Муабетов сум го слушнала 1000 пати. Најтрагично ми е кога и снаите ќе го попримат таквото мислење, па и слугува на свека дека " и го родила" маж и.
Ахам на таков коментар се смеш, кажуваш фала многу и затвараш врата од надвор. Ако дојде овој исчуваниот со тебе арно, ако не уште поарно.
Трагедијата е што и фамилијата на невестата и вика седи , ќути, ќе помине, арен е , не збори многу да не слушнат комшиите итн…
Уште поголема трагедија е кога сме на гости кај свеки, другите гости (роднини нивни) и велат на снаата "ајде снашке ти стани свари кафе, дај ова, дај она"...
Да мора да ги финансираат. Во овој случај Свеки еднаш коментираше за ќерка ми како ќе станела некој и нешто на јака функција ќе имала пари и јас и викам е ако дај боже ако си има за себе ќе си има. И она мене одма е како така. Па кога таа ќе има автоматски и ти ќе имаш и тебе ќе ти дава. И викам а зошто мене да ми дава. Ќе си заработува за себе. И многу ги мрази моите зошто од платата што заработував моите денар не ми побарале, а таа напротив на нејзините деца им ги земала цели плати. Ако одбиеле да и дадат цела плата одма коментари како дома нема пари. Кој сака нека ме нападне ама според мене не е убаво ова. Јас не раѓам за да ме финансира некој во иднина. Кога сум одлучила да родам значи јас сум обавезна да го финансирам детето пошто јас сум родителот. Кога ќе порасне што си заработува нека си штеди за да може да се осамостои а не јас да и ги трошам парите. Или јас да давам откази нон стоп и децата да ме финансираат, не е во ред.
И после се чудат зашо снаите не ги сакале на свекрвите. Море нека бидат среќни и шо не ги убиле ко таа американката снаа шо ја уби свекрвата во србија пред некој ден.
Типичен балкански израз. Кога е на свекор именден и културно се сумнувам како гостинка, доаѓаат моите и он ајде послужи ги твоите. Молииим? А не не, не се мешам во туѓу куќи, кога ќе дојдат кај мене горе ќе ги послужам, не иде на гости сум дошла и да служам. Мајка ми вика дека понекогаш сум ептен дрска и безобразна, ама од друга страна дека ако ќутам како неа, ќе ме газат како неа што ја газеле.
Исто и јас сум дрска и безобразна. Сега викендов бевме и доле имаа гости, не викнаа, седевме во двор, и некој побара чаша за вода, и зет им "ајде шуринајке стани", му кажав "аааа не, и јас сум гостинка, кога ќе дојдат кај мене тогаш, не се мешам во туѓи кујни, ниту сакам некој да се меша во мојата". Па подобро горе ќе си седам и ќе си спремам, без некој да ми наредува.
Сериозно ова со платава? Аууу што све се движи по земјава. Па јас на 24 се вработив со убава плата, на 28 стан купив и се иселив од дома, значи моите можеле да се обогатат човече. Они глупи ме остаиле сама да си располагам со платата. Јас разбирам да помагаш дома, јас памтам по пола кречевме со моите кога уште живеев со нив ама мајка ми платата да ми ја зема по дифолт....луда работа.
Ова со плативе, свекоров има мислење дека на него треба да му ги даваме он да располагал. Така порано се правело сите по дома давале на најстариот и тој располагал. Си викам ќе дочекаш тоа.
Кога сме на таа тема Свекор ми го држи син ми и му вели: Ти дедино ке пораснеш па нас ке нѐ гледаш и чуваш Затоа го раѓав детево
Кај мајка ми во комшии уште така прават. Имаат двајца синови по 30+, женети со деца, платата синовите и снаите ја давале на свекрвата. На мајка ми и кажувала дека им кажала на снаите што и да им треба да и побарале, ако ми требаат за улошки пари ќе барам од свеки мои пари што сум и ги дала. Не знам во кој век сме.
Ваков однос сакал дедо ми да воспостави со баба ми па со мајка ми. Ама кај баба ми налетал на отпор откако жената видела дека нема пари цел месец па од следниот му покажала заби. Е сега на ред дошла мајка ми ама и тука на отпор Мислев изумрени се тие генерации Јас можам да одделам од моја плата за домашен буџет ама да ја давам целата или да давам извештај каде ми е потрошена тој филм никој нема да го гледа Мене темата за пари ми е осетлива и сум агресивна кога некој си пика нос кај што не му е место.
Баш замрзнати во камено доба твоите свекор и свекрва. Дали ова така праат од што се парољубци луѓето, не можам да разберам. Не ми фаќа црпката моја искрено вакво нешто. Јас работев дур живеев со моите. Сакав да учествувам во некој трошоци, тие оддсечно нема шанси такво нешто. Ти си наше дете од тебе ли пари ќе земаме. И ич да немаме нема да ти бараме да ни даваш, може не дај боже позајмица само. Така ми велеа. Може од нив ми е пренесен таквиот став кон родителството. Детето ми, е моја грижа дур не реши да се осамостали, па и потоа. Се надевам ќе имаме можности. Ама да му одмагам и да му велам ти си должен да ме гледаш, боже не дај само сенилна ако станам. Мм ќе помага на неговите од кога ќе се иселат, се уште сме заедно. И не му се мешам. Има нека им помогне и така се со мали пензии. Ама никогаш не му побарале ни денар. И нема ни да му побараат. Ова веќе тоа сам сака да го направи. И пак ќе биде во мера колку ќе му дозволат тие познавајќи ги. Тоа е за мене родителство, да вложуваш во тоа дете љубов, добрина, да го извадиш на прав пат и да не бараш ама баш ништо за возврат освен почит како спрема родител и љубов. Може премногу сум по бајките, ама така чувствувам така пишувам
Брат ми Германија живее, го моли татко ми да остави работа ( физичка работа, а во години е веќе ) за бато да им праќа пари, татко ми не сака. Ова по дифолт пари да им давам не можам да го сфатам. Бараат кога им треба помош, нормално ќе помогнеме и јас и брат ми ама никогаш не било очекувано дека ние ќе ги издржуваме. Работам од 15 години, со првата плата и платив заостаната сметка на моите за која што никако не остануваа пари тој период, уште ја памтам мајка ми колку плачеше и колку беше разочарана од тоа што јас сум платила "нивни трошоци" наместо да си ја потрошам платата лично на мене.
Другар ја даваше цела плата на мама, а она му даваше колку треба за цигари, гориво или кафе со девојката. Се освести после годинииии, се исели од дома и сега ем има трошоци за кредит, сметки, храна и слично, ем му остануваат.