1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Види сега. Тазе пример од утрово.
    Надвор на патов работи мм, со него е детево, во пролет од треви се исфрла, по лицето, сабајле го мачкав, лом е од вчера и сега свекор ми оди во бавча, син ми му вика идам и јас, а сабајле мм пред свекор ми му рече "ти денес овде ќе седиш, по треви да не се пикаш" и свекор ми не да му рече не, туку си го зема со него. И нормално мм почна да урла, свекрва ми почна да се кара како детето сме им го бранеле, нигде не го носеле.
    И што е ова? Јас ко човек отидов да и' објаснам, уште ми вика па ене го надвор со татко му е, вие нејќете дете со нас да оди нигде, ти и викаш не е во треви напикан, без потреба да го шлапам со кортико и да пие сирупи, оваа не, по свое. Јас и викам не може да се рамните со родител, толку ли е тешко да се почитува збор и да му се рече еднаш "не" на детево?Зошто да му речел не, тоа само тргнало по него. И сега од нивниов проблем што го имаат во главите дека се еднакви со нас, не можат да разберат што им се збори, она нигде не можела да оди со детето. И реков зошто сте вакви, затоа нигде не оди и си заминав.
    Еве ти најпрост пример за случувањава редовно во нашава фамилија. Сега нема да го видат асално некое време и после ќе ни помине нас ова, ќе не' пече совест и пак на старо.
    Класично токсично семејство. А да и уште ми се рече "вие двајца сте исти, лоши". И што е подобро, овде да се испукам или по пола фамилија?
    Ќе нагласам, ни двор не делиме.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, ♡ Cinderella ♡ и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.749
    Допаѓања:
    48.226
    Пол:
    Женски
    Kakvi kucki postojat auu
     
    На Lisandra, *Amethyst*, Amore123 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    19.482
    Пол:
    Женски
    Муце ја мислам ти дека и бетер од овие би била :bandit::rofl:
     
    На LiquidLuna и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.749
    Допаѓања:
    48.226
    Пол:
    Женски
    Hehehe si znaesh :devil: :l:
     
  5. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    439
    Пол:
    Женски
    Денес тука и керките нејзини таа само мене ми кажува му се спие,му се јаде,само што јадеше благо таа ме гледа ама види ти бара детево.
    А ќерките супер се тие се знаат сами за децата и и реков многу се мешате:x
    Пред некој ден му дале к.млеко и шлака цела маса лом и му вика играј само не плачи,и јас му го земам тој почнува да плаче и свекор ми вика како ќе де справите со детево и му реков вие гоо размазувате и нека ви прави лом јас горе вака не му дозволувам.
    Тие деца по комшии растеле а за моето се знаат од раѓање да коментираат:)
     
    На Feminka22, *Amethyst*, Antebellum и 2 други им се допаѓа ова.
  6. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.677
    Допаѓања:
    32.728
    Пол:
    Женски
    Само едно добро и поучно можам да извлечам од темава а тоа е да ни биде потсетник како да НЕ се однесуваме ако сме еден ден свекрви.

    Без мешање, без дофрлање безвеза коментари, без глупости и да не сме во заедница со снаа и син - ако е можно.
     
    На КикиМаус, Mazegin, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    Баш така!
    Одамна пишувам дека треба да се гледаат работите малку подолгорочно и од контекст и на другата страна.

    А верувајте, многу бргу ќе се најдете и на таа друга страна.
    Додека трепнеш ќе станат тинејџери, ќе донесат дома дечко или девојка, ќе почнат полека посериозните врски. Без разлика што не се во брак, сепак односот се гради од почеток со нивниот партнер и бара адаптација и на родителот кон нив. Нивниот дечко или девојка може твоите зборови поинаку да ги разбере од твоето дете, некои навики или вашиот стил на живот му се чудни и сл..
    Ако имаш бар малку емпатија, цело време потсвесно во главата ти е мислата дека и тие се нечии ќерки и синови, со свој карактер и со свои навики од дома. Како што сакаш твоето дете да е прифатено во неговото/нејзиното семејство, така и другите родители сакаат нивното дете да биде прифатено кај нас.
    Транзицијата е бавна и постепена.
    Ама во еден момент доаѓаш до сознанието дека на твоето дете врската со партнерот му е побитна од таа со тебе, без разлика што секогаш ќе му бидеш мајка или татко, без разлика колку се сакате и колку сте во добри односи. И тоа ќе мора да го почитуваш ако сакаш да ти биде среќно детето.
     
    На butterfly6223, elenaklasik, Mother of 2boys и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Мојава уште на месец дена бебе ни вика абе да ни го оставите бебето, да спие со нас. И јас и мм се смееме и им викаме за саат време би не барале да си ја земеме. И двајцата со свекор ми викаат као како да не, една вечер не е проблем да не спиеме, и им објаснивме дека не е за не спиење туку дека многу плаче и не се смирува, а секако на крај памет не ми е да оставам толку мало бебе на спиење ксј било која баба.
    Небитно тоа, после месец дена идеме на гости кај нив и ја шета во раце малата, и збори, и гуга, беббе мирно си седи и едно време и вика " јас си ја сакам баба, јас кај неа ќе си седам, што ќе ми е мама,не ми треба мене мама " и јас само и се изнасмеав иронично и и викам ааа да да сигурно. Си се пресмеа слатко ко да кажав виц :| почна да и плаче по кратко време а ја во кујна мијам садови и ете ја носи и и вика еве ја мама бе еве ја и и реков не и треба мама, баба и треба, смири ја сега. Не се меша многу, претежно кај маж ми се јавува, он па не регистрира многу ама кога ќе се видиме некои такви коментари знае да одлепи и да ми се одмили што сме се виделе :|
    Исто еден период нејкеше малата кај мајка ми бидејќи ја немаше видено месец дена, болна беше и се слушнале со свекрва ми и и кажала дека плаче кај неа, нејќе да седи и ете ја на секое гледање муабети како неа ја сака, кај неа седи мирна, знае кој е добар човек и кој ја сака :@
     
    На *Amethyst*, LUCI 99, Zumbulche и 5 други им се допаѓа ова.
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    За вакви работи и коментари верувам дека 80 посто се исти.

    Затоа и пак ќе пишам проблемот е во мажите, секој озбилен проблем тие можат да го решат. Ама кога е се како мама каже, е тука нема помош.
    Вакви буцкала, само во едно уво влегло на друго излегло.
    А и да сум на твое место, остави и го бебето една ноќ и наспиј се . Нека видат како е .
     
    На Cosmic Girl, *Amethyst*, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Хаха истоооо, исто. Се мислам и јас истото ко шо пишала @dushiche да ја оставам ама вака ко што ми се буди на секој саат, па да видат мака малку. Ама би сакала да сум негде тука да гледам и да слушам хаха.
     
    На Giinna, dushiche и ♡ Cinderella ♡ им се допаѓа ова.
  11. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Така ќе те вика брзо, остави го и не се јавувај хахахаха.
    Кај мене свекор ми е секогаш расположен за муабети околу чување а без свекрва ми не чува 4 годишно дете.
     
  12. Giinna

    Giinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Нема да се жали, сигурна сум. Го сака бебето и ќе ја чува сигурно без проблем, коментарите и се бидејќи сака малце да се почувствува дека нешто прави, дека ни е битна, дека ни треба, им смета малце тоа што сме самостојни, што ни еднаш никој не дошол ниту да ни помогне ниту да ни ја чува ама споредување со мајка е ту мач. Сите несолени шеги и боцкања ми влагаа од едно а од друго ми излагаа ама мама не ми треба мене, со баба сум, ми падна ептен тешко некако.
     
  13. Trupko

    Trupko Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2024
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Ехеее што се се изнаслушав за 5 месеци. На почетокот се нервирав ама сега си вртам на шала, плескам на шала. Ако е доволно паметна ке се свесне. Пошо живееме во друг град побара на 8-9 месеци да сум и ја оставела на поседок хахаха. Ќе викала бебка: Баба ајде да седам со тебе не сакам со мама во ск. Сака да ја гледа по нејзни убедувања и неа да ја сака повеќе од мене што секако не е можно ниту природно.
     
    На *Amethyst*, LUCI 99, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    485
    Да му даде цицка на моето бебе мислам дека тоа ќе и биде последен пат што ќе го види. Не би сакала детето да ми расте со психопатка и да го учи дека тоа е нормално.
     
    На *Amethyst*, Joanna28, Herbie и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ние уште сп цицката сме запнати. Беше пред неколку дена, и го држи му вели "шо гледаш мило, мама, мама цицка дава, нема баба".
    Вака се враќам на темава да не заборам зошто поретко го гледа е од вакви коментари. А сакам и давам шанси на жената. Ама одлепува со коментарите забегани.

    А ќе заборавев, го игра со играчки само таа шо му ги купува, му купува не дека не. Ама се шо купува е за повозрасно и пластика, и не мора да купува имаме тропалки плишани мечиња ама не таа е запната по пластика шо свири.
     
  16. Watermelon96

    Watermelon96 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2018
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Ова со цицкава мене траума ми остана. Ми раскажуваше еднаш како мајка и додека го чувала внукот му дала "да цица" бидејќи многу плачел и не можела да го смири. Кога требаше конци да вадам морав да и го оставам а се задржав малку повеќе цело време тоа ми се вртеше во глава. Еве и после 5 години сеуште мислам што ли правела за тоа време додека се вратам. :tmi:
     
    На *Amethyst*, Anyshka и Herbie им се допаѓа ова.
  17. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Постпородилниот период е еден од најтешките за една жена. Факт е дека сме преплавени со хормони, се ни е ново, не знаеме веќе кои сме, ни се плаче, ни се смее, ни се вришти, милион емоции кои ни создаваат чувство на нервоза, нетолеранција, безпомошност. Зошто го пишувам ова? Затоа што кај некои, од пишувањето, не забележувам никакви проблеми со свекрвата, освен оние што сакате сами да си ги направите.

    Не гледам ни ништо лошо во реченицата што ја кажала свекрва ти, освен точна констатација. Треба да се има и толеранција према нив, не секогаш имаат задна намера во нивните коментари.

    Не се тука некои свекрви да ви ги земат бебињата, свесни се дека, ти во случајов, си му мајка на тоа бебе. Но, и доаѓањето на внучето на свет и за нив е посебен момент.

    Свекрва ти купува играчки што мисли дека ќе му бидат интересни на твоето дете. Ако толку ти пречи пластика, кажи и, наместо да троши пари на тоа, да земе нешто плишано, гумено, дрвено. Ако купуваат, зошто купуваат, ако не купуваат, зошто не купуваат.

    Извини, не ме сфаќај погрешно. Но, прво сфати дека мајка ти не е само баба, туку и мајката на маж ти. Како што ти си ги сакаш твоите баба и дедо и сметаш дека они ти мислат добро, остави и таа баба да гради однос на детето.

    Има лоши свекрви, се и сешто има на темава. Но, твојата, ни малку не ми личи на лоша свекрва, барем од напишаното. Сакам да кажам, не си расипувај односи, гледај малку потрезвено, кога нема простор за тоа.

    Твое е бебето и секогаш ќе биде твое. Но, тоа е и нејзино внуче од син. Уште поголема радост е за една жена да има внучиња од своите деца.
     
    На Cosmic Girl, KuklickaSk, Mother of 2boys и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Во право си за хормони и помешани емоции. А дека не е лоша, па и не е. Ама и не е нормално некогаш тоа што го прави. Има нарцисоидни тенденции жената. Да не спомнувам проблеми со алкохол, и испади во тие моменти. Не дека јас не сфаќам некои работи, јас сакам моето дете да има здрав однос со двете баби. Ама треба сите да се потрудат. Како би му верувал на човек што то рекол, "па можеш скришно да му дадеш чоколадо мајка му нема да знае" ова мене ми го кажа зборуваше за пријателка и внучето нејзино мајката не дозволувала чоколадо и како тоа било погрешно (детево имало алергија на лактоза и испадна дека не е за џабе мајката шо забранувала).
    Со играчките исто јас не велам да купува не мора, но нека не форсира нешто шо бебето не го сака ни го разбира. Смета оти ако нешто шо ќе купи друг не чини, а ако таа го купи на гла ти се качува. Имам пишувано поназад да не се повторувам.

    Иначе дека е мајка и баба и дека сака да се радува тоа во право си пак, ама треба одговорбост, а алкохол и одговорност не одат заедно.
     
  19. Herbie

    Herbie Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2024
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ова е хорор приказна искрено. Јас не знаев дрка тоа било "нормално" за некои забегани. Значи шо нема по светов
     
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Алкохоличар е, или се напива кога има повод некаков за нешто?

    Тоа за чоколадото, знам дека сите баби го прават. Без разлика од која страна се. Само на сопствената мајка може да и кажеш со било каков речник, па пак да се сакате и да има толеранција. Кога е свекрва, не ја чувствуваш доволно блиска за реакција и затоа се нервираш, затоа што не можеш да ја изразиш посакуваната реакција. Очекувам и на моето исто да го прават. Баба ми ми давала чоколадо мене. Нормално, освен ако има некоја вистинска пречка да не се дава, како алергија. Всушност се лутиш за трач разговор, а не за дело направено врз твоето дете. Јас кога ќе дојдам во МК, секакви благи носам за децата на роднини. Како дете едвај чекав некој благо да ми донесе. Никој нема да го гледа твоето дете како ти, ниту пак да се грижи исто. И да не даваш свекрва ти да го гледа, во градинка ќе ти пречат други работи.

    Знам дека ти пак ќе се нервираш, само помогни си на себе и не си ги ставај нејзините коментари при срце. Колку пати само ти си дала на некој непосакуван совет? Сигурно и ти си била причина некој од такт да го извадиш со твои бисери и мудрости. Никој не те ни тера да примениш туѓ совет, на крај ти си 24 часа со твоето дете, што може лошо да му се случи од свекрвино мелење на празна слама. Зборови се, не ги прави дела.
     
    На Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.