Браво И јас истото ќе го направам. Немам лоша намера и немам ништо против никого,и сето тоа ќе биде најдобронамерно од моја страна,со цел да нема конфликти во понатамошниот живот. Секој за себе,и секој со своите проблеми.
^ А што ако ти се погоди супер жена за свекрва, и ти со овој потег си ги уништиш моментите на разговор, совети и помош во секое време?
Со самото тоа што си и дала втора шанса и она не ја искористила,пропаѓаат сите обиди.Плус жената претпоставувам е постара,и некако не ми делува дека ќе вложува напори за да се смени,поготово не за снаата. Така да,продолжете си по старо,однесувај се како да не постои.Она сигурно пробува да те провоцира секојдневно,но не паѓај на тие провокации.Не вреди. А што мисли маж ти за сето ова?На чија страна е тој? Ако имаш било каков проблем,решавај си го со него,не инволвирај никого,поготово не свекрва ти. Ти си го направила твоето,си ја почитувала,но верувај,сите луѓе не заслужуваат ни ронка почит.
Е па мојата свекрва не е таква. Со неа муабет не се прави. Уште додека одеа девер ми и јатрва ми почна да команда. Ама јатрва ми пресече.
Со прашањето и` се обратив на Irrepleceable, чинам девојката се` уште не е ни омажена, а сака да сечи секаков контакт од старт со свекрва и` идна, па ме интересираше дали знае што може да изгуби со тој потег?
Мојава поента на муабет цело време. Значи не ретко не се ни потрудиле да ја запознаат личноста, но нели доволно е што е свекрва да го кренеме мечот. Ниедна свекрва нема толкава моќ колку што може самата снаа да си го упропасти животот во заедница и бракот. Па и мене да ми е некоја ем да седи и под мој покрив ем да “ме сече“ од старт и да ми се прави шериф, ни јас не би била добра свекрва и не би се потрудила да ја запознаам подобро туку таквото нејзино понашање би ми било сосема доволно да заклучам некои работи. Шо мислите вие, тоа е живот во заедница? Ќе дојдам ја, ќе ги стивнам јагнињата и ќе станам шериф... е не. Компромис, разбирање, почит и самопочит која многу ја мешаат со нешто друго кога ќе влезат во заедница.
Јас не реков дека ќе престанам за комуницирам со неа,или пак да и помагам во моменти кога и е потребно. Јас сакам делба,во однос на: спиење јадење плаќање сметки Немам ништо против да пијам кафе со неа,или пак еднаш во неделата да организираме заеднички ручек. Си ја познавам доволно идната свекрва и немам лош збор за неа. Но,во заедничкиот живот,мислам дека би било поинаку. Со тој потег,јас сакам да ги спречам несаканите караници кои можат да произлезат од многу банални работи.Кратко и јасно,да си бидеме на чисто,и да си знаеме граници,и јас и она.Далеку од тоа дека сакам да изигурам шериф,газда итн.Секој има право на свое мислење,и јас ќе го изнесам на фин и културен начин.Почитта е најважна и јас викам :немора да се сакаме,но битно е да се почитуваме За дружење,разговор и помош,немам апсолутно ништо против. Јас уште сега некогаш знам да споделам некој проблем со неа,зошто ја осеќам блиска. Или пак да и помогнам кога треба.
Девер ми и јатрва не живеат во заедница со свекрвата. И јас и маж ми живееме одделно, па пак имав проблеми со свекрвата. Се додека еден ден не пресеков.
Твоево е друго, а од почеток да пресечеш без да се потрудиш да запознаеш некого со кого ќе делиш живот е сосема трето.
Ама чекај сега: Ти ги „оддели“ твоите од нејзините проблеми од старт, тоа значеше дека нема да седнуваш и да разговараш за нив, а уште помалце да и` помагаш. После кажа дека немаш проблем тоа да го правиш, ама сепак сакаш да ја „средиш“ во корен. Искрена да бидам, јас да сум ти свекрва и да ми кажеш од старт „Секој за себе, не ми се мешај, не ти се мешам“, без да сум ти направила некое лошо и без да ме знаеш каква сум, нема никогаш да ти помогнам за нешто, ниту да те ислушам. Ако ми дојдеш со плачење, ќе ти кажам на друго место да си побараш помош, зошто си имам јас свои „проблеми“, не можам да ги решавам твоите Дајте им шанса на свекрвите, не прифаќајте се` што се пишува по форумите, секој си е приказна за себе! Ете ти самата кажуваш дека немаш лош збор за идната ти свекрва, ама од друга страна прифаќаш дека ќе ја „сечиш“ од старт. Замисли ТАА да те сечи тебе од старт. Не е убаво чувството, м?
Јас одамна се имам произнесено дека мојата свекрва е една прекрасна жена, рака на срце тоа е една жена која е феноменална, има добра душа и навистина ме боли срце некогаш за неа, од што цел живот гледала да погоди некому. Но рака на срце и она си има жути минути, како и сите, како и мајка ми, како и јас, тогаш едноставно се повлекувам и ја оставам да и помине, потоа пак ќе се напиеме кафе и ќе ми каже што ја мачело. Вчера дури и и кажав, ти се чудам на челичните живци, јас би попуштила, би викала, би се дерела, а кај неа, кај неа реткост е да се развика, треба навистина да ја брцнеш со игла во живец. Како започнуваме подлабоко да се запознаваме сфаќам дека не било се така розево, но дека тоа е всушност вистината, таа била таква и претходно, но не сум била доволно долго со неа во иста куќа за да го увидам тоа, таа се нема сменето, само има огромно бреме кое и тежи и што ја тера одвреме навреме да се однесува и малку детски, однесување на кое се повеќе се привикнувам и кое знам да го контролирам, т.е. да ја контролирам мојата реакција. Додека сеуште сте дечко и девојка се поставуваат темелите, отпосле касно е да ја направиш свекрвата пријателка ако претходно си ја боцкала за секоја ситница, или пак обратно, ако претходно си била вистинска пријателка со свекрвата, секое поинакво однесување ќе ја оддалечува од тебе, не да ја зацврстува позицијата на снаа во куќата.
Зависи Ангел. Ги има и такви кои си осеќаат некоја сулуда потреба додека си во врска да си им на „циле-миле“ а штом слушнат за нешто малку посериозно, оп одма мењаат плоча. Кај мене беше таков случајот со золва ми. А свекрва ми не сакаше мм да ја замара со девојчиња се` додека не одлучи дека е таа таа вистинската и работата не тргнала кон веридба. Едноставно таква си беше жената, премногу емотивна и не сакаше да се врзува или спријателува со некоја која не знае колку време ќе биде покрај син и`. Малку чудна математика, како што денешно време многу бракови траат пократко од некои врски, но го почитував тоа.
"Секој за себе и секој со своите проблеми" Од каде искочи според ова дека јас нема да разговарам со неа? Дека нема да седнам и да испијам кафе со неа? Треба јас да разговарам само кога имам проблем?Па јас ако не ја сакав,и ако сакав да ја пресечам уште од корен(како што пишавте погоре)немаше ни вчера ни завчера да седам со неа,да муабетам,да се смеам итн.Ќе си држев дистанца.Но,напротив. Убаво кажав дека немам ништо против жената,и дека кога ќе и затребам сум тука,а и она за мене. И кажав на што конкретно се однесува мојот став во однос на делбите.Доволно ја познавам жената,и врз основа на тоа ги набројав исклучиво работите за кои сакам да сме оделени. Се останато,исто така кажав дека го прифаќам.Вие направивте како јас да не сакам очи да и видам цел живот,и дека нема збор да и кажам. Премногу е дискутабилно и различно за секого. Не прифаќам ништо од никого,тоа е мое мислење.
Абе во право си за тоа, има и такви, ама нема правило во ништо нели, па така ни во овие чудни роднински врски, не ти е мајка а треба да ја почитуваш како таква, сепак мајка е некому кого што си го сакала и почитувала доволно за да се омажиш за него. Јас сметам дека мајка ми да имала син, ќе беше ужасна свекрва, страшно злопамтило е и тежок табиет, ама мајка е, што нема отворено овде тема Мајки и ќерки-проблеми, туку свекрви, не се наши па удри Шала на страна, проблемите со свекрвата најчесто искрснуваат кога образованието на обете е сведено на минимум, како на една која овде сега не смееме да и го спомнеме името и тоа не зборам за квантитет на образование, туку за квалитет, чунки дипломата не го чини човекот.
Кратка приказна Се договараат снаи и свекрви ќе одат на екскурзија. И решиле да се поделат со автобусите, во едниот снаите, во другиот свекрвите. И снаите како помлади му дале предност на свекрвите да се возат напред со автобусот. И како што патувале, автобусот со свекрвите направил сообраќајка и ниедна од нив не преживеала. Снаите почнале сите да се радуваат да се смејат, арно ама само една од нив се отепала од плачење (ова како да сум јас) Сите почнале да се чудат што е работата со оваа и откако ја прашале зошто плачи таа им одговорила: - Како да не плачам. Мојата свекрва не стигна да го фати автобусот.....остана дома!!!!
Да си ми жива Ангел, за болдираното. Се надевав нема да го прочитам ова од тебе, ама тоа е факт кој важи за сите жени и мажи. Се додека не почнеш да живееш со некого, да му ги осознаеш неговите животни навики, промени на расположение, различни реакции во разни ситуации, не можеш да кажеш дека го/ја познаваш мажот/жената.
Е многи ми се допадна кога прочитав како си ја фалиш свекрвата.Едно големо браво за неа што е голема жена и знае да цени дека и ти си чедо на некоја мајка,но едно големо браво и за тебе што знаеш секогаш да го најдеш вистинскиот начин за да се биде ОК. Обично за ваквите жени/свекрви велат културни јас не ги делам така туку има свекрви што немаат никакво школо па знаат не им го уништат животот на својте деца. мојата свеки е драстично различна од твојата и сакав несакав морав да ја баталам за да продолжам понатаму таа не се предава редовно прави сплетки но ниту јас не и останувам должна.Таа само покажа и докажа колку е бедна во душата тадури мм беше сведок....како и да е се надевам дека ке си стојам зборот и нема да ја ставам ни под точка разно не е вредна.Додека за разлика ти од мене треба да си ја почитуваш и цениш бидејки жената вреди да биде почитувана...Ти посакувам секогаш да си имате хармонија и убав живот.Воедно ова им го посакувам на сите бидејки и јас и мм бевме сведоци на едно неубаво и страшно искушение и видовме колку е краток животот....освен мојата свеки истиот ден направи таков скандал што и покажав каде и е местото....и ке се трудам редовно да и го правам истото таа незаслужува ништо добро,а јас со задоволство ке и го пружам истото што си бара тоа и ке си добие. Доволно време слободно кажано глупачка која се бори на сите да погоди...Доколку го правам истото само јас ке губам....овака нека тера по живиот песок