Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    Цели пензии што им останува по купувањето лекови трошат за дома. Ништо не оставаат на страна за нив. Глупо е да грешам душа и да велам дека се ние помируваме. Тие тел домашен и вода. Ние плакаме струја, интернет. Оставаме на страна за дете секако. Фала богу мм има убава плата. И ситуацијата ќе биде уште подобра се надевам сега и јас кога ќе се вработам. Камо среќа секогаш да се има. А пак кога имаш глупо е да не им помогнеш ако им затреба. И пак ќе кажам ќе се помогне колку се може, не да се финансираат комплетно. Прво нашата куќа,па колку има и ако има нешто за нив, ако треба. Може нема ни да треба,ќе видиме допрва кога ќе се преселат.
    Јас инсистирав струјата да ја плаќаме ние зошто јас сум таа која не дозволува бојлерот да биде без топла вода. Тие уклучуваа на ефтина струја, пеглаа на ефтина струја. Баш го гледаа тоа. Ама со дете работите се поинаку. Пеглам кога можам, готвам кога можам. А топла вода мора да се има во секој момент, се извалкало, се искакало до гуша итн итн.
     
    На SanMichel, Трагедијаупмм, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    10.385
    Пол:
    Женски
    Со 300 е да платеш сметки, храна и терапија? Како е можно?
    Не се смеам, сериозно прашувам. Моите беа еден период со терапии, сега се со витамини само, 300 евра е гладен човек да седи, можеби некогаш со другите цени, со овие цени страшно станува.
    Основни работи не можат со овие пари да се купат, мислам дека ваква скапотија никогаш не е имало.
     
    На happygirl, Dentina, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    Вистина ваква скапотија никогаш не е имало. Ова е страшно со цениве
     
    На SanMichel, Трагедијаупмм, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.375
    Допаѓања:
    10.385
    Пол:
    Женски
    Ајде ние младите ќе се снаогаме ако треба и по две работи ќе работиме, како што и повеќето правиме, ама што да прават пензионерите, стари со мали пензии и изнемоштени?
    И да не ги помага човек, како ќе оставиш така гладни да седат?
    Верувам дека постојат родители што не заслужиле, ама па и тогаш како ќе го гледам јас да јадам тој да гладува, не знам не можам во глава ова да го склопам. Најголем страв имам од сиромаштија :|
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    За мене родители што не заслужуваат да им се даде се тие што родиле со цел децата да ги гледаат и им велат должни сте да го правите тоа.
    Тоа е цело време муабетот. Ама вака како нашава ситуација не гледам причина да не им се помогне АКО ЗАТРЕБА. Тие не бараат и нема да побараат. Ама мм ако сака да им дава нема да го сопрам
     
    На SanMichel, Трагедијаупмм, Dentina и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    Па затоа. За што друго? Деца раѓаме исклучиво за баби и дедовци, никако поради наша желба, никако за нас, само за нив уште еден роб да им слугува. Боже сачувај.
     
    На JustBeautiful, Zumbulche, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.783
    Допаѓања:
    35.410
    Пол:
    Женски
    Се уште има родители со такви размислувања. Ама не сите ги чуваат децата подеднакво. Да се фер спрема маж ми, би помогнала. Ама да им дава маж ми пари или да им ја среди куќата за девер ми да си ја земе на готово, нема шанси. Нема вложување во тоа што нема да му припадне.
     
    На Feminka22, Zumbulche, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.669
    Пол:
    Женски
    Е баш ова, токму ова се очекуваше од мене. Не сакам да мислам што ќе беше да бев некоја помека. Свекор ми стар бил веќе, кај можел да мие тањири или да пушти машина, ама затоа за да иде мортус пијам 2 дена но неделата, не е стар.
    Најново сега од манипулаторската игра на свеки и е, мм да ја носи сегде. Почна суптилно, ама јас одма ја сфатив. Еднаш неможел свекор ми да ја носи на лекар, ај мм ја однесе. Сега за на пазарење да дојдела со нас, кај можела него да го натера демек. А стално си одат, туку сега така и' одговара. Мм и' рече дојди со нас де, нема проблем. И после му продолжува со муабетот, дај однеси ме му вика до Битола кај тој и тој доктор, не можам да се молам со татко ти.(facepalm)
    и мм може не сфати точно што се труди женава да наметне како нова навика, ама му беше малтретирање, и' вика нека те однесе де, одете, остај ме мене. И вчера кога излеговме да пазариме, ја гледам лута седи во двор и јас намерно и' викам "е ти сега не идеш?" ми вика "син ми не ми рече ништо, не знаев дека ќе одите, си има автобуси, ќе си отидам", а жената на прсти се брои кај одела со автобус, стално со кола оди со свекор ми. :rofl: Мм имаше заборавено изгледа, јас не му спомнав после ништо, ми е гајле.:rofl:
    не знам и нема да знам, од каде им е таа потреба да му се товар некому, под изговор стари сме. Како наоѓаат задоволство и убавина во тоа некој да ги тинтра ко да се мали деца, а се здрави и прави. Комплексите нивни, нас да ни ги префрлат сакаат.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Lisandra и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.076
    Допаѓања:
    7.580
    Пол:
    Женски
    Некогаш раѓале за да им работат на нивите, сега (за бизнис) за да ги финансираат. Е се надевам дека нашите генерации во иднина ќе ги поправиме овие грешки. И нема да направиме децата да се чувствуваат дека ни должат.
    Ама искрено којзнае дали ќе биде така, единствено тука на форумот што гледам посовремени мислења. Во реалноста ги има застапено и кај младите, тие некои конзервативни сфаќања. Па се чудам како бе а млади ќе речеш. Еве од мм другари, колеги, фамилија општо, жените им се со такви размислувања, не само за деца и за свекор/свекрва и за односот со мажот. Којзнае што се зборат за мене зошто само јас сум со поинаков став од нивниот.
     
    На Zumbulche, *Amethyst*, Mnik и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    32.952
    Пол:
    Женски
    И јас познавам млади со старомодни сфаќања, кажуваат како синот, т.е. снаата е должна да ги дочува.
    А зошто не ќерката и зетот?
    Па и на форумов тука скокаа некои како таа куќа е и на золвата, таа израснала во таа куќа, епа ако е нејзина куќата зошто кога ќе дојде се однесува како гостинка?

    Навистина не ми е јасно.
    Штом е нејзина куќата нека си ги служи таа гостите кои патем се и нејзини роднини, не на снаата.

    Кога станува збор за чистење, пречекување гости, снаата е домаќинка, а ќерката гостинка, ама за нешто друго кога се работи обратно е.
     
    Последна измена: 5 јуни 2024
    На Zumbulche, *Amethyst*, Ceneva и 7 други им се допаѓа ова.
  11. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    6.175
    И моите свекор и свекрва толку некаде земаат пензии.
    Нашите плати не се кој знае колку големи.
    Со две мали деца сме.
    Ние да ги плаќаме сите сметки никогаш не би излегле на крај. И така крајот на месецот едвај го издржуваме.
    Кратиш од каде можеш и од каде не можеш. Ама тоа е.
     
    На Mumoftwo30, Erika.greeneyes, anggell и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.796
    Допаѓања:
    2.831
    Пол:
    Женски
    Јас се си мислам ни дава за после да си бара од нас нешто, сто пати и се рекло чувај си ги ќе ти требат, имам јас за вас нека има, ама чекај сега шо ко ќе си ги потрошиш тие шо си ги чуваш и ти затребаат за нешто пари, кој сака да и плаќа или кои и се очекувањата, догледување? Па не иди во предвид, да беше некоја поасална жена мене не ми е проблем и сега со нас да живее ама толку клета и токсична еве не знам кој би се нафатил да ја гледа...
    Знајте некој човек шо не можете да го сварите ни 5 мин. Ќе те отруе со негативност ете таква е.
    И кога зборуваат за догледување и како треба на старост старите да не ги оставиш, се разбира си гледаат од нивна точка нормално секој домашните си ги познава најдобро шо можи, ама на друг да му се прават паметни како требало и шо требало мало сутра, ела па живеј со нашиве види како е само еден час помини со нив па кажи.
    И јас знам како треба но старите си го преживеале животот на некој начин, треба и ние да си го живееме кога сме во најдобрите години.
     
    На *Amethyst*, Erika.greeneyes, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.796
    Допаѓања:
    2.831
    Пол:
    Женски
    И кај нас е почната играва со носење наваму натаму, ко да нема такси бог да чува|(
     
    На Erika.greeneyes, Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  14. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    4.742
    Пол:
    Женски
    Ако двајцата, и синот и ќерката доаѓаат на гости, не живеат со родителите треба зетот или снаата да одлучуваат на кого ќе падне куќата? Не е таа одлука ни на синот и ќерката, туку на родителите. И правилно е имот да се дели на онолку деца колку што имаш. Освен ако некој од браќата или сестрите не се откаже од свој дел поради договор дека оној што ќе остане ќе ги чува родителите. Инаку, таа куќа би припаѓала на децата. Јас би го делела мојот имот без разлика колку деца ќе имам, еднакво. И без разлика дали ќе остане некој со мене да живее, пак би делела на две, три, четири...

    Снаата може исто да се однесува како гостин ако не се нејзини гости. А ако не живееш во таа куќа, зошто би се однесувала како домаќинка? Сите имаме избор да правиме што ни се допаѓа или не ни се допаѓа. Да живеам со свекор и свекрва, они да пречекуваат гости, јас ќе си излезам. Не се мои гости и крај. Ако викнам мои гости, свекрвата може нозете у вис да си ги крене или подобро, да си оди кај комшиките на кафе и оговарање. Што најлошо ќе се случи ако снаата не чисти, тера домаќинлук, за туѓи гости? Ќе се испокара со мажот? Ќе му се плукнам на таков лигуш, ќе си одам кај моите, барем нема да трпам тортура од сенилни лица и глуп маж.

    Се комплицира, таму кај што не е комплицирано. Тоа е одговорот.
     
    На butterfly6223, Mumoftwo30, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.346
    Допаѓања:
    32.952
    Пол:
    Женски
    Доста драматизирање и контрање.
    Општо кажав, аман веќе со таа куќа/имот, нека си го носат.
    Еее да не можеш да напишеш мислење, а да не скокнат светиците.
    Си имам јас куќа од моите, не се секирај за мене.
    Не приметуваш дека по сите теми се контраш?
    Едит:ако ми треба адвокат, ќе те побарам. :D
     
    Последна измена: 5 јуни 2024
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  16. unearthlysarah

    unearthlysarah Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    5.244
    Пол:
    Женски
    Леле со муабетиве ме потсетивте на моите. Секој денар потрошен на мене низ нос изваден. Памтам пред да дипломирам се преселив кај мм (тогаш дечко) и ми рекоа ете ние ти плаќавме факултет ти под туѓ кров ќе дипломираш :rofl: Или сега брзо откако почина баба ми, куќата во село празна и реновирана, им побарав клуч за детево да поспие саат-два таму денската дремка зошто шетавме во тој предел. Татко ми ми рече ако ќе ти дадам клуч ама само кафе да си напраите и крпа да си земете за масата надвор да ја забришете и на тераса да седите. Као не сум вложила јас ич таму за реновирање па ни внукот нема да си го примат да преспие. Ужас невиден.
    А свекрва ми последниот залак да и е мене ќе ми го даде, а не па на син и или на внучето.
    Вака сеа коа го напишав ова уште толку ми се згади.
     
    На Mumoftwo30, Joanna28, Luminary и 7 други им се допаѓа ова.
  17. BellaBibi

    BellaBibi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    4.674
    Допаѓања:
    14.762
    Пол:
    Женски
    Е ова кога од сопствен родител ќе добиеш ваков коментар… Имам една ваква во фамилија, ми се гади од неа некогаш со вакви размислувања.
     
    На Mumoftwo30, unearthlysarah, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.076
    Допаѓања:
    7.580
    Пол:
    Женски
    Не знам за тебе ама јас обично само од жени вака имам слушнато да си признаат отворено и за своите, поточно за нивните негативни карактеристики.
    Машкиот пол иако свесни се, ретко да признаат, обично гледаат да ги оправдаат.
     
    На winnie02, Mumoftwo30, unearthlysarah и 9 други им се допаѓа ова.
  19. TinnaMinna

    TinnaMinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    393
    Пол:
    Женски
    Син ми има 21 месец,и сега пак сум бремена
    Свекрва ми прееска му вика ај ќе видиш уште малце кога ќе дојде бебето мама ќе те отфрли тебе
    Сигурно кога ќе дојдам од болница ќе и речам еве имам друго не ми треба тоа земи си го(facepalm)
    А уште еден коментар вика ставите го бебето в креветче и шишето млеко (да не цицало) таа ќе ми каже:rofl:
     
    На 1209, Mumoftwo30, snegulka445 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.215
    Допаѓања:
    7.331
    Пол:
    Женски
    Дали беее.... Боже господе каде забегуваат стариве. И ти што и рече на тоа. Немој да ми речиш дека поќуте.

    Еднаш свекрва ми му вели на син ми не тоа мама не дава. И одма и се подадов. Тоа и ти не треба да даваш, не само мама и немој да слушнам уште еднаш таков муабет и да ме правите лоша во приказната. Ми се извини, го рекла без да размисли.

    Немојте да дозволувате да ве прават лоши пред децата, како да сте дежурно плашило
     
    На 1209, Mumoftwo30, Luna91 и 7 други им се допаѓа ова.