1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.500
    Допаѓања:
    39.006
    Пол:
    Женски
    Половинта не ни живеат со свекрва, не ја ни гледаат често, мажот е од нивна страна и пак доаѓаат да ја оговараат и да си ја труат душата. Ништо повише од нив не се, ама кој да им каже
     
    На Mother of 2boys, anggell, lovely91 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. mama11

    mama11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2024
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    228
    Пол:
    Женски
    Јас еве живеам во заедница да си кажам маката. Золва ми секој ден е тука и само ме оговараат пред некој ден ги слушав како ме нарекуваат глупача, гомно од човек сум била се нешто нив им снемувало јас сум им зимала а кога ќе кажеле се појавувало дома не знам ти што. За јадење сум трчала прва доле да јадам ненаситна сум била како не ми било срам, а золвава секој ден е тука на ручек не промашува ден. Јас не знам више што да правам му кажав на маж ми ја седна и збореше ама таа одма со крокодилските солзи и манипулира ама добро е и маж ми што ја знае каква е и знае дека глумеше и џабе зборевме пак по свое ќе си тераат. Зборевме да си одиме ама немаме сеуште ништо каде да отидеме
     
  3. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Нас може нема кој да ни каже, ама затоа јас тебе ќе ти кажам - И ти не си нешто повише од нас. Чим имаш потреба да "понижиш и навредиш" ама ич не си. Безгрешни души.
     
    На *Amethyst*, Giinna, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.500
    Допаѓања:
    39.006
    Пол:
    Женски
    Кај те понижив и навредив?
     
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.386
    Допаѓања:
    33.098
    Пол:
    Женски
    А за што постои тогаш темава ако неможеме да се пожалиме?
    Се светици бре.
    Па не сме живееле со свекрва, а сме ги оговарале, дрн, дрн...
    Како да не можат да се мешаат ако не живееме со нив, некоја што се меша и во Америка да отидеме ќе се меша, ај јас нема да и кренам телефон, ама не можам да му забранам и на мм, каква таква мајка му е, не може да не и се јави.
     
    На Mnik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.616
    Пол:
    Женски
    Боли вистината ама не е навреда.
     
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Мене реално навреда ми е, да ме ставаш во ист кош со свекрва ми.
     
    На A94 и Anyshka им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека боли кога и ова едно место што постои да се испукаме ви смета. Нејќам да ја нервирам мајка ми, ако и' се жалам, ќе се нервира, по комшии и роднини ако почнам да ја оговарам, ништо поарно од неа нема да сум, така да фала што постои темава да си ги искажам маките и да, ако барем една девојка/жена, што чита научи од моите грешки, ќе сум среќна и значи дека сум направила некое добро дело.
     
    На *Amethyst*, A94, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    Што првите со анскиозни свекрви? Абре, само лошо да се гледало. Ни се роди бебе, како дојде да ни помогне, само прашува ова зошто вака, зошто вака дише, зошто вака кака, оти окото вака, оти замижува и сл

    Си го знам одговорот и стварно ич не се замарам, ама да си направиме муабет
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.929
    Допаѓања:
    20.119
    Пол:
    Женски
    Чим е анксиозна, напрај и филм дека ќе умре. Ќе почне по болници да шета, ќе се откачи од вас :rofl::rofl:
     
    На Giinna, LiquidLuna, Antebellum и 10 други им се допаѓа ова.
  11. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.616
    Пол:
    Женски
    Не е поентата тоа, поенатата е шо е останато само на кукање и жалење, промена 0.
    И коа ке се кажат факти се осеќате нападнати коа ви се дава решение за проблемот ама како така тоа не може таа му е мајка, не можеме да се оделиме и ред други работи. Магичен круг.
    Вие пак жалете се и како шо кажав отиде животот.
    Ја не зборувам само за тебе општо за цела тема.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Мене освен жалење и кукање и да ми извините да чекам да умрат за раат да имам, друго не ми останува. Не живеам со нив. Не прават Бог знае што за да прекине син им контакт со нив, а не е дека не прават и ништо за да се трпат. И така.
    Не би сакала да го терам да прекине контакт со нив, зошто и мајка ми е слично напорна, би требало и со неа контакт да прекинам. А ко што не сакам и јас со мајка ми, така не сака ни мм. Сам си кажува, не осеќам љубов спрема неа, проста е, преку глава ми е од нив двајцата. Ама мајка ми е, што да правам? И јас што да му речам тука?
    Сите имаме совест и за одредени постапки не' пече. Срце не ми дава да правам притисок баба да не си гледа внуче, ете таква сум. Еден период имавме таков, по моја иницијатива почнаа да поминуваат повеќе време со детево, ми е жал едноставно за двете страни. Затоа ми преостанува кукање и жалење.
     
    На *Amethyst*, A94, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Иста свекрва да не имаме?
    Се на лошо гледа и се се кука како се нема, да не се трошат пари бла бла бла.

    Културно ако не ти одговара , ќе ја испратиш дома.
    Јас сечам и повишувам тон. Следно е воздржана, ама знае да каже пак нешто и пак повишувам тон и терам у триста лепе на крај.
    Или не и правам муабет и тогаш ми е најубаво.
     
    На *Amethyst*, SummerGirl и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Evangeliaa22

    Evangeliaa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2023
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    781
    Пол:
    Женски
    И јас почнав да ѝ одбрусувам и почна да припазува шо збори
     
  15. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.780
    Допаѓања:
    15.000
    Пол:
    Женски
    Па уште кога за мои пари ми води есап…
    Па евиденција и колку често сум перела флекерите :x
     
    На A94 и Evangeliaa22 им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.500
    Допаѓања:
    39.006
    Пол:
    Женски
    Едно е да побараш совет или мислење,а сосема друго е на секоја втора страна да се плука по мајката и фамилијата на мажот како што читаме овде. Мислиш дека на сите ни е подмачкано? Еве денес одма после работа ги оставив децата кај неа, им спремав алишта за на роденден и немав време децата да си ги видам излегов право на часови. Ни маж ми не беше дома до 19ч. Она се качила горе, земала млеко од фрижидерот за децата и блузата што ја оставив за малата решила да не ѝ ја облекува оти ѝ била широка кај вратот (нова ѝ е блузата необлечена до сега). Ми се јави да ми каже кога веќе ѝ земала нова блуза. И јас сега тука требаше партали да ја направам што она додека не бевме дома се качила млеко да земе и што ѝ ја сменила блузата што сум ѝ ја оставила,така? Да ми беше аклот како пред 5,6 години можеби и јас овде ќе се жалев, ама не ми е. И среќа што не ми е. Оти и мене ми се случило да се симнам и земам нешто од кај нив додека не се дома, ако е итно. Не планирам веќе животот да си го труам со тоа што кажала или направила свекрвата, не ѝ го анализирам секој збор или чекор и не се замарам ако нешто ми каже. Знам дека маж ми ме поддржува и тоа ми е доволно. Други не ме занимаат
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види, јас тоа што ја плукам овде, прво во лице и'е кажано. Нема што мене да ми тежи, нека ја мачи и нејзе малку.
    Знам јас дека нигде не е како подмачкано, вие вака одредени правите да изгледа ко само кај нас неколку да не е подмачкано. Едно е ова што го кажуваш, друго е некој обавезно еднаш неделно нешто од инат да ти прави само зошто нејќеш да го живееш животот ко неа односно она ко што ти има испланирано.
    Да беше кај мене ситуацијава со блузава, 3 месеци ќе слушав за ова. Па како она знаела што да му облече, па свекор ми обавезно и тој со некоја забелешка ќе беше, како детето ќе му студело на вратот, па предавања бла бла бла. Еднаш му имаше дувнато нос, на секое гледање кажи и на мајка ти со мене како го дуваш носето, со нејзе не знаеш ко со мене. И ова да го слушаш буквално на секое. Па не знам што да си, ќе си речеш што сака бре оваа да каже, напна веќе.
    Во право си и ти, не викам не, ама што да правам кога налетав на вакви? Камо да имав друга свекрва, таа што првично мислев дека ќе ми е, темава немаше ни да отворам да ја читам. Ама таму синот не ми се погоди. Изгледа нема две добра во едно. Не пишувам за се', таман работа, ама пишувам за одредени работи кои ме вадат од кожа.
     
    Последна измена: 10 април 2024
    На *Amethyst*, Skyler, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  18. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Не се објаснувај :) И јас никогаш не мислев оти ќе се најдам на оваа тема, ама еве ме. Јас сум вонземјанец за вакви глупости. Толку ми се прости и невидени некои работи што навистина не знам како да постапам. Така да супер ми се наоѓа темата. Фала ви на сите што сте тука во секое време и невреме :D
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  19. A94

    A94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Има решение. Да ја отворам устата јас, и да не ме види никогаш у живот. Јас сум тука за ете, може ќе најдеме друг начин. И не ја оговарам, пример, јас се жалам од неа и барам чаре :D
     
    На *Amethyst* и Anyshka им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.500
    Допаѓања:
    39.006
    Пол:
    Женски
    Гледај и јас порано кога ја оставав големата на чување кај неа, после тоа обавезно имаше коментари дека детето неа највише ја слушало, со неа била најмирна итн итн итн. Јас кажам само аха да,да така е, а некогаш и не кажам ништо, направам се дека не слушам. Престана да збори. Јас знам колку можат да бидат без осет старите оти и јас сум се нервирала за нивните глупости, ама видов дека они тоа намерно го прават оти гледат дека се нервирам решив дека е подобро да не покажувам емоции пред нив, плус и мм во корен ги сечеше на секое и еве сега се мирни. Не им покажувај дека се нервираш и не се објаснувај со нив, ако речат бело е-бело е без разлика што е црно, не се објаснувај со нив и терај си по твое.
    Друг пример ќе кажам еве свекор ми секогаш се обидува преку мене да делува на мм, оти на него не смее многу да му кажува. Пред некое време мм уз муабет им имаше кажано како планира да го реновира спратот некогаш. Следниот ден седам во двор и свекорот одоколу одоколу проба да ме убеде како било подобро да се направи во спратот. Јас си гледав во тел и пола од тоа не ни слушнав што кажа, реков само па може и така да направеме ќе видеме. Виде,не виде си влезе внатре. Да беше некоја друга ќе се убедуваше со него зошто вака, а не така. Јас сум таква, не се воопшто објаснувам со нив за ништо. Само им кажам да да така е или важи и терам по мое. Од едно уво влезело од друго излезело. Нормално дека ќе правеме како ние сакаме, а не друг. Не им придавам значање веќе. Зошто јас да се нервирам?
     
    На Mother of 2boys, Mnik и Annath им се допаѓа ова.