Па многу луѓе не ме сакаат ради тоа. А многу па и го ценат и баш ради тоа и ме сакаат. Изгледа кој што вреднува. Ја и на него му кажав, битно ми е ти да ме сакаш, за другите ми е гајле
Ако сам не види како стојат работите, објаснувај колку сакаш - џабе ќе е јас мислам Колку примери има само тука кај шо нишо не чини, ама мажот нишо не праи во врска со тоа.
Јас сум му кажала. Пошто знае дека знам да се искарам. Ја мрдната сум, ако ме навредат многу, по цена и да раскинеме има да се искарам. Он ме сака многу, и ме почитува, и ме слуша кога треба. Нив не толку. Ама јас многу си го сакам и сѐ најдобро му мислам
А зошто во заедница? Па не беше ти од тие што ќе направат јака пара пред мажачка, ќе се обезбедат станбено, ова ќе направат, она ќе направат... Каква заедница сега?
Кај виде дека ЌЕ живеам во заедница? Баш напротив, како да кажам зошто неќам. Освем прилагодувањето на други луѓе. Машките не го сфаќаат ова од наш аспект, и како ние гледаме на работите. Форумов, и темава општо многу ми имаат помогнато да согледам какви дебили постојат. Прочитај убаво што пишав.
Па така и мислам да ти кажам. За сечив мир. А и на татко му не е океј да му рушиме мир, и да го вознемирувам у 1 сабајле кога ќе глодам во кујна. Поготово во ПМС..
^ Што има лошо во тоа ако некој сака да се обезбеди пред мажачка?! И што толку ви боде очи тоа сега… не ве разбирам. Можеби вие сте немале такви прилики и сега ужасно ви пречи што некој друг е поинаков од вас и не трпи она што го трпите вие и нема да кука по темава. Ако двајцата во иднина работат зошто да не си купат стан?! Туку, членката по исказот веројатно паднале на тој муабет, мажите се спори и треба време да почнат логички да размислуваат како и повеќето мажи во темата.
Нема врска. Поентата беше нешто шо сум кажала, да се искористи против мене. Пошто сум пишувала дека неќам во заедница, и дека сакам да си имам каква таква финансиска сигурност кога влагам во брак. Па и од моите нека е. Боље од моите него да дужам по банки или од маж ми. Секако од дома нема да си идам со 1 денар и пар гаќи. А нема ни да си идам пошо он ќе дојде. Е сеа тоа им смета. И после ја коа ќе пишам нешто ми ја користат фразата: жена на жена е најголем непријател. А они мене тогаш ме напраија мрдната, а и сега пробува Еми да ми го саботира муабетот, а сама се саботираше пошто ми рипна, а не ја сфати поентата на муабетот. И јас сакам сите да си живеат во свој дом, и со мир и среќа. Ако некој нема услови за тоа, не бидете завидни на тие што имаат
Неможам да се ценам затоа што уште од мала ме потценуваа сите не го покажувам тоа дрска сум и јас ама кога ке се затворам во 4 ѕидаа психата ме мава и многу ми е тешко. Делени сме ние сме во иста кука само различен спрат ама пак се меша во се. Се лути за се за работа несака да слушне а за шетање прва е, ајде прекутувам јас работам се ама неможам и кога ке дојдам дома одма зимај си детето а таа да си шета по кафиња и вечер пак да сум на работа и после муабети не сум била домакинка.
Најди си sugar daddy да ти купува станови и вили бар да има за што да се оговара. Вака ова ми е претерано бош муабет. Беспотребен.
А нели родителите не беа должни ништо да дадат? Првично младите да стекнат, па после ако дадат тие дадат. Како сега да иде тој кај тебе во на твоите? И немојте ви се молам со глупостите дали јас имам или немам, завидна сум била, не знам каква...само будалаштини, кога се нема што друго да се каже.
Плескање в лице. Мене на друга тема ме изнервира моја тетка. На фамилијарен настан кај што имаше повеќе од 20 луѓе пред сите ни вели мене и на мм, ајде што чекате за второ. И викам ние пробуваме за второ, еве не ни оди, напрајте ни вие. Може и јас претерав со муабетот, ама па што задираат во теми кај што не треба.
Епа така сум си решила. Ми се менуваат желбите, а не сум должна да се правдам за имотот на моите. Можеле да ми купат стан за да ме обезбедат, купиле. Да немав, пак ќе се борев за на страна макар и под кирија и да работам цел ден. Мирот нема цена
Е и тоа. Јас отсечно имам кажано дека не сакам второ. И на "ајде време ви е" одговарам со "време има за се, ама желба никаква" Или ако сум повеќе расположена "еве ти го маж ми, договорете се кој ќе праи, кој ќе раѓа" и така
А зошто тука ги осудува(ш)те и распнува(ш)те тие што исто одлучиле да живеат во имотот на нивните родители? Зошто па тие да ти се правдаат, а ти ги правиш неспособни да створат свое немајќи поима какви услови имаат или немаат. А за тоа колку ќе си се борела да стекнеш свое, сега вака од комфорот на веќе стекнато, не ми раскажувај. Нема поента.
Kaj go kazav toa? Ziti se Sekad sum rekla, najubavo e od nikoj da ne zavisis, a ako treba da zavisam, bolje na moite da duzam nego na negovite Sea bar mene moite taka me vospitale, da ne cekam od maz mi. I deka sekad mozam da racunam na niv. Site sme zasekad deca na nasite. A svekorot i svekrvata gleam.. uzas
Ако твоите те научиле така, убаво. Да, сите сме нивни деца засекогаш, ама не секој може да обезбеди за децата недвижности или финансиски да ги поддржува кога ќе се оженат/омажат. И затоа, таа што отишла во куќата на мажот и, оти и тој е ЗАСЕКОГАШ ДЕТЕ НА НЕГОВИТЕ, не треба да се прави НЕСПОСОБНА, да се вреѓа како се убутала во туѓа куќа, како мора сега покорна да е оти е во туѓа куќа и сл глупоштиње.
Не да се правдаш за имотот на твоите. Ама многу рипаш и напаѓаш за оние кои немале доволно а влегле во брак. Гледаш дека секогаш не оди се по план?