Заради оваа твоја изјава реков Ти да си се` спротивно од мајка му пред него, за да не преживува исти фрустрации како со неа (ако е тоа што ти мислиш). Иначе ти не можеш да одиш против себе, не е природно тоа...до кога ќе глумиш? До кога ќе живееш со тактики? До кога ќе живееш живот кој не е твој реално, туку слика на нешто што некој друг го сака? Не ти реков да го оставиш, и јас сум мажена со дете и знам како е, ама ти мораш да си ја подигнеш самодовербата на највисоко можно ниво. Се` додека тој го чувствува твојот внатрешен страв за тоа како ќе живееш сама без него, како ќе ти се смеат братучетките, а до сега ти љубомореле - ти нема да постигнеш никакви промени. Наведнување глава како тактика НЕ Е РЕШЕНИЕ, а ако не се ојачаш внатрешно, ништо друго не ти преостанува..... Исфрли ги сите негативни влијанија, ич да не те боли уво за комшиите, роднините, па дури ни твојата најблиска фамилија зошто само ТИ знаеш низ што поминуваш и што треба да направиш за да со синчето имате добар и мирен живот. Луѓето ќе те оговараат СЕКАКО, и сега сигурно те зборат, ама ти сменало ли тоа тебе нешто? 1 месец, толку ќе се замараат со тебе, после ќе најдат друг објект на обожавање, зошто нивните животи се толку несредени, да не сакаат ни да помислат на себе, па решаваат туѓи проблеми. Затворена си во простор во кој не си своја, не си тоа што треба да бидеш....мажот не треба да те покорува, ниту да те скрши за да бидеш послушна, тој треба да те сака и чува, за да ти станеш уште подобра од тоа што си била кога се заљубил во тебе. Нема друг начин на живот, не се откажувај од своето Јас, не дозволувај НИКОЈ да те смени во нешто кое ти не го сакаш!
Јас не се согласувам со тоа дека доколку постои проблем треба веднаш да се замине. Ако не е овој проблем тогаш ќе е некој друг, трет итн. Живот без проблеми не постои, а за секој проблем треба да се побара решение. Не велам дека секогаш има решение, но нема никогаш да дознаеш доколку не се потрудиш. Да, семејното насилство не треба да се толерира во никој случај, но во овој случај не станува збор за тоа. Како што сватив, тука при караница, му пука филмот на мажот и жената добива една воспитна, што верувајте не значи дека во иднина ќе продолжи така. Човекот има само низок праг на толеранција во стресни ситуации. Значи не го оправдувам, но може да се реши бидејќи не станува збор за човек кој е алкохоличар или со психичко пореметување туку маж кој е растргнат помеѓу мајка, жена, дете, работа, сметки итн. Знаеш ли колку жени лажат за цената на тоа што го купиле....премногу. Дури и мојата баба крие плус пари за цигари, за да не и збори дедо ми дека пуши многу. Он и купува ама не и стигаат, па се крие, а бракот им функционира 55 год, баш заради тие мали тактики. Свекрва ми исто така крие, познавам уште многу други кои се во брак што истото тоа го прават. Мојот кум, што е машко некогаш прикрива од жена му колку пари потрошил за нешто, само да нема расправии и на крај сите се среќни и задоволни. Еве пример....ако нокширчето било 1000 ден, ти кажи му дека е 300 и готово. Бракот не е врска луѓе. Ако ние жените не сме по итри се пропаѓа во вода. Не за џабе Господ одредил жената да биде мајка. А gocevska, свеки ќе си остане таква каква што е. Прочитав не живеете заедно со неа, па затоа поработи на себе и маж ти. Секогаш зборувај тивко и не повишувај тон. Ако он почне да вика, ти само кажи му дека тука си да зборувате кога ќе се смири, дека така подобро ќе го решите проблемот. И со секое негово избувнување повлекувај се, а секогаш кога ќе се појави добра прилика кажувај тоа што те мачи, па макар и да пуштиш некоја солза. Некогаш покажи и слабост затоа што тоа го полни машкото его. Ќе го разбуди тој негов заштитнички нагон. Ќе ти треба повеќе време за да ти биде како што ти било во врска, но се зависи од тебе. Само нека ти биде во глава дека неможе една проста и празна свекрва да биде попаметна од тебе
Таа „проста и празна свекрва“ е неговата МАЈКА, која го родила и израснала. Зарем гоцевска за син и` ќе биде само проста свекрва кога тој ќе се ожени?? Чекајте малце, секој член од фамилијата си има свое место во секојдневниот живот. Почит и разбирање се потребни кон секој, иако знам дека многу од нив не го заслужуваат тоа реално, ама одбивам да прифатам дека животот на оваа мајка треба да се претвори во БОРБА ЗА ОПСТАНОК, таа против простата свекрва, или дека треба да глуми невина и скршена, за да се сожали сопругот. Не споредувајте криење на цена, тоа е тооооолку банална работа да не мора ни да се става на ум. Иако јас искрено НИКОГАШ не сум скрила, ниту ќе го направам тоа, зошто се` купуваме со меѓусебна консултација, мајка ми на пример го правела. И ништо добро не произлегува од тоа, верувајте, најлошо е во една фамилија да се вртат лаги, било безвезни или големи. Ако мојот сопруг ми направи чудна фаца за нешто што сакам да го купам (значи не да каже нешто, туку само израз ми е потребен), јас пре би се запрашала дали НАВИСТИНА ми треба тоа што сакам да го купам и најверојатно би го отфрлила како опција само за да не се нервира потајно мажот ми, зошто знам дека нема ништо да ми речи, отколку сепак да го купам и да излажам дека било на попуст. Крајно банални работи коментираме + годините поминати во брак не ми се мерило за среќа, старите само ги рефлектираат „правилата“ од претходно, кога на развод не помислуваше никој... Насилството не е во ред во никој случај, сите се сложивме со тоа. Ама не е во ред ни кога мажот ќе и` удри една „воспитна“ на жената, зошто имал „низок праг на толеранција“! Како да знам јас до каде е границата? Зарем треба да се тресам цел живот да не случајно несакајќи го турнам преку неа, па земе пиштол и во афект ме убие? КАДЕ и кога е ДОСТА, ме интересира од жените кои сметаат дека воспитната не е ништо трагично, и дека може да се контролира. Мелани дава совети какви што ние сме примале од нашите мајки, истите муабети ги слушав, ама затоа татко ми беше друга приказна. Замислете, маж кој се водеше по други принципи, својата ќерка ја учеше да не ги следи и прифаќа, зошто знаеше дека тие НЕ СЕ ВО РЕД кон жената, прво како човек, второ како животен сопатник. Не е мажот семоќен, не е секогаш во право, не одлучува само тој. Тоа што мелани го споменува како „тактика“, јас ќе речам дека е компромис и учење на туѓиот карактер - да заќутиш кога знаеш дека било кој збор нема да допре до него (истото важи и за мене, и за секој човек без оглед на пол) а да кажеш кога знаеш дека е смирен и може да те разбере. Истото го правам и со мојата 2.5 годишна ќерка сега, не па со други
Исто како gocevska И ЈАС не сакав да послушам совети се правдев па тој е син единец, каква таква мајка му е .. ама сепак таа трпи насилство детето и расте во хаос пред негови очи се се случува. Таа не е свесна што доживува тоа нејзино дете а камоли з аповеке. Ако барем малку има свест ке свати дека овој проблем на неа не и завршува веке долго време колку што сватив детето и има 2 години што значи таа е во брак повеке од 3 години. Кога за 3 години не се сменил и таа упорно му дава шанса тој никогаш нема да се смени. GOCEVSKA Животот на детето стави го пред се каква слика тој има уште на мали години а каде му е крајот. Тоа што ти го трпиш е храброст но за детето е траума. Пак ке ти речам свести се на време да не ти биде доцна. Синока ти раскажав иста ваква животна приказна на мајка ми со татко ми и свекрва и , и ти кажав кој последици ги трпиме сите и ден денес. БОЛЕСТИ,НАСИЛСТВО,СИРОМАШТИЈА,АЛКОХОЛИЧАРИ... Зареме сакаш тоа дете да е нешто од овие наброениве? Млада си ама не доволно зрела. ИЗВИНИ ама за 10 години врска и одење кај дечко да не разбереш каков е или си била слепа или не си сакала да разбереш.
Moira верувај дека мене не ми се допаѓа ова што го зборам. И јас не кријам од маж ми за тоа колку пари сум потрошила, не се плашам да му кажам се што ми смета кај него па ниту кај неговите затоа што знам дека е секогаш покрај мене. Ние старите ги гледаме како стари и животот си го живееме на начин како нас ни одговара иако се соочуваме со проблеми од страна на неговите....но нели заедно сме и си даваме поддршка. Но не секогаш е така. Најлесно е да си ги спакуваш куферите и да си одиш без да се потрудиш да промениш нешто, па макар и да подлажуваш понекогаш за ситни работи кои понекогаш се пресудни за хармонија. Во брак неможе да биде онака како што ни било кога сме си живееле со мама и тато. Се ствара ново семејство, нова средина исполнета со микс на карактери и генерации. Ете, тебе како снаа те прифатиле таква каква што си, а и да не е така, имаш сопруг кој безрезервно е покрај тебе а тоа е клучот за успешен брак. Кај гоцевска како што сватив не е тоа случај, па затоа мора да промени некои работи па макар и да се " застарени". Родителите на мојот сопруг се разведени. И двајцата одамна си си створиле нови семејства со нови принови. Он живеел со татко му и маќеата и полусестра. Мајка му на друго место со очув и друга полусестра. Иако има 32 год. сеуште жали зашто не е онака како што било наменето да биде. Мајка му си отишла заради свекорот и золвата, а сопругот не бил покрај неа да ја брани. А со тоа што си отишла оставила позади себе хаос, а најмногу страдал мојот сопруг. Нели, не и дозволувале да биде она што е. Сега живееме со свекорот и маќеата, а истата таа која го напуштила домот без око да и трепне ме советува како јас да не ги правам истите грешки како неа. Го советува и нејзиниот син како да не биде како татко му. Мене ми угодува за да бидам задоволна, а со тоа и нејзиниот син да биде задоволен. Е додека од друга страна имаш двајца кои буквално живеат во 18 век а не се толку стари. Тие се луѓе кои што се знаат, се они што прават е нај исправно, оговараат, ако им кажеш дека нешто не е убаво или не се во право прават скандал и не разговараат со тебе со недели...и ред други ситуации што никој со здрав разум не би ги правел. Ако во оваа ситуација помага нешто, се баш тие тактики, затоа што кај нив не постои компромис, никаков разговор...едноставно не ти дозволуваат да бидеш свој. Некогаш и советите што ни ги давале мајките и бабите и треба да ги примениме. Не секогаш со бунтување се постигнува одредената цел.
Не знам од кој мој пост ти утврди дека жената треба да се „бунтува“. Не, јас само реков дека жената треба да е СВОЈА, за да е среќна и задоволна, а со тоа и сите други околу неа. Ова се однесува и на мажот, јас никогаш не сум еднонасочна Требаат компромиси, треба попуштање во еден момент, стегање во друг, наведнување глава кога е време, а кревање глас кога нема друг избор. Јас одбивам да советувам друга жена дека треба да наведни глава за децата, за околината, за роднините, за работи кои НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ никаде и никогаш. Не одбивам добар совет, напротив, радо го прифаќам, ама НЕ на моја штета. Како може да прифатам мислење од постари дека жената е таа која го одржува домот (чистење, готвење, раскревање, деца, стари, маж) и дека нормално е мажот после работа да прилегни оти нели, многу се уморил, кога и јас работам исто, а некогаш и повеќе, од него?! Значи, повеќето од тие совети НЕ СЕ ПРИФАТЛИВИ во денешново време, посебно не кога и жената работи, и дома и надвор, и чува и воспитува дете успат. Да, столб сме на домот, зошто сме попаметни, поитри и имаме поразвиена интуиција која не` носи до најчесто правилни одлуки, ама не се согласувам дека тоа треба да го примаме со наведната глава, без гордост, да не случајно некој се навредел. И јас тактики на мажот ми му правам, кога го чекам да ми отвори нешто оти демек јас не можам, да ми помогне за нешто кое знам дека можам и сама да го направам за 1 минута, да ми отвори врата, да ми носи тешка торба, да да....ама затоа пак и никогаш не ги ставам неговите во муабет. Не ме интересира што имаат, што прават, што сакаат да прават, на кој што ќе му остават, не ме интересира какви фамилијарни врски имаат со другите роднини, ниту какви ќе имаат со моите. Неговата фамилија е НЕГОВА, и јас не дозволив никогаш да ја ставам меѓу нас, во било каков контекст, затоа ме почитува и и тој не ги меша. И не реков дека на секоја мала караница треба да си оди жената, тамам работа. Ако беше така, јас до сега минимум 74 пати ќе си бев одена дома ама да кренеше рака, ќе му беше последен пат да го направи тоа на мене, и него тоа му е јасно. Не постои брак без стрес, кавги, несогласувања, ама МОРА да постои брак без НАСИЛСТВО, било какво.
Попуштање во еден момент па гоцевска од како е омажена попушта како што ни наведе. Велиш лесно е да ги спакуваш куферите и д азаминеш но треба компромис да точно но кај гоцевска тоа веке не пали одамна таа 3 години с еобидувала да смени нешто и ништо што добила за возраТ? МАМИНО МАЗЕ личност кој пред детето и се дере или ја удира
Јас се сложувам ама потполно со тебе, и не сакам да навлегувам повеќе во дискусија зашто ќе се вртиме во круг . Муабетот ми беше, бидејќи веќе има проблем како таков, да се проба да се реши на било кој начин. Да се проба да се постават работите на начин на кој секој ќе биде среќен и задоволен, а доколку не успее дури тогаш да размислува за пут под ноге Moira, од никој твој пост не утврдив дека жената треба да се бунтува, туку од постот на gocevska Но јас не сум тоа, јас сум бунтовна, кажувам што мислам, па не живееме во турско Ако ми верувате, пред некој ден комшииве до мене ме разбудија од спиење уште во 5 саат. Исто имаат мало детенце. Луѓе викаа на цел глас цели 2 саати. Сакал несакал ќе ги слушнеш за што се караат, зашто моментално во зградава што живееме, зидовите се како од хартија. Женава толку многу ја вреѓаше свекрвата, него, што верувајте јас да бев на место на мажот, јас ќе ја шлапнев. Така да не секогаш таа воспитна треба да значи семејно насилство. (што во случајов не знаеме зашто се добиени) Не сите жени што се жалат од свекрвите и мажите се цвеќиња за мирисање, некогаш и самите се криви зашто останатите се однесуваат така со нив. Јас сум си лично пример за тоа колку некој знае да претера, ама се се учи, и важно е да сватиме каде грешиме и да не се повторуваме, па дури и да им дадеме до знење и на другите каде грешат, на начин кој најмалку ќе ги навреди.
) Дури пред 1 недела имавме случка свекрва ми зеде плата а мм денар во него бидејки ги потроши до последен на лекар (за бебето) ја прашува да му даде пари а оваа „КАЈ СЕ ТВОИТЕ ПАРИ 3000 ИМАШЕ ВО ТЕБЕ „ . ММ се налути и повеке денар не побара од неа за срека неговиот газда ни е близок па му даде аванс . И замислете синока ме прашува дали мм имал пари да и даде и велам „ТИ МУ ДАДЕ КОГА ПОБАРА НЕ МУ ДАДЕ ОД КАДЕ ПАРИ ТОЈ ЗА ДА МУ БАРАШ„ Оваа пукни уста да одговори. Што мн ме нервира води евиденција на секој денар кај се потрошил а неја да не ја прашаш како сол в Очи да и фрлиш е. Го прашува мм колку пари му зеле за крвната група што ми ја испитаа и кажува вечерта и мене ме прашува и велам незнам јас мм плати. А пак пред 1 месец свекор ми го терат да купи нешто од железара и таа за секој шеј посебно прашува колку пари е свекор ми се изнервира и и вели „ДОБРО ДРУГО ШТО ТЕ ИНТЕРЕСИРА НОВИНАРКЕ?„ Или кога ке види дека за горниот спрат нешто ке купиме од каде го купивте колку пари е и кога ке и кажеме ако и се допадне вели „ех и јас го имав тоа кога се омажив „ а замислете нешто да го имаш пред 30 години а само што излего во продажба не постоело. gocevska вели дека таа немала право на глас како што разбрав. За се се прашувала свекрва и . дури и во еден пост имаше напишано дека мажот и и рекол „ТАА И ДА Е КРИВА ТИ КЕ МОЛЧИШ . Значи во нејзиниот случај која таа го живее веке 3 години таа не успеала ништо да смени а камоли па да се одлучи да замине . Дури размислува за 2 дете а уште на првото му ја уништуват иднината.Детето ке добие трауми за цел Живот. Лично и јас имав МАМИНА МАЗА платата ја оставаше дома , што и да кажеше мајка му требаше да се молчи за да не ја навредиме госпоѓата , за се се зимаше дозвола кога требаше да се купи нешто. Но еден ден и јас овде напишав з амојата мака некој поверуваа некој ме направија и лажга се налутив искрено но сепак послушав совети. Пресеков едноставно. Му реков таа или јас . Тешко му беше да избере се смршти ама јас не попуштив му велам „што јас овде сувенир сум што на неја с едава плата , од неа се бара дозвола наместо на мене плата да даваш да се советуваш со мене ти со мајка ти таа е твоја сопруга или јас „ Тогаш тој ми рече „АЈ АЈ ДОСТА „ реков „ нема доста јас не сум овде сувенир и крава за раганје деа како што и одговара на неја или ке ме почитуваш како сопруга или јас ке заминам па не сум дојдена од улица„. И тогаш се смени мм. Затоа драга не давај шанси веке сега котек ами еден ден може и во убиство да прерасне заради мајка му бог да чува.
Еве и денешнава случка да ја споделам со вас. Рано наутро свекрва ми стана и ме буди да ме праша дали ке сум купувала леб денес (за мене пошто јас морам диетален да јадам, тие јадат домашен) и велам да и ми оставила 33 денари и напишала на лист „СНАО КУПИ СИ ЛЕБ ЕВЕ ТИ ПАРИ„ Потоа кога се врати од терапија ми вика ајде да одиме да пазариме (за чудо инаку се сама пазари) јас се насмеав и велам ајде ке дојдам . Одиме и луге ме закопа 100 метри под земја купува и секој производ го бара што е најефтино без разлика дали за 1 или 2 денари е разликата за нешто поубаво оваа се ефтино купува ке заштеди со тоа мисли . И за се ја прашува продавачката кое е најефтино да знаев немаше да мрднам од дома ццц
Еве и јас да споделам една случка денес, свекрва ми го чува син ми и додека му давала да јаде и паднал од креветот право на глава. Кога се слушав по телефон со неа , син ми вриштеше од болка, а таа ми вика ништо не му е. целата се тресам од мака и нервоза и не знам сега што и да речам кога ќе си дојдам дома. Многу често и се случува да и падне. Најверојатно од октомври ќе го носам во градинка, па така можеби ќе биде подобро и за син ми и за мене. Поздрав
E oва ме изиритира максимално да ти кажам. Не сакаш маж и` да и` ја дава платата негова, те нервира што ве прашува колку пари сте дале за нешто, а ти самата во туѓ новчаник се мешаш.. Дали гледала поскапо или поефтино... За нејзини пари нема што ти да се срамиш, донеси ти плата па купи поскапо ... цццц И јас сум била во заедница и не сум носела приходи, ама бре се знае, сум ги пуштала нозете колку што е долга чергата.
Зборот ми беше дека штеди максимално до денар сега кога мм не и ја дава платата а претходно купуваше се од најубавото без разлика која цена беше. Еве и сега пред малку што ми се случи ми звони телефонот и оваа начурлува уши со кого ке зборам . Се јави брат ми да ме праша дали сум дома за да дојдел на гости со некој негов пријател велам да дома сум дојдете. И оваа кога завршив ме прашува кој ке дојди велам брат ми и ми вели „ЈАС ИСКРЕНО НЕСАКМ ГОСТИ„ велам а што да му речам не идете и оваа вели „КАЖИ СВЕКРВА МИ НЕСАКА ГОСТИ НЕ ИДЕТЕ„ .Јас само ја погледнав и и велам „КАКО ТИ ОДГОВАРА НЕМА ПРОБЛЕМ „ а претходно пред да ми звони телефонот велеше кај да одам кој да викнам да дојди на муабет цел ден досадно ми е и кога се јави брат ми таа не е расположена за гости. Да напоменам кога и да треба да одам кај моите родители или моите момински роднини или кога тие треба да дојдат на неа се нешто и смета. Ако треба да одиме ке не спречи за секунда де ова и требало де она и требало а цел ден да седиш дома не и треба ништо таман ке речеш ке излеземе и опс на неа и треба нешто. Или таман ке речеме ке ни дојдат гости на неа и се спие не е расположена. Ама тоа е само за моите роднини и семејство а кога е за нејзините пријатели и роднини црвен килим постелува дури.
Е да, ама сега тоа се нејзини пари и немаш право да се нервираш за тоа што купува и колку го купува. Си рекла „од мене толку, ако сакаат поубаво сами нека си земат“. И да, сурово звучи ама нема љутиш. И` се може. Глеј си бебушот и не се нервирај за вакви работи.
Па за нив 2 ца купува ние посебно си купуваме ме повика да сум и правела друштво И кога видов што прави сега како купува сега а како ги трошеше парите на мм се зачудив тогаш не и беше битен денарот сега пола денар да е битен е . Е да видат како се трошат нивните пари а како ги трошеа на мм Штом стално и пага детето очигледно не внимава на него. Или го остава некаде седнато а таа на друг кош седи. Имам видено ваква случка кај еден пријател на мм одиме и имаат 2 мали деца едното е 3 години другото 1 година. Бабата го шутнала детето на фотелја , Овоа плаче таа не се замара седнала на друг кош. И дури замислете мајката е на раб до 4 си доага во 5 и свекрва и ако таа сака да излезе неможе да ги чува децата вели не се мои нека си ги Чува греота.
Значи просто не можам да се изначудам на мајката на мм.... А бре колку да и угодуваш мора да ти најде мана на крај и велам,зар ти неможеш да сфатиш колку ме повредуваш,а уште повеке чедото кое си го носела во утроба цели 9 месеци зошто го правиш сево ова?...сега и пречеле Ричи и Хепи! На мм му кажувам тој запнал батали ја на крај ми пукна филм и му велам веке немам сила еден ми е животот ако не секој на своја страна и ај у к***ц....мој мој веке претерано.... тој ме гушка се смее што те сакам кога се лутиш....ти си луд бе ме сакал ? Дај некако ова да престане немам сила повеќе.....Се смее кај можел тој без мене....ај бе не се нервирај ке средиме....8-ипол години средуваме и никако средено па аман веке..... ми олесни малку оно ништо не сум средила ама бар полесно ми е на душава ама пак ке признаам и сите ке се сложите дека сум глупава,проблеми ми прави а јас ке и купувам подароци невидена гуска сум,тоа бива ама ако има хармонија,а јас се си знам и пак по старо.... Не можам да ветам ама искрено ке се трудам да се променам....морам И да бидам искрена не и прекутувам бидејки 1-та година кога кутев,се испоразболев па срека моја комшика ми даде совет и малку се средија работите...."средија работите" далеку се од средени ама барем не и кутам....многу многу лоша жена е....јас ли сум и крива што мажоти не ја рецка,што ја оставал на под,што не ја шетал,што не и упатил еден убав збор....можела да го остави! ама сега си вика ни ти нема да видиш аир....Ѓубре едно смрдливо,незнам дали ке има крај не и посакувам бог да чува нешто лошо,само малку малку сакам мир....работам ко коњ и пак нечинам,демек сами сме нема проблеми,ама таа знае да ги направи и ке каже не бе јас не ви правам проблеми ....и она најаконо ми ја прави јас тебе многу те сакам да ме сака затоа ми посака дека било подобро јас да сум била на операција и тоа пред мм,а тој и вели ти си луда ма...на жена ми и го велиш тоа па дете си ми де... Хаос ненормални работи толку време сум на феминава немав храброст ова да си го кажам да си ја олеснам душата....па еве конечно и јас да си кажам ....
Му кажувам на мм за свекрва ми што ми рече кога и кажав дека ке дојдат моите и овој и се јавил и се раздрал и рекол „ЗОШТО ТИ НЕ ГИ САКАШ НЕЈЗИНИТЕ НА ГОСТИ ЗОШТО И ВЕЛИШ ТАКА ДА КАЖЕ„ А оваа му рекла „АМА СЕ ШЕГУВАВ СО НЕА„ . Како д ане божем се шегувала а секогаш иста песна се така ми вели.
Затоа моето дете или го чуваме јас и маж ми или во градинка ќе го чуваат професионалци. Баби да требало деца да чуваат ќе можеле и да ги раѓаат. Јас незнам сега мода што е демек мало е детето да не оди во градинка а дома со баба цртани на компјутер да гледа поарно ќе е???
Ако ви кажам што ми направи свекрва ми пред 2 дена, нема да ви се верува Бидејќи свекрва ми не вози, ми се јавува(т.е. секогаш ми титка) сабајлечки и ми вика да ја носам да пазарела за дома.....и тоа е сосема во ред. Не се бунам. Одиме во маркет и она нормално си пазари, а јас земав некои 2 кесички со пиперки и домат да направам дента пинџур. Застануваме на каса и како за беља нејзини познати...во тој момент ми ги зема кесите и ги поминува заедно со нејзините работи. И затоа што безвезе е тука на каса да се нечкаме за пари, кога влеговме во кола извадив некои 300 денари и и ги туткам да ги земе...а она не бе не, ја те частам. И ок. Идеме кај неа се истовараме и она гледа не земала неколку работи што и фалеле. Во тој момент без она да ми каже тркнав до локалната продавничка и и ги купив и и викам сега зашто ти ме частеше, и јас те частам. Пиеме кафе и и викам јас ќе си одам сега...и гледам не реагира ( а јас додека бев во продавница она се средила) Чекам да ми каже еве ти ги кесите. Ништо....гледам наоколу ги нема нигде. Помина денот вчера, се видовме..ништо, еве денес пак ништо, му кажувам на мм и он ми вика....ааа ако она платила не сметај дека ќе ти ги даде. Луѓе ова е прв пат нешто да ми плати а никогаш не сум ни очекувала, напротив јас сум била таа што сум и купувала, и секогаш пред да одам кај нив сум се јавувала да не им треба нешто....и секогаш им треба...дали нес кафе (од големите кутии), дали прашок за перење, дали омекнувач....ама буквално се. И немам проблем со тоа. Значи не ми се верувало дека некој и за 100 ден може да биде толкава стипса....страшно...незнам дали да и се смеам или да ја жалам Ете, сакав да си се олеснам, и си се олеснив
боже боже свашта од овие свекрви ќе дочека човек, ама и ти си требала да си ги побараш, да си кажеш "кај ми е пиперот и патлиџанот" не сфаќам зашто си преќутела