Јас ја гледам ќермаки како мажена среќна жена со семејство, кај тебе тоа не можам ни да го намирисам, можеби треба да си го побараш проблемот кај тебе, остави го наследството на страна по закон е 50 / 50 може и е нај фер така. Но размислувањава ти се многу чудни. Можеби не сакаш семејство, тоа не претставува никаква вредност за тебе, за мене значи многу секој со своите вредности!
Не мора да значи, ама да, размислувањето му е ужасно. Жена мора да се мажи и да раѓа, катастрофа! На татко ми татко не сакал да остави ништо да не го избркаат, сакаше дури и куќата која татко ми со свои раце ја изгради да му ја пишат нему затоа што на старост ќе се врател кај татко ми да живее па да не го бркал, замисли, куќа во која не вложил ни една цигла, ама татко ми пред да умре прво што направи препиша на мајка ми за да нема проблеми со тетките. И пак имаше проблеми, не дека не, дедо ми последните години со нив живееше и овие паметните мислеа дека и куќата им припаѓа. Паметни бре. Имам пример каде жена без ништо на нејзино име чекаше и брак и семејство, баш ради тоа, затоа што не знае каде ќе се врати ако недајбоже затреба. Погрешна ти е идеологијата. Обезбеди ја ќерка ти за да може да биде сигурна во бракот, а не како што кажуваш сега дека е жена ти, брат и сака да и го земе и тоа малку што ќе и го даде можеби татко и. Учи од сопствените примери, не од памет.
Големи зборови за некој со два пропаднати брака. И татко ти тебе сигурно те гледал како среќно женет.
ПА нормално дека и за синот истото го посакувам, добога девојко што е проблемот? Колку години имаш? Вака немој да стапуваш во брак расчисти си некои дилеми!
Ќе дадеш се на брат ти или сестра ти а ти ќе ги чуваш ? Браво за тебе , секоја чест. Во моја околина нема како тебе, еве пример 2ца браќа еден во странство еден со старите, се дели на пола, нели така е праведно, тој во странство си ужива а овој тука го јаде дебелиот крај, па уште и му зборат лошо ги чуваш. И ова е правдина? Вака треба ?
Која е причината и зошто да и зошто не има нагоре 2 страни напишано некои се за некои не и едното и друготи има логика, сега ќе одговориш ли ти? Мажена ли си, планираш ли да се омажиш, да имаш деца семејство? Или ти си тука само да поставуваш исти прашања по 100 пати?
Родителите ако праат деца за да има некој да ги гледа во старост, тоа не се уопште родители да ти кажам. Деца се праат оти ги сакаш и да им овозможиш се најубаво и најдобро, колку можеш толку, но на сите подеднакво, оти деца ти се! Не ни треба да се има поделба меѓу децата, ти си ги правел а не они тебе. Треба да се радуваш на нивните успеси и на тоа како одлучиле да си го живеат животот а не да очекуваш они да си го остаат животот нивен за да те гледат тебе во старост. Па уште и закани за имотот, кој ќе ме гледа на тој ќе даам.... . Ама џабе, такво размислување има 90 посто од малограѓаништава во милата ни Мк.
Ако имаш квалитети и вештини со кои заработуваш 500 па и 1000 евра на ден дали ќе ја оставиш таа заработка и ќе ги чуваш родителите? Или би платил 500-1000 евра некој да го прави тоа место тебе а ти би продолжил да работи. Премногу сакаш други да окривуваш и обвинуваш а некако многу малку си сконцентрирана на себе. Многу лош пат си фатила
Во случајов е се по пола, бидејки не ги терале да ги чуваат другиот да ги остави и да си се снаоѓаат 70 годишни луѓе?
Јас како родител ќе поделам се подеднакво. Па они ако сакаат нека ме чуваат ако не немора. А и не сакам да ги мачам, поарно во дом ќе отидам, само они да се среќни и задоволни.
Јас ќе им оставам сами да си поделат. Сложни браќа империја градат. За чување јас ќе ги чувам колку и да сум стара ( ќе правам пита за сите! )