1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Јас сум од Кратово и се чудам како успеала да ги тепа и да ги убие двајца волови едно мало суштество . Прво што си помислив на спиење дека било
     
    На Antebellum и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  2. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Кај прочита на некоја на последниве страни да не им е гајле за имот?
    Го извртевте муабетов, врска нема со тоа што е пишувано.
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Слободен човек е само финансиски независен човек, затоа и жената треба да биде финансиски независна. Имотот игра голема улога и кога родителот остава се на синот испаѓа дека воопшто не им е гајле за ќерка/ите. Но кога остава и на ќерките дава слика дека секогаш ќе му е грижа и за нив. Насилниците најчесто земаат жени кои се без заштита, без финансиска слобода и кои се немоќни, што подолго да се изживуваат и да ги уценуваат со деца бидејќи немаат финансии, немаат пријатели/врски за помош и што е најбитно немаш родител. Затоа се битни родителите и нивните размислувања и воспитувања кон децата. Имотот не е двигателот туку размислувањето на родителот кој со тоа докажува дека мисли на тебе, на твојата иднина па дури и на твоите деца на овој начин. Кога дава само на едното излегува дека другите се небитни. Јас неможам да замислам да оставам се на син ми, ни под разно.
    Во нашето општество е полесно да спечалиш и направиш имот како маж отколку како жена, затоа дури и наклонетоста ми е повеќе кон женски деца.
    И точно е дека насилството раѓа насилство.
    Во близок пример, мажот ја удрил жената.. слушнале неговите родители кои живееле под нив и кога се качиле му рекле веднаш да си оди, сопствените родители го избркаа а снаата и внучињата ги оставиа. Да биле и родителите негови насилници уште и би го оправдале и подучиле како треба со жена. Да е секој родител свесен многу работи би биле полесни за женските но и за машките. Не би биле воспитани дека маж е тој што знае да удри по маса а богами и по жена.
     
    На Maca Macka, winnie02, Nausicaa и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Не знам како во ваша околина се им оставале на синовите, а не на ќерките, во моја околина па обратно е.
    Јас знам и жени што имале имот па била малтретирани од мажите, и на крај со заканување од страна на мажите морале да си го продадат и својот имот затоа што мажот бил алкохоличар или коцкар.
    И каде да оди таа жена?
     
  5. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    Па нели ако она тепала а тој имал врски во полиција, шо не реагирала полицијата за да се заштитат, ајде во затвор и забрана за приближување земање деца. Ако било така..
    Но проблемот е што уствари таа е тепана, а тој сакал да се изживува на неа секој ден.
     
    На Mnik и Anyshka им се допаѓа ова.
  6. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.287
    Допаѓања:
    19.512
    Пол:
    Женски
    Вие што имате фб побарајте ја Tasevska Monik Monika и видете женава со што се соочува со години од својот бивши партнер. Со години пријавува и јавно пишува со докази ( писмени слики, докторски извештаји) насилникот уште си е на слобода....
     
    На Emy867, Gosh, LiquidLuna и 6 други им се допаѓа ова.
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    6.361
    Има во медицината/психологијата еден термин - фуга, или бегство каде свеста е стеснета.
    Тоа е со ограничено кратко траење, кога се случуваат најгрозоморните случаи вакви. Извршителот има целосна амнезија, и не размислува воопшто рационално. Дополнително, има огромен налив на адреналин и сила. Според нашиот закон, ако се докаже дека било така, можно е и воопшто да не одговара за стореното дејство. Туку да ја сместат во ментална институција. Вакви нешта се случуваат на луѓе со психички растројства. Јас мислам дека тоа е причината, што и дополнително се надоврзува на тоа дека и жената имала подолго време психички проблеми, како што кажуваат луѓе кои ги познаваат.

    Инаку реално, за жена од 50 кг е претешко да совлада двајца мажи кои цел живот физичка работа работат...
     
    На Трагедијаупмм, *Amethyst*, Malesia и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Тајланд? :D
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.741
    Допаѓања:
    2.771
    Пол:
    Женски
    Во моментот кога се случило убиството неа ја тепаат, телото и реагира умот не толку. Шо би правела ти ако некој те нападни, ќе се браниш нормално, ако не можеш со рака да вратиш ќе земеш нешто друго, доколку насилникот е посилен од тебе.
    Убиството не е планирано, па полесно ќе и било на спијање да го убие.
    Како шо пишуваа по медиуми ја давел во моментот...
     
    На Gosh, eliesaab, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Си налетала на домаќинска фамилија/околина. Веројатно и жените во твоја околина не се тепани...настрана од вакви спорадични примери што знаеш дека продале имот да го спасат од коцка или алкохол, бидејќи и тие жени што продале сигурно биле постара генерација и сигрно воспитани дека дека маж не се остава ни под разно и дека е срамота да се разведе.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.018
    Допаѓања:
    172.114
    Јас се надевам не е толку безизлезно. Не секој будала е толку будала да демне и убива откако ќе заминеш. Не секој будала што се заканува дека не дава деца, стварно нема да ги даде. Проблемот е што систем на поддршка или не постои, или не е познат- значи недостиг на информации.
    А за другарка ти, @Adidas мислам имаше проверен лек. Како бе така, не кажува за да не ги секира, а овој е дивјак? И, чаре? Како очекувате дека ќе заврши тоа?
     
    На Gosh, Трагедијаупмм, Adidas888 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Од помладата генерација познавам, од постарата не ни познавам некој да се коцкал за жената да мора да продаде и свој имот.
    Едит: епа нели од постарата генерација биле воспитани дека се се остава на братот, како би имале свој имот?
    Во тоа време и жените не работеле, со чест на исклучоци, ама повеќето не работеле.
    Моите баби работеле, ама има многу што мажите не им дозволувале тогаш, па и сега ги има заостанати.
     
    Последна измена: 17 јуни 2024
  13. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Можеби не ни имала брат, може била единствена наследничка итн, како би знаела јас, секаде и за се постојат исклучоци. Како што пиша @Biljarkata дека не е се толку безизлезно. Во толку ќе се најде некоја будала и ќе убие, но во повеќето случаи доколку жените се малку помоќни барем нема да трпат насилство и ќе излезат од тој магичен круг. Има и жени што и како деца биле малтретирани и потоа продолжуваат и понатаму да трпат, но дефинитивно се тргнува и завршува со семејството. Ретко во некое мочуриште ќе се најде по некој лотос во нашево државиче.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Не, имагинарниот свет на Анушка.
     
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Зборев за постарата генерација, не за случајов со жената.
     
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    Ајде бе.
    Многу сум ти трн во око. :*
    Ако де, анализирај ме ако немаш попаметна работа. :rofl:
    Барем од корист сум ти. :rofl:
    Што си се фатила за мене како слеп за стап?
    Муабетов е за случајов, не за мене.
     
  17. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    1.902
    Пол:
    Женски
    Па ти пишав за постарата генерација де.
    Изгледа осетлива тема ти е и сакаш да аргументираш нешто за што и баш не одат аргументите во прилог. Затоа би ја напуштила конверзацијата.
     
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Не ми паѓа на памет да те анализирам, не си ласкај дека си нешто посебна или мистериозна.
    Само смешна си и провидна со твоиве тврдења како ти не познаваш случај каде синот цело наследство го зел, напротив се ќерките земале.
    Смешна и проѕирна лага , најверојатно уште не можеш да се помириш дека золва ти си го земала делот од нејзините, се гледа дека те боли тоа, веројатно си го сметаше ти за твој тој дел па сега за возврат си измислуваш глупости во кои ни дете нема да поверува.
     
    На baby-star и eliesaab им се допаѓа ова.
  19. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    32.110
    Пол:
    Женски
    А зошто да ми е осетлива тема?
    Кажи ми за да знам.
    Човек ништо да не пише, скокате.
    Си го поврзувате тоа што ќе го напишеме дека нас тоа ни се случува.
    Ништо не ме погодува во последно време, имам многу посериозни работи од свекор и свекрва.
     
  20. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    9.661
    Пол:
    Женски
    Абе не е секој, ама добар дел се' такви. Пак ќе кажам, колку фемициди имаше само лани, само на Балканов, идиотиве земаат замав.
    За другарка ми, не знам искрено, јас и' понудив што можев, не прифаќа. Ништо демек да и пораснат деца, ќе бара развод. И тој ко овој силниов, не и' дава да си оди сосе деца, сама и' вика оди кај сакаш. А децата не и се толку големи, едното 7, другото 10. Иначе така размислува за своите, дека мирни, премирни луѓе и знае дека немаат начин да и' помогнат, освен да ја жалат. И тоа не е правилно, за мое дете жив ќе го искинам, ама 300 луѓе,300 карактери и тоа е.
     
    На Трагедијаупмм и Anyshka им се допаѓа ова.