И пријавување во полиција тука било џабе така да женски ако сте во опасност никако не викајте оти ако некој сака да ве убие/силува/ограби, не помага полиција. Оќе?
Имотот не прави разлика, ако некој сака да ти наштете и тамо ќе дојде ќе ти наштете. Битно е грб да имаш, другар, татко, брат, роднина.... или пари да имаш за да платиш да те чуват.
Не сфаќаш, што ќе ти се пари и имот ако ти немаш мир? Мене ми треба да си имам кров над глава, другото нека го носат со себе и да ми се подалеку. Не сакам да си имаме појди ми дојди ми. Тие нека си прават што сакаат јас не сакам многу контакти. Само службена комуникација.
У реду е Анушка, нема да бара золвата од твојот имот, смири се. И фала ти што и практично покажа дека на темава загриженоста за жените трае се додека не се појави можноста золвата да побара дел од имотот кој снаите си го перцепираат како свој.
Дадено и е на золва ми, не се секирај ти. Јас си имам доволно, и за тоа не се секирај. Имот- тоа е друга тема, поздравче.
А како да имаш заштита од таткото кога тој смета дека ти треба да се покориш на мажот и да ги оставиш братот и снаата да живеат на раат? Буквално... Те исфрла на улица. А и пријателите во денешно време се Во помалите места се смета за срамота ако не слушаш. И да те тепа мажот ти треба да молчиш, затоа што тој е маж.
Свекрвата одамна е "убиена". Се обеси жената, не се шегувам, одамна било, во куќата нова уште кога ја правеле. Да не одам офф топик.
Може човек да плаче без солзи, иако не ја набљудував толку во видеото. Постојат дури медицински причини специфични за постари луѓе. Ај фејкува старата за син, бог да чува. Да беше снаата, да разберам, ама сопствено дете. Те молам, не влагај толку во некој психо филм.
Па затоа викам дека кај нас е крив системот. Прво, државата не те штити, второ- кај сите владее патријахатот. И нема да се опраиме, џабе е. Нека гледат како да избегаат шо побрзо од бедната ни државичка.
Золвата на Ањушка е родена под среќна звезда. А и искрено, многу полесно е да контролираш мажи кога нема друга змија да ги манипулира.
Богами сите ги исконтролира таа. Мажот и го скара со сите (татко, брат и сестра), и си ужива. Е сега проба и братот и снаата (мене), ама тешко и оди тоа. И се падна "лоша" снаа. Лошо време ме зафана, од лоша снаа...
И снаата на жената убиец е родена под среќна ѕвезда. Золва и не и земала соба плус внуците нема да и доаѓаат да и сметаат во "нејзината" куќа, тоа е најбитно.