Амн веке 5 дена како со треба 2 недели како да се е шекнала желна за карање.Мојата свекрва е како тенџере ко падне капакот на една страна тенџерето на др страна и само тропа ете таква ко не е по нејзино или ако нема со кој да се кара па мене ме докаче.
ај да не зборам предвреме...и ја имам деца, ама утре...здравје и дај боже, кога ќе си оформат семејства ќе си се тргам на страна...помалку гледање и помалку зборови...подолга љубов Него оваа мојава нешто се збрлавела, па се жалела на мене...и тоа ем кај стигне ем кај мајка ми!!! И мајка ми се нервира...а ја и викам...абе уживај...од едно уво влеглоод другото излегло....батали...животот има поважни работи.
На мојата мила свекрва и се ближи роденденот Што и да купам јас, таа ништо не носи. Па затоа решив јас да си се подновам за нејзиниот роденден.... да си купам некој убав елегантен фустан А што велите? нели е попаметно отколку да се замарам со неа....
Dобра ти е идејата поднови си се и дотерај се и правец на торта кај неа мојата оваа година не се јави ни да ми Честита ке се подновам и јас несто за нејзиниот роденден
хахахахаха ричи бе алал да ти е така треба не да се дотераш туку најубаво што можеш,и тоа како да се подновиш и подобро за тебе и за неа ова несака тоа несака. мојата ниту еднаш во 4години не ми честита а јас па поклони па се и последнава година ни јас ништо не и направив. ма и тоа како да се подновиш од најубавото па роденден е
Искрено не се грижам ни дали ке ми даде торта се што сакам јас ке си каснам ке си се дотерам,а сега веке некое време не се замарам ама ич со неа.... една ден ме изнервира и и реков "која среќна личност си ти" да беше жителка на индија ти ке беше светица,а таа ми вели што зборуваш мори ти?И велам езеро едно јас не сум за тебе мори,научисе веке еднаш да се изразуваш културно....инаку мислев на крава тука си безначајна,а таму ке си била светица....ама ете судба било да си дозволам ти да ми ги кинеш нервите....е нема веќе.... Па неможев веке ја претера. ама и реков што си сакав....колку и да си фин па ке те извади од колосек,ако и кутиш зима сила....вака се по капата па да видиме.....секој по засллуга girl-miri одамна те нема на форумов мило ми е што те читкам
Па што те чуди и мојата не ми честита ич да не се нервираш поради тоа уште поубаво е така,бидејки ако нешто рече ке ни го расипе денот вака нека си кути.....не бараме честитки
I mene mojata svekrva ne mi kupuva nisto za rodenden, samo prvata godina so svekor mi zaedno mi cestitaa I mi dadoa pari da si kupam sto sakam. Narednite godini dobivav samo usni cestitki od dvajcata, a lani samo svekor mi mi cestita, a ne I sveki. Kjerka mi I rece-babo, denes na mama I e rodenden...a taa I odgovori -e ako de, ubavo. Na toa ama bas nikako ne izreagirav, se napraviv deka ne ja slusam...ignor za inaet. Sekoja godina mm mi kupuva I torta za rodenden, i iiako sveki lani ne mi cestita rodenden jas za inaet da vidi deka ne sum glupa I nekulturna I isekov edno taka pobajacki debelo parce , cuknav kaj nea na vrata, vlegov I go dadov I samo rekov-poveli, zablazi se. Samo toa insi izlegov. Eve vakva bese I sekoja godina za nejziniot rodenden I' kupuvam poklon.....500 den. ili 1000 den. nema da me osiromashat...ednostavmo I kupuvam zatoa sto malata se raduva koga kje I rece-srekjen rodenden babo od mene, mama I tato. Mene mnogu mi e pobitna nasmevkata na liceto na moe dete od nejzinata reakcija.
Е ај и јас малкуцка за мојата свекрва.. Жената си има здрвствени проблеми за жал со тироидната жлезда. И тоа е така нема збор. Ама и се има нучено тоа да го позлзува како изговор за многу работи да не ги врши по домче, и кога и е подобро. Едноставно се вади на таа карта. Е ама ме најде мене, ха, ха.. само ќе напишам. Вчера утрото, јас необлечена во наметка, ме зазборува одма, за муабет и оговарање е прва, а нели и се врти и лошо и е и лежи во дневна. А јас ни кафе испиена, замивам садови, кафенце ни варам со мужето, кое ми нанкаше уште. И она како дувало ветер и се срушило вештачкото цвеќе и лом на тепихот и било. А да, прво одоколу леле види штое тоа црното таму на тепихот, а послем се гледа дека тендензциозно и било па вика дувало паднало цвеќето, па лом се направило. Јас собирав?! Ај ако сакаш поми со тоа некое рачно за тепих и ми наведува кај стоело.. Јас и викам да пуштам правосмукалка, она ко демек немој да се мачиш. А еднаш кога ја праша, во друга прилика да пуштам правосмукалка, она ми вели, госпоѓа, па како ,, ах тоа е машка работа, ќе му кажам на свекорти утре на евтина струја да пушти,,. Од тогаш, ако е машка работа, чистете си, па и црви нека не изедат. Ама вчера земав да зачистам, ете прилка за тоа, а и недела беше демек ефтина струја. И така во наметка и спаваќа, немиена, негушната со мужето, кое ми се разбуди во меѓувреме, ја земав да чистам со правосмукалката а станот голем а и запрјано баиги. И се препотив цела, и таман собрав правосмукалката, десет и половина на госпожа тоа време си пие второ кафе и така испружена во иста положба на троседот ми вика ај ако сакаш ендо кафе сварими?? Е си мислам јас, јас не се измив и кафе не се напив тебе ќе ти варам. Ништо не и реков, отидов кај маж ми и му реков дека мајка му бара кафе а јас деке ќе се туширам, бидејќи стварно бев препотена.. И си влегов во купатило, нејзе ништо не и кажав. Си се средив, маж ми не и сварил кафе .. И сама си сварила, па боже бре ако ти се лоши и врти, кафе нема да ти се пие. И знаете јас реков, а јас му кажав на син ти да ти свари, него лути му се, јас морав да се истуширам а и во тоалет ми се одеше. Па ако се лутиш на него лути му се. А она е, додека можам ќе си варам и дрн, дрн и ми се лигави. И знаете ми е гајле, божем лек или леб не и дадов. Јас неизмиена, непиена кафе, нејзе второ кафе ќе и варам. На болни од кафе им се лоши. Другпат нека не и текне да ми бара кафе да и варам. За чистење, во ред па и ние валкаме. А утрово ми вика, јас се спремам за работа, и она пак клопната на троседот нормално, јас ја прашувам како е, она вика па така исто.. Јас и викам ај сега сама ќе бидеш домче па подобро, раат барем ќе си бидеш.. А она ,,е работите пак кој ќе ми ги врши,, .. Абе грев. Ние кај да е си одиме во стан на мојте, така да.. Мајка ми од карцином е оперирана и како струја е пак, јас знам како е со болен човек, сочуствувам, нека се и двете живи здрави ама со мене никој нема да си игра играчки ко за мали деца. На 35 години знам што можам, што знам и што сакам. Зафрканции нека си прави со некоја друга помалку карактерна снаа. Со мене никако.
Вчера го искусив најтешкиот ден во мојот живот , на никому не му посакувам вакво нешто. Со мм решивме да одиме за грција на еднодневно капење (секако свекрва ми с епротивеше де бремна сум била де не сум го сакала детето зато сум одела сум сакала нешто да ми биди) и како да ме преколнала . По кратко одмарање со пријателката решивме да одиме да се бањаме во морето мм спиеше не сакаше да дојде. И така правејки си муабет во водата ме фатија грчеви во стапалата и повикав на пријателката да ме потфати зошто многу ме болеше неможев рамнотежа да држам. Само што ме потфати таа мене ме фатија толку силни грчеви и во двете нози што неможев никако да ги мрднам а камоли да пливам даизлезам од водата. Пријателката во паника наместо да ме потфати да ми помогне бидејки веке почнав да се давам таа ме поттурна во подлабокото. Таков страв претрпев мислев дека е крај на мојот живот за срека еден млад Грк ми помогна ме извади од водата неможев никако да се смирам имав проголтано доста вода од морето. Сопругот се исплаши многу кога видел како ме вадат од водата. И штом малку се соземав веднаш тргнавме накај дома . Кога стасавме мм раскажа што ми се случило и свекрва ми на тоа наместо да ме праша како сум таа рече вака „ТИ РЕКОВ ЈАС КЕ СЕ УДАВИШ, НЕ ГО САКАШ БЕБЕТО ЗАТОА СИ ОТИШЛА ДА СЕ БАЊАШ , АЈДЕ ТИ ШТО КЕ СИ СЕ УДАВЕЛА НАЈМАЛ ПРОБЛЕМ ДЕТЕТО КЕ ГО УБИЕШЕ„ Во тој момент мислев дека ке умрам од мака како да јас сакав нешто да ми се случи, која мајка не си го сака детето па јас не сум го сакала. Тоа ми беше животна лекција . Штом некогаш ми пререче свекрва ми за нешто веднаш ке си седнам дома бидејки ова е 4 пат да ми пререче нешто да каже де ов а ке ви биде де она ке ви биде и тоа ни се случува секогаш. Како да не проколнува.
Браво Лолита, ептен културно и достоинствено реагираш, и јас сум иста па кој се однесува спротивно има Господ И мојата свеки кога има гости кај нас, комшика и сл. јас само за украс седам, нема сокче, кафе за мене, само за нив а кога на мене и мм ќе ни дојдат гости јас секогаш и ставам на неа се по ред, кафе, сладолед, сок... Не и замерувам, можеби толку и е капацитетот, толку од интелигенцијата нејзина
Божеее ... како ви се замара со тоа дали свекрвата ви купила нешто за роденден? Или е до мене (препопустлива сум или сум дотолку безобразна на крај на памет да не ја ставам таа жена ), или јас буквално на таквите случаи не им придавам значење. Побитно ми е едно „среќен роденден“ со празни раце, отколку 364 дена ко чавки да си џавкаме една на друга и на тој еден ден едната од нас да прими поклон и да помине у лицепраење. Мене искрено ми олесни кога видов дека она толку не се замара со тие работи. Обврска помалку за мене. Ако ми текне-нормално ќе земам, ама ако не ми текне сега нема да се притресувам и да ме дрма грижа на совест. Башка треба да ми е благодарна што во такви моменти кога навистина заборавам, не ја потсетувам на годините.
А кој рече дека се замараме со поклони едноставно си менуваме мислења на кој што му се случило и кој како постапил во одредена ситуација. Јас форумов меѓу другото го разбирам и како место на споделување на искуства, ќе си размениме мислења, постапки и некогаш нечија постапка може и да ја примениме. Тоа е тоа. А поентата воопшто не е дали свеки ни купила гаќи, папучи или пак парфем од 200 евра. Поентата е да не се биде пак игнориран. Нека се јави една на која ич не и` е гајле дали воопшто ќе и` биде честитан роденден од било кој, па макар тоа била и свекрвата со која живее во иста куќа. Која ќе рече дека и` е сеедно лаже . Едноставно се работи за искажување внимание со една обична проста реченица од 2 збора. Поклонот не е битен, битна е устата и зборовите од неа.
Не се однесуваше на тебе, туку на некои кои го сфаќаат како трагедија. Ти само си сподели мислење, како и јас што најдобронамерно сакам да им укажам на девојчињава дека не треба да се разочаруваат од такви работи и да не ја мислат толку свекрвата и нејзините постапки затоа што сепак, таму се мажени за нејзиниот син. Да имав нешто лично да ти кажам, ќе ти се обратев/цитирав. Мене некогаш не се сетила (особено откако сме одделени) ни да ми се јави да ми честита. Еве сега, мисли што сакаш, ваљда јас повеќе од тебе знам дали лажам или не, ама јас воопшто на крај на памет не сум го стаила тоа. Нити го славам, нити ќе го славам. А олеснување ми е тоа што покажала полабав пристап за такви работи, да не се тресам шо ќе рече ако некад и` го заборавам (а некад и својот си го заборавам од секирации и глупости) така што намерно сигурно не би и` бил игнориран. Не ја ставам толку на памет па сеа намерно да ја игнорирам. Само тоа сакав да кажам, нити да навредам некого, нити да се карам.
Мене ми честита свекрвата роденден Еднаш мислам дека ми купи и поклон, еднаш преку малиот прати пари за јас да си одберам....за останатите не се ни сеќавам. За нејзиниот роденден и ние ќе ја изнесеме на вечера или поминуваме со бомбоњера и букет. Туку мама ми беше на гости. Сваќиве не се знаеја па нели редно време беше после толку многу години да се запознаат. И јас очекував нели мама е гостинката, они да ја поканат на кафе...ама преку малиов суптилно ми беше пренесено дека они ќе дојдат. Е ај, ако викам, нема везе. Потоа ми беше пренесено дека и тетка му, и брат му со жената и децата сите ќе дојдат да ја запознаваат мама. Ај и тоа. После ми беше речено дека идат на ручек, ама поради жештините сакаат нешто лесно. Без печење на меса и риби. Нешто уникатно, специфично а лесно 3 Дена се месеше, блага, торти се правеа и специјалитети , салати кои би одговарале на вкусот на гостиве. Се помина и тоа, они задоволни, ние уморни. И сега чекам до крајов на престојов на мама они да не поканат. Не на ручеци и чуда. Ама едно кафе барем. Чекај, чекај Кога некој ден пред заминување малиов ми вика мама сака со мајка ти да се види уште еднаш пред заминување. И јас викам супер. Вика каде да се видат Чаршија ли да испаднат. Да не заборавиме дека жениве не зборуваат ист јазик, значи само би се пулеле без мене во околина. Му обајснив дека не е баш најзгодно во град сами поради јазична бариера. Подобро пак домашна атмосфера да седнеме. Се слушна со мајка му и вика значи во град на кафе сите ќе одиме. И така. Бевме. Туку за време на одморот наш малиот повторно даде клуч на мајка му од станот Минатиот пат жената видела прашина во станот кој неколку недели беше нечепнат додека бевме на одмор па суптилно му посоветувала да зачистам. Е овој пат не видела прашина, туку вчера кога бевме кај нејзе имаше едно ливче со други поддточки Од еден до четири со работи кои она ги приметила(место на чување на празни флаши, зошто е на балкон малото фурниче...)она тоа на малиот му кажуваше, без јас да видам или чујам а он пазејќи се оддалеку од некоја моја реакција ништо не зуцна.
Тоа е се што се бара. Ми се допаѓа. Вистински маж кој љуби. Е доколку имате ваков човек покрај себе вие сте среќна жена.
Се секавате дека ова го напишав ама не си стоев на зборот....демек јас ке се подновев...и купив троделен новчаник Спојлер само што е бело....јас многу сакам да сум лоша,ама ич не ми оди од рака.... Дојде кај нас свекрва ми дома и падна муабетот за родендени и толку мене ми се нажали душата и денес и го подарив и реков ова е од мене и мм....е ова го сакам сега и јас сум модерна.....ме испобаци и и велам ајде да видиме дали ке го носиш?е ова е како твоето и јас сакав вакво,ама кај смеам да ви речам....ме фати смеа....и ајде.... Јас многу сакам да сум лоша ама не ми оди од рака,со кеив и го дадов....Инаку ке се подновам си бендисав фустан и ке си го купам и ке микажете дали е убав инаку бојата е некако кајсиова боја...Ех тоа е тоа нека си го користи новчаникот со здравје...
А да не се другарки нашиве свекрви И за мене нема кафе, мафе и се` по список ...ама затоа што треба да си ги чувам децата, а не кафиња да пијам ако пијам и јас кафе, кој ќе ги чува децата Ама, затоа па и кога јас имам гости (еве сега повојничари ни доаѓаа за малиот) покрај најавените гости имав и уште 2-ца плус-свеки и свекор ми. Значи со сите гости си седнуваа бидејќи нели сите им се роднини и имаат што да си кажат, а јас и мм ко мулиња така си седевме и ги слушавме што си праваат муабет или пак се врткавме околу децата. Наше беше само да ја наполниме масата. По глупо нешто здравје. Ај свеки е поосетлива за тие работи ....во смисла знам дека јас не ти ставам кафе, сокче... и не ни сакам да ми ставаш.....Ептен ради реда пред луѓето ќе се напие нешто, или пак ќе касне ама откако ќе си отидат гостите, ако остане нешто....а свекор ми-е тој е главниот гостин. Од него неможеш на ред да дојдеш ни да кажеш нешто. Искрено ова ептен ме нервира. Еве сега летно време кога ќе ни дојдат наши другари, пријатели со децата седнуваме во дворче. И обавезно и стариот си седнува, и тој ни е гостин. Разбирам со неговите роднини, ама па и со наши пријатели Не можеш млади со млади да поседиш, едноставно не си слободен да кажеш што сакаш....ни се убацува во муабет, дели совети...шта да ти причам Свеки го кара и го вика да влезе дома, тој јок бре, дури и ќе се искара со неа за да седи, случајно да не пропушти нешто. Тоа е, живот во заедница, немаш слобода. Гледам кај комшииве...ако кај младите (кои исто живеат во заедница) им дојдат гости, тогаш дедото или бабата ги шетаат внучињата за да ете младите си поседат со гостите. Кај нас дедото си седи со гостите, а младите си ги шетаат и занимаваат децата.