Ех да е само една, еден куп ги има такви. Така се воспитувани, ќерко ти кај мажот ќе си бараш, тука срамота е од братот да земаш. Но ете полека но сигурно се менуваат работите, еден куп млади баталуваат и имоти и спратови и или си бегаат странство или сфаќаат дека раатот е побитен од парите па одат под кирија или земаат станбени кредити.
Eпа знам пишуваа членки и мажите што имаат браќа. Кога ќе дошле на гости со жената и со децата, се се очекувало снаата да спрема таа што е со нив, децата на деверот лом правеле ама нели кај баба и дедо се. Епа на мажот му одговара затоа што и тој се однесува како гостин, затоа снаите се бунат. Па и ова не е фер едниот син со нив, другиов посебна куќа да му купат или стан.
Епа не е. Затоа никакво живеење со стари. Поарно да заебиш и имот и се, отколку на глава да ти се качуваат.
Ниту снаата е должна да биде слугинка, ниту свекорите се должни да и обезбедат имот. Кога сите ќе престанат да си имаат такви очекувања, младите дека некој е должен да им обезбеди имот, а старите дека некој треба да им мења пелени, 90 посто од проблемите у темава ќе ги нема.
Татко ми е починат ,ако дм ми рече така ќе раскинам одма ако мм ми рече така ќе го задавам И свекор ми е починат и никогаш не би рекла такво нешто а свекрва ми пипав погоре сум ја проколнала во лутина. Но ,неа ја познавам и знам колку злобни работи ми направила па ќе речам не е исто. Ако бил жив и правел лоши работи (баба ми ,никој жената не ја памти по добро ) па откако починал ми рече не знам веројатно би рекла во право си
Ама еве зошто купуваат само на едното дете? Ете ти пиша еднакво си добила, исто и јас. Ама што е со оние што купуваат само на едното дете?
Нека си очекуваат мењање пелени од тоа дете тогаш. А тоа дете ако не планира да мења пелени, нека си каже со време , не да го лапне имотот па после да му текне дека не сака пелени да мења, како што прават многумина.
Koj rekol deka zivotot e fer be zeni,daj osvestete se ,i 2 braka i 2 sestri da se razlicni se sakaat, i delat stvarite.Zboram i dodeka si dete ,ne samo za imot.Na rabota ima li fer nesto,nekogo sevicta go obica i privilegii kup ,nekoj ne.Toa e zivot,da e e pravo ne e,ama pa da se jades cel zivot so toa ke pobolis i psihicki i fizicki ,i duplo zafrknat od site.Izvinete sto vi se mesam vo muabet devojcinja.Da imase pravda ke se rodevme vo druga zemja .
Во право си, во нашава земја нема ништо фер. Затоа ќе се колиме и тепаме ние децата а старите ќе си останат покакани.
Тие што сакаат на мажот да му умрат родителите, сеедно им е каква е свекрвата. Можда еднаш им замерила дека зготвеното месо им е малце суво и готово, треба да ја утепаме кутрата.
Значи вака, не сакав повеќе да пишувам на темава барем извесен период, затоа што си имам многу посериозни работи. Ама еве за да спиеш мирно ќе ти објаснам зошто золва ми доби две куќи, не сакав да објаснувам ама ајде еве да бидеш мирна. Едната куќа и ја направија свекор ми и свекрва ми, затоа што не сакаа да живее во село (зетот е од село), на два спрата е со поткровје, и не чекаше скрос да се направи, туку доле само една соба, и се преселија во куќата. Арно ама се случил немил настан на поткровје (свекрва и била низ градот, и успат кај нив), золва ми си отишла кај комшика на кафе, и кога се вратила што да види (свекрва и се обесила), ете затоа таа куќа си седи празна (освен една соба) и никој не седи таму. Оваа куќа каде што седеа им ја направи свекор и нејзин, и на нејзината золва и направи, а на деверот остана куќата од свекор и. Потоа за другиот спрат свекрва ми и свекор ми и помогнаа. И те молам, веќе да си немаш работа со мене, ете ти објаснив зошто има две куќи, сега можеш мирно да спиеш.
Јаа деца не родив за да ме гледат кога ќе остарам и за да ги мачам. Вие ако за тоа сте ги родиле, немој после да останете со отворена уста од тоа шо ви се десило. Јас ќе си одам во дом.
Немаше потреба да објаснуваш, реално освен на тебе на никој не му е гајле за куќите на золва ти. Мојата поента е дека случаи како овој што го кажуваш се исклучок а не правило. Правилото е дека синот го зема имотот а ќерката треба да си бара кај мажот. И уште милион пати да пишеш за куќите на золва ти тоа се фактите.
Јас ќе дојдам со тебе. Баш со маж ми разговаравме на оваа тема. Ако дојде ред да бидеме изнемоштени, ќе одиме во дом. Не сакам да им бидеме товар на децата.
Тие треба да си помислат дека и нивната снаа едвај чека на мажот да му умрат родителите. Ама тогаш ваљда не им е смешно. Само кога се туѓи родители е смешно.