Јас викам машкото да се избрка на улица, па то је муж ќе се снајде. А на сестрите имотот да останува.
Не се работи за имотот. Таа сакала одамна да си замини за Скопје,но не и ги давал децата, го пријавувала во полиција но пријавите исчезнувале, не можела да замини без децата,еве како шо читам ја избркал од дома и спие надвор, се враќа повторно заради страв за животот на нејзините деца.
И кога старите ќе неможат да не ги догледува снаата, туку ќерката и зетот. Така може. Едит: така и мој имот ќе и препишам на золвата. Ни стари, ни пари, ни имот не сакам во наследство.
Да не дае господ да дое ден некој да те гледа. И син и снаа и ќерка ќе бидеш изгледан и тоа како Пушти некоа пара накај мене мори
Опасни се некои луѓе, како можи да влијае на полицијата некој алкохоличар и тепач на жени, кој е тој некој фактор. Натепај жена, деца удри со тоа пендракот. Ма дај, само се бранат насилници... Полицијата потфрлила во случајов тие се криви за убиствата.
Не бил битен имотот. Затоа утре ако ве избрка свекрвата од НЕЈЗИНА куќа, со прстот во уста ќе останете. Што мора кај неа да седите? Што ви е толку битен нејзиниот имот? И пред да ми се натопорите јер јас немажена, ако немам ни за едно киривче да платам, свекрвата па ич не треба да ме трпи. Јас ќе си трпам. Засекирани биле за жени, мај ес. Само кога тие жени сте вие.
Една тура си заминаа во Пензија, надојдоа коштаплери по метар и џилет. И градот пустелија стана, после 5-6 напладне жив човек нема да видиш. Еехх колку жалам за женчево и децата.
Па темата не беше за имот и дали ја избркала свекрвата. Е ок де, нека му ја мислат тие што немаат имот, многу си се засекирала некако. Со имот нејзин ептен ќе била заштитена со маж алкохоличар и психопат, ќе дошол и нејзините ќе ги убиел, и неа, и братот или сестрата ако имала. Имот та имот од прееска сте запнале. Останала поради страв на децата нешто да не им направи моронов алкохоличар. Знаеме колку татковци ги силувале и тепале ќерките. Сега не знам женава какви деца имала, и машки да биле можно е да им направел нешто, да ги претепа и слично. А од која куќа ќе брка свекрвата? Од имот на свекорот нејзин? Општо зборам. И свекрвите се дојдени во таа куќа.
Јас кажав поназад. Кај блиска џабе беше викање брза помош јер си отидоа, а она со инфаркт. Така да не викај ако ти бидне нешто, молим те, џабе ќе е.
Па еве синов насилник стананал од тоа, ама па и вештеркана како жена тоа го поддржува па и она ја тепала?! Што ако и е син ако гледа дека прави нешто што не е добро не значи дека по секоја цена треба да го брани. По предпоставка дека и она трпела насилство треба да знае како и е на таа жена, а не јас сум трпела нека трпи и она "удри сине она ќе ти враќа". Едит: Вампирката што кукаше кој ќе ја чувал, сигурно синот и мажот пијаници не и готвеле, чистеле и переле туку таа кутра жена, што со стапот ја удирала. Се надевам дека таа рака со која ја удирала и е фатена има Господ има карма се се враќа.
Татко ми пензиониран полицаец ми раскажува на времето една поврзана со семејно насилство. Се погодил на работа 93-94 некаде се јавила некоја женичка со плачење дека маж и ја тепал. Отишол тој службено овој спиел а женичката чекала надвор и биле некое посиромашно семејство уште вода дома во стомни си чувале и ретардираниот ја терал да ги држи стомните во раце додека спиел а ако се разбудел и ако видел дека не ги држи почнувал да ја тепа. И кажува татко ми му влевал дома го будам седнувам и и викам на женичката да направи едно кафе. Додека прави кафе му вика на овој трештениот да ги фати двете стомно во раце и да ги држе оти ако ги пушти ќе го снајде исто шо и жена му. Овој се преперка демек дома е неможе така па стариов зема му врзува две три вади пендрек и седнува и му вика фаќај ги стомните дигај рацете право и да ги држиш ако паднат знаеш шо следува. И си седнал стариот да си пие кафе овој држе држе колку и да држе ќе ги пуште, до пола кафе неможел веќе и стариот и рекол на женичката да излезе до надвор и да не се враќа додела не ја викне. Коа го грабнал здравјето му го земал го помодрел и болничка му викнал. Поминале 10 години и не го видел човекот уопште па случајно на некој пазар овој му пријдел и му рекол: шо сакаш да те частам за умот шо ми го даде таа вечер, па си имам уште жена и две деца. Поентата ми е системот се смени сега и да сакаат неможат да помогнат можат само казна да пишат а казната ќе влијае пак на проблеми дома… Треба системско менување на работите и жената да не зависи од мажот а двајцата да не зависат од родителите на едниот или на другиот.
Тој проблем е на мажот и жената нели создаваат семејство за себе, не мора ни да чекаат нешто од свекрва ако даде нешто даде, ништо насилно не со уцена и не по било која цена, проблемот е слабакот од маж во случајов кој не умее ништо освен силен е ко ќе тепа жена.
Оваа требало поодамничка да ја сместат некаде, ама кај нас нема институција кај што и тие пореметени психички некој ке ги собира.
Точно, помина тоа време. Да ти кажам јас случка од поновото време од една роднина полицаец. Се враќа покасно од работа типот, и пцуе, нервозен. Го прашувам шо е работа, ми вика "па ете, останавме до покасно, се јави една дека ја тепал мажот па мораше да отидеме и да ги смируваме, не се смируваа маме им ебем, он ја тепа, се дере.... едвај ги смиривме". Е така праат сега. Затоа ДА за убиство на свекори и мажи.
Епа тоа е, тогаш тепале, имало милиција, не полиција лигуши, затоа вака прават сега маживе, ќе ги држат неколку саати во станица и ќе ги пуштат, не смеат да ги удрат сега нежниве мажи, и дома кога ќе се вратат бетер лошо ќе се однесуваат со жените, никаков закон немаме, и да имаме, никој не го применува. Комшија постар човек си одлежа во затвор за ич ништо, кажуваше како го тепале во затвор, па главата во кофа со вода му ја ставале, и тоа демек го наместиле дека нешто украл на работа, а не па да тепа и малтретира жена и деца.
Проблемот е системски, наметнат од повисоко. Не е проблем да убиеш проблем е шо тоа не е решение, у глобала и со убиството кај тебе го бришеш ама во околината уште постои. Да сме салам државиче би било друго и би се гледало каде е причината и на кој начин да се запре ова. Вака ништо не прајме се зацрнува женичката децата и пак нема на долга стаза ефект дека нема да се најде некој нов ист таков. Исто е и со проблемите со свекрвите или бабите како и да е, неможноста да се одвоиш од нив прави проблем, истиот би се решил само со финансиска независност. Ама тоа е нашата земјичка уште долго вака ќе функционира
За вакви копилина само дерење и тепање од специјална единица, или па нека се тепа со мажи. Зеле ја тепале дома цела фамилија, како не му е срам да се засрамат. Само едно нешто ќе кажам тешко на луѓе и особено на жени вака... Колку и да не прифаќам дека е сеуште старомодно (пошо на некои гниди смрдени тоа му одговара) сепак е така, само полицијата се модернизира и не презема ништо околу вакви случаеви. Ова е еден од многуте случаеви каде потфрлиле институцииве..
Ова во Кратово е типичен пример за дисфункционално семејството и тоа како системов наш е катастрофа за вакви случаеви. А според видеото, бабата е забегана дефинитивно. Инаку на оваа Фросина Фро јас лично никогаш не и зимам здраво за готово, често пишува и невистини. Секоја приказна има две страни... Јас од блиски луѓе нивни од Кратово и комшии пак разбрав дека и жената-снаата имала психички проблеми веќе подолго време. Мажот работел три работи подолг период за да ја издржува фамилијата. Инаку фамилијата била (да не звучам лошо) така попримитивна, и необразовани луѓе. Сите со по некоја маана... А за мајката незнам што да кажам... Ама да ги убиеш пред очите на детето сопствено таткото и дедото, е нешто незамисливо за мене. Тие се трауми вечни за детето. Ако толку не и ги давал децата, земи ги со такси од школо и оди си во Скопје. Кај некој роднина, пријател сигурно можела да остане дури најде работа нешто. Пријави го во службите во Скопје, најми адвокат, позајми пари не знам... Вака сега децата останаа и без татко, и без мајка практично на кој знае колку време. Што мислела дека ќе се случи од кога ќе ги убие, не ми е јасно... Мислам дека децата сигурно ќе ги тераат да сведочат, и најточно кажат како и што биле дома работите...