Чекај малку, јас не сфаќам. Вие живеете во ист стан, они сметки плаќаат,.па затоа пари и дава маж ти на свекрва ти?
Јас сфатив дека порано давал пари, и ги издржувал неговите со негова плата. Е за сега како е, не разбрав ни јас, ама секако ако се живее во заедница сметките треба да се плаќаат по пола, како и купувањето на храната.
Ние требаше да се одделиме ама јас останав без работа, кога ми заврши породилното. Да не должам. Претходно таа нон стоп им ги земала платите на сите, и си давала откази. Фактички знаела дека ќе ја финансира некој. Нон стоп маани на работното место. На мм му ја бараа цела плата.. Си имавме планови со мм па сплет на околности многу планови ни пропаднаа. Сега гледам дека едно планираш друго излегува. И кога се роди ќерка ми мм почна да им остава пола плата. И таа не сакаше да прифати туку сеуште сакаше цела плата а за ќерка ми да си трошиме од мојата заштеда. Не сакам да откривам премногу детали таа зема и од друга страна пари. Нормално ќе даде мм за сметки или за храна пари ама таа е ненаситна ги сака сите пари.
Ајхахахахахај, да и дава мм цела плата? Мало сутра! Ни пола, не па цела. Ако е така тогаш и јас да давам пола плата на моите? Дали се нормални луѓево бре? Аууу, страшно, у кој век живеат?! И само пола за сметки да си давате, каква пола плата бре, нека се гони таму, денар плус нема да види.
Хаха да бе неа цела плата сака. Уште цитирам рекла не се за жалење имаат пари. Оваа сака мм да оди на работа за неа да ја финансира. Ајде велам нека им дава толку пошто ајде јас моментално сум невработена па да не слушнам некој коментар. Многу градинката ме кочи, прва прилика штом најдам работа си одиме под кирија. Мм и на нив им го кажа тоа. Па паѓаа во несвест како внуката ќе растела без нив хахах
За што ја бара цела/ пола плата? Ако сметките се заеднички, храната заедничка, би рекла дека е во ред. Но, ако сами си плаќате сметки, плус купувате храна, зошто маж ти и остава пола плата? Кирија?
@Erika.greeneyes шо збориш ти??? Ауу која токсичност човече, добро како издржува маж ти па и вие со нив? Ова родители ли се или искористувачи, што е работава?
Ненормална работа е ова. Али види, не е она крива, него зашто вака ја имаат научено, принцеза да биде буквално и да искористува луѓе и тоа свои луѓе, свое дете. Неам коментар. Требал до сеа веќе да и го покаже местото. И како вака заеднички буџет исто ми е чудно. Не ви е лесно вас ама ич со неа.
Нема потреба да и се остава плата, што вие,, глупи" сте па не знаете да собирате и делите, а таа паметница. И јас сум за сметки делење во заедница, ама сметки на маса секој месец, пари на маса пола пола,храна со список од дома и после фискалната на пола, или наизменично пазарување. Нема што да и оставате пари.
Види мм зема добра плата, им остава нив договорениот износ. Тие си плаќаат сметки и за дома храна. Ние со остатокот од платата од мм си трошиме за нас и за ќерка ни, пошто тие за ќерка ни апсолутно ништо не купуваат.
Кога некој е во заедница најмногу им одговара на старите пола пола за храна, пример сакаат прасиња, телиња, месишта, а младите ни четвртина од тоа не го јадат.
Да ама искрено поедноставно е вака, одредениот износ од наша страна и толку. Инаку храна често се пазари сега ако нон стоп ги делиме фискалните на пола премногу ситничарење ми делува тоа.
Нели знаеше со каква фамилија си имаш работа? Ова не е нормално. Патологија е. А маж ти при своја фамилија да им остава пола плата?
Искрено не знаев. Пошто не ни планиравме да живееме со нив. Не ме ни интересирале како си функционирале дома. А и тие размислувања нема да ти ги кажат од одма нели на почеток се мед и млеко Мм оставаше пола плата, ама пишав и погоре веќе си остава одреден износ, заради тоа што и ние тука јадеме и живееме.
Не биле само овие моиве зинат газ за пари. Свекоров зема убава пензија млад е отиден во пензија со бенифициран, плус работи. Свекрвица исто зема добра плата. И пак цело време кукаат како немаат. Му кукаат на деверов и овој наивен им дава. До толку се стиснати, скржави да свекрвава буквално слепа ќе останеше на едното око од перде и катаракта за 1000 евра. Чекаше термин државно фати короната и нели немаше операции, буквално последен момент фати да почекала уште месец ќе ослепела. Отиде приватно и се утепаа од кукање како ќе платат, а без проблем можат.. Случајно на свекоров му видов ( он сам ми кажа, земав пари да дадам) оставени во неговата штедна книшка дека има скоро 20.000 евра заштеда. И Свекрвче слепа ќе останеше за 1000 евра.
Ама штом се такви поарно ситначерење. Со нормални луге човек се разбира ама штом се вакви, а секако и вие си знаете дали стигнуват парите па полесно ви е така. До денар човек не може да изедначи ама само така ма ред ќе се научат.
Не знам што да кажам, не сум живеела во заедница па да солам памет, блиски мои седат, ги потпомагаат родителите ама и младите сакаат да учествуваат барем во храна. Инаку секакви има и млади и стари. Возрасни ми се жалат дека децата т.е синот и снаата прават големи сметки за струја кои притоа имаат пари а не сакат да учествуваат. И ова ми е ненормално. Ретко кај нас да зема некој поголема пензија. Мене жал би ми било моите да ми плаќаат сметки, јас да имам пари а тие да се стискаат. Ќе мора да сум емотивно инвалида, нешто да ми фали во глава за ова да си го дозволам. Па и да им претекува моја обврска е да си плаќам трошоците кога веќе сум во заедница или кога сум вработена.