Ама јас си ги менувам А напаѓам е и ради вакви така е тоа Сѐ што лета не се јаде Па и сам да се иселиш еве, мора прилив на пари, прозор да отвориш, отидоа100€
Се вадиш сега со екстремни примери. Вакви и јас и секој еден нормален човек би ги напаѓал. Сигурно нема да ги фалиме ваквите, оти на сето немање сепак се одлучиле да и претат на белата смрт која не има снајдено и да створат нов живот. Ама тоа никако не значи дека ако живееш во имот од родителите, немаш памперс на детето да му купиш.
Така де. Кажав, по мене најубаво ако може секој сам. Ако не, попрво ќе побарам помош од моите, него од неговите. Не знам зошто ама неќам. После ќе биде, ама ние ова ви купивме, тоа. А мислам родителите на било која девојка дека нема збор да кажат. И некад овде читам.. си викам ко у различен свет да се љуѓево. А за ќерките сѐ може
За ова се сложувам. Најчесто фамилијата на девојката молчи, на МАЖЈАКОТ се силните Не дека нема и од другите такви (еве имам пред очи баш еден таков ретко виден ОТРОВЕН КЛАН од женската страна), ама деф се многу поретки. Затоа уште од старт, само остро и граници поставување. После ќе бројат до 10 дали нешто да ти кажат, па најверојатно и нема оти знаат дека ќе си го добијат Ма не во мој, ма не во твој имот, ако си заслужува ќе си го добие и крај.
Ама сами си сме криви, небаре најголемо достигнување треба да ни биди која ќе биди најголема домаќинка во кучи, на која ќе и биди најсредено, која најубо ќе зготви како ќе уреди и слично, нека идат таму нека прошетаат по светот, остајте куќата, не се замарајте со небитни работи, не му давајте толкаво значење на куќата и домаќинлукот ако порано тоа правеле и гледале сега не е така, колку ќе остани време толку, а таа свекрва му ако толку тоа сака да го гледа и е битно нека повели.
Ма јас баш тоа ти викам, оди шетај шо се замараш толку, кога си уморна одмори се, организирај се некако да се сработи само најбитното и не мора баш се да е средено. За тоа колку е чисто погрижи се мт да ти помогне колку шо може, поделете ја работата за побрзо, остај ја нејзе ни таа кај тебе ни ти кај неа, ако сака со детето да помогне нека повели за друго не ја барај. Ако ти преречи кажии епа бев на работа то е времето колку шо се можи и најпрво ти сама тоа кажи си го. И види мора да се најди и време за на кафе за одмор, стресот ќе те убие инаку. Ние излегуваме скоро секој ден, без оглед колку ми било напорно во денот ќе најдам време за прошетка и кафе, средувам и готвам секој ден по малку да не се забатали, тогаш знам дека е средено се мие во брзина за да најдам време за надвор, сега па како шо се затоплува и дете да прошетам. Има такви луѓе манџии и најубо да тие средено и погодено ќе ти најдат некоја мана, мојана и се средено и свети најде да ни речи види онде нешто црно има во машина за сушење кај шо се решетките ако знајш за кај мислам то мало делче шо е имало прашина, епа гледај сега замисли колку е за никаде, а ништо за убо не кажува дека ние средено во домот ама ќе си најди нешто шо никој нормален не го забележува за да ти речи, од едното уше влегува од другото излегува, затоа и толку иди како шо иди и толку во иднина ќе стапни колку да се речи и мм не и ќути ама ич ќе ја пресечи во то шо го вели и ако треба ќе се скара, пошто она сака само нешто да те увреди е од него ќе добие дупла доза па ако не и смета нека продолжи, а мене баш мие сеедно нејзиното мислење шо она како мисли за мене не е битно, сака да сецни и да буцни само ќе сфати колку синчето си ја сака жената оти не е мое да навлегувам јас со неа да се расправам, ма не мие на то ниво јас расположението да си го реметам заради нејзината просторија и злоба кој со неа ќе се замара, ако ја претера знајме и воопшто да не ја видиме оти не заслужила и си ги покажала намерите неубај и пред синот. Полека му се отвараат очите каква е и шо е и на крај ние муабетот бог да чува со оваа, како е толку злобна, само нешто лошо зборува и се согласуваме и двајцата дека најубаво е да си подалеку, да не ти испушта негативна енергија затоа што е она мизерна.
А зошто ти да средуваш кај неа чим сте делени? После неколку муабети, јас кај свекрва ми само после фамилијарен заеднички ручек средувам тањири, тенџериња и толку. Мисли си дека ќе се замарам дали кај неа е средено или не. Си го гледам мојов спрат, па доле кај нејзе ако сака и пајаци нека шетаат, а јас за селото и најголема недомаќинка нека сум.
Осудување кога не се знае конкретната ситуација на некој не е баш убаво во никој случај. Познавам примери кај што откако забременила жената ја избркале од работа (не и продолжиле договор ). Пример во корона и двата родители ги избркаа а они со едно дете и трудна со второ. И еден куп примери (па и тука у теми има ) каде што родителите на жената и викаат сама си го бираше а јаде ќотек секој ден. Еве и јас да знаев дека во ковид време ќе се породам немаше да забременувам тој период. Т е јас забременив па се појави пандемијата.
Ама твоите се твои на тебе, а неговите се мои на него, не знам зошто не разбираш. Тоа што твоите ти значат тебе, не му значат нему. Малку се претерува со тоа дека свекрвата не чини и не треба да чини и за него. Не велам во ситуации кои ете апла се терсене, ама па да барам од маж да бира меѓу мене и мајка, сулудо ми е. Ако он мисли дека мајка му е светиња а не е апла, па нема да го терам на сила до таму да е. Инаку познавам и мајки на жени кои се повеќе макеи од свекрвите.
Знам разбирам. Ама еве од шо ве читам овде не знам. И ја мењам мислење некад, ама си стојам фиксно на ставот никако заедница. Колку и да ме сака татко му, знам дека ќе ми се најде маана. Вака кога се гледаме. Нема за што да се фати. мислам јас го обожавам човекот, осеќам дека и он ме почитува. Леле не знам. Колку повеќе мислам сама си се заплеткувам. А јас у нашиов случај си иам причини зошто сакам он кај мене да се пресели, а не обратно. И сум му ги кажала. Нема лутиш. И да дое, пак ќе е негов дом, ама пошто он е предобар и попустлив, а јас не сум. Мора да нѐ заштитам од безосетни.
Ти си знаеш, ама јас мислам дека ја претеруваш и премногу брзаш. Колку што сфатив ни една година не сте заедно, а ти толку ја продлабочи ситуацијава мислиш готово свадбата е зад врата. И јас сум за надвор од заедница, ама ти му нудиш нему една друга заедница и му велиш или по мое или никако.
Он начна прв. И секогаш кога си идам од кај него ми вика не оди седи. Секако нема одма да се деси. Рековме прво да дипломирам, а и он работи на случајот ама од друга страна. Ако он сака, мене ич не ми пречи. Ја општо сум човек што мисли однапред. Не кога ќе дојде јајцето на газот да мислам. Сега планови и сонови, се градат и се рушат, Боже мој. Ама таква сум карактерно. Гледам во иднина.
Душо, смири ја топката пошто ќе дојде време кога ќе дојдеш на темава за плачење. Бракот носи обврски кои се решаваат со политика, ти да си чиста со зборови, а свекрвата, золвата и јатрвата да кубат коса. Памти: зборот кој што ќе го кажеш да биде на ќош, за да имаш мир. Во моментот кога ќе почнеш да се дообјаснуваш, ти веќе ќе си на работ на нервен слом. Мала си, ќе сфатиш.
Што значи тоа? Прв пат ја слушам фразава? Фала за совет Затоа гледам уште сега (здравје нели) да стаам линија за некои работи. Овде нема да пишувам ако останам со него, ама во темата за золви.. јас сакам само мир. И од сите подалеку. И од моите. И моите неќат да живееме сите заедно. Треба и јас да се осамостојам
Ne da sreduvam kaj nea taa se kacuva kaj mene i mi kazuva voa ne ti e cisto noa ne ti e cisto, jadenjeto ne ti e ubavo a nikogash jadenje koa pravam maz mi ne mi kz deka ne e ub sekogash vika deka e ub nekogash koa ke zgresam nsh ili dodadam dr zacin mi kz odma deka ne mu se bendisuva a za nea nikoj ne pravi ub jadenje osven ona i nejzinite zlatni deca.
Ај да те прашам. Ти толку ли немаш свое јас или поддршка од сопругот па што трпиш вакво нешто? Како дозволуваш да ти се качува горе и да ти кажува што не ти е чисто? Не знаеш да и се одговориш, што е проблемот? Значи мораш да покажеш заби, оти секогаш вака ќе ти прави. Свекрвица твоја се гледа каква личност е, ама до тебе е на тоа да му ставиш крај.
Нека се осмели да ми дојде дома во мој дом и да ми кажува што не ми е средено, има да ја спакувам за 2 секунди, ниту јас и чистам во нејзин дом, ниту пак таа во мој! А уште помалце да ми кажува што ми е чисто, што не ми е! Многу и дозволуваш, ако не и се допаѓа твоето јадење испратија следен пат таа нека ви направи за сите, ако нешто не и се сфиѓа како е исчистено нејзин проблем, нека не доаѓа ако не и се сфиѓа како си исчистила. Добро во кој век е заостаната свекрва ти? Каде живее побогу за вакво однесување? И најважното прашање зошто и дозволуваш се ова да ти го прави?
Ауууу, чекај чекај. Вие живеете на посебен спрат и ти се замараш што рекла? Имаш став и карактер ти? Маж ти каде е? За на мој спрат што сакам ќе правам. А инспекција не ми треба. Мојава се правеше паметна и буквално за избркав и и треснав вратата. Еве ме скоро три недели милина ми е. Не отвараш врата и решен проблем.
Извини, ама мене ова ми е смешно. Има да и' се изнасмеам во лице така слатко, да застане подзината, да се чуди што е со променетата реакција. Друг пат така кога ќе каже, ама ако си човек што може да каже (и тоа е доста битно), речи и "де зачисти кај што мислиш дека не е, ем ти среќна дека чисто, ем јас среќна дека имам бесплатна чистачица". мојава не дека не тропа со устата, ама јас ако не на секое, ама на секое второ затка редам. Јас мирно спијам. За нејзе не сум сигурна па ти измери што е побитно, дали твојот сон и мир или нејзиниот. Маж ти што вика на се' ова? Исто и тоа е доста битно, ако не и најбитно.
Воопшто не се замарај дали сестра му не те сака. Подобро вака да си знаеш, отколку како некои што глумат дека ги сакаат снаите, може само да ги почитуваат, се знае кој треба да те сака, а и ти кого треба да сакаш. Во право си, снаите што и да направат не чинат, ќерките ништо и да не направат за нив се светици, од секогаш било така. Исто и јас сега се им кажувам на сите што мислам, па нека не ме сакаат.