Досега со свекрва ми с енемавме налутено , но изгледа некој не урочил. Требаше да правам сок од цвекло морков лимон и крушки но бидејки немав време тој ден за сокот и реков ако сака да ги измели и да им додаде 1 кг шекер и 1 л вода. Но како и секогаш таа не ме послушала наместо по рецептот мој таа прашала пријателка како да го направи. И наместо 1,5 цвекло 1,5 лимон 1,5 морков 5 круши 1 кг шекер и 1 л вода таа ставила цвекло и морков колку што треба а лимони само 4 и 2 кг шекер и 8 л вода а круши воопшто не ставила. Кога се вративме од пат со мм таа ми кажува што направила и јас и велам „Па добро јас ти реков како да го направиш ако не си знаела зошто си го почнала„ Оваа а тоа ми одговори „Едвај ги сомелев рацете ме доболеа а ти мана наогаш„ . И велам „Па ако не си можела зошто почна ке си го направев јас„ . Овааа не одговори ништо се смршти. Утре дента го процедила сокот и го собрала во шишинја и кога го проба вели „Леле како можеш ова да го пиеш нема фкус на ништо и многу благ сум го напраила„ Јас се насмеав и и велам „Е свекрво свекрво да ме послушаше сега сокот ке имаше фкус на круши и лимон немаше да е толку благ а и прозирен„ Оваа се смршти и веке 4 дена не зборува со мене . хахахаха а досега се немавме скарано .
И мојава да не е пријателка со вашите? Исто како Лолите, не можам јас кафе да се напијам со другарки зошто мора да ги чувам или пак ќе седне со нас колку муабети да слуша Сега пред некое време имавме другари на гости и као она и мајка ми ќе ги чуваат децата(и тоа идеја на мајка ми, она не сакаше) ние да се релаксираме со друштво малку. Не бре луѓе, мајка ми вика го зела свеки бебево во скут го СЕДНАЛА и гледела серии и нормално бебево почнало да плаче и ми го донесе мене, еве го плаче не можам да го смирам ... И ај ние со мм ги успиваме децата, она седнала на маса со друштвово наше тера муабети А кај било кој пријатели кога одиме баба и дедо одма ги презимаат децата, за да мама и тато можат едно кафе на раат да испијат. Инаку вака имавме неколку поголеми караници и сега знаеме да се срчкаме но не како претходно. Порано повеќе избувнував а сега колку можам ставам на игнор, зошто сепак еве сега ептен ми се наоѓа за децава. Заморна е на моменти, ама сигурно и јас на неа сум и па ме трпи. Си има свои мани кои ме вадат од такт, но јбг во заедница така е ...
Леле свекрва ми со пиштол да ја тераш не сака да седи, на мм именден славевме си отидоа со свекорот кај татко и си седеа, се врати касното, ми помогна да исчистиме да не легнеме во растурено и ко да не било ништо. Многу е фина за тоа, не можам да речам ништо
Идната свекрва, пример како јас никогаш не би се понашала со детето. Син и е, па што треба титула да и дадеме како тоа да и е најголемиот успех што го постигнала. Не ги разбирам тие што со детето се понашаат како сo 10 годишно,но исто не ги разбирам и синовите што дозволуваат до тој степен да се кoнсултираат за било што со "мамичка" Не можам да сфатам како еден "зрел' маж кој ме воодушевил со неговите ставови и интелигенција може да биде толку зависен од мама. Жената само брбља по цел ден,се интересира за се во неговиот приватен живот,не му дава слобода дури на вечер кога збори по телефон,прашува колку коштале подарците што ми ги купил..за роденден да не праиме муабет ми честита преку него,а патем праша колку пари била тортата што ми ја купил замислете Ма да ми е мене ваква жена-мајка би и покажала веднаш кај и е место ,јас што сум женско па не дозволувам мајка ми да ми се меша за било што а не пак возрасен МАЖ. За 25 години од брак мојот ги прати на патување 7 дена надвор од земјава и башка други подароци, наместо на тој убав гест да се израдуваат посебно она,женава како воопшто да не беше изненадена ни фала не рече,а кога се врати на сите раскажа колку прекрасно си поминала освен на својот син кои и го плати патот и се останато.Него ни му се јави ни пак порака му пиша(бидејќи работи во друг град). Никогаш не сум му рекла ништо околку ова мислам дека би се налутел и веднаш би ја одбранил,па дури и би и кажал и тоа би довело до кавга, но нервите ми се при крај. Другото се е ок,постои љубов,почит и почит кон моите но сепак ова и не е така мал проблем .
Е ова беа мои зборови пред да се омажам И веројатно е само тоа што го постигнала во животот инаку цел живот била нечија сенка сега си вели како јас патев од мојот пати и ти Тоа се болести нажалост ..... -ниту јас единствено мислам дека станува збор за посесивност и бара таа внимание кое не и е дадено од нејзиниот маж-свекорот. Јас ќе додадам таа иако ја нервира снаата која еден ден може да и пукне филмот и да си замине,но таа двоструко може и повеке му наштетува на детето свое на својот син. Многу ретко има слога во фамилија снаа и свекрва....многу ретко но има и некои снаи кои тоа го прекриваат Еве еден пример -Долги години се во брак тој вели бев со мама и тато на езеро,а женати бе абак,детето каде беа тие? Дома -Истиот пар имаат синче 10 годишно,кога детето имаше 6 години таа остана бремена и неговите му кажуваат дека станот е мал и дека е подобро да абортира.....и женаму абортира бидејки неговите родители одлучија така.... Инаку жената е една наперната кога е на улица,вечито е сама а во своите 11 години брак ја носат само кога има свадби,и слични работи.... А,тој е типац кој без неговите да одлучат нема ни јадење дома да им однесе,така да треа да кажеме пу пу да не ти се погоди
И кај мојов дома се се чека од него..ако се расипе нешто не можат да го поправат(или не им се дава пари). Он се купува за јадење и дава пари иако таа работи ,сепак поголемиот дел он купува за јадење,за се,оставено на него.. ехх тешко на нас што имаме ваква среќа ама јас нема вечито да ќутам ќе разговарам со него фино лепо за после во брак да не си ја чукам главата. Добро викаш ваквите жени се исфрустрирани колку и да сакаат да го сокријат тоа,не успееале да бидат тоа што сакале да бидат па синот им е главната цел во животот
Колку што читам ти се уште не си во брак значи треба добро да размилиш во каква кука влегуваш не станува збор богати сиромаси....туку како им е режимот, кој доминира, Дали тој одлучува нешто сам или за се се консултира.... да бидеме искрени додека се дечко и девојка.... тоа неможе баш да се уочи бидејки те водат емоциите,но сепак од една страна тоа што тој купува не е нешто лошо значи одговорност,грижливост нели не може да не се грижи ако дома се слаби финансиски фер е и тој да помогне сега да не е надвор од границите....
Според моето искуство врска и брак се сосема два различни поими во стварноста. Јас имав со маж ми десет годишна врска и се беше мед и млеко , мислев дека имам совршена врска, летав во облаци, кроевме планови за иднината, одев кај него дома, неговите ме почитуваа и се беше во ред. Никогаш не добив впечаток дека маж ми е мамин син . Но уште кога се свршивме сите работи за миг се сменија, јас бев како во небрано, не очекував луѓево така да се однесуваат. Јас фактички немав право на глас во нивната куќа. Се што се купуваше за дома , одлучуваше мајка му а кога јас ќе купев од моја плата, ме караа зошто сум купувала, свекрвата требало. За се се консултираше маж ми со неа, првенствено поради нејзината упорност да биде вмешана во се што се однесува на нашиот живот. Се дрзнуваше да ми кажува некои работи, кои ми сметаа , а не смеев да се пожалам на неа, одма маж ми ке се скара со мене, па дури некогаш и ќе ме удреше. Многу пати се каев за се ама ништо не превземав, сега имаме детенце, и бракот ние е катастрофа благодарение на мајка му,која и со други сплетки ја уништи љубовта меѓу нас.
Потполно можам да те сватам во каква ситуација си. И јас и мм бевме во врска не многу долго но сепак добро се познававме исто како и ти не сватив дека е мамина маза. За се што треба да се купува бара дозвола од мајка му , ако на нејзе не и с едопадне не смее да се купи. Овде на форумов бев го напишала моето искуство за ваков проблем кога ме искритикуваа се налутив но сепак зедов совети и постапив онака како што ме советуваа и да не се заречам добро е сега. Разлика мегу мене и тебе е тоашто мојот сопруг рака нема кренато на мене. Еве да ти ги кажам советите што мене ми ги кажаа па ако успееш помогни си самата на себе. Ти веке имаш дете (јас сеусште го очекувам на пат е) , имаш и работа разговарај со маж ти за овој проблем ти си негова сопруга а не мајка му , крај на крај земи си го детето и пут под ноге ако е паметен ке свати кој повеке му треба ти и детето или таа негова мајка. Исто и мојата свекрва се мешаше во се дури замисли неколку пати ме праша дали сум имала секс со мм. Многу молчев се си ставав на срце ја оптеретував и мојата болна мајка со проблеми нореков ДОСТА. Сега на се што не ми се допага се спротиставувам си го ставам своето јас пред сите а н е како порано моето јас последно беше. Дури и мм ако ми рече зошто вака му се обракам со овие зборови „ЈАС ВО КУКАВА СУМ СОПРУГА И СНАА ИМАМ ПРАВО НА ГЛАС НЕ СУМ ДОЈДЕНА ОД УЛИЦА НЕКОЈ ДА МЕ ТРЕТИРА КАКО МУ ОДГОВАРА, НЕ СУМ СУВЕНИР НА КОЈ ОДВРЕМЕ НАВРЕМЕ КЕ МУ СЕ ОБРАТИ ВНИМАНИЕ А НИТИ СУМ КРАВА ЗА РАГАНЈЕ ДЕЦА ЗАТОА ЗАКУТИ НЕМОЖЕ СЕКОГАШ МАЈКА ТИ ДА Е ВО ПРАВО ЈАС СЕ ДА СУМ НА ПОСЛЕДНО МЕСТО. Или застани на моја страна или јас пут под ноге очи нема да му видиш на нероденово бебе„ Од тогаш мм секогаш е на моја страна. Немав денар во џеб да си купам корка леб, (бидејки штом завршив школо се омажив мм не ми дозволи да работам заработувал доволно за нас двајца)благодарение на мајка му која секој месец му ја зимаше платата. Се спротиставив му велам „што е ова зар јас без денар а таа ке раководи сои сите плати кој е овде твоја сопруга таа или јас од овој месец платата на моја рака„ и така и бидна сега платата ја остава кај мене 2 месеци по ред . Затоа драга спротистави се уценувај го речи му дека ке заминеш ако не се смени инаку душа ке ти вади свекрва ти а и тој штом веке рака кренал кај ти е крајот зарем ке дозволиш детето да ти расте во таква средина. СЕ ЛУТЕВ КОГА МЕ СОВЕТУВАА ФАНОВИТЕ ОВДЕ НА ФОРУМОВ НО СЕПАК ИМ БЛАГОДАРАМ НИВНИТЕ СОВЕТИ МИ ПОМОГНАА МНОГУ.
Се имам пробано и со арно и со лошо, веќе маж ми не можам да го препознаам. Ми викаше и да е крива мама , пак ќе молчиш , не ми кажувај ни мене ништо, мојот збор мора да биде последен а не твојот. Не ми го дава детето,не ми дава ни мене да си одам кога работите ќе излезат од контрола. После ќе се смириме, добро е, но кратко трае, и не знам која моја следна постапка нема да му смета. Се наоѓам во безизлезна состојба а најмногу ме боли кога ми вика на цел глас пред син ми а нема уште ни две години, а и соседите го слушаат. Сака да имаме уште едно дете, а не сака да се смени, морало јас да се сменам, па го прашувам до каде вака ќе тераме, и за него се ова е најнормално. Си спие без грижа на совест а јас живеам само за моето дете, мојот живот, моето сонце.
Па добро жено божија зарем и покрај с еимаш слила да останеш под ист покрив со нив? Твоите за овој проблем знаат? Не ти го давал детето па кога не е дома земи го не се само тие 5 минути мед и млеко па после пак иста песна котек викање понижувње.. зар тој со мајка му е оженет. Крај ан крај ако нема чаре биди цврста пријави го за семејно насилство така ке има забрана да ви се доближи на тебе и детето. Сепак си уште млада што ке биди ако свекрва ти оптегне живот уште колку ке трпиш понижувања, ќотек викања? Во иста ситуација и јас бев само ти реков разлика е во тоа што јас сеуште го немам родено детето и мм ме нема удрено. Недај боже тоа да се случи ке ме заборави и мене и детето можи ке ми се смее секој но ке го пријавам ке го лишувам од гледање со детето па нека му ја мисли кој е подраг жената и детето или мајка му која му се меша во бврак.
Еден пријател , многу повозрасен од мене, во една прилика ми го рече ова: -„ВО БРАК, НАЈЛЕСНО Е ДА СИ ГИ СПАКУВАШ КУФЕРИТЕ И ДА СИ ЗАМИНЕШ, АМА ТОА НЕ Е ЖИВОТОТ“. Најлесно е да си ги собереш стварите и детето и да си заминеш, ама допрва ќе дојде тешкиот период , посебно за детето.Мора да изнајдеш некој баланс...а набитно од се е првин да се одвоите од заедница, ако живеете заедно...незнам. И постепено ќе работиш и на себе и на него.И ти мора да се смениш, да бидеш „политичар“, иако не знам како е тоа...бидејќи и јас не сум таков тип....сепак мора да с еобидеш, а за второ мислам дека е подобро да почекаш, употреби некаква контрацепција , не мора маж ти да знае.....нели! Гледај да ги средиш работите, со многу многу трпение,бидејќи за секоја промена треба време!
Еве ги зборовите на мојата мајка и таа така велеше лесно е да си ги спакуваш куферите и да заминеш со детето и никогаш не не напуштила ја трпела баба ми и котекот од татко ми и шѓто добила со тоа само Болести на 24 години таа станала срцев болесник. Додека таа болна в постела лежела баба ми и викала „СТАНИ МОРИ КРАВО ДА ДАДЕ ГОСПОД ДА ПУКНИШ БЕЛ ДЕН ДА НЕ ВИДИШ„ . Додека со брат ми сме немале што да јадеме и сме биле извалкани нашата мајка неможела да ни даде да јадеме да не испере. Благодарение на тетка ми сестра на мајка ми ние не сме останале безкорка леб испрани сме биле. Татко ми исто како мажот на гоцевска ја тепал мајка ми баба ми ја слушал за се мајка ми право на глас немала . Но мајка ми биа цврста не зела мене и брат ми и отишла кај мајка и кога татко ми плачел за да не види нас мајка ми не му дозволила го натерала да избере мегу нов дом со неа и нас или сам со мајка му тогаш татко ми избрал нов дом со нас а баба ми ја оттргнал од животот. Затоа ја советувам гоцевска да го направи тоа бидејки оваа нејзиното само болести ке и донесе
Секоја индивидуа мора прво САМАТА СО СЕБЕ да разграничи за кои работи би правела компромиси и би „трпела“ одреден период во брак, па после да тргне по девизата „ВО БРАК, НАЈЛЕСНО Е ДА СИ ГИ СПАКУВАШ КУФЕРИТЕ И ДА СИ ЗАМИНЕШ, АМА ТОА НЕ Е ЖИВОТОТ“. Насилството не е едно од нив, никогаш!
Точно така, најлесно е да си заминам, можам уште сега, го земам детето после работа и си одам.Но, еве давам уште некоја шанса заради син ми оти е уште малечок, да видиме дали некои работи ќе се променат. Но ако веќе гледам дека работите ќе одат уште на полошо, не се плашам, си одам и крај, кога ќе ставам крај враќање назад нема. Се надевам дека кога син ми ќе почне наскоро да оди во градинка, оти сега свекрвата го чува, ќе се гледаме поретко и маж ми нема да е под нејзино влијание. Еднаш ја заслушнав како му зборува за мене, а не знаеја дека доаѓам , .............. ,,снаата после пак ке си измисли,,, замислете јас за неа измислувам и тоа му го кажува на маж ми, му го врте паметот како сака. Си ги крои сите работи како нејзе и одговараат и после ми прави проблеми во бракот, без да биде свесна дека и син го прави така несреќен. За тоа што ме удира, не е крив никој освен тој самиот, не му треба провокација за да ме удри, ни некоја голема грешка, само мое мислење кое не му одговара е доволно, и тука не знам како да се справам, освен да го оставам.
Најапсурден изговор за што двајца остануваа во брак е "заради децата". А не размислуваат дека со тоа и на децата им го упропастуваат животот.
Иста ситуација ја имала и мајка ми баба ми го набуцкувала за мам демек таа ја врегала нејзе демек таа измислува а на тато не му требало ништо повеке за да ја изнатепа и што сега еве ја мајка ми 43 години е 20 години е болна напади на вртоглавица срцеви маани проблеми со дишењето. Затоа така те советував за да не стигнеш до оваа дереџе како мајка ми. Па затоа и ја советувам така бидејки можам ДА И КАЖАМ КАКОВ ЖИВОТ ЈАС И БРАТ МИ ИМАВМЕ СЕ ДО ПТРЕД ДА СЕ ОМАЖАМ А БРАТ МИ УШТЕ ТРПИ ГРЕОТА. Наместо да размислува за женачка тој седи дома во 4 зидови затворен ја гледа мајка ми да не и биди нешто недај боже. Детето на гоцевска е сеуште мало па не разбира но каков стрес доживува ДАЛИ Е СВЕСНА ВООПШТО. секоја вечер со страв легнував рипав во креветот секој звук ме плашеше колку пати сме биле сведоци на насилство со брат ми сеусте ми е пред очи. Драга не го дозволувај тоа да го доживее и син ти. Мене не ми е ништо но барт ми доби мигрена во главата. Тоа што ке се поболиш ти е едно а плус и детето што ке се поболи.Дали размислуваш за тоа
Не само за удирањето, тој е крив и за сите други проблеми кои ја вклучуваат неговата мајка! Нејзината сила доаѓа од неговата слабост, од ништо друго. Ти не можеш да го исклучиш насилството од оговарањето со мајка му....тие работи одат заедно, и искрено, не знам дали тој, и да го тргнеш настрана од неа, нема пак да крени рака на тебе, зошто тоа реално нема врска со никој, освен со него самиот. Те разбирам дека ти треба време, сакаш да го задржиш семејството, сакаш детето да ти расте со мајка и татко што е и нормално и природно, ама ти не можеш да чекаш тој „мир“ да ти падне од небо. Не можеш да чекаш да и` здосади на мајка му за да ве остави на раат, или да умре за да се намали нејзиното влијание. Не можеш да се надеваш дека кога ќе тргне син ти во градинка нема многу да се меша, зошто тоа е како да чекаш да ти падне 7ца на лото, а ти не си ни уплатила ливче. Ти мораш, ако имаш желба за промени, да почнеш прво од себе, па да се насочиш, било тактички, било директно, кон мажот ти. Да пробаш да го извадиш од тој дом и да одите под кирија, или да одите во друга држава на печалба за подобра иднина за синот (супер изговор) - вакви потези значат дека не ти е сеедно, и нешто превземаш.....вака, да чекаш на свекрвата да и` клапне газот за да ти конечно проживееш ЖИВОТ, твој еден и единствен, е несфатливо. Знам дека е тешко, застрашувачко, огромна промена е, голема животна одлука, ама па не знам како не сфаќаш дека не се само траумите кои ТИ ги преживуваш и трпиш за фамилијата во ситуацијава...тоа дете утре ќе порасне во нечиј маж, го превземаш ли ризикот како мајка да му дадеш до знаење дека е ОК да се однесува вака кон сопствената жена и мајка на неговото дете?
Се сложувам со Моира ,ако имате услови за под кирија уште поубаво,или ако имате било каде да живеете само подалеку од стари,работите сами ќе се средат,како што велат старите трпение спасение,колку подалеку толку поубаво,и тој ќе се смири зошто некој што нон стоп му сее негативизам тоа му влегува и потсвесно,јас сум да се задржи семејството,е сега ако и кога ќе се иселите продолжи со истите фори твое е што ќе правиш,инаку треба ввреме да помине не месец не два ,туку може и година од кога ќе се преселите тој да се промени и да се сврте кон вас а не кон мајка му,е тука се ќе зависи од тебе како ќе се поставиш