1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Butterfly1212

    Butterfly1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Женски
    Не се меша, ако сум имала нешто јас да кажам, и јас се расправам со неа, зошто сум се дерела а ја и кажувам со убаво не ме слуша и потоа почнува расправање ..
     
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    18.262
    Пол:
    Женски
    Океј, тука веќе одиш кај маж ти оти не можеш да се разбереш со мајка му и ти сметаат нејзините постапки :)
     
    На Mnik, Lisandra, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    6.324
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе до некаде но има и ситуации кај што на децата многу им треба помош кога ќе се родат внучиња а тогаш родителите знаат да речат дека си имаат свој живот и не се должни да ги чуваат децата. Они кога ќе остарат тогаш некој е должен под дифолт?! Има луѓе што вистински заслужиле ама има и од тие другите.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Мене никој не ми чува. Пак би се грижела. Мене ме гледале, маж ми го гледале. Реално и не се должни нашите деца да ги чуваат ако не можат. Ама нас не исчувале. Или треба цел живот услуги да ни прават, за да ги чуваме на старост?
     
    На Didajo, Mumoftwo30 и H.VAGA им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Не знам. Ама сигурно нема да го оставам сам, бидејќи така не се родил, ниту пак ќе се испрати така.
     
  6. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.625
    Допаѓања:
    6.324
    Пол:
    Женски
    Не треба да ни прават цел живот услуги туку да ни се најдат кога можат и кога ни треба помош. И јас моето дете го чувам па не ми должи ништо во животот затоа што Јас сум си одлучила да го донесам на овој свет.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    Сам не, но постојат институции. Домови за полунезависно живеење, со помош и активности, и домови за луге во терминална фаза на некоја болест. Или Алцхалмер.
    Знам луге што живеат со родител со Алцхајмер заедно, и стално треба да мислат дали ќе одлута, дали ќе ја запали куќата со рингла или гас неисклучен.
    Некои мора да ја напуштат работата зсшто нега треба 24 7.
    А некои се едноставно неподносливи, конфликтни, лоши луге со староста зајакнато оти имаат на располагање многу време.
     
    Последна измена: 4 јуни 2024
    На *Amethyst*, Mnik, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    На мајка ми тетка што беше постара 12-13 години од на мајка ми мајка на 90+ живееше сама, имаше три ќерки од кои двете и починаа и маж и почина, ќерката што остана се оперираше неколку пати, уште кога беше помлада ја викнаа да живее со нив, не сакаше да слушне, им кажа дека додека можела сама до купатило не одела нигде, кога ќе не можела да оди да ја однесат во дом, сама си сакаше така, живееше сама од 60+ години, па ништо не и фалеше.
    Им кажала дека си го сака мирот, ни таа да смета на некого, ниту тие на неа.

    Има многу сами родители што им
    починал партнерот па не им сметаат на децата, си одат и си шетаат со пензионери, а има и многу такви што и двајцата се способни и пак им набиваат комплекси на децата дека тие ги исчувале и сега редот е на децата.
    Па и тие деца си имаат фамилии и обврски, друго е да се болни родителите, ама здрави и прави не разбирам зошто тоа го бараат од децата, па и ние сме со повеќе дијагнози од нив.
     
    На *Amethyst*, IRBBB, Mnik и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.813
    Допаѓања:
    39.395
    Многу зависи од карактерот на родителот. Или свекорот/свекрвата.
    Не е исто кој ќе живее со мене ако ептен мора.
    Цимери си бираме. Не родители.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Zumbulche и 3 други им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    Ако треба професионална, ако не можам да ја дадам, финасиски ќе помогнам.
    Не е дека родителот би ми барал или очекувал, јас како нивно дете сакам да сум присутна и кога ќе сум им најпотребна. Не знам зошто треба да се правдам за нормален однос кој го негуваме од двете страни. И кога ќе сум пореална, бидејќи не живеам сама, туку со маж ми и тој ако има исти чувства и желби, би дозволила.
    Точно. Ако го знаеш ова што си го напишала, тогаш зошто би ме прашала претходното прашање? Родител си, сама знаеш колку енергија бара чувањето на деца, некој веќе го изодел тој пат чувајќи ве и тебе и маж ти. Значи сепак некако заслужиле да не бидат оставени сами.
     
    На Hygge-girl, Dentina и Didajo им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.090
    Допаѓања:
    20.155
    Пол:
    Женски
    Oбично сметам дека снаите како снаи во принцип се лутат и нервираат за работи кои нема потреба, и треба да се стават малограѓански муабети на игнор.
    АМА случаи кога свекрва се труди да ја направи снаата неспособна мајка.... тука ми се прелева чашата. И не само свекрва, било кој... Само идиоти ретардирани може да му чапнат бебе/дете од рацете на мајка и да ја направат неспособна.... па и уште дека детето дткало ради неа....
    многу работи би преминала, искрено... ама за ваква работа од пети се вадам.
    Јас би отишла кај сопругот одма... ако не реагира или ја оправда за таква работа, искрено и него би го замразила и со други очи би го гледала, и чаре би си барала. Нека ме прави недомаќинка, нечиста, ваква, таква, онаква, па и крува дури да ме направи не би се напнала толку колку за ова. Да го носиш, да го раѓаш, да си го даваш животот за него, и некоја да дојде да ти го смирува или да ти го зема, дека неспособна демек ти... море мрш онаму.
    Се напнав сега ц, ц ц!!!!!
     
    На winnie02, *Amethyst*, IRBBB и 15 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    По истава логика, ти веќе ги имаш оставено вашите сами.
    Овде најчесто се коментира за претераните реакции од родителите, во моментот кога младите одлучуваат дека е време и сакаат да живеат сами. Исто кога одлучуваат, не секое слободно време да го минуваат со родителите.
    И малку себично е, врти го како сакаш, што одредени родители, се уште здрави, прави и способни да се гледат сами и да уживат во независноста, главна занимација им е да имаат некакви очекувања од децата и да мрчат.
    Нема потреба да се носат работите од една, до друга крајност.
    А инаку, никој не ни мислеше на оствање на родителите засекогаш, преќинување секаков контакт и не помагање во случај на немка и болест.

    Еве јас се сметам себе си за прилично толерантна и корекна особа, па некој пат и мене знае да ми прелее од глупостите. И од моите и од неговите, не дискриминирам.
    Дали тоа ме прави аждја себична и особа која не негува фамилијарни вредности? НЕ, туку едноставно е, старите со годините стануваат се посебични, а бога ми ни менталитетот и ни резликата во години, не оди во прилог.
    Респект треба, двонасочно. Зошто јас по дифолт мора да се поклонувам и да трпам, а некој да си мери до каде може да оди со провокации? Оти за танго треба двајца, а јас некако не сакам да си губам време со расправии, па фино лепо кога ќе ми ги преминат границите, им кажувам отворено дека претерале и да си се присоберат. И се некако после тоа некој е навреден. Ама тој истиот не мисли воопшто на мене и моите чуства кога ќе истропа или направи некоја глупост. И факт е дека како општество сме си токсични, секоја чест на исклучоци.
    И ете ќерка ми после години, ако отворено ми каже дека сум ја усрала негде, ќе се подзамсилам каде и што сум направила, а не да и драмам дека сум ја родила и должна е по секоја цена да ме трпи.
     
    На moonlight-girl.55, *Amethyst*, IRBBB и 15 други им се допаѓа ова.
  13. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.329
    Пол:
    Женски
    По која логика ги имам оставено сами, не сфаќам? Моментално не сме заедно, но тоа не значи дека ако имаат потреба од мене, не би ја отворила портата за нив.
    Факт е дека некаде ќе усереш, сите ќе усереме, затоа што совршено родителство не постои никаде.
    Она што го пишав, не мора да се однесува на тебе, ти имаш други односи со твоите, јас имам други. Ако не заслужиле, но и тоа е знак прашалник што е заслуга по дефиниција, тогаш секој ќе го јаде она што го жнеел. Првиот пост се однесуваше на очекувањата дека децата ќе се грижат за нас на старост. Колку и да се правиме силни, во таа доба од животот сите ќе сакаме блискост. Појди од себе, искрено запрашај се, сакаш старечките денови сама да ги поминеш, а притоа ти треба помош? Нормално дека нема да ги отуѓам децата ако решат да не ме погледнат на старост, но затоа и не сакам да дозволам да гледаат како на товар од мене, туку милост-мајка која била тука за нив и ги сака и почитува неизмерно. Тоа со зборови не се кажува, туку се учи од дела. Ќе видиме, има време. Секако дека на крај среќата на детето е најважна. Но, да не ја потценуваме самотијата е беспомошноста на староста.
     
    На Didajo му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Closerr

    Closerr Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво, ако може совет во лп како би постапиле, ќе ве молам
     
    На Carpediemm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Carpediemm

    Carpediemm Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2024
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    За што?
    Пиши ми
     
  16. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    4.653
    Пол:
    Женски
    Тој што разбира и од еднаш разбира.
    Кај мене свекрва еднаш и се случи да ми влези во спална и земи дете, јас реагирав кај маж, што не сакаше да заземе страна и кажав да и е последно тоа.
    После на некое појако плачење на бебе знаеше да речи дајте ми ја мене, и кажував нема потреба да си излези од соба.
    Сега сеуште се обидува демек ајде јас ќе ја заспивам, јас вака, јас така. Кажувам нема потреба и крај.
    Ни кавги, ни ништо веќе оти на крај само јас си се нервирам, а таа е либерте.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Значи ова е тоа ко ќе речат од лошо има полошо.
    Мене ни со мм не ми стојат парите на куп не пак со свекор свекрва,море ни со родителите не ми стоеја на куп. Купував јас што сакав да купам ако сакав (секој месец полнев фрижидер ама ниту еднаш не ми рекле мора тоа и тоа да се купи .)
    Ќе си кажеш на мт или да ја среди или заклучена ќе седиш па нека бацува врата. Твојата ќе дткало мојата па оставај ја да плаче да шири плуќа бог да чува,се ненормално. Такви трауми ми направи за второ не можам да се решам.
     
    На *Amethyst*, Mnik, Zumbulche и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Па и јас уште пред да се омажам не сум им ја давала платата на моите, може да учествувам и јас во храна, плаќање на сметки, што моите и не сакале да ми земат, ми кажале да си имам свои пари и што сакам да си купувам, да не зависам од маж, никогаш не ми кажале што да купам, тоа си купував јас ако сакав.
    Еве и со свекор и свекрва ако се живее во заедница нормално е да се учествува во трошоците, ама да се дава плата на свекор и свекрва, тоа ми е несфатливо.
    Утре да барам мои пари заработени за улошки.
     
    На *Amethyst*, VDT2906, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Абе се и е покриено у заедница сме ,ко принцеза живее само ручек еден праи.
    Ама ко ќе сакам јас плаќам ,месецов ако не стигнам вода да платам не стигнам другиот две наеднаш итн јас ќе си планирам што кога како а не таа.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.020
    Допаѓања:
    7.537
    Пол:
    Женски
    Гледам се надоврзавте на мојот пост за платите и финансиите. Мило ми е што ве има во голем број како мене. Пошто свеки не правеше мене и моите чудни. Тие цел живот така си функционираат што за нив тоа им е нормално а нашето не. Ми велеа како можеле моите да не ми побараат ни денар па како преживувале, па како мене не ми било срам да не давам дома пари и јас сум се бањала, сум јадела сум трошела струја. Тогаш јас им кажав дека моите парите ги трошеа за дома за сметки храна, најбитното па после за се друго. Јас не сум им нив киријаш па да плаќам за тоа што јадан пијам спијам. Јас сум им ќерка сакале ме родиле, не барав јас. Татко ми кога се вработив ми рече што заработувам да си направам пресметка колку ќе ми одат пари за превоз колку за храна, за да ми стига платата до наредната не да ја потрошам на глупости па да барам од дома. Фала му на тоа школо плата ми стигаше и плус и тргав на страна. Си имам пари на сметка. Е на овие овде тоа им е чудно. Сметаат дека децата треба да бидат родители да се жртвуваат. Па колку ми е жал искрено за мм. Сам ми има кажувано буквално тој ги финансирал од 18 години. Наместо дете бил како родител.
    Ок е да дадеш одреден износ месечно дома ајде за сметки и храна. Ама цела плата?
    Моја плата никад нема да видат, тој филм у моето кино не. Јас ќе рмбам на работа за друг да ми раководи со парите. Богами не сум ментално заостаната.
    А нивново опкружување е такво колку пати некои нивни гости и ксжуваат детето ми дава мене 20000 и другите 20 000 за себе. Ама што ќе му се 20 000, треба поише да ми дава.
    Си мислам овие сите чудаци се. Моето опкружување баш напротив спротивно беше од тоа. Моите другарки исто како мене тоа што заработуваа си чуваа за себе, сами си раководеа со платата.
    И кога ќе начнеа ваква тема дури непријатно ми паѓало зошто ете тие си имаат некои такви сфаќања ,па дури мене ми паѓаше непријатно сигурно очекуваа и од мене нешто од платата.
    И мм од кога почна да им дава само одреден износ па вие не знаете што драми има од тогаш за парите. Нон стоп за платата го испрашува свеки мм колку зел, ако купиме нешто одма колку коштало... и упорно му збореше малце и давал и кажа мм толку више ќе добивате таа пак истото па истото на крај се помири. Дури и Своите деца ги гледа како долари, и после ми збори за мајчинство.
    Ова мене никако не ми е сфатливо, зошто и јас сум сега мајка.
     
    На Trupko, *Amethyst*, Mnik и 8 други им се допаѓа ова.