Господи луѓе , да ви кажам денес каков случај видов на снаа и свекрва нема да верувате. Одам на пазар утрово и купувам некој работи за дома и слушам расправија на 2 жени . Еднава толку врескаше мислиш некој ја коли . Снаата како демек била ороспија а свекрвата светицата. Ова свекрвата се дере викапо нејзе и вика „Ороспијо уште ли ке шетш мори нели се изнаеба„ ова кутрата плаче ке се утепа од плачење. Поточно ороспијо ја нарекла затоа што застанала на тезга да купи кај што продавал маж. Можете да замислите ако вака и прави за ситница што с еи прави дома КУТРАТА.
Ova deka ne i se pogodila snaa so "vlakna u nosot" pa zatoa taka ke se potresuva....bozeeee tolku prost narod da se imalo.
Алал да и е на таква свекрва , прв пат слушам на една снаа свекрвата да и е подобра од мајката Само нека ви е добро! ТИШИНАТА ГО ПРАВИ МОМЕНТОТ НЕЗАБОРАВЕН !
Леле значи според мислењава што ги читав досега јас сум навистина среќно момиче мојата свекрва е екстра,немам ниту еден лош збор да кажам за неа имам и јатрва значи со двете се однесува супер,не прави никаква делба,ако купи за едната нешто веднаш купува и за другата,никако не не дели двете од ништо навистина предобра жена,нема мана дефинитивно
Малкумина девојки имаат ваков 'ксмет. Посакувам секоја девојка или жена да го кажува истото наместо поплаки! Денот се познава по утрото! Е сега сум се заебала , утрото ми беше грижливо (се грижев за малото кученце ЛИНА ) ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ОДАМ ЗА СКОПЈЕ
баш убаво е да се слушне и прочита како некоја свеки е "екстра" како што ни напиша "m.i.g"....вели "предобра жена,нема мана дефинитивно" убо убо е тоа само не верувам дека нема мана твојата свекрва мила моја "m.i.g" дај боже да ти биде убо
Не можи на сите да му се погоди свекрвата,ете јас имав среќа и мојата е супер.Нормално дека секој човек има мани,никој не е совршен,ама спрема мене и јатрва ми жената се однесува на најубав можен начин.Немаме сите иста среќа (или несреќа) сите имаме различни судбини
Ако е навистина така како што велиш m.i.g .....дај боже да си ми секогаш срекна,убаво е да видиш и да бидеш дел од хармонична фамилија честитки
Kolku sto gledam Mig e samo dve nedeli omazena, daj boze sekgas da mu e ubavo kako sto veli AMA za Tolku falenje rano mi izgleda.( se izvinuvam za latinica, nemam kirilica vo momentov) pozz
И јас мислев така,ама почекај нека помини некое време па ќе видиш...Инаку немој да си помислиш дека ти посакувам да се карате,само коментирам од сопствено искуство И јас имав исто милење како тебе,но сегашната ситуација е сосема поинаква од совршенството што го имавме
Од луѓето си зависи, не од тоа дали се работи за снаа и свекрва Јас сум мажена веќе повеќе од година дена и си немаме лош збор преречено, а јатрва ми живее со неа веќе 10 години и цело време се во одлични односи. Значи, се се може
Аман бе женички, па си кажува дека и е убаво со свекрвата, што сега одма со Ќе видиш! прикаски. Кулирај си Миг и само така понатаму во животот со свекрвата, на светот постојат и нормални жени. Како што веќе напоменав во еден пост, тие не се менуваат, тие се истите, само ние не сме ги познавале толку многу за да кажеме какви се навистина, и наеднаш доаѓаме да живееме со нив и се запрепастуваме како свекрвата знае да си подпрдне, да си легне да преспие едно попладне а да ни ги остави на нас тањирите, знае да викне и да си ја отвори душичката, знае да биде нервозна, има нормални физиолошки потреби па вцто ни останало подолго под клуч, знае да ја замрзи да направи ручек.... впрочем исто како и нашите мајки, па и ние самите Тоа е целата филозофија драги мои, нема друга, најчесто се соочуваме со факти за кои сме мислеле дека не постојат идеализирајќи ги нив и не можеме да прифатиме па си правиме проблеми самите на себе. Не зборам за свекрвата чија главна преокупација е да и го загорчи животот на снаата, зборам за норманите услови За среќа мојата свекрва е од овие првите, а претпоставувам и на Миг.