Сега го видов цитатот. Епа како не го поттикнала бе? Ти да имаш дома, син што тепа и брка снаа, ќе му држиш грб или ќе бидеш човек, да дадеш поддршка на тепаниот. Или ќе си свиркаш- ако, така треба, муж и жена- ќе се степаат ќе се смират.Па од камен да си, ќе пукнеш, да си таа снаа.
Седиме со маж ми на една прослава. Јас му искоментирав за пијачките. Еден од дечките што седеше од другата страна на масата му вика на маж ми - На мене Х така да ми рече, ќе ја здробам од ќотек пред сите. Ние сите вакви После извесно време тие двајца се земаа. Да го оставеше тогаш, немаше сега он да ја малтретира. Тој е таков затоа што мајка му била малтретирана од татко му и од баба му. Девојката ми кажуваше дека свекрва и тој период имала и психички проблеми како последица од малтретирањето. Таа има кај да оди, ама не сака затоа што тој има пари.
Ај прочитај го тоа што го има споделено @Feminka22 Колку сака да е мал град или не знам што тоа не ја оправдува вештеркана која за да ја тепа снаата не била инвалид. Има многу жени кој трпеле насилство од своите мажи па не ги учеле синовите исто да прават или после да им се истураат на снаитe, бидејќи виделе како е на своја кожа. Така да вампиркава ја стигна казната.
Зошто можеби ако се меша старата и таа ќе биде тепана. Полуинвалид не стануваш оти животот арно те третирал. Фактички имаш два типа на жртви. Едни што им прекипува и убиваат во самоодбрана и уште едни што ќутат и сметаат дека така треба да биде во еден брак. Барем јас гледам на ситуацијава вака. Можеби грешам.
Ама без разлика дали ќе помогнело или не, муабетот е да не го продолжуваме ланецот на оставање имот на синот и таквото на ќерката. На оваа не ѝ помогнало, на друга ќе помогне. Дека не му земаш на братот, туку од родителите. Дека она "имот не е побитен од братот" е чиста манипулација. Дека со тоа што ќе биде секоја третирана еднаква со братот, макар и на една да помогнеш е успех.
Јас знам случај на мајка што си го пратила синот во институција. Значи, ако е опасен по околина- во институција му е местото. Или не знаеме и институции дека постојат? Не знам, мене не ми е нормално тоа, премолчување и поддржување насилство врз жена. Лексичка анализа на изјавата направив погоре.
Ваљда тоа била мајка чив разум не и го земал некој претходно. Оти здраворазумен човек, кој е пораснат со љубов, а не насилство, ќе постапи исто како и таа што ја опиша. Да имам такво дете, јас прва во полиција ќе го пријавам, ама јас знам за подобро. Тоа ти кажувам цело време.
Не треба да учиш дете со зборови да стане насилник, воопшто не треба, доволно е само да гледа како таткото ја тепа својата мајка. Уште повеќе самото учи, кога мајката останува во бракот и во својот неразвиен мозок си создава слика дека колку повеќе тепа, идната негова жена, повеќе ќе го сака. Не правдам постапки, гледам од трета страна, зошто некој станува насилник.
Како бе што ќе и е имот и како ќе и помогнел?! Знаеме ли овде дека женава имала имот и поддршка од нејзините? Не знаеме! Јас се кладам дека немала поддршка од родителите или барем не доволна, бидејќи сигурно немало да ја остават да го трпи говедово со години. Родители кои си го сакаат и штитат детето никогаш нема да дозволат да го малтретира и да се изживува некој врз него. Така што... Тука гарант е случај на типично (за жал) македонско семејство: Ти си го бираше... не се враќај срамота е... кај ќе доаѓаш кај брат ти... ќути и трпи има и полошо... и слични бисери. Можете до утре да разглабате дека џабе е имот, муабетите ви се плитки и проѕирни. Пошо ако е така, зошто зимате имот од кај мажот? Нели џабе е? Оставете го тогаш нека се шират тоа караконџулите од сестри
За снаата зборам. Ама има една баба што кажала "братот еднаш дели, а сестрата цел живот". Ова за од на мажот страната.
Најдобро е секој сам свое да си купи и крај, да нема делби. Пишуваа родителите не се должни ништо да му дадат на синот, ама затоа за ќерките се должни. Двојни аршини.