакав можев да се трудам да воспитувам, џабе е. Сега не се оптеретувам толку, веќе има оформен карактер и знае со кого што може. Е сега, нека им се качува на глава ако сака.
    Иначе да, од авион е видлива маката.:rofl:
     
    На Puffy2019, *Amethyst*, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
    Знам, го делам и јас твоето мислење и затоа и јас подржувам мајката дома да седи ако може во првите години на детето...
    Реално, да имав мајка, сестра, би ги оставила кај нив ама немам. Нив би можела и да им се изнадерам, налутам ако нешто не ме послушат ама на овие другиве не па затоа и не сакам да ми чуват деца. Сама ќе си ги чувам, најдобро ми е.
     
    На Mother of 2boys, *Amethyst*, Erika.greeneyes и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.597
    Пол:
    Женски
    Во ред ти можеш сама, некок не може а некој не сака, сите сме со различни мислења сепак. Кој како сака нека воспитува дете, крај краева, ама баш ич не љубоморам на тие мајки што седат дома со децата, мене ми е вака супер да си одам на работа.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
    Да, тоа си е изборот на мајката, како сака она така.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски

    Најточно. Имам примери во околина,во кои децата поминуваат повеќе време со баби и дедовци одколку со родители. Не можам да им се начудам на однесувањето. А не се мали. Има една во градинка со син ми,сите ги тепа, имавме и ние проблем, мм реагираше кај родителите, никому ништо, јас со баба и' зборев, оваа ми вика "не е она таква", а знам значи сум била сведок дека ги мава дедо и и баби и овие и' ќутат. И му реков на син ми, следен пат удри ја и ти кога ќе те мава. Одкога ја удри девојчево не го има чепнато. Значи ако не си го научат тие дома, некој друг ќе го научи. Еден куп примери кај што баби воспитуваат имам,зошто родителите им се на работа и втора и трета смена и едноставно не може да стасаат да си ги видат децата. Таков живот дур не ми е нож под грло? Не, фала. Детето за цел живот осакатено.
     
    На Zumbulche, Puffy2019, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    7.538
    Пол:
    Женски
    Леле лелее кога ве читам какви лоши спомени ми вративте кога се роди малата.
    Некоа погоре пишс за аспиратор за нос, свеки моја викаше леле што и правите колку плсче сигурно ја боли и колку пати на ден чистите ова ич не е ефикасно у наше време имаше пумпа стискаш и се ги вадеше мрсулите викам аха да затоа тие пумпи се 100 ден а овие 600+ денари. Зошто тие многу ефикасни се, брат ми користеа такви ич не се добри во споредба со аспиратор. Не во нивно време друго било.
    И со коментарите дека докторите сега претерувале не терале на модерен начин да гледаме деца. Многу се занесувале.
    Што ни фалело нас.
    Па кога се запна за дубак. За сол во кашите. Не можеше да се помири дека ќерка ми цица па ме убедуваше да се молзам она да и дадела од шише. Па сакаше да спие со нив на почетокот ја оставав да дремнува со нив. Се додека не се освестив и сфатив дека претераа. Буквално немав пристап до МОЕ дете. Прв пат мајка, тазе мајка. Се плашев да не погрешам нешто. И тие почнаа со коментари ќе ти плаче дај ми ја мене, и се тие знаеја јас и мм ништо. Знаека грчеви како изгледаа знаеја се. Детево корне плаче они ја нишаат упорно им велам дај те ми ја они како телохранетиле до неа немав пристап до неа, не ќе ти плаче ми викаат. Им велам луѓе детево ви плаче цело време дајте ми ја мене, не не, кога им ја грабнав автоматски кај мене се смири. И од тогаш се закочнав во мое присуство друг више да се прави родител мене да ме гази да ме прави смотана да ме понижи нема да дозволам.
    Сами си направија. Ете им дадов шанса они буквално се занесуваа како тие да се родители. И за на педијатар, викам јас и мм ќе одиме, како да влегоја у филм они да се родители бог да чува.
    Свекрва ми сама ја облакаше земаше алишта преташе по фиоки па ќе заспие во дневна ќерка ми оваа со неа ќе легне. Пола сат максимум и ќе се разбуди ќерка ми.
    И после почнав да си ја заапивам во спална и јас со неа да спијам и почна да си спие со саати.
    Кога го враќам филмот многу глупава бев што воопшто им дозволив вака некои работи.
    Уште мм и рекол на свеки да не влага кпга дојам таа му рекла е од ксј знаеш дека и смета и мене свекрва ми кога доев ми седеше на глава мене не ми сметаше, жени сме де. (facepalm)

    Јас и правам јадење тие за инает тутни му благо или нешто друго. И после не јаде па не јаде. И тие радосни еее па не сака без сол. Знае и она штп е убаво.
    Или најмногу сум против благо, сок, и YouTube.
    И тие намерно како да ми идат контра, и викаат како се радува кога јаде благо и кога гледа цртани.
    И јас им велам па нели у наше време немаше YouTube што ни фали нас? Или за тоа што не ви одговара само така зборите.
    Јас не сум мајка што сака целосно да забранува па кога ќе оди на роденден некаде да јадс како да не видела.
    Ама нека јаде прво оброк па после може благо а не прес јадење. И не мора секој ден. Еднаш на неколку дена доста и е.

    Баби и дедовци што чуваат внуци резултатот е разлигавеност до немај каде.
    Благо, сок и телефон или телевизор цел ден.
    Не јадат без телефон.
    Не знаат сами да јадат(читај не знаат вилушка и лажица да држат).
    Не знаат сами да се заиграат. Постојано треба кловн да изиграва некој и цел ден зјапаат во екрани.
    Не знам зошто сите зборат дека денешните родители им тупкаат телефони на децата по цел ден за тие да се раат, кога најчесто е обратно. Бабите и дедовците го прават тоа.
     
    На Mother of 2boys, Zumbulche, Puffy2019 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
    И таа мојата бивша свеки го учеше син ми така. Да мава и да бара пари на секој шо ќе го сретне. Му викаше бабе, кажи "дај пари" и овој ја слушаше и тоа го збореше. Мене на живци ми одеше тоа, оти ги знаев дека они цел живот патат и се зинати за пари и не сакав и син ми таков да го напраат.
    Затоа сега, да си се скратам од маки, сама си ги чувам. Само мојот збор се слуша и е последен.
     
    На Joanna28, Puffy2019, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    И мене ме потсети ти со пишаново. Да не почнувам. Ама нешто што најмногу ме нервира, е што свекор ми не гледа разлика меѓу нас и нив. Им имам речено вие сте баба и дедо, ние сме мајка и татко. Не треба да се мешате и да, стално сте во втор план. Не бре, свекор ми, си мислиш мајка станал. Детево ќе ми збори во двор, ќе викне "мамоо" тој од кај него "еееј дедо". Ја еднаш му реков "дедо ти мисли мајка ти е":rofl::rofl:

    Забегани. Ама ние сме посесивни и не им даваме спомени да прават на децата. До сега невиден спомен "удри ја баба ти". Прекрасно нешто, цел живот да си го памти споменот со баба "дај пари". :tmi:
     
    Последна измена од модератор: 29 март 2024
    На Zumbulche, Puffy2019, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.256
    Пол:
    Женски
    Една братучедка и братучед повеќе беа поврзани со баба им отколку со мајка им (тетка ми), кога доаѓаа на гости кај нас или кај другата тетка кога беа мали, за во тоалет ја викаа баба им, и за било што, и за јадење и за вода.
    И тоа не е убаво.
    Така од мали баба им ги научила, е тетка ми од што беше добра, не се бунела, и на крај што си собираше се во себе се разболе.
    Затоа не се собира во себе, треба на сите да им кажеме каде им е местото.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Antebellum и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.546
    Допаѓања:
    18.297
    Пол:
    Женски
    Вие фамилијарно сте налетале на тешки свекрви :rofl:.
     
    На *Amethyst*, Antebellum, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.256
    Пол:
    Женски
    Ааа неее, оваа беше модерна и современа, само децата дека таа ги чуваше, тетка ми на работа, и се навикнаа на неа.
    Тетка ми од работа, свекрва и на маса ручек, женава беше многу вредна и многу педантна, како и беше под конец се средено и чисто.
    Камо среќа свеки да беше таква, за другото ќе се реши.
    Ама јас па сега не им ќутам, тоа е разликата. :D
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    265.830
    Баба ми мене ме галеше, и дедо ми, и вујко ми, и вујна ми. Од таа страна сум прво внуче во фамилија, галено прегалено.
    Немам лоши искуства, не ја сакав помалку мајка ми, не сметав дека баба ми ми е мајка, еве не знам. А поминував по 48 саати скоро секој викенд со нив, ме носеа и на одмор... што ме хранеле, па искрено јас се гордеам дека од сите внуки јас највеќе стилот на баба ми за готвење го добив :D И другите две внуки готват (сестра ми и братучетка ми) ама јас по бабиното највеќе.
    Имам една слика што и ден денес ми е предрага затоа што се сеќавам на денот, а толку сум била мала што шише со цуцла уште имам. И откако се роди братучетка ми слики и албуми кај баба ми има...
    Можеби е до луѓето (и родителите и бабите), ама братучетка ми и повеќе време помина со неа (не одеше во градинка, баба ми ја чуваше) па ене ја, здрава, права, возрасна и исполнета жена е.
    Пошто за среќа таа баба уште е жива, ден денес едвај чекам да можам да си ја видам, а и таа мене. Моето детство не знам какво ќе беше без неа, ама сигурно многу посиромашно.

    И друга работа, вујна ми и баба ми имаат посебно коректен однос, најискрено. Карактерно се различни многу, ама таква почит... имам пишувано поназад. Што значи снаава (со позавидна работа и стрес) со мирна душа детето ѝ го остави од најмало до школо, а и во школо баба ми ја носеше и земаше оти им е блиску, да не седи целодневна.
     
    На Martka, smooch, andrejko82 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    813
    Пол:
    Женски
    Немој да ме сфатиш погрешно, ама зошто го трпиш ова? Ваква негативност и нервоза со мало бебе не ти требаат.. не ли може маж ти малку да постави граници? Или да не се гледате толку.. јас се изнервирав ова што го прочитав, да ми каже смотанКА нема да ме види веќе а ни внучето богами. Следно кажи и ние не користиме вакви зборови тука, ќе те замолам да не зборуваш така пред детето. Утре ќе тресне пак кога ќе е поголемо, а децата се сунѓер и слушаат сѐ.
     
    На Gosh, *Amethyst*, Herbie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Те читам и мене ми се враќаат дешавки од твоево кажано, и ме фаќа нервоза. Имав поназад пишувано шо напрај мојава му го пикна прстот на син ми во уста. Само јас згрешив што не и реков ништо.

    Кај мене помало е сеуште цица, а знам дека ќе се меша за јадењето. Во еден наврат спомна случка со некоја роднкна нејзина како биле на слава и на роднинава бебето го држел дедому и му ја брцнал раката во алкохол (мислам вино дека било) и детево да си ја излиже. Мајката се налутила, е зошто се налутила немало ништо да му биде, демек се надевала немало да бидам како неа.

    Колку само нервоза ме фаќа кога ќе ми текне вакво нешто. А за дубакот цело предавање имавме пред скоро време како не знаеле докторите порано било вака, немало да се научи да оди ако не користиш дубак.
    И бисер и беше, заспа синко и таа вели трлевизорот му смета го намалив, и кажуваме ние дека не му смета галама. А не вика му смета, и мм и рече е аман де како ние не знајме ти знајш а го гледаш еднаш неделно на неколку саати.

    И после ќе речат мајките биле пасив агресив. Немаме сите среќа да се занимаваме со разбрани луѓе.

    А имаше членка спомнато за купување бремена што била, дека велела зошто ти е на се. И мене истото ми го правеше мислиш пари и бараш. Па количката за синко поклон од роднини зошто била толку скапа, па и реков друг ко ја купува зошто да не и заќути. Да не спомнувам дека ми довлечка се и сешто шо нашла шо собрала стари работи преку 30 години да ми се најделе.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Antebellum и 7 други им се допаѓа ова.