Епа очекуваат не знам дали видовте еден пост на женски домаќински вчера, се жали золвата мајка и умрела и татко и очекувал снаата сеа да го чува? Зошто снаата? Синот и ќерка му нека го чуваат?!
Зависи какви можности ќе имам. Ако може да ги повлечам, ќе ги повлечам. Сум размислувала на таа тема со маж ми и не ми е проблем некој да дојде да живее со нас. Ако нештото е вон наша моќ, ќе праќаме пари за нега или убав дом. Секоја помош е помош, ако ја има. Како да не гледам во туѓ двор, кога цел сопствен двор на форум го пославте
Ама нели не е убаво жена да се плаќа, нели мора децата тоа? Нели во домовите во Македонија по брза постапка ги решаваат? Многу си контрадикторна.
И јас го прочитав постот. Искрено мислам дека админите на таа страна, пишуваат разни глупости за да соберат повеќе сеирџии. Пошо би била сериозно загрижена за психичкото здравје на жените во МК. Просто не постојат толку многу глупи жени. И често имам приметено, а се активира некоја тема со драма на форумов, одма ваму пишуваат пост на истата тема. Така да, не верувај на се што читаш.
Не сум контрадикторна. Имаш разни домови низ МК. Имаш ужасни, имаш достоинствени. Никогаш не реков дека не е убаво жена да се плаќа. Кога и каде напишав такво нешто? Читаш нешто или сама си прашуваш и даваш мој одговор кој јас го немам напишано
Па нека го чуваат де. Нели снаата си има стан од родителите, нели на ќерките им купуваат станови, што има да се замара она што очекувал свекорот или што рекла золвата? Си има нејзин стан, од свекорот ниту бара нешто ниту треба да се замара со неговите очекувања.
А демек ако свекорот им дал живеалиште, мора снаата да го чува? Па еве снаата ако си има стан од родителите и живеат во нејзин стан од нејзините, дали зетот треба да ги чува нејзините затоа што живеат во стан купен од нив? Или тој е маж, не треба да чува ни негови, ни нејзини, а снаата може.
Ништо не се мора освен да се умре. Нека си седнат уште од старт и нека си се договорат, нека си каже од старт снаата вака и вака, јас на старост не планирам да ве догледувам, барајте си со време друга опција. Па после дали свекорите ќе го дадат имотот на другото дете со обврска да ги догледа, дали мажот односно нивниот син ќе рече јас ќе ги догледам мои родители се, дали ќе склучат договор за доживотна издршка со некои рандом луѓе на кои ќе им остават имот или па ќе продадат све па ќе си платат полуксузен дом, нивно си е. Кажи си со време, нејќам ни стари ни пари, си иам стан од моите (пошо нели на сите ќерки им купуваат) и решен проблем Ама стари никој не сака а од парите исто не сака да се откаже, па после свекорот очекувал ова очекувал она. Изјасни се со време ни стари ни пари и ќе бидат на чисто дека нема што да очекуваат од тебе.
@Anyshka па после ја поддржаа неколку членки. Синовите биле обесправени, добивале куќа со гратис стари, а ќерките стан на раат да се шират. Остана мистерија зошто при стан идат да живеат во заедница или по спратови и доградби во ист двор со свекори девери јатрви и золва.
Значи ако на некој родителите оставиле се на братот, не и на нив, не поделиле еднакво, не значи дека сите родители се такви покварени. Во која година било тоа каде се останува на братот? Сега делат еднакво и помеѓу браќа, и помеѓу сестри, и помеѓу брат и сестра, е сега има исклучоци, ова повеќе го има сега по селата или во руралните средини, дека се останува на братот.
Не на сите ама околу мене што се а и мојата золва си добија од нивните куќа, а синот куќата стара кај што живеат старите. Плус нели и золвата зошто и оваа куќа е нејзина кај што живеела снаата и синот немаат право на збор и тука и чуваат соби нели за коа ќе дојде да преспие кај мајка и иако се оддалечени само 20 мин пат нели. И се префрла нели за пари дека му даваат на синот а колку се дадени на ќерката? Тоа мене еднакво не ми е делење ... Па вие што сакате кажете
Па немора синот да живее со старите. Зошто живеат тогаш со старите, нека си одат под ќирија. Кога ќе умрат старите нека си дојдат во празна куќа.
Па кажав не сите живеат во заедница, еве јас не живеам, и не оставиле се на брат ми. Тоа е во руралните средини, во помалите градови, во селата. Во наше друштво, колешки, другарки никој не живее во заедница, еден ден немаат живеено, во маалово каде што живееме никој, кај моите во маало никој, еве и свекрва ми живее во друг град, па и таму никој, има ретко, ама пример на синот му ја препишале куќата, тој горе на спрат, родителите доле, а на сестрата и дале пари. Има и двајца браќа каде едниов останува во куќата на неговите, на брат му му дале пари. Нигде не познавам на едно дете се да дадат, на другото ништо, вие ако познавате, или вас ништо не ви дале, се на братот, виновни се вашите родители, не братот. Па моите не живееле тоа време во заедница, ниту свекор ми и свекрва ми, не па сега некој ќе живее.
Е како може за ќерката да можат куќа да направат а за синот во стара куќа или он додека ги чека да плаќа кирија нели е тоа неправда? Нели треба поддеднакво да делат за двете деца??
Многу се ретки тие шо добиваат така стан додека се живи родителите, ма и после нивната смрт. Обично после смртта на старите, ќерката на пр добива стан а синот куќата. До тогаш се е само на муабет, ама и тоа не им чини на снашките.
Еве јас познавам што добиле стан ќерките, и пред свадба уште си се вселија во станот. Ти дека не си добила ништо, мислиш сите се така. После смртта се дели се еднакво ако не поделиле родителите.
Епа тогаш, ќе си се стиснат во една куќа и золва и снаа и брат и стари и праисториски и сите и ќе ќутат, нема жалење. Кога ќе умрат старите тогаш ќе си добијат тоа шо ќе си добијат. А не, ем золвата им пречи шо живее уште кај старите, ем им пречи и ако си оди во посебен стан. Никако неможеш да ја погодиш. Тогаш нека се договорат, синот нека си добие стан а на ќерката куќата. Ама и тогаш нема да ви чини.