Го има спасено светов од еден лудак. Еден насилник или можеби двајца, помалку. Она ќе излезе од зад решетки (ако воопшто лежи),ама тој гадот што мислел дека е Господ, ќе си седи стално на едно место и веќе не може да и' наштети. Поголема слобода од оваа, Амин. Не знаеме во каква ситуација била и дали баш така лесно без проблем, ќе можела да си живее раат на друга адреса. Замисли колку безнадежно треба да се осеќаш за да го направиш ова. Да имавме држава и помош од државата за вакви случаи, немало да дојде до тука.
Со такви насилници кои се закануваат по живот, не можеш само да се отселиш. Имаше случај каде мажот ја тепал, се иживљавал, оваа побарала развод и се отселила, ја начекал по улица негде, ја избодел со над 20 убоди. Жената во гроб, тој извадено ливче од лекар дека ментално не е добар, ни ден не поминал во затвор. Тој е ненормален секако, ама не на начин на кој си го спасил гзот ич да не лежи. Арно направила жената, се надевам ден нема да е во затвор. Нека скапата такви гниди, сигурно никој нема да ги жали.
Мајките само сум пишала а мислев родителите ,веројатно само мајките сум пишала бидејќи татко ми беше сосем друг и никогаш не би ми ни рекол такво нешто не па да го спроведе.
Родителите, зависи кој така се поставил.. Мене ми рекоа голема си си знаеш, ама и големите прават грешки.. Куќава наша е и твоја, секогаш. Ама па и нема секој каде да се врати... И што.. Земи гази го.. Не бе ѓубрето е криво.. И татко му.. И мајка му..
Се согласувам со сите шо пишавте, само мене ми е сега криво за децата, пишува кај тетката претставувам сестрата на мажот, да не му се понашаат нив, да не ги тепаат, за одмазда? со лудаци имаат работа..
Може нема да ги тепаат.. Ама ќе им полнат глава.. Мајка убиец и сл. Само се надевам на исход како кај Пале од Велес. Да си растат со мајка.
Како нема да ги тепаат, многу ќе кажат тие, ќе бидат многу сурови со нив, сепак мајката ги отепа братот, таткото, заслужено плус и бабата е жива. Под итно треба да ги земат од кај нив и мајката да ја пуштат.
Коса ми се крева од дешавкава.. Секој проблем шо сум го имала ми е како ништо.. Пак ќе кажам.. Народот најверојатно успеа за Пале да издејствува.. Да не се остави и оваа мајка сама..
Нема да ги тепаат, тетката е ок ( навреме избегала) Само и она е со три деца (или 4ри) едно поголемко и близнаци.
Мене ме интересира, зошто тетката и свекрвата ја имаат пријавувано снаата во полиција? Најголем жал имам само за децата, што растат во таква ненормална средина. Иначе во куќата изгледа дека секој е ненормален. Снаава ги пријавува нив, овие неа.
Имам таков случај во фамилија. Ама кај нас е обратно, женава ги малтретира и дете и маж. Маж и намерно не ја удира, не ја чепка, оваа го мава, удира, тој и' вика полиција, оваа во меѓувреме се самоповредува, вика брза помош. Oд луд, полуд. Ама овие од итнава одма ја приметија дека со нокти си ги има направено повредите, нема како маж и' да и ги направи. Нити него го жалам, нити неа. Двајцата се тачки на свој начин, ама чисто ти давам пример што прават. Во глобала е ти не' пријави нас, сега ние тебе. А дека пријавувала тетката, нигде немам прочитано, можда нешто имам пропуштено.
Да и свекрвата ја имаат скоцкано на тв, не е во добра психичка состојба оди и зборува. Снаата нешто и останало постпородилно. Навидум нормални, како им е било во домот они си знаат.
Да сум богат човек, голем дел од богатството ќе го дадам на жени од загрозени категории. Се ежам на секоја приказна.
Море ако ја малтретирал тој арно го снашло, се гледа по вампиркана што сорта се син и маж губи она рика кој ќе ја чувал. Сигурно и она и стариот биле олши ко синот, некој гледа горе и суди секој си добива што си заслужил. Жално е за децата само со таа траума и што ќе останат сами.
Ова исто како за свекор ми да си го напишала, секој ден беше пијан додека седевме таму, па и свекрва ми го брани. Неколку пати мене ми кажала како ноќеска му се слошило па сакала во 3 да не буди да сме го носеле во болница. А зошто, затоа што си пие? Ќе не вади од памет поради негово задоволство, ако му смета алкохолот нека не пие. Далеку од темава, ама не секогаш крушата под круша паѓа, еве мм не пие, мислам еве и двајцата си пиеме по една чашка за ручек, ама не да се опиеме и да не знаеме што збориме. Татко на свекор ми бил алкохоличар, и сите ги навредувал, исто како свекор ми. За разлика од нив еве чичко на мм (брат на свекор ми) воопшто не е таков, не пие, многу ретко, кога имаат гости за некој празник колку да наздрави, ама една чаша. Секогаш на мм му велам ти си на чичко ти повеќе во карактер, а братучед ти (син на чичко му) како татко ти. И двајцата се избувливи и навредуваат.
Можеби не можела да си отиде од таму, можеби и се заканувале со нешто, лесно е да се каже, само таа си знаела како и било.
Косата ми се ежи кога ќе прочитам некој да пише "шо курац седела тамо", како да не знаат каква е ситуацијата на жената во Мк. Неможе да ми влезе во мозокот дека некој до толку не е рашетан за да не знае зошто една жена неможе да го напушти насилникот.