1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    27.248
    Пол:
    Женски
    Золва ми не живее во Македонија, се пресели пред неколку месеци.
    Ништо не земала дел од кај нејзините затоа што и купиле куќа.
    Имотот си е решен, спратот е на мм и на мене, и нема што да објаснувам до детали тука, ама ајде да се смириш малку.
    А јас си имам имот и од моите, брат ми е починат, и нема со кого да делам.
    Ајде сега мирно спиј.
    Добра ноќ. :*
    Знаеш какви посериозни работи имам од имот?
    Не си свесна затоа вака коментираш.
    Да му се плукнам на имот ако немам на кого да го оставам (деца на пример).
    Е тоа ми е осетлива тема, а не свекор, свекрва, золва.
    Тоа ме боли, а не золвата дали ќе земела дел, многу ми е гајле.
     
    На Maca Macka, Zumbulche, Amore123 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.962
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав од официјалните податоци, свекрвата неа ја има пријавувано, не обратно. Зошто би пријавувала свекрвата, ако била таа што вршела насилство. Не значи дека Фросина Фро ако напише нешто, тоа е целата вистина. Секој ја пишува вистината како што на него му е прикажана и раскажана, ако кажуваат луѓето од страна на снаата, ќе кажат сите неа ја тепале, ако кажуваат луѓето од страна на свекрвата, и снаата тепала. Која е вистината? Ја знаеме? Многу веројатно дека не. Но, она што е достапно и проверено е дека свекрвата неа ја пријавувала со золвата. Епа тепан зошто би пријавувал ако тепа? Нема логика. Башка размисли колку и како би можела полуподвижна жена да те претепа. Особено здрава 36 годишна жена.

    Другото што сакам да ти го напишам. Ти така размислуваш затоа што си образована жена, со потекло од нормално семејство. Некој ти покажал што е добро што е лошо. Многу очекувања имаш од припрости луѓе, заглавени во камено доба. Ако само ти е прикажана лошата страна, растен си со насилство, не знам баш дали ќе мислиш дека има друго подобро. Ќе мислиш дека така треба. Лесно е да кажеш, ама јас вака би постапила. Не си на нејзино место и не знаеш таа со што се соочувала и станала таква каква што е. Како викаат, стар волк нови трикови не можеш да го научиш. И тебе утреден децата ќе ти кажуваат дека не си во право, што значи не дека не си во право, за твојата генерација и размислувања, ама има и друго право што е карактеристично за другата генерација што доаѓа.

    Генерално, целиот пост ти се претпоставки, те разбирам и зошто, но можеби и не е така. И Буревесник објави дека Тоше е жив, па треба да му веруваме?
     
  3. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    19.117
    Пол:
    Женски
    Кратово е мал град секој со секого се знае скоро, треба некој "неутрален да каже како било. Зошто секој ќе влече на своја страна. Ама пак и вакво убиство да извршиш сигурно не е од еден прекор и шамар, ова се години и години трпено насилство. И по коментариве на порталите има поделени но повеќето се дека снаава трпела насилство. Дека свекрвава со стапот ја тепала кога имала можност, снаава млада ама предпоставувам ако и вратела ќе ја истепал мажот и свекоров. Не ми иде една жена дома да тепа двајца мажи, повеќе ми личи на обратно но све бива. Се надевам дека ќе има фер истрага и судење и дека ќе се открие правата вистина.
     
    Последна измена: 17 јуни 2024
    На Gosh, mal.ecka, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Па на вести кажаа дека снаата од 2019 пријавувала насилство и од социјално им рекле не гледале потреба или како и да е конкретниот израз за они да дејствуваат. Не Фросина или некој друг.
     
    На Gosh, Lisandra, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    2.962
    Пол:
    Женски
    Не реков за снаата или негирав. Не знаеме која е вистината за свекрвата. Колку што пишува за снаата дека и претходно пријавувала, пишува и за неа. А тоа дека во мало место секакви муабети се вадат, а никој не е дома да види што конкретно се случувало е друго. Како и да е, снаата од една страна се спасила, но од друга страна, ќе лежи затвор, нема да ги гледа децата. А тие пак, се доделени на нивна фамилија. Се надевам ќе се истражи случајот како што треба и ако се увиди дека било самоодбрана, не треба ни ден да лежи, туку на слобода со децата.
     
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    3.885
    Допаѓања:
    7.254
    Пол:
    Женски
    Ова во Македонија се наоѓа?
    Како почна да опишуваш помислив дека за некоја странска држава се работи.
    Демек само во помалите градови не функционира законот. Скопјево цвеќе за мирисање.
     
    На Emy867, Anyshka и Mnik им се допаѓа ова.
  7. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Во ред, ама нели ти е реално малце чим одма излезе дека снаата пријавувала, ќе кажеа исто така дека и свекрвата пријавувала? Ова дека и свекрвата пријавувала не знам колку е веродостојно за верување.
     
    На Anyshka и Adidas888 им се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Да ја пуштат на тв снаата да каже шо и како трпела, секој ќе помислил дека си заслужиле, но влијанието на медиумите и те како е битно кога да замачкаат очи на народот, особено кога треба да се исклучи нешто многу битно во случајов како полицијата што не дејствувала на време и сето ова е нивна кривица и на социјалното.
    Медиумите се платени да пуштаат секакви информации, се само не вистината, и сега нормално снаата ќе се прави лошата.
    Јас пак велам дека ако таа била крива ќе дејствуваале совреме, ќе ја избркале, но кој ќе му прај измет тогаш, на кого ќе се истураат секој ден кој ќе му ги гледа децата, не е така лесно да се ослободиш од некој шо гледаш дека те трпи играта нека продолжи, така размислуваат нарцисите, тие жртвата не ја пуштаат да има нормален живот, туку сакат да ја мачат и да си трпи, па пак ќе се смират па пак ќе продолжат, шо е најбитно таа ќе биде кривата за се шо се случува, и за нивните постапки демек те истепав оти ти си го бараше и така во круг дури не излезат работите од контрола.
     
    На Gosh, mal.ecka, Erika.greeneyes и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    27.248
    Пол:
    Женски
    Некои намерно пријавуваат кога знаат дека ќе ги пријават, и демек еве први да пријават да испаднат насилниците жртви.
     
    На Gosh, SummerGirl, Erika.greeneyes и 5 други им се допаѓа ова.
  10. butterfly_91

    butterfly_91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2020
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Доволно беше да се слушне изјавата на бабата ,да се свати со каков профил на личности ,си имала работа жената.
    Таа била 50 кила,а тие двајца мажи грамади.Доволно зборува за целата ситуација.
    Буквално борба за живот, со долгорочно психолошко и физичко злоставување.
    Да ја испита бабава психијатар и снаата ќе се утврди ,кој е и што е.Старата да си има дијагноза.
     
    Последна измена: 17 јуни 2024
    На Gosh, st-el, Erika.greeneyes и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.322
    Пол:
    Женски
    Задолжителни испитувања треба да има. Еве и за мојава, се уплашила од случкава па како некое маче е. Не можам да ја препознаам. Па дури и на детето му вика (баба, мајка ти ми е како ќерка) :drunk:
     
    На Oneo, Joanna28, Gosh и 18 други им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    3.484
    Допаѓања:
    13.574
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Gosh, anngelique, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Realist1

    Realist1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Машки
    Ахахха плачам
    Снимајте ја изјавата и пуштајте ја дома на секои 4 саата да врти на телевизор. Има сите да си предат ко мачиња :D
     
    На Joanna28, Gosh, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  14. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    789
    Допаѓања:
    464


    :sweat::sweat::sweat::sweat::sweat:После оваа во Кратово , ќе нема кој да се жали од свекрви , сите ќе си седат мирни од страв.
     
    На Gosh, mal.ecka, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  15. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    19.117
    Пол:
    Женски
    Богами ова да не "повлече нога" скраја да е па да земат снаиве сила и да слушаме по тв вакви вести. Шала на страна.. не е тоа решение во никој случај но за жал институциите се глуви за жалбите и наместо да ги заштитат жртвите тие ги штитат насилниците. И жртвиве кој со години трпат насилство само тоа го гледаат како спас.
     
    На st-el, mal.ecka, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.236
    Допаѓања:
    19.117
    Пол:
    Женски
    ВНИМАНИЕ !!! СЕ РАБОТИ ЗА ВАЛЕ ОД КРАТОВО !!! СПОДЕЛЕТЕ !!!

    Официјално дознаваме дека Вале која е во притвор во Куманово заради двојното убиство на насилниците (сопругот и свекорот) кои 13 години секојдневно ја тепале, има родители и брат кои не се баш во некоја завидна финансиска ситуација и моментално се во преголем шок. Адвокат и е доделен по службена должност, бидејќи сопствен не можат да платат. Но борбата е и за децата. Тие се кај сестрата на сопругот тепач и психопат. Но, исто така и неговата сестра, каде што се децата учествувала во малтретирањето на Вале. Борбата е сега и за децата. Да се вратат на семејството на Вале, додека трае постапката за неа. Да не останат во фамилија на болни луѓе. Да може колку толку да имаат нормален живот, внимание и љубов од луѓе кои вистински ги сакаат. Ве замолувам да СПОДЕЛИТЕ, ова медиумски да се прошири, а јас и Verce ќе се потрудиме околу останатото. Ако има ТВ куќа која ќе се понуди да направи прилог, а да не е тоа евтина приказна како на ТВ ШИТЕЛ, со сослушување само на едната страна, нека ме контактираат мене или Верче на фб. Благодарам.

    Ова од кај Фросина.
    Изгледа и золвето како мајка и, татко и и братот психо и таа ја малтретирала женава.
     
    На mama11, st-el, *Amethyst* и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Затоа пишав да се внимава со децата, кај кого ќе се доделат да не се направи поголем злочин, барем да се припазува секојдневно како се гледаат или има некој проблем во таа фамилија. Ќе му ја наполнат главата тоа секако, тетката ќе ги носи кај баба му, таа може да му зборува но недајбоже и да и текне да ги обвинува или му направи нешто.
    Заради одмазда.
    И не знам како и се неа доделени нели има три или четири деца.
    На децата му треба и работа со психолог заради трауми шо имаат закачено од цела фамилија. Расправии, тепање, убивање ужас за децата.
     
    На Gosh, st-el, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    2.079
    Пол:
    Женски
    Да си речи дете како се најдов јас овде, ужас, срамота за тоа како ги гледале под итно да се одземат, да се доделат на некоја фамилија шо ќе ги сака и ќе му даде многу љубов.
    Тоа шо го поминале е страшно да гледаш тепање низ дома секојдневно, изживување, секој имал некоја траума ама ова е ужас.
    Се додека мајката не излези и не се излекува од нејзините трауми.
    Таа ако била нестабилна ќе ги тепала и децата, но како шо разбрав добро се воспитани како шо треба без тронка насилство над нив.
     
    На Gosh, Erika.greeneyes, st-el и 4 други им се допаѓа ова.
  19. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.745
    Пол:
    Женски
    Сакам да пишам нешто за да не си стават самите пречки, жените.

    Финансиска независност, имот итн. е супер бенефит, но воопшто не е гаранција за сигурност на жена.

    Жени без ден работен стаж, цела плата и тоа солидна на мажот ја земаат кај нив и му даваат џепарац.

    Жени без заштита ставаат свој ред во фамилијата кај што одат и свекрвата им готви, пере, гледа деца дур се тие со пријателките на трето кафе.

    Некогаш треба да дигнете глас повеќе.
    Немојте културно, немојте со фино, бидете неомилената снаа, нек чуе цел комшилук:D
     
    На Emy867, Gosh, IRBBB и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.322
    Пол:
    Женски
    Ова е во ред. Но, не треба да си дозволите да се најдете во такво насилничко гнездо на живеење. Бидете паметни дечки тоа не е љубов. Еве исход на таквите
     
    На Gosh, st-el, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.