Олеснувачи се мисли кога двајцата се скарале и се вклучува трет да помогне, на пример едниот го преварил другиот, и се вклучува родителот да олесни ситуација, многу ќе олесни
Има нешто, да. Сум била сведок и на случај каде мајката го оправдува насилството на синот врз снаата. А хармоничен брак имаа мајкава и татково, не знам од кај синов испадна ваков. Нејзината гледна точка беше дека снаата многу зборела, често му префрлала, па нормално дека му пукнал филмот и ја удрил. А сите караници им беа поради трето лице во бракот. Син и воопшто не го ни осуди, снаата беше крива. Којзнае. Има вакви случаи и низ западов, не сме само ние.
Па тогаш не можеме да знаеме дали можел да ја спаси или не, бидејќи не ја застапувал никогаш. Можеби и Јанаки има потенцијал, штом се нуди.
Ми требаше еднаш да се разведам за да го разберам, кој не го разбрал на полесниот начин ќе го разбере на потешкиот!
Исто мислам дека нема потреба да се гледа кој во какво семејство живеел. Мојот дедо цел живот класичен алхохоличар и ги малтретирал сите, од сите негови деца ни едно не е како него, сите гледале пример како не треба во животот . Така да не секоја трпи бидејки мајка и трпела. Едноставно таа треба да има слика каков брак не треба да има.
Има две ситуации, може да одбере партнер алкохоличар а он самиот да не е алкохоличар. Сепак живот со алкохоличар прави трајни последици прашање во кој однос ќе се преслика тој модел Има повеќе истражување за овој модел на однесување, побарајте прочитајте...
Во најголем број случаеви, деца растени во дисфункционални семејства, со проблематични родители, ќе завршат и подоцна во такви семејства со проблематични партнери или и самите ќе се такви. Цела психологија на однесување на жртвата е во прашање. Велам најчесто, што не значи дека е правило за секого. Жртвите на психолошко насилство не се секогаш и жртви на физичко насилство, ама жртвите на физичко насилство се апсолутно секогаш и жртви на психолошко насилство. Пред да почне да те крши физички, прво ќе те скрши ментално. Колку сакаш станови имај, кога психата не ти е во хармонија, а на тоа плус има и деца вклучени кои се користат како оружје против тебе, малку е нехумано да збориме како ние сите знаеме како би постапиле во конкретна ситуација, а всушност немаме ни малку престава со какви предизвици секојдневно се соочува една жртва на семејно насилство. При тоа, жени растени во функционални семејства, каде владеело љубов и разбирање, полесно ќе се заштитат себе си, не толку поради фактот што имаат каде (дури и да немаат), туку поради фактот што ќе имаат кого. Оние пак, растени во дисфункционални семејства, кои што се всушност и почесто жртви дури и кога би имале каде да заминат, без поддршка од било кој, тешко ќе го направат тоа. Затоа што уште потешко е кога имаш кого, а тој уште толку ти одмага место да ти помогне. Статистиката вели дека во просек им требаат дури 7 обиди на бегање и враќање кај насилникот, пред конечно жртвата да го напушти. Некои ќе успеат, некои за жал не. Затоа, поплукајте си во пазува пред да лупетате пак во вакви многу сензитивни теми со вашите едноставни решенија за многу длабоко неедноставни ситуации. Има топ серија на Нетфликс, Maid. Погледнете ја.
Ова супер го имаш објаснето за дисфункционални семејства каде најчесто некој од членовите е наркоман, коцкар, алкохоличар или екстремен насилник но ретко кога е само насилник обично е со плус некоја од овие зависности. Многу млади парови и прават грешка кога за себеси мислат дека се жртви а всушност глумат жртви а не се жртви. Ова е не мал процент, не е жртва ако не си придонела ништо за домот и сопругот ти тече дај нешто направи или ако излезе караница поради тоа. Не си жртва ако некој ти префрла зошто ништо не правиш само телевизија гледаш, не си жртва ако не се грижиш за децата. Јас многу често гледам вакви состојби каде еден од брачните парови ништо не прави а се претставува како жртва и се изедначува со вистинските жртви. Мислам дека оваа ситуација кај младите парови е по секојдневна отколу вистинските жртви. Вистинските жртви се навистина во многу лоша состојба, недај боже да си им во кожа, тоа е магичен круг од кој тешко се излегува.
И сево ова пак не е оправдување да го поддржуваме нееднаквото третирање на децата при поделбата на имот. Статистиката вели и дека многу жени би избегале ако би имале каде. Статистиката вели и дека ако од утре сите жени добиваат колку и нивните браќа, бројот на жени жртви ќе се намали. На Стојка и Митра нема да им смени, ама на Трајанка ќе ѝ смени. Преку ноќ ништо не се решава ама ден по ден да. А со менталитет "па џабе е, шо дека" не се решава ниеден општествен проблем.
@Munchmallow20 Никој не вика дека џабе е во генерална смисла. Да рамноправна поделба на имот е неопходна и тоа стои. Ти тотално ја промашуваш психологијата на однесувањето на една жртва на континуирано насилство со години. И не сфаќаш од кој аспект во кои случаи е “џабе”. Ама до тебе е тоа, па не би се објаснувала понатака. Друго, која статистика? Во Македонија? Во странство ретко кој има свој имот, се живее под ќирија. Ни мажи ни жени немаат каде. Работам со жртви на семејно насилство. Ама институционално им се обезбедува медицинска нега, безбедна куќа и психолошка поддршка 24/7, реинтеграција во општеството итн итн. Општествен проблем не се решава ниту со ај па ќе си купиме сите станчиња и решен проблем. Општествени проблеми се решаваат преку функционални институции. Имај ти 10 стана, ако државата фејлне да те заштити, да, џабе ти е. Не знам како попросто да ти објаснам.
Можда пошто таму не владее менталитетот дека ќерката иде кај свекрвата, а синот си останува in the first place. И целиов муабет е дека не можеш да изиграваш феминист за жени жртви ама да ти смета ако золвата се врати со децата оти ти како снаа си се натокмила веќе. И секојА шо така мисли е лицемер и патката ја боли за тепани жени. Тоа што ти промашуваш е дека треба менталитетот да се смени, тоа дека ќерката е помалку нешто во фамилијата. Почнувајќи од мене, тебе, сите на форумов и државата. А со тоа ќе се реши и проблемот со имотот. Едит. Не знаеш колку пати во групине на фб читам дека имотот не е побитен од братот. Е овие што вака мислат се дел од коренот на проблемот. Не цел проблем ама добар дел да
Мислам дека на погрешно место го бараш проблемот, јас сум сопруг и кај мене братот на жената зема речиси се или со по прецизно таткото нивни за секој случај му го препиша станот а викендицата ако заслужи женами ќе ја добие но како поминува време ни таа нема да ја добие зошто сега нешто се предобисли па и викендичката ја сака. Но јас не се мешам во нивните односи што сакаат нека прават. Мора да прифатиш дека секое опшество е специфично по себе, поради традиции односи кои се наследени со генерации. Сепак тоа не е коренот на насилството убаво ти напиша членката погоре. Едно е како се наследува наследството друго е да е жртва на семејно насилство. На жртвите на семејно насилство најмногу им е потребно некој да ги обучи како да станат финансиски стабилни и независни, финансиската независност те прави навистина независна и не само што не си жртва на семејно насилство туку не си жртва ни на опшествените злоупотреби кои се исто така насекаде присутни. @Yowannty Дали во вашите центри постои некој тип ваква обука? Односно некој што би смислил како најлесно би се обучиле и би биле спремни веднаш да почнат да заработуваат за своја финансиска независност? И дали се сложуваш дека ова е нај важно кај оваа група на луѓе? Сега барем е лесно може да се испратат да работат во Хрватска лето, зимо незнам каде, но во последно време има недостиг од работна сила така да со малку подобра организација може и тоа добро да се обезбедат.
Добро. Утре ако твоја ќерка е тепана и ти рече тато јас пакувам куферите и се враќам, речи ѝ ќерко џабе, не се враќај исти курац дали си тука со нас на безбедно или таму со него. Болје таму нек те утепа насамо, него тука и нас да нѐ отепа Оти да, има жени што одма би избегале ама немаат каде.
Ова ти што пишуваш се изместување на тези, ако има земјотрес или поплава или ако им се запали куќа нема ли да ја примиш ќеркати? ШТо да одговори човек на вакви бесмислени постови?
Не збориме кај што куќата е уништена. Збориме за куќа кај што не е безбедна. А за мене ако имам деца исто ќе ти третирам без разлика што имале меѓу нозе. Или и двете исто, или ништо на ниеден.
Има ли потреба да кажувам дали ќе дозволам било кој да ја малтретира ќерками? Тоа не можам ни да го замислам не пак да давам одговори на вакви прашања.