отрпнав веќе аман! Имаше испад пред некој ден се умеша за крштевка, кретенка. Па утре дента муабет не праи. “Ем шуто ем се боде”. Ладна сум, ама здравје им сервирам убав муабет на сите по ред.
Отрпнавме и од свекрвите, и од напаѓањата на форумов од снаите светици. Страв ни е да се пожалиме да не не нападнат светиците.
Еве јас пак ќе ја нападнам мојата свекрва. Нели сите велат клуч, заклучувајте со клуч за да не ви влегуваат. Ете заклучено, клучот скриен, госпоЖата се потрудила да го најде за да влезе во спална. И не, не е до тоа дека си им дошол во куќата да им живееш, еве ваков лик ко мојава и којзнае кај да седиш ако начека прилика ќе прошурка.
Ова ти е исто ко јас што имам клуч од куќата на золва ми, да отидам да и роварам, да барам што има. А види чудо, не ми е текнато вакво нешто. До умот е изгледа.
Па и мојава демек нема клуч од горе, а гледам во плакарот во ходник испревртено, малку нешто да е поместено јас приметувам , инаку спалната и дневната ги заклучувам. Пред неколку месеци го начекав параванот во купатило скршен, туку така не се крши, сигурно внук му, а не ми вели од ветерот, да, да внатре дува ветер.
Па уште мм ми вели ќе ја прашал. Му реков ич да не ја прашува, таа претходно не признаваше дека влегува, сега кога и клучот беше скриен ќе признае дека го барала клучот и влегла? Само за џабе ќе си го троши муабетот.
Ааа сигурно дека ќе признае. Јас така ја начекав, мислеше ќе се вратам дури вечер, нешто ми испадна, не отидов на пат, и извадив клучот, а заклучено, и оп си влезе, и во дневна кога ме виде се стаписа, јас оптегната на тросед си пиев кафе. И уште ме прашува "па нели на пат требаше".
Како може, си бев смирена, џабе ќе се расправав. Мм не беше тука, успеав да му ја сликнам. Кога ја праша, кажа се качила климата да ја ѕирне, не можеше да лаже, ама тогаш знаевме дека имаат клуч, потоа мојот ми се скрши, а на мм клучот му го оставивме на плочкарот да лепи плочки, ние во Скопје седевме, и мм и го побара, таа велеше дека не знае каде е, а пред тоа праќаше едни документи што беа горе по братучед на мм во Скопје, и мм и кажа како кога ги прати документите, и оваа почна да пелтечи, па демек да го побарала клучот, сигурно во меѓувреме си направила друг и ни го даде клучот, и сега демек немале од горе, а знам дека имаат. Кога одиме таму и пред да тргнеме за Скопје јас спуштам ролетните и оставам на кип, е сега имаме едни соби што не ги користиме, како магацин ги користам, и ходникот го преградивме дека беше голем и ставивме внатрешни две врати, едната ја заклучив, другата намерно ја оставив подотворена да влегува воздух во ходникот од балконската на кип дека ја оставам, ролетните ги оставив на 3-4 реда дупчиња, кога бев гледам до пола, и на мм му кажав, ама ок е ајде да ѕирнат, не сме тука, ама уште ми вели дека немаат клуч и тоа намерно пред мм. Они зимоска беа кај роднини во Германија, едниот клуч го оставиле кај чичко му на мм, едниот во комшии, од гаражата кај друг комшија, на нас не ни оставија клуч, не ни сакам, ама нека не ме прават глупа дека немаат од горе. Друго е еве не сме таму, да ѕирне, ама јас наоѓав и во кујната испревртени работи, што има таму да бара, и од тогаш заклучувам внатрешни врати. Само што имам плакар и во спална, и во ходник(таму ми стојат јакните, капутите), и приметувам дека е отварано, остава траги. На огледалото од плакарот прсти, и кога затварала штрчи некој капут потфатен. Па некои кога одат на одмор оставаат клуч на комшии, ама не им мешаат по личните работи. До културата е.