Ехееее, мојте свеки и свекор уште не родена по одмори и викенди ја носеа и они пасош и вадеа хахах. Сега веќе за поседици ја планираат и пази ќе им велела ,, не сакам баба дома сакам тука со тебе да седам"
А гледаат дека не е ништо ко што планирале и упорни се, така? Сакам да им ја имам упорноста на овие 55+ генерацииве. Не се дава бре човече, нешто ко Југо.
А мојава па долго седеше мирна. Сеа што и требаше да спомне. Не е некој проблем ама ме фати инает зошто секогаш она што ќе намисли да биде. Кога се роди она запна за крштевка она да ја облече, нормално јас да бирам ама не вика еве ти пари одбери купи со маж ти. туку таа со мене да шета и да плати. Ај крштевка, после за роденден исто, за нова година исто. И сега брзо ми вика за велигден што ќе и купуваме фустанче или нешто фармерки? Е не знам зошто ова ми дојде како јас и она да одлучуваме. А не јас и мм. Може сакам сама да и купам. Може не сакам нон стоп со неа, па и ај тоа што купува по сите се фали на телефон како она и го купила мене тоа најмногу ми смета.
@Malesia , моиве ја земаат ќерка порано од градинка, да не седи до 17:00 додека јас стасам. Нема кај не е однесена, и до банкомат, и по маркети. Граница повлеков само за носење по доктори. Во смисла кога одат месечно да препишуваат терапија, на прегледи и слично, ради вируси, нема дете што да прави во ординација. Во краен случај ако се зафатени може да кажат да си ја земам јас или да си користам одмор. @Mnik , за планови за шетање и активности, ако е кај роднини на свекор/свекрва обавезно имаме потресена баба, која на секој плач на бебе скока од столица, трча да менува памперс, ако заспие бебка трча да седи настрана или да ја чува. За носење имаме баба и дедо ќе те носат на одмор, ќе те носат во парк, ќе си правиме ова или она. @Erika.greeneyes , кај мене или купуваат нешто што е тотално спротивно од мојот вкус. Некогаш мал број, пример ќерка 13 месеци, баба и доаѓа со комплет за 9 месеци што очигледно е мал. Или пак наоѓа опција за да не купат и така.
Така и моја свеки, пријатели ни донесоа фустан подарок и го покажувам на свеки и оооо таман за велигден. За крштевка да сме се договореле порано требало да се организираме, требало да планираме ко мислиш она ќе крштева дете а не ние. За на одмор она ќе и купела базенче. Се они купуваат и планираат и на крајот ние на време си купуваме и планираме пошо за нив е рано и има време
Ма јас од никој не очекувам да купи најмалку од неа, ама и се чудам на паметот (едни смоки му нема купено)
Хаха и кај мене беше слично, пред да се роди се силеше ќе го чувала она еве го детево 2 год скоро повеќе од 2 саати не го поиграла и тоа се средено, најадено и пресоблечено, да нема дополнителни обврски. Само ескивира и демек стари биле . Скоро ми спомна ај кога 2ро и тоа ќе го исчуваме а она првово гледам го исчува па второ
Слична ситуација и кај мене и после кога ќе си купам сама ми вика " се си има полни фиоки, ништо не ви треба" и роднини кога ќе ја прашаат што ни треба да ни донесат кога доаѓаат на гостивим вика " Ништо не им треба, се си имаат" а појма нема што и дали имаме
Благослов е некој да сака да ги води децата некаде. Зошто да ги браниме. Еве јас сум со две, големата не можеме секогаш на се да ја водиме, зошто баба да не ја прошета или на викенд да ја земат? Моето дете ужива да шета, и со комшии би тргнала на одмор, плус мирна е. Амаа стари се сите.
Па убаво си и плеснала, за мене не е нормално детето да не си ја бара мајката, вака веројатно убаво сте се поврзале и нормално е да е среќна кога те гледа. Искрено мене ми е жал за свекрвчињава, нити едукација нити се замарале со нивните деца,којзнае и какви животи имале, е ама затоа сега црвчето ги глоцка ,па да си ги лечат комплексите со внучињата, и се е ок, ама кога се прават мајки на туѓи деца,па како они имале искуство ,не можам ми се повраќа.
Додека бевме дечко и девојка со сопругот, мајка му (свеки) кажуваше како додека биле мали сопругот и брат му, ги шетала на Партизанска и застанала со некоја познаничка, се замуабетила и маж ми истрчал на улица, возачот совесен закочил и се избегнала трагедија. Додека биле на летување во викендичка, маж ми и братучетка му си играле во дворот и ги снемало, отишле во езеро, се качиле на чамче и се превртеле, фала Богу било плитко. Кога биле во Грција, бран го потопил брат му на маж ми. И тогаш не си го земав тоа при срце, но откако се роди детево и тоа како ми одѕвонува тоа во глава. И вешто избегнувам да остане само со нив. Може ќе ме осудувате, ама посилно е од мене. А, жената е таква, да речам несмасна, занесена. Ако се загледа телевизија додека готви, го заборава јадењето и тоа прегорува, вари кафе, се замуабетува, кафето претекува. И тоа не еднаш, па ајде секому му се случува, туку повеќепати. Додека бевме во врска, заедно со маж ми и неговите, живееја и брат му и снаа му со внуката. Во кујната имаше мртва бубашваба, детево игра долу, јас цело време гледам де во бубашвабата, де во детето да не ја фати, де во свеки за да забележи, а непријатно ми беше да речам: ,,Еј, извини ама имаш мртва бубашваба на подот!" Женава стои до внуката, не ја гледа што прави, наеднаш детево отвора уста и посегнува по бубашвабата, па кога писнав и станав да ја спречам, таа дури тогаш се свести и од што ја фати срам ја собра и вика: ,,Ништо не е, ништо не е". Бевме порано таму, и јас седам во дневната, таа намерно за да го тргне детето мое, го носи во спалната на јатрвата, а тие беа при селење и долу на подот оставиле апчиња, некои и отворени и паднати. Влегувам и што да видам, детево игра околу нив, таа гледа некаде и се смее. Реков тргни ги апчињава, ќе земе дете ќе голтне. Така што, дојдам до ситуација да нема каде да оставам некогаш дете, попрво на работа ќе го земам со мене.
Леле да, и мојата е од тие свекрви. Не знае ниту едно детско песниче, не знае да ја заигра ниту да и го одвлече вниманието на било кој начин. Они не ги вежбале вака, не ги гледале така, не им готвеле посебно. Заборавила она се, пораснале нејзините деца. А не е стара баш напротив. Ама кога и да зборуваме за детството на мм има едно четири пет особи кои го изгедале и израснале. Еднаш и реков изгледа сите осем тебе го раснеле.
Јас не знам зошто денешното родителство е нон стоп критикувано. Особено од постарите генерации, а и од младите ама од тие кои не се женети/мажени. Секогаш коментари од типот дека децава сега биле за никаде немале детство. Биле смотани размазени секакви коментари. Дека сме ги гледале на модерен начин, дека сме ги чувале во стаклено ѕвоно. Они така нас не не гледале. Еднашка мене од мм неговите дека сега таков дошол животот ние не сме биле криви младите сме немале многу време за децата да се посветиме. Им велам молааам? Па баш вие порано, еве и вие конкретно мм со кого порасна? со баба нели?порано децата пораснаа со баби и дедовци. рано излегуваа у пензија и сите користеа баба сервис. И затоа сега старите се мешаат околу внуците. Јас сега ги поминувам со ќерка ми сите моменти за да утре кога она ќе стане мајка да не сакам преку внучето да надоместувам моменти што сум ги прошуштила со неа, па да се мешам. И да изигравам мајка. Па и ќерка ми и зет ми да не ме сакаат. Само не сфаќам што толку им смета денешното родителство кога тие се тие што им пуштаат телевизија и им даваат телефони. А не родителите.
Па ете зошто, затоа што немале живот не си чувале деца, не биле жени на мажите. И сега сакаат малку да проживеат. (Оваа мојата кога ќе седне пред тв да гледа турска серија, и на три годишно дете му викаа бабе види телевизорот )
Пишав претходно на свекрвами нонстоп спомнува особи кои кога ќе прашам кои се кажува мм со нив пораснал, го исчуваче, пораснале. Слушам коментари немавме време за децата ќе уживаме со внуците. Не е тоа решението ама не можеш да се докажеш. И мене ме чуваше баба ми ама само што ќе дојдеа мојте ме предаваше и никогаш не солеше памет на мајка ми. Ама и мајка ми многу работеше со мене и мн жртви правеше. Сакам таква мајка да бидам.
Ова дека пораснал со други, и мм така со комшиите, пример ако комшиите биле на работа, а свекрва ми слободна, и нивните деца ги чувала, кога свекрва ми не можела, комшиите ги чувале мм и золва ми, мене ми беше чудно тоа. Нас комшии не не чувале, мајка ми не чувала, ни баби ни дедовци. Кога работеше, се менуваа со татко ми. Сега да имам деца и комшии да ми ги чуваат, во денешно време не можеме со свои деца, уште и на комшиите да ги чуваме, разбирам некогаш да ми остават на кратко дете да причувам, ама не нон стоп. И на мм братучетка ми оставила неколку пати да причувам за да заврши некоја работа, ама тоа било ретко и на кратко, не цел ден. И свекрвите не им обрнале внимание на маживе наши кога биле мали, откако се оженија им текнало, па не само на нив, туку и на внуците. И се поради снаата, им го земала синот, и инат водат, ништо друго. Едит:и кога доаѓала некоја комшика, ми велела па таа го исчувала хх, па што сум должна ако го исчувала мм јас да седам со неа, не ме исчувала мене, па и да е така, веќе возрасни личности со свои фамилии што има да седат со комшиите што се на возраст со родителите.
Абе види, нема ништо лошо што си се наоѓале едни со други на комшиите, нема ништо лошо во тоа. Ама проблемот настанува кога сакаат да ги проживеат родителските моменти, преку внуците, кои не успеале да ги проживеат со своите деца. Не е наш проблем што тогаш така се живеело или тогаш така било. И сега е некако, ама јас ако не се осеќам така убаво нема зошто така да живеам. Нема зошто свекрва ми да спие со мое дете, ако јас не сакам. И во нивно време верувам дека било тешко да се справиш со постари, нели, нивниот збор бил последен, ама еве свекрва ми има јатрва, таа како сакала така си правела, а неколку години сите живееле заедно. Она имала бебе, не сакала да се замара со ништо, си го гледала детето, друго што ќе стигне, тоа. Свекрва ми го оставала туку што роден мм со баба му, за да му ги пере кошулите на свекор и' (на рака) нејќел господинот во машина. И свекор ми и брат му биле исти. Не смеело да се караат жените со старите, све по нивно требало да биде. Ама еднава била паметна, другава проста. И без карање, понекогаш може водата на своја воденица да си ја свртиш. За да не се мачела старата, свекрва ми месела леб, никој не ја терал ама "така било правилно". А стрина му на мм, детето во количка и на шетање, не и било гајле кој што може, не е нејзина работа едноставно. И во нашиов крај обичај било старите да одат со постариот син да живеат, кога ја направиле новата куќа и во неа се преселиле свекрва ми и свекор ми, стариве дошле со нив, ако бил свекор ми помал. Старите биле паметни, си нашле цел живот некој да ги служи, а другата уште попаметна, зошто она си останала сама во куќата со маж и деца.
Во минатото воопшто не било ретко еден да ги чува децата на сите. Пример мајка ми и тетките се менувале која како е слободна и по 5-6 деца да чува одеднаш. Буквално со денови братучедите седеле кај нас. Или со соседите. Сега демек playdate, порано ни закажано, ни ништо, од училиште да речеме 3-4 деца, ќе заминеме со часови кај некое од децата и храна, таму и домашна ќе напишеме и се со ред. Сосетката оставаше 6 годишно дете само и со договор со соседите да го испратат на училиште и заклучат. До пред некои 15тина години ништо од ова не беше чудно. Сега освен од ептен близок не знам дали би се нафатила дете да чувам со денови пример.