Секој со својата мака,не сте биле во кожа на @Mnik за да сватите како им е на жртвите,дека секоја приказна е различна. На секое влегување дома да се плашиш да не те убие сопствениот татко алхохоличар и кој ти го прави твојот дом каде треба да си најсигурен, пекол.Лесно е да се каже ќе ја земам мајка ми,а доколку немаш услови за себе и својата фамилија каде ќе ја однесеш.И да посакала нешто во кое верува дека ќе е спасот за сите,не направила ништо со кое би му го загрозила животот,напротив тоа го добила од негова страна. На крај насилниците ќе излезат жртви,по се во светот јасно е дека не секој родител заслужува почит и љубов,правењето дете не те прави родител ,има многу коцки сложувалката.
О колку сум имала дома ситуации еден тон како на Мник... Ооооо... Секој ден пекол. Во 30г дали 3 биле мирни. Мајка ми уште отплаќа кредити негови.
Искрено ,дали некогаш во толку ситуации не си ли помислила колко е подобро без такви луѓе,не ми е целта да нападнам некој,се ставам во ваша ситуација и јас како по инплусивен карактер сешто би помислила за таков родител.Различни сме и на свој начин поднесуваме стрес.Сакав да кажам дека не ја осудувам членката макар тоа и да е против мои морални и христијански вредности,бидејќи јас таа која живеела со прекрасен татко не знам како е да се тресеш при секое влегување дома, да ти е страв за својот и животот на твојата мајка,наместо да добиеш прегратка се гушиш во анксиозност. Од многу такви луѓе кои имаат подлабоки проблеми ,страдаат невини,и жално е дека на крај ќе одлежат 7 год и ќе испаднат со сменет идентитет. Забегав од темата.Да си збориме за свекрвите
Во ред е сето тоа, ама не значи дека и јас треба да размислувам исто ко тебе. Исто ко мм што вика за свекор ми "ќе умре негде ко куче" или "кога ќе го здрви мозочен удар, ич нема да го погледнам", така и јас сум викала за татко ми. Особено е во право мм зошто не знам колку пати е правен муабетот со него и тој по старо си тера со алкохолот. Пред некој ден камен пијан беше, падна во двор, свекрва ми викаше по мм да дојдел да го кренеле, мм не се помести од креветов. Си го викна внук и' што многу ги сака, си го кренаа. И нејзе мм и' има зборено, она уште го брани. Чим така, справувај си се сама. И така. 300 луѓе, 300 карактери. Си стојам позади тоа дека ако упорно им го се**ш животот на најблиските, најдобро е да те нема. Толку.
Јас да бев ќе им упатев само поглед и така насмеана ќе ги гледав во очи дур да им падне незгодно и ќе си отидев. Некои коментари не заслужуваат ништо повеќе.
Не се правдај секунда за тоа што го мислиш за татко ти, се согласувам дека такви особи се само терет и мака за блиските. Само ти си знаеш како ти било, а тие трауми си траат бааги време и не заздравува се само затоа што го нема човекот. Татко што ремети фамилија, намерно, наместо да му е свето и да им биде заштитник, заслужува се најлошо. Едно е ти ако сакаш да си најдеш мир и да не си ставаш црни мисли за са ти е полесно, но апсолутно нема ништо погрешно во тоа што си мислела тогаш или уште го мислиш сега.
Некои луѓе се толку лоши и сурови, шо ни своите дома не си ги сакаат, ни блиските ни никој, епа кога се решени да му го прават животот пекол на другите тие нека горат. Не само трпи и трпи. Кога некој не само шо помислил туку и отворено му прави штета на другиот, без обзир јас треба да се чувствувам лошо ако помислам? Како велат лошото мора да се истера од овај свет, на овај или онај начин. Кога не може со добро со лошо нека биди. Жал мие шо сте поминале низ ова...
Двојно убиство во Кратово: Жена ги избодела сопругот и свекорот | Сител Телевизија (sitel.com.mk) Свекрвата му рекла на свекорот да појде да ги викне доле ТАА да ги воспитала. Сега свекрвата плаче кој ќе ја чувал... Кој знае жената низ каков хорор поминала во животот!
"Ова семејство не е непознато за службите. Уште од 2019 година има хроника на поплаки и пријави меѓу свекрвата, мажот и неговата сопруга." 2024 сме. Што седела таму? Ставам се на к*рац и си одам очи да не им видам никад.
Свекрвава не плаче за синот и внуците, плаче за себе. Во целиот овој хаос кој им се случил, таа си мисли за себе.
Прашај што е со полицијава и институцииве што ништо немаат превземено после нејзините пријави? Има разни причини зошто би останала, на пр.: Маж и' и е закануван дека нема да и' дозволи да ги земе децата; Немала услови и доволно финансиски средства за да живее под кирија; Било какви други закани; Страв; итн. И немој сега да речеш нема туку така да му дозволат да и' ги земе децата, кога тоа дебилите од полиција никако не и' дале надеж дека ќе ја заштитат, па да се осеќа сигурно за да оди на следен чекор. Секакви мажи има, може и е закануван и со убиство.
Извинете ама јас пак за свекрвата, оваа плаче сега кој ќе ја чувал! Не плаче за внуци, за син, за маж, не за трагедијата во најблиското семејство: КОЈ ЌЕ ЈА ЧУВАЛ НЕА!
Па ги има такви. Комшиката ја обвинува снаа и дека поради неа синот отишол во друга држава. И збори насекаде. А тоа што се ужас , не е битно.
Малку да се насмееме. Мислам дека многу од нас ќе ја пронајдеме свекрвата во фризурава https://www.facebook.com/share/r/nJVZjVaNL6GVDdHU/?mibextid=YA1HMP
Случајот на жената од Кратово е за жал реалност која многу жени во Македонија ја живеат. Неизбежен е моментот, куќа на два спрата, горниот "подарен" на снаата. А цената која цел живот ќе треба да ја плаќа е постојано незадоволната и увредена крока одоздоле која мора да ги има сите конци во раце и да ги контролира или како што таа сама кажа "превоспитува" малите деца горе. Је**м ти и спрат и таков живот во кој ти никогаш не можеш да бидеш ти, слободен и свој да правиш што сакаш без да имаш нечии злобни очи на тебе цело време. Ретки се македонските мачо мажи кои при спрат дома ќе се одлучат да излезат да створат нешто свое далеку од скутачот на мамичка. Тие таквите никогаш не разграничуваат помеѓу семејството со мајка и татко и тоа што сами го создале. Не верувам дека е од лесно направено тоа што таа жена се осудила да направи, но сепак голема грешка направила со тој потег. Ај што не мислела на себе, не мислела прво на децата кои сега тетка ќе ги гледа (се кладам дека се работи за сестра на таткото). Дека се нема пари и услови за да го треснеш тој таков шупак со мајка му да си остане не е повеќе изговор. Дури и во Источна Македонија не е веќе толку тешко работа да се најде, а како што слушам веќе и платите се доста подобри. А посебно не за млад човек на 30+ години. Ако треба во шивална од утро до мрак ќе шијам ама не дозволувам некоја си крока да се изживува врз мене.
Според мене за вакви работи највеќе се виновни мајките на жените. Не одам подалеку мајка ми секогаш ни велеше ,,гледајте кај се мажите еднаш ко ке излезите нема назад,, Сега уште и се жали малку сум одела а штоо имам аверзија спрема се што е таму... И од други причини не можел никој да ме разбере....