Ти се верува дека заедно живееме(ама не за долго). Не сме долго во заедница. Ама никогаш баш никогаш не сум се туткала да правам некои работи. Ако се омажив не значи дека она ќе ужива а јас ќе бидам слуга. Патем и кажав дека и машки членови на семејството може да работат не знам што очекува само ние дека треба. На почетокот одев по смени на работа и од мм бабата доаѓаше да и помага на свеки низ дома. Пошто и свеки иде на работа. Жал ми беше за старата и јас чистев, и помагав некогаш и околу алиштата и садовите. Ама дојде ден да слушнам дека јас не сум чистела и не сум готвела. Требало јас да готвам. Дотогаш и готвела мајка и и свекрва и, сега очекуваше јас. А она да шета. Ама она не ме знае мене што карактер сум. Кога го слушнав ова со дела и докажав дека неморам јас ништо, ако не сакам. Пошто се дрзнала да збори не чистам сега затоа нека си чисти сама, јас си чистам само кај мене. Престанав да чистам комплет. За готвење готвам само за ќерка ми. Или кога сме сами со мм си готвам за мене и него. На прсти се брои кога сум зготвила за сите. Кога веќе зборела, сега барем да и дадам причина.
Најголем. И после се чудат зошто само "Добар ден" и "Пријатно" добиваат. Што побрзо да си се одделите, раат да си.
Она најмногу се зафркна што кај мм проба да му збори. Не знам зошто го направила тоа кога го познава добро каков е, син и е. Он никогаш не би се занимавал со рекла казала. И него не го интересира друг што мисли. Она сигурно мислела дека ќе дојде он мене и ќе ми нареди да правам тоа и тоа. Мм и кажал и дека планираме и да си одиме, па макар и под кирија. И знаеш тоа нивното лупање во гради уште утре одите си ако сакате.
Нас па не молат да се вратиме. И тоа преку синот што сакаат нешто да кажат, како расипан телефон, нека ни се јават директно и нека ни кажат што сакаат.
Мене најмногу ме нервира што одкога ќе се спукаме за нешто и јас колку и да се трудам да ги игнорирам, женава упорна, се труди да прави муабет со мене ко ништо да не било. Син ти подоле од г***о ќе те направи денес, ти ќе рикаш, ќе кажеш и што треба и што не треба и од утре Јово на ново. И после не чиниш зошто сакаш дистанца. Јас имам еднаш или два пати згрешено и се имам извинето. Не бре женава, игнорира, демек ништо не рекла, готово. И после некое време да и спомнеш она стално не рекла така. Глумица. Кажав поназад "бившата не остана со него, зошто она се караше со мене" ми се рече. Еве видовме. Скоро 10 години пуздер ја прави ради мене и џабе е. Не и' се замарај веќе. Си го има покажано лицето. Чим ќе си одите, свиркај си.
Па ова во тој момент го кажала. После другиот ден упикување на мене максимално. Страв да не го изгуби синот и внуката. Нон стоп ми се упикува сега. Јас сум онака на дистанца. Знам дека волкот влакното не го менува. Стара народна.
Сега е интересното што она и претходно ми правеше лице ама не и го знаев вистинското. Сега ем знам ем пак упорно се прави фина. Сака другарка да ми биде. А се гледа дека не ме поднесува, мислам од очите и го гледам. Јас нон стоп на дистанца и ја избегавам. Аха вие подолго сте во брак. Јас ако се случи 10год да живеам со неа, некој ќе биде мртов хахах
Ве читам више саат време и дефинитивно сите го имаат тој синдром на свекрва. После година дена живеење во заедница, се пронајдов скоро во сите постови. Како во калап правени се ова свекрвиве
Не пишав дека тоа го прават пред брак. Туку кога ќе влезат во куќата на родителите на мажот, тоа го прават. Членката подоле е пример за тоа, јас никогаш не им чистев, перев, готвев, освен и ама...И после кога ќе престанеш, ти си чудна во нивниот мозок. Зошто си престанала. Покажувањето на своето вистинско лице, може да биде и двострано. Ти се, условно кажано, менуваш и си го гледаш својот живот, наместо на старите да им се покажуваш како кога си дошла, тие почнуваат уста да отвараат, затоа што веќе не правиш работи по нивни ќеиф. Ти се случило некогаш да имаш мислење за некој едно, па кога ќе поминете повеќе време заедно, особено подолг период и 24 часа, да помислиш друго? Не можеш целосно да знаеш некој освен ако не си му дома. А дома сите сме тие што сме. И за жал сите сме отров по дома. Пример, кога веќе сте решиле во заедница да живеете, зошто не го правите тоа пред брак, како пробен период? Па одлучи што е за тебе. За мудрувањето и јас ќе ти кажам, седи ти не знаеш, сите стари го прават. Не твојата свекрва, не на членката, ама баш сите постари луѓе. Баш пред некој ден се расправав со татко ми, бидејќи ми мудруваше. Тоа генерациски проблем, а не релација снаа-свекрва. Немам намера да ти сугерирам што ти треба да правиш и што можеш. Ти давам објаснување зошто е некој таков. Не станува таков, туку веќе е, само ти се соочуваш со дваесет и четири часовно справување со туѓ карактер.
Така реков 10 години. Ете 7 нека се. Не сме во брак 10, околу 6 сме. Пред тоа врска. Ама и не живееме заедно. Делени сме. Ама џабе е се.
Ова!!! Да ви кажам колку ми е криво што најубавите години и моменти не си ги изживеав од нервози заради небитни луѓе. Да можам сега да го вратам времето... И тоа што за разлика од ова што читам овде јас навистина имав големи проблеми со нив, на кои не сакам воопшто да се навраќам. Но помина и тоа. Увидоа и сами некои работи и сфатија дека не сум јас таа која е лоша и која бара проблеми, па сега ако не нешто друго бар имаат почит спрема мене и јас спрема нив и мирна ми е душата. Има работи кои ми сметаат некогаш, ама игнорирам и си терам по свое. Криво ми е само што не го применував ова и порано. Игнорирањето е лек.
Ако болдираново се однесува на мене, ваљда нема да сум идиот, жена и маж што одат двајцата на инфузии и едвај се движат, да ги оставам без јадење на пример или да им речам снаоѓајте се. Башка ова било после години во брак, а не на почеток. Некогаш пред се' треба да сме луѓе. Ваљда сакаш утреден и маж ти да им се најде за нешто на твоите родители. Не стално, туку некогаш за нешто. Па и на комшија ќе му понудиш помош кога гледаш дека нешто не може.
Потесно веќе не може да биде. Јас тоа и нив им викам, нашиот однос е скроз нормален дур не е присутно детето или дур не станува збор за детето.
Леле јас не сум верувала дека човек може толку да се смени, или да си ја покаже вистинската страна. И јас од кога останав трудна и се породив имам друга свекрва.