И ќерката бе ќе си доаѓа ќе ги глеа. Ќе се договорат со братот, родители им се на двајцата. Сеа, ако се такви глупаци да водат инат, тогаш нивен проблем е. Ама вајда на улица родители не би остаиле. Бар нормална совесна особа не би.
Па незнам дали планирале, ама со овој македонски менталитет, никој не сака да ги чува. Синот не бива да ги чува јер је муж, ќерката си е мажена си има кај маж и , и сите чекаат од снаата. Ама па снаата не ги рецка.
Е не е исто гледање по 2-3 саати, и по 24. Никој не би оставил родители на улица, ама има лакомост многу. Ќе се испоколат браќа и сестри.
Е снаата не е дужна. Мислам, може да помага нели ако сака ама да се понаша ко родители да и се, мало сутра тоа. Пак значи треба убаво и разумно да падне договор меѓу двете деца, ако нема разбирачка, сите трпат после, а некој ќе го јаде највише.
Епа тоа е цел проблем тука, оти таков ни е менталитетот, морало снаата. Затоа снаите се нервираат. Мора да се умре, друго ништо не мора.
Офф епа шо тогаш да се праи? Знам, и ние дома со баба ми и дедо ми имавме таква ситуација, живеевме у иста куќа, на различен спрат. Доаѓаше и тетка ми што е за право ама моиве па и ја што помагав го кркавме највише. Не знам, тешко е. Ај дом и жена, ама ако не можат да си дозволат? Ќе трпиш и тоа е за жал. Тешки теми се ова ептен. И сепак за многу блиски особи се работи, без разлика какви биле, не е сеедно.
Тоа било порано каде цел терет паѓало на снаата, ама во помалите градчиња и сега се уште има свекор и свекрва каде што така размислуваат, дека снаата ќе ги чува, а не синчето, како така тој да се мачи. 50-60 годишни вака размислуваат во помалите градчиња, со чест на исклучоци. Повеќе им е за тоа што ќе кажат комшиите, не за друго.
Него... Колку од вас би ви било убаво да чуете од маж ви да рече дека е роден под среќна ѕвезда ако родителите ви се починати или починат?
Во помалите градови скоро сите се така. Ама пошо модерни времиња дојдоа, доаѓа до судир на модерното и заостанатото ( традиција според старите). Највиновен ни е менталитетот и старите. Затоа после караници има. Уште од мали ги делат децата. Синот се учи дека секогаш ќе добива на готово и дека не треба да мрдне ниеден прст, ќерката се учи дека ќе се мажи, и се останува на снаата. Затоа кога иде ред да се дели се, синот кур го боли оти он секако никој нема да гледа а си знае дека се ќе наследи, ќерката знае дека синот нема да мрдне со прст и на неа ќе падне товарот и затоа се повлекува, а снаата..... јака и душа на снаата.
Да , и еве повеќето жени трпат. Мислат дека така треба. Среќам времето се мења па мислам повеќе глас ќе имаат идните генерации
Сега и децава женски уште од мали ме сакаат. Слушам едно девојченце од 7-8 години, како им кажува на другарките дека кога ќе се омажи не сака да живее со родителите на маж и. Уште сега си кажува. За среќа младинава веќе не трпи.
Ама колку проценти од синовите ја добиваат куќата, а на колку проценти од ќерките им се купува стан или куќа? Синот во 99 проценти ја добива куќата, дури и да се двајца или повеќе браќа а куќата да е две соби пак ќе ја поделат, ќе доградуваат, никој нема да биде лишен од дел. На никој нема да му речат дека е алчен што бара дел, на никој нема да му речат до една соба ли ти е дојдено, па како не ти е срам да земаш од брат ти , како што викаат кога е во прашање сестра. Ниеден син не е испратен од дома да се жени, со еден куфер во рака и со зборовите ти кај жена ти ќе си бараш. Ниеден син не го тераат да се жени што побрзо и да си оди од куќата за да ослободи место за братот и снаата. А ќерките добиваат стан во некои случаи но далеку од тоа дека тоа е правило.Добиваат под услов родителите да се доволно финансиски моќни и да не се со затуцан менталитет. Можда 20 проценти од ќерките добиваат стан од родителите или дел од парите за стан, дури мислам и таа бројка е преоптомистична. Другите добиваат спална како мираз и толку, им викаат ти кај мажот ќе си имаш. Така да тие муабети за обесправените синови се жива смешка. Повеќето семејства во Мкд имаат една куќа или стан и таа си останува кај синот. Филмови како тие на Анушка каде золвата добива две нови куќи а синот една стара се бројат на прсти и се исклучок, не правило.
Да де, цел имот на синот а на ќерката дали стан од 50 квадрата. И пак синот жртвата, ќе нема место да се шири. Абе ајде. Ама ова му одговара на синот, на снаата не и одговара.
Јас пишав тие што ги познавам, што ми се блиски еднакво им поделиле, а ти ако не си добила ништо, оди таму и барај, ние тука не можеме да ти помогнеме. И што е чудно некој да има два-три стана или две-три куќи? Ти ако не познаваш, тоа е друго. И во Македонија има имотни. Како познавате родители што им викаат на ќерките да се мажат за да ослободат место за синот и снаата? Во некои рурални средини може, зошто јас не познавам такви што си ги бркаат ќерките. Во кој век ова било?
Јас сум добила еднакво и никогаш нема да живеам со свекрва, золва или јатрва нити да се мешам како ќе го делат они нивниот имот и да кукам зошто золвата одела на гости или дека била алчна што барала дел. Но тоа не го менува фактот дека голем дел од жените во Мк се растени со идејата дека родната куќа ќе остане на братот, дека е срамота да бараат дел, дека они треба да си бараат кај мажот. И после коа ќе се омажат очекуваат дека и золвата треба да го има истиот став и да се омажи пошто зошто со некого само за да не им смета и дека не смее да бара ни една соба а не повеќе. Македонија не е само Центар, Дебар Маало и Водно, има имотни и прогресивни луѓе, но има и затуцани конзервативни луѓе и тие се мнозинство за жал.
Познавам јас една ваква, уште ни 30 нема наполнето. Очекува од золва и да остави се на маж и, бидејќи и она оставила се на братот. И тоа си го кажува гласно и пред сите. Ама золвата паметна, си молчи и си го тера животот.
И чувај боже да кажат лош збор за бате што сака сѐ за себе ама едвај чекаат свекрвата да умре оти ги прашала зашто биле на лекар и дозволила да останат место да плаќаат кирија. И она "ако е на маж ми, и мое е" на папир не иде златни.
Па затоа прашав во кој век било? Ретки се тие сега што мислат дека треба да остават се на синот, пишав во руралните средини може само, сега сите делат еднакво на сите деца колку и да имаат. А золвата или деверот можат да си одат кај родителите кога сакаат, никој не може да им забрани, ама тоа да не се очекува дека се снаата ќе спрема. На сите деца се родители, штом ги викнале ќерката или другиот син на гости, и тој што живее со нив треба да биде гостин. Затоа тој син што останува да живее со родителите најмногу си го окркува снаата. Еве ние сите тројца живееме посебно, ниту брат ми со моите, посебно си живеат, и кога одиме на ручек мајка ми се спрема, може да се договориме со сестра ми нешто јас да направам, нешто таа, и кога ќе завршиме со ручекот јас и сестра ми и помагаме на мајка ми да раскрене, на снаата не и дозволуваме, не дека и таа не се понудила да помогне. Исто и кога брат ми би живеел со нив ама на посебен спрат, што има снаата да спрема ако моите не викнат на ручек. Може ако не викнат кај нив, тогаш. Снаата не е слугинка. Кога имаат децата роденден мајка ми не не двои, на сите ни прави кифли и други работи, ако немаме време ние.
Браво за тебе. И ова со стан за ќерката и куќата за синот е пак подобро отколку ништо за ќерката. Иако треба пола пола да биде. Ама нели гледаш дека обично снаите се жалат на ова? На синот така му одговара.