До човекот е ане, ти глеај ти да си се слагаш со мажот а свекрвата шо зборе од едното уво влева од другото излегува и ич да не му се секираш.
А бе тоа е точно, ама што има па поширока фамилија и комшии да се мешаат во туѓ двор, не дека им се замарам во последно време, ете им кажав што имав и си отидов. Муабетот ми беше дека се уште имаат такви сфаќања, дека снаата треба да служи, а истите тие свекрви не живееле со нивните свекрви тоа време, а не па сега.
Никој никого немора да служи, од почит едно кафе да свариш и добар ден добро утро. И колку повеќе си викаш аха аха и си прајш по твое толку полесно ќе поминуваш. Тебе ти е битно дома да немаш проблеми а старите нека си бркаат работа
Чекајте малце има и од тие шо ни внучето не си го сакаат, мислам дете мало ама шо прајме муабет, вампирка.
Aбе пишав, според мојата јас сум немајка бидејќи сум родила царски и не сум го доела првото, кажано пред мм и пред роднина нејзина што жената не знаеше што ја снашло кај да погледне. Тогаш ти сестро слатка си на коњот, маж ти е цар и да си свиркаш! Пола и поише од жениве овде мака немаат со свекрвите, со мажите имаат. А да си жив и здрав! Требало на зетот да му речеш А зетко овде во своја куќа е жена ти, не ја, а не личи при домаќинка ја да се мешам. И се вртиш на страна и со прости луѓе прост муабет ќе тераш. Комшиите не ти се фактор да им се замараш.
Ама сакав свекрва, да се покаравме, да седневме кафе да испиеме, да кукам од син и и она да го кара, да ми причува дете, да одиме на викенд, да одиме на шопинг, да гледаме филм, да им поддадам вода и апчиња на старост. Се сакав ама судбината друго сакала. Ми иде дури да се премажам и да барам нова свекрва А маж ми кутриот, да не си му во кожа. Гледам дека не му е сеедно за се што го снајде. Не сака некои работи баш да им ги каже како што треба и како што се. Снашка си кажа и во негово име некои работи па ми рекоа јас сум сакала да ги скарам Ма ич не ми чуе, нека кажат и нека прават што сакаат, само очи да не ми ги видат зошто ќе има по портали "Семејна драма во скопската населба Аеродром" Му кажав и на маж ми да ги предупреди, ако некогаш ме сретнат да не ми се обраќаат, да не биде после нисам знала. Срам ми е за ова што ќе го пишам ама сакам да сум искрена. Ради нив дознав дека можам некои работи да ги помислам и направам, а пред тоа не ми биле на памет. Пример: Имам голема почит општо кон сите родители и постари ама најозбилно неа би и ѕвекнала една шамарчина пуна онака да ја превртам.
Ти потребала свекрвата да одиш секаде со неа, кога тогаш ќе ти префрли за нешто, многу блискост со свекрва не чини, само на дистанца најубаво, добро утро/ден, ако не заслужиле ни толку. И јас сум за тоа да нема кавги, ама па не сакам ни блискост, општ муабет само и толку. Колку и да бидат блиски снаата и свекрвата еден ден ќе прекипи. Ние и со мајките ќе се скараме, ама друго е со мајка, простува, свекрва ќе памти и ќе префрли, истото важи и за синот, што и да им каже или да му кажат ќе си простат, ама на снаата да и префрлат ќе памти и тешко да им прости, затоа некој баланс од двете страни треба, ако не се разбрани, на игнор, па тие нека се нервираат, тоа повеќе ги нервира.
Е заради ова ја имаш почитта. Кај мене уште толку контра оди па после еден месец и ќе ме начека на само и ќе се дере оти сум (сме ) ја понижиле пред роднината... замерува на дете. Го вика гомно,мајка ти ли те учи тоа (се што нема да и се допаѓа кај ќерка ми). Ми рекла на секое разболување дека јас ја разболувам намерно. Не дека сакам да умре ,ама не ни дека немам проколнато,особено кога ќе е болна и ми префрла дека јас сум ја разболела. Но од друга страна кога се разболе син и баш ради овие работи беше скаран со неа и не сакаше да ја носи на лекар па ја трчав.
Јас на најголемиот душман, не му посакивам лошо, а многу лошо ми направиле многу луѓе, па нека се живи и здрави што подалеку од мене. Не можам да замислам за било кого да цркне, да умре, или било што, едноставно јас не сум таков човек, за мене е тоа злобно, јас си терам свој пат, тој што греши има Господ, мене доволно добра ми подарува, благодарна сум. Од мене злобна мисла за било кој да цркне или умре, немало и нема ни да има.
Како сакате, ама душите си ги труете со црнила за непотребни работи. Клетви и лоши мисли се враќаат на своја глава, јас не можам со мајка ми никако да се разберам, она многу колне. Кога ќе ја слушнам На најмилото... нешто во мене се буди да ја продрмам онака јако, зошто и на нас на најмилото ни се има вратено еднаш.
Значи јас што органски не можев да го поднесам мојот родител -татко и што и дур беше жив си викав кога ќе умре веќе, пишете ме во најголема грешница, за на клада да ме запалите, ама ако одиш наоколу манипулираш, малтретираш фамилија, ретко кој би посакал да поживееш. Толку.
Не сме ние тие кои што треба да кажуваме или одлучуваме кој кога да умре, подалеку од такви луѓе, па и татко да ти е, што подалеку, па нека си живее колку сака, јас мојата психа и тело, да си ги полнам со токсини, не фала. Кој сака нека биде, нема да ме интересира повеќе, ама не можам да замислам да умре некој, едноставно не можам. И јас сум имала многу лоши искуства со секакви личности, јас не сум посакала зло, ама Господ доволно им вратил.
Јас не одлучив кога треба да умре. Едноставно посакував да го нема повеќе меѓу живи поради неговата себичност и злоба. Потребата да се прави проблем од се, потребата да е стално во центар на внимание и потребата секогаш секој убав момент да се уништи. Јас се тргнав, ама мајка ми? Познавајќи покрај каков човек ја оставив сама, душа ме болеше. Проба и да се разведе, дедо ми ја бркаше да си оди, проба да најде стан под кирија, со тие финансии што располагаше немаше шанси, башка што во меѓувреме он ја малтретираше, молеше, па бркаше, па така во круг, а куќата во која живееја, денар он немаше вложено. Му викаше да ја продадат, да си купат двајцата свое и се закануваше ќе ја запалел, купи и бензин. И? Вака или онака немаше избор се врати дома, ама што викаш Господ после неколку месеци му врати. До душа како верник знам дека Господ простува, не казнува, ама добро. Ако не сте доживеале траума во животот, ама зборам за квалитетна траума не можете ни да претпоставите како се осеќа една личност. Замисли каков живот треба да не му пружиш на едно дете кое си го создал да сака да не постоиш веќе. Ќе земам пример на жртва која е силувана од родител, прашај како се осеќа спрема тој родител и што мисли. Едноставно имаш личности кои не оставаат никој на раат освен мртви кога ќе се. И тоа е тоа. Мои чувства, мое мислење. Изгледа и на Господ му дојде преку глава, па му рече доста е веќе.
Можеш да кажеш на друг што значи малтретирање од родител, многу ми е криво што и ти си поминала низ истото, јас сум дете од дисфункционално семејство, сега го нема и не сум на чисто со емоциите, ама ми фали фигурата татко кога беше добар, кога не пиеше, ама таткото кој пијан ми се закануваше дека ќе ме убие ќе ме одлежи не ми недостасува воопшто. Умре 1г после најлошата наша караница, му реков Следно ќе ти дојдам на гроб. Отидов многу пред тоа зошто ми се јави да ме моли, не пиеше веќе ама умираше. И не посакав никогаш да умре туку му реков дека татко веќе немам. Не можам да посакам да умре некој зошто се плашам од карма и од тоа некој мене да ми го посака истото.
Се те разбирам, доста сум емпатична личност, па така за мајка би ми било уште повеќе жал, би си ја земала кај мене, едноставно нема да имам контакт со таква особа што е само татко на лист хартија, ама јас пак ќе кажам не можам да замислам да умре и цркне, и готово, не можам, тоа ми е премногу гневно и злобно, излегува како ти да му посакуваш исто злоба како он тебе што ти сторил, јас не знам колку си верник и како си, ама како викаат: "кој по тебе со камења, ти по него со леб" доволно ни е омраза и злоба во светов, лично јас, имам доживеано доста трауми за мои 30 години, затоа психички опадната сум уште од 30 год. Секому неговиот проблем му е најтежок и најстрашен...
Ако заслужам нека ми посака. Ти си имала нездрав татко на моменти, мене дома не ми се влегуваше од што не знаев на што ќе налетам. За свадбата на брат ми, не беше он во центар на внимание, напрви глупост, ќе погиневме ради неговата себичност. За мојата исто, само без мене. Купив кола, 3 месеци бесен и нервозен како сум имала пари да купам кола, а не сум сакала него да му дадам 1000 еур за некаков си квар, дома и прозор искрши, па како што и ја имаше ослабено психата на мајка ми, се крена кредит за него, ела прашај ме за што ги потроши парите, никој не знае. На неколку пати ни исклучуваа струја, зошто мајка ми со една плата не можеше да постигне се, мајмунот си палеше кола и да го нема, демек работеше таксист, денар дома не носеше. Мајка ми да моли, да коли пари од ваму пари од таму за да плати долг. Она излези на работа, овој врати си се после 2 саати, лежи цел ден. Лихвари ни дојдоа дома куќата да ни ја гледаат, сакаа да ни ја земат, а зошто? Од каприците на татко ми да возел подобра кола. Место да го стегне газот и да заработи, он сакаше се на готово. Редовно на крај на месец, имаше голема расправија со фрлање со кршење, намерно за да му се плашиме, он да лежи до плата на мајка ми, ние за леб да трпиме. Ќе си излезеше, ќе свртеше некој круг, најаден си идеше дома. На сопственото дете да му скокнеш да го давиш. Мајка ми криеше пари од него за да ни купи алишта. Криеше пари од него за да плати сметки, инаку и ги земаше и ги трошеше. За ова ми треба, за она ѓи треба. Не сакам да се навраќам на повеќе. Фала Богу што го нема. Не дека не ми е криво чат пат, ама на сите ни е многу поубав животот одкога го нема.
Немав ни тогаш услови, а ни сега да ја земам мајка ми кај мене. Јас сум далеку, поради таквиот живот, се молев што подалеку да сум од дома. Не очекувам некој да ме разбере. Секакви не' има. Јас не можам да одредам како ќе се осеќам. Посилно е од мене.