Ќе го прокоментирам делот со чувањето на родителите кога ќе остарат. Колку и сега да коментираме како тоа не е во ред, затоа што пред се се работи за туѓи родители, а не ваши, само навратете се на реалноста дека и вие ќе остарете и баш во тие моменти на најголема осаменост, ќе барате уште поголема блискост со децата. Не се правам светица, но додека се живи нашите родители и се способни да си помагаат едни со други во старост, во ред. Но, доколку почине еден, остане другиот сам, јас би прифатила било која страна да живее со нас. Најтешко е да си стар. Младите си одат, ти си изнемоштен, оставен сам со мемориите. Со тоа сакам да ги научам децата, дека фамилијата е најбитна, дека треба да се грижиме едни со други. Не ми претставува никој товар, затоа што и тие родители имале исклучително трпение за нас, кога не учеле милион искуства во животот. Не знам, јас така гледам на работите. Ми е жал за стари лица.
И јас имав школски мајка му плаќаше за на фах да се запиши ама од кога ќе се вработи да и ги врати . Ми се гади од такви личности. И нормално тој и ги врати и се исели од куќата,на која таа правеше фасада само на делот што таа го сметаше за нејзин. Собата негова ја остави без фасада. Е и тоа има.
Има многу такви родители што им префрлаат на децата дека ги школувале, па откако ќе пораснат да им вратат, е ај и за мајчиното млеко што го цицале нека им вратат. Имаше негде прочитав, некоја снаа им кажала "еве ви и за мајчиното млеко што го цицаше маж ми".
Тоа е веќе друго. И јас моите ќе ги гледам, и мм неговите. Ама да земам дете да уценувам со муабетот должен си да ме гледаш. Мислам деќа е премногу.
Ова и не е така лошо. Цела Америка функционира на студентски кредити. Зошто да не го научиш детето дека треба само да си плаќа за факултетот. Јас сама си плаќав. Ми покажа лекција, дека сама можам и дека не морам да зависам од некој за да ја остварам целта. Не ја знаеме целата приказна, туку може таа што ти одговара да ја раскажеш. Реално кога ќе земаш плата, треба и да оставаш некој денар по дома, ако живееш со родителите. Може и затоа мајката се изнервирала, не оставал никаков денар по дома и си ставила фасада онолку за колку што имала пари.
Tоа е друг муабет. И татко ми на раце го носеше дедо (на мајка ми татко) додека не почина. На крај сите некако се помиривме дека ќе почине, татко ми остана пошокиран и поскршен од сите нас. Ама па баба ми еве ја сама живее, нејќе да слушне да оди кај мајка ми, си го сака мирот. Ама "те родив за да ме чуваш" не е во ред.
Дечкото малтер и тули носеше за таа куќа да се направи. Негова пот остави таму. Сите шетаа во средношколски денови тој куќа креваше со негови раце. Така да ... Мислам се е кажано
Не знам, мене не ми кажал некој до сега така. Ама да е мој родител и да ми каже, пак ќе го чувам, што да му правам, старост му длаби мозок. Ти живееше таму? Ништо не е кажано. Не знаеш што се случува во туѓ дом. Комшиите се знаат за вас?
Па не ми кажале ни мене ама во темава еден куп ги има Не е спорно дека ќе го чуваш, спорното е да живееш 40 години со таа реченица. - Тоа од другата страна го слушала мајка ми, значи не татко ми туку снајка да ги чувала а тие здрави прави една чаша немале поместено од ко влегла мама таму. Тука е проблемот. ^
Не живеев таму. Ама ми е најдобар другар и ми кажуваше како се чувствуше тогаш кога се дешаваа тие работи. За некој работи не гледаме со исти очи, јас и вие. Јас таквата мајка нема да ја разберам никогаш и толку.
Стари не чувам па шо сака нека биде . Им имам кажано, и на неговите и на моите, ако сакате да ве чувам, цела пензија на мене ќе ја давате. И оп, да видиш како се замолчува
@ArabellaStarfall се е тоа убаво со чувањето, ама што ако се работи за болен човек? Психички или физички.. Има болести кои не се лекуваат.
Дали имам право да се лутам кога свекрва ми се качува горе кај нас на спрат ако детето плаче? Неколку пати сум и рекла да не се качува јас ќе си ја смирам, зошто у неа бара утеха и се али..ми вели ќе почнало да ддтка не знам што ,божем јас не знам да си го смирам детето..
Ти си мајка на тоа дете и постави си граници. Јас не дозволувам ама баш за ништо да ми се мешаат околу дете освен ако побарам совет.
Еве не знам ние шо живееме сами како си ги смируваме децата.... Сечи у корен жити мене Ако не знаеш ти како мајка, ќе побараш совет од нејзе како баба. И толку е. Затвори врата, речи не плаче по тебе, плаче од Х причини и поздрав.
Мм ти кај е во оваа ситуација? Јас секогаш велам дека мм е врската помеѓу мене и мајка му. Таа ако не може мене да ме разбере и испочитува, тој треба да се вмеша и да ме заштити. Фала богу досега не сум имала потреба да го вмешам.