Не бе ова стариве се немогучи. Бабите се мајки, нашите деца се нивни синови и ќерки па дури така и си ги викаат. Се контролирам да не им вратам кога по ќерка ми викаат ,,оооо кај е ќерката на баба/дедо? WTF?! До сега се што ќе напраавеа другите со бебе/дете супер е, а ние двајца со мм ништо не знаеме. Само нашето бебе плаче, само тоа има мајка, такво бебе они немаат видено. Се деси да се расплаче во сон, неможев ни јас да го смирам бебо ама затоа свекор ми се качи до горе пошо нели он е семоќен. Среќа па мало е бебо не разбира сеуште ама кај и да е ќе ја сечам свеки на муабетот ,, мама и тато се лоши", ,,баба ќе ги тепа". Ако продужи да ги употребува ќе си добие. Упорно и велам не го бацувајте бебо на лице и раце нонстоп во уста ги става, она на мене па и вие го шлапате. После као демек игра, по образи бацува и и реков, среќа имаше што не ми се противеше. Долго им ќутев, ама веќе не. Јас мака мачам 24/7 да анимирам, чувам, воведам ред, воспитам и излезам на крај за некој мојот труд да го гази. Не велам да нема контакт баба/дедо со внук/внука ама таков и да биде односот а не да биде мајка у покушај. Мм и враќа и збори ама она мислам не го сфаќа сериозно, треба од мене да добие па да се свесне. Сега збори како ќе спиела ќерката со нив да се гушкале. Ако јас ја учам од прв ден во креветче, значи не сакам да спијам со неа? Е сега она ќе спиела со неа. Епа нече мочи. Мора да се знае ред. Се погодија кај нас, и бебо заспа, си ја однесовме во креветче во спална па добив прашање ,, па сама ја оставате?" Ко мислиш на -30 сме ја оставиле надвор. На секој 15 мин одеше да ја види. А на муабетот дека ми не ми се јавила да праша како сум, што правиме немам што да изјавам. Ама битно она се знае.
Апсолутно. И јас израснав со баба и дедо, ме шетаа секаде, спиев кај нив. Прекрасни спомени се тоа. Ама пак ќе повторам, имаа граница. Баба ми знаеше да се замеша, ама дедо ми веднаш ја сечеше. Дури и напати кога ќе прашаше “е зошто ова вака”, тој прв и велеше дека тоа не е нејзина работа. Зборот на моите беше секогаш испочитуван. Затоа никогаш немаше ни караници.
Џеки не се вика на куче, него ли на улична џукела. Да ми го вика некој бебето џукела, да ќутам ја, па уше и маж ми , и да продужам да комуницирам со овие створови?! И после зашо никој не ве есапел...
Ама тука добрите снајки веднаш напаѓаат како не сме ги почитувале, се е по заслуга, не е за џабе. И тука верувам дека членките исто како и мене, кажале само еден дел од случувањата.
За да биде она у центар пажња, кога и да се пожалам нешто ме боли и неа ја боли. После една операција раскажував искуство и она почнува да паѓа во транс за некоја нејзина операција од пред 30 години. За породувањето ми рече добро сум поминала она цел ден се мачела (иако тешко помина се, со висок притисок, ниско железо, хемоглобин, со провокаци и болки преку 7/8 часа завршив на царски). И уште дома не дојдена со бебо, па ајде побрзо и второ одеднаш полесно се гледале. Она се грижи сега роденден да организирала да планирала. И викам што имаш ти да планираш освен што ќе облечеш и дојдеш? А сега ме убедува да не се враќам на работа, мала била за во градинка, мојата улога сега била најголема, задача најважна сум имала. Работа имало секогаш. И тоа овој муабет е строго меѓу нас. На мм не му спомнува ништо.
Свекрва ми се служеше понекогаш со зборови од типот - кутре, мочко, шимпанзо..... И така моите деца немаа име. Маж ми си доби пеење од мене. За алиштата... Не ми беше проблем да носат децава стари алишта. Имаше зачувано алишта и од маж ми. Како мала одев кај бабите. Уживав со нив. Никогаш не им одеа контра на моите. Како ќе кажеа моите, така правеа. Кога почина мајка ми, баба ми (свекрвата) беше многу вознемирена. Имаше голема почит помеѓу двете. Децава со стап да ги тераш нема да сакаат кај баба им и дедо им да одат.
Детево мое година и 7 месеци,до сега ако му имаме ние купено од прилика 10 пара алишта... Золва ми има деца 11 и 4 години и се од нив ми даде и баш сум задоволна колку имаме само заштедено а во разни и убави алишта е секој ден
Jas ova prvpat slusam nekoja taka glupo da mu se obrakja na vnuce. So koj pamet? Ni maz ni nikoj nema da treba da mi izigrava posrednik za vakva rabota, marshiranje nadvor odma, pa neka zbori pak gluposti na bebe.
Ниту јас никако не можам да им ја разберам намерата они да се истакнат, а снаата да ја потиснат како родител. Што мислат детето повеќе нив ќе ги сака од мајката, ако повеќе време понинува со нив. Па затоа инсистираат? Еве им ја дадов да ја прошетаат а им кажав да не се задржуваат многу дека не е јадена. Еве уште ги нема.
Па нема ти што нив да им кажуваш. Демек ти ќе им браниш нив нешто. Со овој став одат, затоа се таму каде што се и во нашите животи и во од внуците. Луѓе што живеат да провоцираат и нервираат други. Ситни души непроживеани.
Да до тоа е. Свеки моја е карактерно напорна жена, за се и сешто замара и гњави. Така се понаша и со бебево. Сака само во раце да ја држи и да ја шета од соба во соба. Сум и рекла земи играј ја, со тропалца, прави и приказки не сака гњавење и во раце, она не. Е сега бебе плаче од неа пошо знае што следи. Се паѓа во транс бебе не ја сакало, ама таа била баба како ќе ја чувала. Кога сме тамо не ми ја дава ни да ја чепнам, бегај ми вели, од 24h цели 20 во рака ја држи. Така ја чувствувала топлината од баба и па можда ќе ја засакала. Инсиситира на блискост, ама освем тоа ништо друго не прави. Прво плачење одма прпа.
Како тоа не ти го дава бебето? Зошто и како им го дозволувате тоа? Бегај да ми каже за мое дете, има да ја здробам. Самите преќутувате работи кои ви сметаат, после се криви свекрвите. Не дека се златни, не дека ние сме златни, ама кога се работи за дете, не бирам кој е тој што ми иде контра.
Во нашиот менталитет многу лошо се поставени работите и затоа доаѓаме до вакви проблеми. На овие простори порано била свеста дека жената е домаќинка и мора да му служи на мажот и подредена под родителите на сопругот (зборувам за постарите генерации). И замислете таква жена која не добила никаква поддршка, уважување, почит, љубов од мажот, тој комплекс на помала вредност го лечи проектирајќи го преку синот, мора за сè да ја слуша, таа знае за внуците, ќе и' диктира на снаата зашто по нивни убедувања снаата мора да молчи. И фрустрацијата се пренесува од генерација на генерација и доаѓа до вечниот проблем снаи и свекрви. Доволно е да има уважување и љубов од мажот и поблага ќе биде, како се вели партнерот е најважен, со него остануваме до смрт. А, секоја чест на тие што им се погодиле свекрвите, но без да се знае приказната не напаѓајте дека некој е лош зашто не знаете што доживува. Така мене ме нападна жената на кумот, нејзините свекор и свекрва се модерни, образовани луѓе, не и' се мешаат, суштински и' помагаат, просто помодерен им е менталниот склоп, па се осуди да ме нападне како сум јас лоша, па срцепарателни честитки за роденденот на свеки. Да ја видев неа на мое место 2 минути немаше да издржи. Само што јас си знам што сè сум доживеала и не ме засегаат тие критики, а ако пишувам ќе треба 5 часа да пишувам и од ситни работи до ескалирање на ситуации од нивна страна.
Од збор до збор точно. Затоа да се бориме ние да сме такви "помодерни" и да си го гледаме својот живот на 55+ години. Конечно за разлика од нив, да не го правиме тоа што ни го правеле нас. Да, да си ги сакаме децата и внуците утреден, ама да си ја гледаме својата работа. Ако ни се побара совет да дадеме, ама не и да им висиме над ц****и во спална, зошто ете ние мора да знаеме дали добро цица бебето. Да не се трудиме да им го утепаме секојдневието со некој коментар, зошто нејќе снаата да не пере здрави и прави, а ние да дремеме по цел ден. Со еден збор да не сме забегани.
Целосно си во право. Проблемот (ако можам така да го наречам) е тоа што бебе некое време навака плаче кога ќе го земе некој друг освен мене, мм и две три особи плус. Меѓу тие што плаче е и свеки. Е сега она е видно потресена ради тоа, држи часови по воспитување на бебе. Ајде и овозможуваме да се прилагоди бебе, да ја држи и гледа редовно, но нејзиното е прераснато во опсесија и сака да и биде мајка. Бебе ќе плаче во неа она не ми ја дава као ке ја смирела, кога и се спие ќе ја треска и ќе ми прави фаци како да не станувам и земам. Искрено од многу дрдорења на жените од целокупното опкружување како тоа бебе плаче кај баба, па леле нема да можете да мрднете до тоа мн е врзана за тебе, сум мислела дека така треба и дека така бебе ке се привикне. Неможам да им објаснам дека детето го гледам како задоволство на кое му се препуштам целосно и дека ја сум таа која на крајот ма денот го влече дебелиот крај. Не ми е проблем ако не мрднам, излезам или патувам. Бебе нема да биде 6м цел живот.
Аман од тие коментари "многу ќе е поврзано со тебе". А со кого треба да е? Со баба му ваљда. Ете син ми и ден денес најмногу време поминува со мене, ама со кого и да го оставам и на 5 минути и на 2 саати не прави проблем. До душа со мм сегде си го носиме со нас, ама и да решам да го оставам нема да рече "не." Јас само што се породив, одма од една сестра во болница слушав "учи го да седи со свекрва ти" јас уште не освестена дека имам дете во раце, тие свекрва одма спомнуваат. Ама ете, се' си излезе по мое. Се нервирам, да, ама на крајот на денот, пак се' е јас како што имам зацртано да е, не некој друг.