Се согласувам со членката погоре за коментарот за цицањето. Не гледам ништо лошо во констатацијата, ти веројатно пошто си ја ставила на пик, сега ти смета се. И свекрва ми знае да рече е што ме гледаш во гради моите се нефункционални и ќе се насмееме и двете, оти е смешно, не дека ќе му даде да цица да и беа функционални . Некни баш со золвата се заебававме дека доевме и двете и моето тргна од неа да цица Смешно ни беше, секако дека не му дозволив ама она се зебаваше со дојди ќе даде тета и тебе. Некогаш си бараме проблем каде што нема од што сме изреволтирани што не можеме да реагираме како што сакаме од почит, а реално некогаш ни нема проблем кај ние што гледаме проблем. Золвата пример деновиве за се ја измаршира свекрвата што пробаше да наметне за мое дете, секако дека и јас не и дозволував ама пак суптилно нешто ќе се промакнеше, ама затоа ќерка и ја стави во ред и деновиве уште подобра е од што беше. Милина дома
Мојава па ако види со маж ми дека се смееме за нешто лута е и се издишваа ако се потскараме задоволна е, абе што си ја мачи душата јас незнам, и ке кука притисокот и се дигал, леле бе жено божја зошто толку си штетиш себеси.
Не бе, ние си замислуваме така. На темава не смееш нешто да се пожалиш, форумските полицајци дежураат. Не знам и зошто постои темава.
Темава првично е отворена мислења да се кажат демек статистиката велела браковите се распаѓале ради старите... Значи имала и друг наслов. Сигурно со тек на време ја преимениле , ради тоа што почнале жени да си кажуваат проблеми стриктно од свекрвите и да бараат совети. Логички е да помислиш дека некој кој пишува на темава бара совет и мислење... Особено ако пишува скоро секој ден, па и неколку пати на ден... И се само истото. Е сеа, има и луѓе шо доаѓаат само да се пожалат. Шо не значи дека треба одма да се лутат ако некој им дае совет. Пишете си одма у прва реченица, демек само да се истресам, не барам совет, и чао пријатно...
Најлошото е жена ! Некогаш е свекрва , баба , золва, јатрва, снаа. Реално ретко има проблем со свекор, дедо, зетовци , баѓанаци, сураци. Овде е муабет за свекрви, ама сите гоолеми проблеми имаат решение кај мажот, а тоа рекла оно овоо тоа е добро утро кај сите.
Проблемот се прости луѓе кој си зимаат за право да кажуваат што да правиш. Може и свекор да биде пример уште не влезена у фамилија што се вика таткото на дечко ми коментирал како јас не сум била за него зошто сум била доктор ќе сум идела по семинари и ќе сум го изневерувала, плус сум искачала со другарки без него значи го варам и сум се дотерувала што искрено и си внимавам на гардероба сакам да изгледам убаво али тоа значело сум сакала други мажи да ме гледаат. Му кажал оваа не е за тебе да најде некоја работничка во Кам или Стокомак со пуни 30 години сериозна жена што ме искача и дома ќе.седи он ма работа кога идел а јас сум млада и сум искачала дотерано сум го вртела на мал прст. Место да биде среќен што млада снаа ќе има образована и дотерана пак не чиниш што и да направиш..Свекрвата е почината пред некоја година не ја ни запознав можеби и подобро едно гајле помалку.
Па што очекуваш да мислат луѓе од амзово време. Колку год има свекор ти? Такви им се размислувањата на постарите генерации. Он што сака може да мисли, битно е маж ти да не го слуша. Ааа да да така е тоа тие во кам и стокомак по дифолт се мирни. Ехее колку случаи знам вака по маркетите каде работничките со одговорниот се плеткаат за да добијат позиција шеф. Како да се работи за шеф во некоја америчка фирма а не во маркет.
Aма размислувањата важат само за снаата, не и за ќерката. Ќерката смее да оди сама по кафани, смее кај сака да работи, зетот ќе спрема ручек, ама синот е машко, зетот не е, кога се работи за снаата, тогаш размислувањата им се вакви.
Како се справувате со олоши од свекрва и золва? Што на секој чекор ве оговараат и зборат како сте гомно од човек, лоша а пред тебе глумат? Не знам више шо да правам нејќам пред очи да ми излезат. Згора на се и маж ми сакаат да го свртат против мене како он многу се сменил откога сме се земале и така натаму
Никако, освен да ги ставаш на место секојпат кога треба. Ако маж ти е на твоја страна и на пример се расправа со нив или на било каков начин знаеш дека во тие ситуации е покрај тебе, не се потресувај. Јас за мене свесна сум дека се збори којзнае што, ама секако на тоа не можам да влијаам и не им се потресувам, дури смешно ми е колку ги нервирам. Како и да направиш, не можеш да им погодиш, ако нејќат да им се погодиш. Е ако маж ти не те брани, ако е со нив, ако ги брани нив, тогаш имаш голем проблем и или работиш со него за да се средат проблемите или се пакуваш, за да те сфати озбилно.
На моја страна е им кажува им укажува секој пат да не ме ставаат во уста мене и пак исто. Нема разбирачка
Штом е така, не се замарај. Секако нема разбирачка. Мене баш за оговарањево ми е смешно, патетики живи. И уште во лице ти вика "јас нигде, ништо не зборам". Јас за други работи се нервирам. Ќе ги сфатат луѓево кога тогаш какви се. А тие што нема да сфатат, едноставно не можеш да смениш ништо, нека мислат што сакаат. Тоа од мака и љубомора го прават, не се веќе No.1 во животот на синот/братот. Мене свеки кога почнав да доаѓам во куќава (на само) ми рече: Бившата (на мм бивша девојка) не остана со него, зошто се расправаше со мене (читај меѓу редови работава). Ама си виде низ годиниве дека не е баш така, па мм најлош син бил, не почитувал и не сакал ни мајка, ни татко. Затоа се такви, што друго им останува освен да лаат.
Јас не разбирам моја, твоја страна. Кога се влегува во брак ние сме примарно семејство. Се друго се трга на страна.
Леле ќути ги слушав еднаш јас при мои здрави уши пробува да ме манипулира и плаче со крокодилските солзи се мава во гради нееее јас не кажав такво нешто неее никогаш не зборам лошо јас за тебе Така така чим синот си ја брани жената пробуваат да го свртат против неа и дека он најлош син бил што не ги слуша. Јас сум му перела мозок, не го гледал тоа до себе какво било и дека тешко било да се живее со мене Траги комедија....
Секако, во право си. Така се изразив. До душа во секој брак треба да е така, ама еве читаме доста жени, мажот смета дека "мама е во право", па од таму потекнува негова, моја страна.
Така е. Тоа му го објаснувам на маж ми и фала богу си го сфати. Има семејство од каде што е дојден и сега негово семејство што сам си го створил. Сега треба со цели раце да се предаде на семејството што си го створил. Тоа не значи дека ќе се откажеме од семејставата од каде што сме дојдени туку дека ние сме си на прво место
Да си се олеснам, беше денес јадачката дојдена со тетка на мм. Абе влезе и одма го зеде бебево, ај во ред нека го ппдржи и задтанува и му вели "шо ја гледаш мајка ти, за јадење ти дава зато ја гледаш" значи ова о е втор пат како тресо глупости, сппред незе бебе мене ме сака само за јадење. Има експертско мислење за се, отстрана да ја гледаш се прај помајка од мене. После ами оти не му ја ставате играчката вртелешка на креветче (играчкава е стара 20 години и е скршена), и велам скршена е. Дај ми ја ми вели свекор ти че смисли нешто, и велам не мора 500ки е ќе купам. Зошто да даваш 500ки. Господе боже помагај кај и не ти помага па и за твој пари ќе ти кажува. Уште бремена ко бев според незе ништо не ми требаше, требаше да го гледам бебо во ѓубрето од пред 20 години шо го довлечка шо го собрала од кај јатрва е. Значи не ја можам ич, ама ич. Женава донесе поклон за бебо, панталонки ама поголеми за година. И вели јадачов ами за велигден да сум му ги облечела да сум ги завратела само, бебо има 3 месеци. Страшно луѓе страшно