Да посакаме на некој зло тоа зборува многу за нас. Каква е таква е, мајка е на мм. Не ми се нашле никогаш, на дистанца сум со нив, културен муабет на неколку месеци да видат внуче и тоа е. Кога и да пробат да се мешаат во старт ги сечам, ниту барам од нив ниту сакам. Нека се радуваат на внуче кога можат, сепак се баба и дедо иако скоро секогаш кога и да се видеме границите поминуваат, ама човек на нивни години не се менува. Знам дека за нив сум најлошата снаа, пред се сум лоша затоа што помош не сакам, со тоа ги одбивам од секакво мешање, и што со нив немам седено никогаш повеќе од неколку часа, ниту живеено под ист покрив.
Исто и јас! Како што пиша, посакувам да си живеат заедно со свекорот, и имам емоции баш, не ни е туѓинец таа жена, сепак ја сакам и не посакувам зло, и да има причина ние пак си простуваме, добра душа има иако на јазик знае мн да каже, доста е попустлива и не е инат воопшто, лутината брзо ќе и помине, поише маж ми со неа се замерува него ли јас. Јас си терам раат и не се замарам, секако и одделно си живееме, ги чува децата понекогаш додека сме на работа, им прави ручек, добро ги гледа и ги чува, се грижи за нив. Така да, го делам истото мислење со тебе.
А да си жива и здрава, не можам да го разберам овој револт и агресија према живо суштество, башка живо суштество чива крв тече низ вените на моето дете и од чиви гени е излезен човекот кого сум го избрала за животен сопатник. Да се разбереме, не сме во вечна љубов со свекрва ми, имаме несогласувања нормално, ко што викате повеќето сигурно не сум и снаа по ќеиф иако вика дека е задоволна со мене, но доволно е да и кажам дека не се согласувам, сум си го кажала моето мислење и тоа е тоа. Проблем немате со свекрвите, имате со мажите кои не застануваат на ваша страна и крај!
И јас ја сакав на некој начин се додека не видов како една мајка сака да го уништи синот, буквално. Да баталам останатите сопки што му ги правеше, да збориме за бракот. Ми кажува лаги во име на маж ми, тој рече вака и вака, а не е вистина. Ми кажува дека му дала пари (20к€), а не е вистина итн. Значи збориме за лаги кои можат да му стават крај на нашиот брак. И ќе ми рече некој мајка е, не може да му мисли лошо. Е како да речам дека е така? И татко му исти к*рац ама мајка да ти го прави тоа? МАЈКА значи го носела 9 месеци во неа, го родила, од неа излегол. Никако не можам да прифатам и сфатам. Плус, се тоа го правеше додека јас и маж ми бевме разделени од наши бубачки, после две неуспешни бремености. Прв пат осетив толкава омраза кон некого, кон жена, кон мајка. Сеедно ми е дали утре ќе умре или ќе живее 150 години. Може за нијанса повеќе би сакала да живее за да види какви грешки правела, ако може да види воопшто.
Мене многу ме нервираат кога ќе кажат "мајка ти мисли добро, не може да ти наштети", аха сигурно дека не може, познавам многу такви мајки што им наштетиле на сопствените деца, и тоа намерно. А тие свекрви што мислат дека со тоа што прават такви лоши работи, ќе и наштетат на снаата, се лажат, со тоа му наштетуваат на синот.
А бре 30 години сум каква снаа, глеам се нервираш,не е убаво. А веќе ако немаш излез има една жена у кавадарци и даваш 200 денара и она се нервира за тебе ако сакаш да барам бројче
Течела иста крв, па мајка била та не знам ти што била Знаете колку треба за да му дојдете на некој да сака да ве нема? Знаете што значи некој да ви посакува само лошо и во се да бара сплетки, секој празник да ви го прави пекол, секое сабајле намуртена да те гледа? Не знаете, затоа со тие муабети сте. Око нема да ми трепне да и се случи нешто! До тој степен успеала да ми се згади. Кажав што кажав!
Мојава бекога се спремам за излагање за било каде од глава до пети ме гледа цело времеко прв пат да ме гледа а 4 години веќе ме гледа
Ама ти и маж ти сте се опаметиле и маж ти излегол паметен, значи она може и од земја да се тресне, исто и е. Замисли и мти да бил со лев памет па да тргнел да се кара со тебе за мајка му... Ако е свекрвата злобна, мажот треба да е свесен и да знае да ја стави на место, или скроз на страна ако не се става веќе на место. За животинче не сакам да го снема (освен за комарците и пајаците по дома) а камоли за друг човек. Тоа малку покажува други лични фрустрации ама вие си знаете. Не дозволувам да ме допре нејзината злоба и крај. Пробала и мојата со глупи коментари, како ме има извреѓано пред луѓе, пред нејзини роднини, пред мм, ама и двајцата сме ја искулирале после и сфатила кај и е грешката, ако и мм и рекол Да мајко, во право си, не е она мајка дека не родила природно, требало да умре ама да раѓа природно, тогаш ќе сум имала проблем, а тој ладнокрвно и рече Понекогаш стварно не знаеш што збориш, срамота е за возрасна жена! И толку, крај на муабетот. Јас пак си ја имам почитта бидејќи увидела дека погрешила и се сменила, таа пак се однесува подобро од секој нејзин коментар. И јас не сум цвеќе за мирисање, нема да ми е сеедно да каже за мене некој утре задутре Што не ја снема! Не знам зошто мислите дека вие сте сите безгрешни.
Тоа и јас го велам, нека се живи и здрави, само нека не замараат. И со тоа "па родители сме, како така" ако им каже нешто мм, па и снаата има родители, како тие само да се родители и како синот да има фамилија (брат, сестра, тетки, стринки, вујни), снаите од небо се паднати, без фамилија. Па кај со потесниот круг од фамилијата, па и со пошироката фамилија снаата треба да седи и да им слугува (ова така си замислуваат, ама кај некои снаи тешко тоа). Јас мислам дека обично во помалите градови вака сакаат, снаата да им слугува и на нив, и кога ќе им дојдат нивни гости, еве не знам, ама кај мајка ми во околина вакви работи не сум слушнала, тука и комшии и роднини се такви, ама кога се работи за други снаи, а кога се работи за ќерките "пу, пу не важи". Пишав за минатиот викенд што искоментира зетот, дека јас треба да станам да донесам некој ако побара нешто, патем нивни гости и кај нив дојдени. Овој викенд па комшиите, обично не одиме секој викенд, ама сега така ни испадна, нешто ми падна од тераса и се симнав доле да го земам, и дојдоа едни комшии, и надвор седнаа, свекор ми викна по свекрва ми да донесе чаши и комшикава 50 +, значи не е многу стара, се врти накај мене и ми вели "ти за што си". А јас стоев, си го земав тоа што ми падна, не ни седнав, дојдоа, се поздравив и два реда муабет стоејќи. На тоа и одговорив "не се мешам во туѓа кујна, кога доаѓа некој кај мене и мои гости јас сама си спремам", и си отидов горе. А ќерките нивни живеат во странство, доаѓаат два пати во годината, ама си направија посебно спрат за тие две недели што се тука да не седат со свекрвите, ама затоа за другите снаи знаат да кажат како треба, и ќерките нивни се снаи, па нека слугуваат.
Далеку сум од безгрешна ама сум нормална. Далеку од тоа и дека посакувам смрт ама сеедно ми е. Маж ми самиот кажува дека многу подобро ќе поминел во животот да ги немал, значи збориме за екстрем, а не за глупи коментари што ги имаат сите родители.