1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    601
    Е јас различно ги воспитувам, мали се ама не секогаш купувам се на двете. И тоа го објаснувам на дете од 4 год, доколку нејзе и имам сега купено 3 фустани значи имало потреба а сестра и не добила ништо, друг пат сестра и ќе добие нешто а таа ништо, а играчка , храна се мора да поделат до последно.
     
    На Malesia, ♡ Cinderella ♡ и Anyshka им се допаѓа ова.
  2. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Па има и од на жената страната терсен родители и што им се мешаат во бракот, ама не знам зошто повеќето се од машка страна.
    И родителите на жената не очекуваат од зетот да им биде вечен слуга, како што очекуваат родителите од страната на мажот.

    Нека си очекуваат, ќе си дочекаат сигурно, нека си мислат така, младината веќе е освестена, и никој ништо не трпи, и така треба.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    18.281
    Пол:
    Женски
    Тоа за облека е нормално.
    Јас зборам за поголемите ствари, како имот. Впрочем, децата како ќе ги израснеш, така ќе се однесуваат. Ако ги израснеш со љубов и почит, да се сакате меѓусебно и почитувате, и да делите, тоа ќе биде нормално за нив и така ќе се однесуваат понатаму. А добро воспитано дете со љубов, никад нема да си го заборави родителот.
    Ама ако се учени уште од мали дека повеќе треба на машкото оти има сурла, а женското кој го ебе, е тогаш ќе дојде до проблеми. Кај женското револт затоа шо ќе се осеќа помалку важна, а машкото ќе мисли дека сите права ги има без да мрдне со прст, дека се на готово може да си добие само затоа шо е машко. И тука ем шо омраза ќе се створи меѓу децата, туку и омраза спрема родителите. И после кавги ќе имало, епа ќе има.
     
    На butterfly_91, Трагедијаупмм, Dentina и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Затоа таа јадна жена од Кратово спиела три дена пред врата кога ја избркал мажот и на крај си го зацрнила и својот и животот на децата. Пошо немала кај да се врати, куќата е сега на братот.
    Каде бил тој брат сестра му кога јадела ќотек и спиела надвор?
    Ау да забораив, не е тоа негов проблем, он си има жена за која треба да се грижи, сестрата и внуците нека скапат.
    Па уште и петиции да се однеле децата таму...а братот и снаата ги прашавте дали ги сакаат таму децата? Пошо таа куќа е сеа нивна , тие се прашуваат.
    Ете на Анушка да и ги донесе некој децата на золва и, нервен слом ќе доживее. Секој залак ќе им го брои и секој ден за тоа ќе пишува на форумов.
     
    На smooch, butterfly_91, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Жената спиела 3 дена пред куќата, затоа што не и ги давал децата, и страв и било да не им направи нешто, само да се пишело нешто.
     
    На Feminka22, Трагедијаупмм и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    20.159
    Пол:
    Женски
    Сестри алапачи, алчни за станови, бараат имот од родителите, да им земат од братот. Затоа па браќава од полни што се љубов кон сестрите, затоа сакаат се за себе. Од многу љубов кон сестрата, да напомениме.
     
    На moonlight-girl.55, Unread, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Жената немала кај да оди!!!
    Ни она ни децата!!!
    Каде ќе ги носи тие деца??
    Под мост?
    Да имала нормални родители и нормален брат ќе дошле и ќе ги земеле, не да спие пред врата!
    Ама нема она што да бара веќе кај нејзините, алчно би било тоа, нели, таму бато сеа е главен!
     
    На smooch, butterfly_91, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Ама и да имала, ќе дошол он ќе ја убиел пак, значи шонетие јасно. Плус некој друг таму ќе истрауматизирал, вака барем дома ќе си умрела сиротата, во куќата на мажот.
     
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    А од каде си толку сигурна?
    Спиела пред куќата затоа што и било страв да не им направи нешто.
    Епа нели велевте самите да си заработиме за стан, нели родителите немале обврска?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.132
    Допаѓања:
    18.865
    Пол:
    Женски
    Не, значи колку две прости реченици не сфаќате тоа е чудо нешто.
    После јас сум била досадна.
     
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Епа ако бате земал се за него, тогаш и дада нека му даде пола стан/куќа што и го купиле мама и тате.
    Толку едноставно.
     
  12. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Дали за тебе е нормално брат и родители да не мрднат со мал прст додека нивната ќерка/ сестра јаде ќотек и спие пред врата?
    Ќерка ти тоа да го доживее, ќе си седиш мирно со син ти и снаата и ќе викаш дека е џабе и да ја земеш, дека он и така ќе ја убие? Ќе и кажеш дека сама треба да си заработи за стан?
     
    На Feminka22, smooch, H.VAGA и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    2.609
    Пол:
    Женски
    Епа ете жално, не ги воспитале да се ценат ни сами себе нити они меѓусебе. Имањето малку битно колку се има толку.
     
  14. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    18.281
    Пол:
    Женски
    Сигурни сме Ањушке, оти жена шо има грб и кој да ја заштити, не трпи насилство туку си пребира децата и си оди. Ниедна жена нема да помисли на убиство, што знае дека некој ја сака и ја заштитува.
    А во овој случај, таткото и братот на женава, сигурно биле од тие со заостанати мислења чим не ја прибереле дома и не ја заштитиле.
    Три дена детето надвор да ми спие и да плаче оти не и ги даваат децата, па одам ја зиам и неа и децата и го тепам секој шо ќе ми застане на пат.
     
    Последна измена: 19 јуни 2024
    На Трагедијаупмм и Dentina им се допаѓа ова.
  15. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Има жени што трпат насилство.
    Има и во врска такви, дечково ги тепа, тие пак се со него, им љубомори, не ги пушта со другарки, пак се со него и се мажат мислејќи дека ќе се сменат во брак на подобро, може само полошо да биде.

    Епа нели муабетот беше жената да работи, да си заработува, за ако дојде до развод да си има заштедено барем за кирии.
    Можеби не знаеле ни нејзините, можеби криела од нив, можеби мажот и се заканувал, кој знае.
     
    На Feminka22, Трагедијаупмм и dushiche им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.098
    Допаѓања:
    8.144
    Пол:
    Женски
    Не е за имотот, туку оваа жена немала никаква поддршка и помош од родителите и братот.
    Затоа и се осилил мажот така да ја третира, зашто знаел дека тие веќе не ја сметаат за жива и дека може да прави што сака!
    Дали ќе било исто ако после првиот шамар дошле таткото и братот да го ошамараат малку зетот и да си ја земат дома?
    Ама не, тоа е алчно, куќата е на бате сеа и нема он што да се замара и да си руши комоција!
    Нормални родители и брат и во една соба да живееле, немало да дозволат да ова да дојде, ќе ја примеле дома, ќе и помогнеле да најде работа, да застане на нозе.Ама не алчно е тоа, што мајка бара она назад! Уствари џабе би било и тоа, он пак ќе ја убиел! Тоа е оправдувањето на одредени персони на темава.
    При првиот знак на насилство од партнер најубаво е жената сама да се обеси пошо џабе е се , он пак ќе ја убие.
     
    На Oneo, LiquidLuna, smooch и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    4.547
    Допаѓања:
    18.281
    Пол:
    Женски
    Не е работата само до имотот и парите за ќирија, работата е за подршката. Многу жени трпат насилство оти немаат подршка од нивните и раснети се со тој менталитет од кој остануваат без самодоверба.
    Имав две другарки, кои имаа родители како карпи шо стоеја позади нив. Им рекоа, ќерко, прави шо ќе прајш, ама ако не бива ние ќе дојдеме ќе те земеме и заштитиме. И така бидна, на првиот шамар си пребраа децата и дома.
    Јас немав такви родители за жал, на улицата бев оставена сама, затоа и трпев психичко и физичко насилство. Џабе беше имотот од покојниот ми татко кога ми беше страв да одам таму сама оти идиотот ми се закануваше оти тамо ќе ми дојде и ќе ме утепа и мене и детето! Од полицијата нема аир, од кој да барав помош? Заштита ми требаше од некој, не имот.
    Да имав некој да ми каже, не се секирај, излези од таму со детето јас ќе те заштитам, одма ќе излезев. Ама немав.
     
    На LiquidLuna, Трагедијаупмм, Maca Macka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Золва ми и децата нејзини си имаат.
    А што си се фатила за мене?
    Уште од почеток се контра ми одиш.
    Каде ќе ги донесат децата на золва ми, во имот на моите?
    Алооо, си имам и од моите.
    И ти да одиш по трнливиот пат, и ти да даваш илјадници евра за потомство, да ти е важен секој денар, да, ќе им го броиш секој залак.
    На крај краева си имаат баба и дедо, родители.
    Епа нели сестрата погоре не мисли на братот, туку на имотот?
    Во тој случај па што има братот да мисли на сестрата, и тие деца си имаат и татко, и мајка.
     
    На Трагедијаупмм и Malesia им се допаѓа ова.
  19. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    20.159
    Пол:
    Женски
    Абе убаво тоа... јас сум за... само на братот да не му земи нешто... оти не дај Боже братот да си заработи, тоа од Бога му е заработено, оти со патлак меѓу нозе се родил.
     
    На ♡ Cinderella ♡ и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    32.242
    Пол:
    Женски
    Да, ама ете иако си имала имот од татко ти, ти се заканувал дека таму ќе дошол.
    Колку што те имам прочитано, мислам дека си го продала имотот поради бившиот.
    Има некои жени имаат имот, ама поради мажи наркомани или коцкари го продаваат.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.