1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Јас од золва ми го чував лани летото и никад више. Не знам порано како правеле, ама кога ќе ти најдат маана на се живо, ќе им речеш готово, толку. Децата од брат ми порано ги земав, ги враќав, ги чувавме пример цел ден кај нас, на снаа ми можда нешто не и било по ќејф, ама никогаш не ни пререкла, а не сме во ептен најсјајни односи.
    Јас попрво со другарка ми ќе се договарам да ми чува/чувам деца отколку со овие дома.
     
    На lovely91, MilaMi, andrejko82 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Сум чувала и јас деца на блиска фамилија, хранела, анимирала, земала и носела во градинка, ама секогаш сум ги почитувала правилата на родителите. Не сум се мешала. Мојот муабет е дека свеки го прави моето дете нејзина ќерка (така ја вика). Сака да ја расне она секој збор и е тоа. Кажува правила и прописи а мислам не доволно се грижела за најзините. Можеби толку можела, знаела. Не ја осудувам но сакам слобода јас да ги гледам моите деца како јас мислам.
     
    На Anyshka и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.400
    Допаѓања:
    33.156
    Пол:
    Женски
    Порано чувале деца, да, ама јаделе се што ќе им се принесело.
    Ај сега чувај некое дете, нема шанси, пример со свое за јадење не можеш на крај да излезеш, не со туѓо.
    Порано и оделе по ниви, децата со нив, си играле, сега и тоа време не е исто.
    Инаку сега и јас причувувам деца на другарки, на мм од братучетките деца, ама не често.
     
    На Pumpkin@ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Бев викендов кај моите. И дотичната му префрлала на мм зашто идам секој втор викенд таму. Не е тоа најтрагично, најтрагично е што маж ми смета дека сепак до некаде се во право. Требало со него да си идам. За него, не за нив. Да не правам муабет дека спијам на нејзината спална од пред 30 години и нема каде на раат да поседам таму. И добро, се ова му изнакажав, меѓутоа и се спремам на неа да отидам и очите да и ги извадам за селските прости коментари. И се мислам сега, да игнорирам или стварно да и ги извадам очите. :drunk:
     
    На hello-kitty.90, Mumoftwo30, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.400
    Допаѓања:
    33.156
    Пол:
    Женски
    Јас да сум би и кажала, друго е понатаму да ја игнорираш, ама за ова треба да и кажеш да не ја интересира неа дали одиш кај твоите.
    Како кај нив мораме да одиме, а ние снаите кај нашите родители да не одиме, а нивните ќерки се секој ден кај мајка, и им готват, само за ќерките важи тоа, за снаите не важи.
     
    На Mumoftwo30, Zumbulche, lovely91 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Не дека па и фалам неа ако не одам, туку да тропа само. А инаку, нема ќерка :wasntme:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.785
    Допаѓања:
    12.240
    Пол:
    Женски
    А што да се мачиш очи да вадиш, сега наместо секој втор, треба да одиш секој викенд и готово.
    А маж ти наместо да ти пренесува треба да и го скрати јазикот.
     
    На Mother of 2boys, Mumoftwo30, moonlight-girl.55 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    7.622
    Пол:
    Женски
    Почни со маж ти заедно да одите кај твоите :).

    Кога ќе ми текне па мојава на времето уште дури бевме дечко и девојка (живеевме кај мене) кога ќе му префрлеше на маж ми зошто не оди сам туку на секое со мене оди (да не може на раат да му ја полни главата).
    И уште не и е поминато тоа. Пред скоро се запна да одиме на една слава што ја прават повеќе фамилии. Прво мене ми нагласи да си планираме, немало може, не може туку морало. Они веќе биле стари :^) па ние требало да превземеме. Кога реков здравје со деца не се планира почна да ми кажува за некоја што не можела да оди ама децата ги пуштала (во друг град сами со автобус) за да одат со мајка и па откако се изнасмеав кажа за некој друг што обавезно доаѓал сам.
    Неколку дена пред тоа му се запна на маж ми мора да дојдете. Он и вика имаме други планови не доаѓаме, здравје другата година. И ни две ни три кога му се запна епа сам да дојдеш...:?:
    Леле маж ми кога се изнервира, лом ја направи, неколку дена не збореа. Вика јас разведен ли сум па да ми дојде зорт сам да одам.
    Ние во меѓувреме сменивме план и фативме накај Крушево ама она не знаеше. И дента му вика (и пред луѓето така се вадела) убаво ќе беше да дојдете ама многу снег заврна не е за на пат.
     
    На Mumoftwo30, Zumbulche, Mnik и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.400
    Допаѓања:
    33.156
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети кога овие не тераа да одиме на некоја си свадба кај подалечни роднини, не ги ни знаеме доволно, еднаш запнала кај нејзина братучетка па кај синот, па дури и дала број на братучетка и мене да ми се јави, сигурно мислела дека нема да ја одбијам, ама јас и кажав дека не одиме, татко ми и брат ми уште немаа година, и уште ми кажа братучетка и "епа не мора да играш", а свадбата беше во подалечен град.
    Па цела недела свеки кога почна да му труби на мм како сите ќе оделе, само ние не, на крај никој од на мм братучедите не биле, а им кажале ќе одат.
    Дента пред да одат на свадба пиевме кафе со нив, па свекор ми кога му се запна на мм "сите ќе одат, ако не сака Анушка, дојди сам", кога му се завртев, му кажав "не е мм вдовец па да оди сам".
    И таа братучетка и на свеки уште му пишала на мм порака дека многу ни се налутила, многу ми е гајле ако се налутила.
    И до тоа слава превземање многу ме нервираат, важно е лепче во црква и фамилијарен ручек, а не ојлевци дојлевци да доаѓаат, и ние пример сакаме друга слава да си славиме и да поканиме наши гости, не нивни што не ги ни знаеме подалечните роднини.
     
    На Antebellum и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    20.198
    Пол:
    Женски
    Да одиш дирекно да и кажеш, оти кај сакаш ти таму ќе одиш. И за спалната оти и е никаква и тоа да и го кажеш, кажи и оти кај твоите има помодерна и поудобна. Нека ја тресне срцето малку, болна жена.
    Џабе ќе го маткате маж ти да игра расипан телефон, мажите не знаат некогаш да постават граница.
    Затоа да и одиш и партал да ја напрајш. Змија.
     
    На Erika.greeneyes, *Amethyst*, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  11. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Леле, спремна сум. Шкафот е пун со нејзини ствари. Не се помрдна безобразната да ми обезбеди една полица. Алиштата у куфер ми стојат кога идам. И се е ок тоа. Јас стварно не барам апсолутно ништо. Идам на гости два дена, може да се истрпиме, какво и да е. Ама да збори вака, да го подбуцнува син и, мислам, стварно ми се иде очите да и ги ископам.
     
    Последна измена: 8 април 2024
    На Miss666, Erika.greeneyes, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    20.198
    Пол:
    Женски
    Ич немој да ја жалиш, кога она сака да ви прави проблеми, оди сега кажи и се во фаца. Кажи и е затоа не идам кај тебе, оти си буцкало и оти алиштата како на бездомник ми се расфрлани кај тебе.
    Кажи и оти никогаш веќе нема да одиш кај неа.
    Ама така со повисок тон напрај го тоа и одма замини си, не чекај да збори она.
     
    На *Amethyst*, Трагедијаупмм, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  13. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    ни свадба, ни со свадба ќе се узнае хахахахахха, очите ќе си истераме
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    20.198
    Пол:
    Женски
    Мора да и покажеш дека неможе да те контролира. Па после да видиш како ќе почне со респект да те третира. Сега она си пробува оти знае дека си мека.
    Оди таму, и пиши шо си направила. Стискам палци :D
     
    На Erika.greeneyes, *Amethyst*, Mnik и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Оваа желба нивна, меѓу еден куп други, е дел од тие што најмногу ме напнува. Мојата знаеше да ми каже "не му кажувај на син ми, мене кажи ми, ќе се разбереме", јас на почетокот будала, ја послушав демек да не мешаме 100 души и што добив? Се' по нејзино да е, ја си зборев, она после 2 дена на старо. Ми препукна, кога му кажав на мм, лом ја направи, па ми плачеше. Ми вика мм "намерно ти има така речено за да прави ко што мисли она, манипулатор". Е сега знаат дека се' му кажувам и чат пат знаат да се воздржат од глупости. Ама па и да не се замеша стално мм, јас знам лом да ја направам. Не сум будала ко порано. @A94 учи, учи. :rofl:
     
    На *Amethyst*, A94, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.574
    Допаѓања:
    10.848
    Пол:
    Женски
    Што ви се бе вакви свекрвиве? :rofl:
    Не ви е за смеење, ама овие за во театар биле, за некои прости недоквакани ликови.
    Ве читам и не можам да вклопам дека уште вакви постојат.
    Во ред за алишта сфаќам носталгија, ама да не направи место во шкаф за мои алишта, да не почитува интима, да дава чудни надимаци за внучето?
    Какви чудесии се тие бре?
    Сечете таму одма, не мора многу остро, ама директно и сигурно.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, A94 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.949
    Допаѓања:
    20.198
    Пол:
    Женски
    Само остро, директ во срцето да ја погоди и инфаркт да добие. Ако остане полуподвижна уште подобро. :rofl:
     
    На *Amethyst*, Mnik, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.400
    Допаѓања:
    33.156
    Пол:
    Женски
    Како да не полуподвижна, па потоа на снаата да и се тупне да ја гледа, нека си биде на нозе. :^)
     
    На Mother of 2boys, *Amethyst*, A94 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    најсмешно е што мојата е образована жена, цел живот на високи функции. Ама џабе, она ти е доказ дека дипломата и интелегенцијата не идат рака уз рака секогаш
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.616
    Пол:
    Женски
    Очобол ми е темава
    3год да не влезам во неа пак истиот муабет се прави.
    Трошење енергија на свекрвата.
    Со кој се мажите вие со маж ви или со цела фамилија?
    Да не е така едноставно она е ваква таква мајка му е он е овоа оноа....
    И се така во круг до бескрај отишол животот.
    Или ке имам нормален брак со емотивно стабилен и способен маж или нека си седе со мајка му.
    Еден живот имам.
     
    На Mother of 2boys, moonlight-girl.55, Angella7 и 8 други им се допаѓа ова.