Јас добив куќа, фала на грижња. Не е исто стан и куќа, во стан мора да трпиш секакви комшии и немаш толкава слобода, додека во куќа шо сакаш можеш да праиш и плус двор имаш.
Па тоа го збориме бе Паула. Криви се старите така шо праат. Значи пред нивната смрт никој не треба да добива ништо. Кај сакат децата нека одат нека живеат. После смртта треба подеднакво. Затоа караници ќе има, на тој куќа на тој стан на тој стари, и оди после разбери се, ќе се исколат.
Ама мораше да ја продадеш поради бившиот. Епа ако си добила куќа зошто си реновирал кај бившата свекрва? Нели друг сега се бања во тоа гром купатило? Одговори и ја мистеријата на @Asparagus , да не и остане мистерија. Па некои еве не сакаат куќа, еве ние можевме и куќа да купиме, ама сакавме стан.
Има врска, да се разреши мистеријата. Членката праша зошто ако ќерките имале свој стан или куќа, седат во заедница со свекрвите? Прашај си ја членката што едно исто праша сто пати. Сака да се разреши мистеријата, таа го постави неколку пати тоа прашање. Јас не можам да и одговорам дека при стан не отидов да живеам со свекрвата. Ама ти можеш, дека при куќа од твоите си реновирала кај свекрвата.
Ние живеевме во куќата иначе, откако ја продадов, реновиравме во станот. Други планови се имаше тогаш али нема врска. Поентата ми е, цело време се секирате кој каде, шо како. Значи сите членки тука се замараат само за имотот. А настрана од тоа, зборат дека мирот нема цена. Епа чим се согласивме дека криви се старите, шо да прајме сега шо направиле старите така? Цел живот ли ќе се нервираат со старите и нивниот избор? Можат ако не им чини, да си се отселат и готово. Нели мир беше у прашање.
Епа тогаш шо да прајме? Едноставно загазиле на место кај шо старите се криви, синчето е златен на мајка и тоа е. Или ќе трпиш или ќе се отселиш.
Не бе Ади, најубаво е пари ама без стари нели? Тогаш мирот ќе биде вистински мир. Ама се претерува на темава значи претеризам у пм. Нит осет се нема нит нишо. Ах пуста алчност и завид бе шо ти прaaт.. И таму кај што го немаш проблемот самиот си го бараш, после Цацко ти е крив.
Тоа објасни им го на другите членки. Значи пак дојдовме до заклучок дека и тие членки што живеат во заедница само тие си знаат зошто, а тука ги распнаа. Па зошто не оделе под кирии, зошто не купиле стан, само тие си знаат зошто и не мора да им објаснуваат тука на дотични. Не чепкајте во туѓиот џеб.
Јас не чепкам во ничиј џеб, пошо иам поминато секакви срања во животот и знам како е кога немаш избор. Само шо тука цело време едно те исто се збори, зошто на ќерката стан а на синот куќата со старите. Епа тоа ќе си ги прашаат старите. Или нека се договорат они нека идат во станот а ќерката во куќата. Или едноставно, ако си сакаат живот без стари, може да се отселат. Никој друг освен старите не е крив, ама па и не вреди заради нив да се нервираш.
Ама тука се започна како братот бил алчен што му ја оставиле куќата, а на ќерката што и купиле стан или куќа да живее без свекор и свекрва тоа не е алчност? Никој не е виновен освен родителите што не делат на еднакво.
Еднакво не поделиле меѓу двете деца? Ете за ќерката стан, за синот куќа. Или ќерката дел од куќата бара?
Имотот се подели, памперси се сменија, само никој не кажа што ке се случува од како имотот ќе се дели на два дела, кој ќе плаќа жени домови ако не стигнуваат пензиите? Што со тие деца што освен имот друго не ги интересира ?