Мојава само куче,куче по детево,утре ќе прозбори ќе мисли куче се вика А за грчевите ни се качуваше таа горе и нишај нишај дур не се смири и пак кај мене се смируваше,ама не разбираат. И сега кога и да заплаче таа горе се качува демек детево нема мајка
Друг пат ако детето ти го нарече куче, прашај ја "Син ти куче е? Пошто детево куче го викаш тогаш син ти куче треба да биде.. Бог да чува се стариве.
Свеки моја уште чува алишта од децата на золва ми уште пред 15+ години, демек кога ќе сме имале ние дете ќе ни ги дала. Да, да, сигурно, здравје Боже ако имаме дете дека ќе го облекувам со алишта уште од пред 15+ години.
Не го трпам,прво беб фина сега се карам без пардон,се кара маж од почеток ама како поинаку со луѓе што СЕ знаат?Се гледаме кога јас ќе решам и колку јас сакам ама не може да пројде ден без некаков коментар. Муабетот ми беше ете зошто сме ние мајките после лоши, зошто не не почитуваат. За сите нека сум најлоша ама не ќутам веќе. Она Џеки Џеки јас ќе речам не се вика така си има име она. Не бре не не и влага у глава очигледно чека квалитетно да се скараме па да го одврзе Џеки и да го пушти у неповрат.
Леле солзи ми течат.. солзи А ми се плаче коа ве читам. Го нарекла детето Џеки. Па дете е или куче бре
Ако избегнуваш контакт нема веќе да слушаш коментари. Џабе ќе се караш и нервираш, ми звучи како да не е баш нормална жената.
Мојата ги извади од син и бенкиците пожолтени. Ама од таткото биле морало да се носат. Тие 30+ години на таван чувани ама морало Кога ми извади една количка за компири носење, мислам и јас сум имала таква во тоа време такви имало не викам дека нешто се моите премодерни ама затоа е одамна фрлена. Нема потреба да се чува нешто старо исдрцано апла уништено пожолтено и со пајаци на него.Она ми кажуваше во неа ќе ја возиме кога ќе дојдеш. И реков ова може да послужи само за внуката куклите да си ги вози.
Е од ова си патиме. Полошо од антиваксер е антиваксер баба. И после ќе им збори дома да не го вакцинираат детето. И ќе иаме и морбили, и крокодили, и чумата ќе се врати ко шо тргнало. Не корона за нас, свети корона за да се опраат луѓево
Некогаш по сабајле ако ми е пуштен тв по ова нашиве канали по утринскиве емисии. Па ако гостува некој доктор па кога ќе почнат бабиве да се јавуваат "Овде е една загрижена баба на 3 годишен внук..... Само бабиве се загрижени за внуците родителиве не. Па и моиве кога ќе почнат па ова им е па она им е докториве не знаеле они повеќе знаат, експерти за све се.
За ова за алиштата. Не зборам за сите алишта. Ама нешто што сме сочувале ново. Зошто да не облечат од мама и тато, не од баба и дедо. Јас кај моите си најдов скроз нова маичка дете кога бев си ја зедов ако сака ќерка ми да ја носи утре кога ќе биде поголема. Нова е скроз, убава. И од татко и би и облекла од мерак нешто ако има сочувано чисто да не биде пожолтено. И имав тогаш барби ми ја донесе братучеда ми од странство уште си ја чувам, ако сака ќерка ми нека игра кога ќе разбира. Ама со сила да ти дава алишта ако не сакаш и ме ти се свиѓаат и си имаш мерак нови да си купиш. Нема што да инсистира. За едно две алиштенца ајде ама сите алишта од маж ти.?
Секако дека не сите не чува толку многу.Немам јас ништо против да земам тоа што е сочувано и земав пример ќебенца како нови. Ама со толку мерак да купувам а на секое коментарот и беше имаме од татко и. Како некоја желба повторно она да е на мое место да спрема за бебе, ваљда си носи некои трауми од тоа време
Сакам да прокоментирам на тема стари алишта. Верувам дека е иритантно некој да проба да подвалува стари алишта, ако не сакаш. Но, знам и од каде им доаѓа поривот на постарите да чуваат стари работи. Порано немаштија имало на секој чекор и водени со таа помисла како они живееле, ги чувале за да синот не се троши. Кога подобро ќе согледаме, маркетинг индустријата создава чувство дека треба цело време ново да се купува. Факт е дека детето ќе порасне и со старо и со ново. Јас моето дете го облекувам со 80% стари алишта од луѓе со пораснати деца. Нормално, се носи она што е сочувано и не гледам никаков проблем. Секако ќе се исфлека додека кажеш некому здраво, секако ќе се надрасне за брзо време. Имав ќеиф за одредени нови алишта, купував, но сфатив дека никаков бенефит немам од трошење пари за нешто што го имам. Вие си одлучувате, но сакам да кажам, не мора да се потсмевате со нечиви чувани алишта. Исто ќе прокоментирам за членката што напиша за свекрва и дека ништо не работи, само нивата ја интересира. Не знаев дека нивите сами се садат, копаат, од Господ паѓаат семињата. Најголеми физички работници се оние што се грижат за домашни животни и ниви. Не гледам никаков проблем и синот ако пројави желба да чува животни и да одржува ниви, да си ги следи своите желби. Само кај нас се има комплекс од чесна работа. Изгледа подобро е во парламент да биде, да си мести тендери, да краде од народ.
Баба ми се срамеше од нејзината сваќа (на тета свекрва ѝ) што чувала крави и се бавила со земјоделие. Е ама сватовите им направиле на двајцата синови волкави куќи на два спрата со голем двор. Тета никогаш не е живеала со свекор и свекрва.Од друга страна па баба ми никогаш ништо не е работила и беше цел живот домакинка, немаше ни пензија. Направија една куќа на 2 спрата, ние живеевме во две соби, чичо ми со неговите исто во 2 соби беа, а старите се ширеа во цел спрат од 4 соби. Небитно тоа, од село кога дојделе толку можеле. Муабетот ми е дека секаде во светот има луѓе земјоделци и сточари, ама само овде се срамат луѓето од таа работа. Само овде е најбитно да се постелеш во некоја канцеларија и шефуваш и мислеш дека си најјак со партиската книшка во џеб. Изворот на нашата егзистенција е во сточарството и земјоделието, ама некои баш и не го сфаќаат тоа. Нели сите бараат за децата органско домашно да биде, е фабриките не го произведуваат тоа, туку селаните на кои им се потсмевате И за алиштата да прокоментирам. Големата ми порасна во алишта од на братучет ми децата и не се срамам да го кажам тоа. Јас на моите деца многу малку облека им имам купено, а фала Богу па не одат во партали и нечисти алишта. После нашите алишта ги дадовме на друг братучет кој е инженер, а жена му докторка и не се искомплексирани што сметат дека децата мора у најнова мода да се облечени или да мора да има етикета зара на нив. Исто така и немам аспиратор носко од 1000 и кусур денари, и најобичниот од 300 ми завршува работа.
Кај нас скоро имаше еден дечко што доби на лото, не голема сума ама доволно да си ги оствари соновите, мал град е па се знае што и како. Свекор ми со денови го пцуваше детето оти парите ги потрошил да си купи овци и да си направи фарма, а он и предходно тоа си работел. Секој ден кога ќе се спомнеше тоа, свекорот одма коментираше, дека бил прост, место да ужива, место ова она, мисли дека он седи дома и ништо не работи, сите такви амбицио имаат. Според мене тоа е сосем лигитимна и паметна работа што ја направи дечкото. Јас животна желба иам да живеам на фарма или ранч и ако добијам голема сума на пари сигурна сум дека истото ќе го направам, уште сега гледам дека ќе го мавне пак срцето за таква одлука.
Oк стари алишта, мене порано ми давале братучетките постари од мене што се, ама многу убави и модерни работи сочувани, постари од мене се 3-4 години, мајка ми моите ги давала на братучедка што е помала од мене 6-7 месеци, и немало врска со сиромаштија, тоа време некако повеќе сме имале, зборам за нас. Исто и сега на мм братучетка има пари, сака ново да си купува за детето, ама и сестра и има постари деца 2-3 години од нејзиното и и дава нешто, работиве како нови се, а не да ми дава алишта од пред 15-20 години. Не е за пари работава, од инат е. Ако е за тоа, носат на децава за крштевка за повојница, другарки имаат неотопакувани алишта што им носеле. Не е работата за стари алишта, туку што со сила наметнуваат, и едно е децата од другарка, братучед/ка што децата се постари 3-4 години, па и 5-6 нека се, а друго е од пред 15-20 години. Ти алишта веќе се пожолтени, тешко и да се исперат, мирисаат лошо од многу стоење.