Последново најточно. Некогаш ми е криво што сум вештица и луѓево ме прават мене најлоша, а вистината е малку поинаква, ама ако. кој живее за луѓето нека му ја мисли.
Јанаки ја бара жената за да го поврзат, ваљда ќе ја брани, ќе ја среди ако ја земе он под свое, мислам дека ќе и помогне.
Криво ми е што вака велам ама ние жените сме слепи при очи. Случајов е страшен , зошто и како трпела таа знае, ноо не ми е јасно девојки кои се малтретирани дали само психички или и физички стапуваат во брат со манипулатори и насилници, едно дете па и второ, као ќе се смени тој. Е потоа доаѓа до убиства, да можеби како жена немаш каде, ама како девојка? И не пишувам на памет знам случаи кадде постојано девојката нешто трпи ама заедно се , и ќе стапат и во брак и после кој ќе е крив? Како може против некој да се сите само ти да го браниш? Ти се дере, те тепа и трпиш , а ништо не те држи до него? Љубов било , како да не.
Комплексна е темата, пошо најчесто тоа трпење насилство, и незавземање став произлегува од домашното воспитување. Многу е тешко да се прекине тој синџир на насилство, доколку родителите на малтретираната жртва исто така имале проблематичен брак, можеби тука лежи изворот на проблемите.
Изворот на проблемите е шо скоро секој втор трет маж на Балканот си мисли дека е Господ и дека има секакво право да прави шо сака на жена му во брак. Прво од тоа да почнеме, зошто е така?
И таа ако дозволила, мисли дека и снаата треба да му дозволи на синот да ја малтретира. Јас не ги разбирам свекрвите, ако навистина биле малтретирани од нивните свекрви и од нивните мажи, баш треба да го воспитаат синот да не прави така, и да не бидат и тие лоши свекрви како нивните. Тие така кажуваат дека тогаш свекрвите биле лоши, а сега па снаите се лоши, само тие најдобри.
Ама сум видела мажи шо се понашаат така а не потекнуваат од лоши семејства. Има нешто. Изглеа семката не им ја бива.
А има и обратно, што потекнуваат од лоши семејства, па тие не се такви, можеби виделе дека не е убаво тоа кога таткото ја малтретира мајката, па затоа се трудат да бидат подобри од татково. Имаше еден татко алкохоличар, ги малтретираше децата и мајката, не работеше, од жената земаше пари за алкохол, на крај камион го удри и женава зема оштета. Ова беше многу одамна, и женава на дедо ми му кажала "Господ нека ми прости, ама сега ми се иде да играм", е до толку ги малтретирал што посакала такво нешто. Синот веќе е 40+ сега, си се ожени, деца си има, ниту пие алкохол, ниту ја малтретира жената. Значи не секогаш крушата под круша паѓа, може да се стркала и под некоја слива или кајсија.
Ако во старт не се договорат мажот и жената дека само они се одговорни за нивниот однос помеѓу себе и дека разноразни олеснувачи од типот на свекор свекрва, баба дедо не се потребни тогаш турете му пепел на бракот. Ако самите си дозволите да ви скокаат на глава никој не ви е крив сами сте си криви! Попусто се сите мудрувања напишани на 2100 страни
Види нема ништо страшно дедо и баба (од било која страна) да почуваат внуче, да ни се најдат за нешто, да им се најдеме за нешто. Тоа и со комшии се подразбира дека ќе се случи некогаш, не па со свои. Ама, ако некој упорно ти гази граници, ако некој не те почитува, ако упорно се труди да ти команда живот, иако еден тон пати си укажал да си гледа секој своја работа, е тука е веќе проблем. Кога си имаш работа со разбрани луѓе нема зошто да се тргаш на страна од сите. Просто и едноставно. Проблемот во глобала е што ние сакаме да сме самостојни, старите сакаат да не сме, ко они што не биле.