А вчера свеки вчера убаво ме намести да пржам соини шницли , а јас чистев чевли, ги собирав, кај да е се селиме.. стварно бев расфрлана со чевли, кутии насекаде, на рацете ракавици. Абе кажи ко човек на време, направи ручек ако сакаш, па и јас да си планирам што кога да си сработам. Вака со финти демек и се лоши, уф. И уште ми вели, ,, и реков на ќерками, да ги испржи АМА ОНА ИМА МНОГУ РАБОТА ДЕНЕСКА?? Ех ама и јас и реков, па и јас имам работа ама ако ќе ги направам. И ги направив и за инат и салата направив на свекорот кога сакаше да руча, и се измив од тави до тањири. А не ручав. А ми вика и ќеркаии и рекла пак ќе правиш од тие гадните (соините шницли), а јас на свеки и викам о па она па демек здраво сака да се храни а тука јаде само од помфитот. Баш така ис о овиее зборови и плеснав. Сум пишувала веќе како ни го присвои нарачаниот соковник од нејзините другарки подарока за свадба од нејзините другарки, без прашање си го отвориле и како си цеди природни сокови, секој божји ден, и демек вегетеријанец и дрн, дрн.. Ама и го плеснав, леле.. И послем свеки одите во соба на ќеркаии и и кажа веројатно, и послем еве ти ја золвава и зема и цел стан го исчисти со правосмукалка. Свеки вечерта све миеше како попарена, и во една прилика ми вика што миеш пак сега, се измив јас, јас и викам ништо јас што јадев сега си мијам. Е не ќе ги ланчам, мразам што како некое сејанче, се труди да наметне и демек ме искористи нешто да направам, кога само да се договориме јас одма ќе го сторам без збор. Она и така не е должна да ни готви и се да работи, тоа е така и јас сум свесна за тоа и затоа гледам секогаш се да помогнам. Само плеасе без ефтини сејачки финти. Не со мене. А да и нормално и на мужето му кажав, како ме наместија таму да се усмрдувам и пржам, и дека ми останаа пола чевли несредени. Ма нека знае.
Утрово станувам рано и одам на лекар поради алергијата што ја добив за викендот. И секако свекрва ми мора да се умеша во се. А што ми дала докторката дали можело да користам бидејки сум бремена па сигурно дека може лекар е знае се гледа дека сум бремена. Седнуваме да доручкуваме со мм и таа веднаш да јаде демек гладна е а 3 пати од коа е станата има јадено. Вели леле леб нема да месам треба , ручек да направам ама некако го кажува како „АЈДЕ СНАО НАПРАВИ ТИ МЕНЕ МЕ МРЗИ„ . Јас не и реков ништо се најадов станав се намачкав од маста на алергијата и оваа јас пак мислев ти да направиш ручек ти да месиш леб мене нешто ме мрзи ми се спие ама се намачка маст ајде пак јас ке направам. Јас пак ништо не и одговорив и еве ја за 5 мин му сежали на мм дека требала да исчисти д амеси леб да напраи ручек а била на одмор сакала да с еодмори арно ама мм не застана на нејзина страна и вели „ПА ДОБРО ДЕ ТИ И ДА СИ НА РАБОТА И ДА СИ ДОМА СЕКОГАШ САКАШ ДА СЕ ОДМОРИШ, ДА СПИЕШ НЕМОЖЕШ ДА СЕ НАСПИЕШ НИКАКО,ЈАДЕЊЕ И ЛЕБ СЕГА БАРЕМ КОГА СИ ДОМА ОДМЕНИ ЈА СНАА ТИ ТОЛКАВА СО СТОМАК ДО ЗАБИ УШТЕ САКАШ ДА РАБОТИ„ леле оваа пукна од мака зошто пак таа да работи. П.С Мојата свекрва обожава само да јаде да спие а за друго време нема нема кој нозе да дига до таван. И после дебела сум вели па како ке биди слаба кога само јаде и спие !
Дебела била, и` се јадело, ццц. За нејзиниот изглед имаш право да коментираш кога ќе станеш на нејзини години. Не било убаво што од тебе со толкав стомак барала да правиш ручек (секој би се налутил), ама пак таа работи (а ти дома седиш, само домашната работа ти е и тоа не е цела на тебе оставена, не дека ја потценувам, ама и од таа работа се жалиш). Снаа ми и покрај сите конфликти што ги имам со неа, морам да си признаам дека мајка ми како што кажува, со толкав стомак, ем до три дена пред породување одеше на работа, ем нејзиниот спрат беше бре цакум пакум во секое време. Мајка ми не нашла ни тровче да го крене (што е интересно затоа што она била баш пример за мазено-пазено дете). И збор не кажала за тоа. Што сакаш ти уствари? Да си седиш како принцеза, да не пофаќаш ништо и сите да те служат? Е нема да може како што тргнале работите. Таа работела на времето, не си и` била дома па да знаеш дали работела или не, сега ем на работа оди и има право да се одмори. Па со вакво размислување, ти кога ќе им појдеш на работа, не да не им даваш да те тераат да работиш, споменик ќе ги тераш да ти кренат. Едно време свекрвите беа Бог да чува, сега пак се` повеќе стануваат за жалење. А маж ти многу па убаво направил што ја понижил мајка му пред тебе. Прво тебе, сега нејзе. Наместо да наоѓа кривец и женски да “пецка“ со коментари, тој да го направел ручекот најпаметно ќе било. Убаво што те одбранил, но можел помалку простачки да го изведе тоа, без да ја понижи мајка му.
Работела на времето хх ајде да ти кажам бидејки моите први постови не ти с епрочитани. Таа сама се кажува ми вели „ јас кога дојдов како снаа само јадев спиев и шетав мојата свекрва не ми даваше да кренам трошка од земја. Па јас до скоро незнаев како с емеси леб како да напраам јадење свекрва ми правеше се ама сега кога почина почнав нешто да правам јас ама никако д ами успее или пресолено е го направам јадењето или ке го загорам леб незнам снао да месам уште.„ Зарем не е срамота сопругот да ти меси леб да те пере да ти готви а ти само д алежиш јадеш спиеш? Кога дошла како снаа свекор ми бил шофер на камион и таа секогаш со него на пат одела не работела никаде. Кога свекор ми останувал дома наместо како снаа да ја одмени свекрва и таа исо спиела јадела шетала. Кога дошла како снаа имала 45 кг а за 2 години имала 98кг а немала уште останато бремена . Од што и с етие кг качени од работа или од мрза да се подигне од креветот? Уште незнам како не и е срам да кажува како и што било дури со гордост тоа го кажува. Пред некој ден една нејзина колешка ми вели „ДОБРО ОВАА СВЕКРВА ТИ НЕШТО РАБОТИ ПО ДОМА?„ и велам „ЗОШТО ПРАШУВАШ„ а таа ми вели „ПА ПРЕД НЕКОЈ ДЕН ОД РАБ КОГА СЕ ВРАКАВМЕ МИ ВЕЛИ СЕГА КОГА КЕ ОДАМ ДОМА СНААТА И СОПРУГОТ СЕ МИ ИМАТ СПРЕМЕНО ЈАДЕЊЕ ЛЕБ ИСПЕРЕНО ИСЧИСТЕНО А ЈАС КАКО И СЕКОГАШ СВИ 4 У ВИС„ Останав без зборови незнаев што да и одговорам. Кога дојдов како снаа не и дозволував ништо таа да работи се јас правев бидејки не одев на работа не сакав дома некоја работа да и остане на неа. Ама секако не и се допага нејзе ништо се нешто фали . Може ке ја сватев нејзината мрза да се подигне од кревет и нејзиното претерано спиење ама неможам да ја раберам како не и е срам да кажува што се работела свекрва и и дека таа ништо не работи и згора на се кажува „ЈАС НЕЗНАМ ДА ГОТВАМ НЕЗНАМ ДА МЕСАМ ЛЕБ„ СРАМОТА. ММ и вели „МАЈКО ДОБРИ И РАСКАЖУВАШ КАКО БАБА СЕ РАБОТЕЛА А СЕГА КОГА Е СО ТОЛКАВ СТОМАК И КОГА ДОКТОРОТ И ВЕЛИ ДА СЕ ОДМАРА ДА НЕ КРЕВА НИШТО ТЕШКО ДА НЕ СЕ ЗАМОРУВА ТИ НЕСАКАШ ДА И ПОМОГНЕШ АМА ИЧ ТЕ МРЗИ ДА СТАНЕШ ДА ИЗМИЕШ ЕДНА ЧИНИЈА ПА ГРЕОТА Е ЗА НЕЈЗЕ ПО ЦЕЛ ДЕН РАБОТИ БАРЕМ СЕГА ОДМЕНИ ЈА „ а таа со овие зборови „СИНКО ТИ ДОБРО ЗНАЕШ ДЕКА БАБА ТИ СЕ ЗАВРШУВАШЕ НАМЕСТО МЕНЕ КОГА ТАА ПОЧИНА ТАТКО ТИ СЕ РАБОТЕШЕ КАКО СЕГА ЈАС ДА РАБОТАМ КОГА НЕЗНАМ НИ ДА ГОТВАМ НИ ДА МЕСАМ ЛЕБ ПА НЕКА РАБОТИ СНААТА ЈАС ВИ РЕКОВ И ПАК КЕ РЕЧАМ ЈАС ОВОЈ ЖИВОТ САКАМ КАКО КРАЛИЦА ДА ГО ЖИВЕАМ НЕ РАБОТАМ НИШТО И ОВА ШТО ОДАМ НА РАБОТА 4 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА МИ Е МНОГУ„ . И како сега јас да ја раберам таа сакала како кралица да живее се друг да работи јас не се жалам од работа ама кога матичниот ми вели одмарај се нозете ми отекуваат од многу што стојам немој да креваш тешко по дома помалку ке работиш последните 2 месеци треба да се одмараш. АМА фала богу тука е мојата „СВЕКРВИЦА„ и нема ШАНСИ да се одмориш. Секако ке се одморам ако сакам да се без ручек сите да не е исчистено д анема леб .
^Navistina mnogu nisko deluva ova od tvoja strana sto celo vreme uporno vinovnik naogas vo nekoj drug. Jas se prasuvam sto mislese ti koga se mazese,mislam dali znaes sto znaci zborot BRAK i ZAEDNICA??? Jas iskreno ja zalam tvojata svekrva so snaa kako tebe,sekoj den so negativni kritiki,a dali ednas si se zaprasala sebesi dali e vo red ova sto ti go pravis. Ne mi e poentata da se mesam,ali navistina iritiras so tvoite postovi i sekojdnevni prepucavanja na smetka na nekoj drug. Tolku mlada devojka so tolku nisko razmisluvanje
Според тебе во ред е жена на 55 години да не знае да месе леб да не знае да испере или ручек да направи? Наместо нејзе тоа да го работи мажот и ? Или свекрва и цел живот која била и таа снаа која и таа на свекрва и и помагала? Или пак сега кога и дојде снаа пак треба да лежи на жена со стомак до заби да не сакаш ниту со прст да и помогнеш?И да велиш „ЈАС ОВОЈ ЖИВОТ КЕ ГО ЖИВЕАМ КАКО ЦАРИЦА НИШТО НЕМА ДА РАБОТАМ„ Па добро кога човек има маша зошто да си ги изгори рацете.
Она така сакала да си ги намести картите во животот. Нејзина куќа = нејзини правила. Што си и` дошла во куќа ако не си сакала да бидеш „машата“? Не треба да е твоја работа дали ќе меси леб или не, ти никако поинаку не придонесуваш за тој дом уште да не ти беше таа домашна работа што не е целосно на твој грб. Снаа си, не принцеза. Како да те сака некој и почитува кога негативноста ти се осеќа од километар? Со каков презир зборуваш за мајката на човекот кој го сакаш. Има жени кои навистина си имаат мака од свекрвата па на темава ниту еднаш не се послужиле со такви ниски зборови. Башка од кај знаеш дека не те лаже за нејзиното неработење и неснаодливост во кујна? Може боље знае и од тебе, но ете НЕ САКА, не и` е мерак да направи за тебе јадење и си вели „кога веќе толку ме мрзи а мора да ја трпам, бар да иам фајде од неа.“ Биди среќна што не си се погодила кај некоја многу итра свекрва. Таквите кога ќе ти ја земат мерката, бегање нема.
Јас во куката не сум дошла за неа дојдена сум за син и. Тоа што јас не придонесувам дома не е моја вина што мм не дозволува трудна жена да работи физичка работа. (во нашиот крај освен мотика конфекција и градежно др работа нема). Не се жалам од работа но кога докторот вели одмарај немој да работиш по дома бидејки може да се породиш уште во 7 ми месец зарем треба пак да работам за на свекрва ми да и угодам па недај боже да родам бебе на 7 месеци како што вели докторот тоа нема да е бебе туку маче? Како поинаку да се однесувам со неа кога уште од првиот ден ме нарече „ПРТАЛКА„ потоа станав дете од неписмено семејство керка и сестра на ојловци дојловци , зарем на тие зборови почит да и покажам НИКОГАШ. Трпев трпев ама не се траи. Кога минатата година го загубив моето бебе на 12 недели очите од глава ми ги извади јас сум го убила не сум го сакала цела општина ја разбра која е таа мајка што не си го сака детето па си го убива? Неможам да и ги простам тешките зборови што ми ги изнакажа и затоа почит кон неа немам. За неа сум била само снаа на број , жена која ке и роди фнуци (Што сум јас машина за деца) жена која е од сиромашно семејство па во нивната кука сум нашла леб , зарем јас моите 18 години кај мајка ми на воздух ги живеев можеби немав луксуз ама леб и јадење секогаш имавме. За тоа дека не лаже добро знаее мм свекор ми а дури и цела општина кој и да дојде и вели „ТИ КОГА КЕ РАБОТИШ СВЕКРВА ТИ РАБОТЕШЕ СЕ ПА МАЖ ТИ СЕГА СНАА ТИ СО ТОЛКАВ СТОМАК „ а оваа „ЈАС КЕ ЖИВЕАМ КАКО ЦАРИЦА НА КОЈ У СЕ ЈАДЕ НЕКА СИ ПРАВИ САМ ЈАС НЕЗНАМА А ДОПРВА ДА УЧАМ НЕМА ШАНСИ„ . и ЗА ТЕБЕ ОВА Е ВО РЕД ПАК СНААТА Е ЛОША ПАК ТРЕБА ПОЧИТ КОН ЖЕНА ШТО ОД КАКО СУМ ДОЈДЕНА МЕ ПОНИЖУВА ? ЖЕНА КОЈА СЕ МЕША ВО ИНТИМНИОТ ЖИВОТ ... со кое лице и без никаков срам прашува „ВИЕ СО СИН МИ ИМАТЕ СЕКС? КОГА МИСЛИШ ДА ОСТАНЕШ БРЕМЕНА (пред да останам бремена ) ЈАС НЕМАМ ВРЕМЕ ВАС ДА ВЕ ЧЕКАМ САКАМ ВНУЦИ . Сигурно јас и мм сме размислувале кога треба да имаме дете а не таа да ми кажува кога.
Еее штом тебе таа работа на 20- години ти е тешка, замисли каква и` е на свекрва ти на 55 години. И по таква работа уште тебе да те двори. Кажував на темава за снаа ми. Значи имаме конфликти и тоа многу тешки, но позитивните работи кај неа ги признавам. Со брат ми неколку години не можеа да имаат дете. Потоа откако забремени, на почетокот имаше проблеми кои едвај ги средија. Но, никогаш не си земала за право да изигрува робовладетел дома и цела куќа од два спрата да и` ја остави на мајка ми. На нејзиниот спрат (мајка ми како што кажува) не како да нема трудна жена, туку и како да не живее некој, туку само доаѓа повремено да среди. Ете толку било средено. Нормално многу тешка работа не правеше, не рибаше теписи или генералки да прави, но редовно си одржуваше куќа. Сите обврски околу брат ми си ги презема таа. Плус речиси цела бременост одеше на работа. На почеток се поткаравме околу поделба на домашните работи (додека уште живеев таму) но последните неколку години се гледа си ја научила лекцијата и колку и да ми изнакажала тешки зборови, за ова и` викам „Секоја чест“. Имаше комшии/пријатели/доктори онака знаеш со “добронамерни“ коментари, само колку да направат раздор дома демек „како можела така да чисти/ќе родела пред време“ и сл. И таа самата рече „А како партизанките на фронт шо се вели се пораѓале/биле бремени во војна па раѓале живи и здрави деца?“ А има такви примери милион. Значи друга состојба е се согласувам, но трудна си, не си болна мајку му. Башка што во таква не толку урбана средина нема ни простор за олкаво пренемагање... вистинската помош обично е потребна некој период по породување, тогаш си уште побеспомошен отколку во бременоста. А за навредите на свекрва ти... се сеќаваш ли на почеток со каков арогантен однос и препукување ни` се обраќаше на одредени членки? Со свекрва ти можам да замислам како си се поставила. Кога ми ја прати таа ЛП а не ни знаеше што е трол и јас се подзамислив за твојата писменост. И мажена си за син и`, ама кај неа си дома, така што освен ако не планираш да се вработиш и да се одделиш ќе си одиш по правилата сама што си ги избрала со влегување во таа куќа. И вакви нервози што си ги ствараш од опседнување со свекрвата му штетат на бебето повеќе од правење на еден ручек, верувај ми.
trudnicka-не ми е јасно зошто така гледаш на бременоста,се лутиш за еден ручек што треба да го направиш,да сум на твое место со кеив ке го направам па и леб да замесиш....секојдневно се лутиш за глупости. До мојов дукан има жена која работи во пекара шести или седми месец е ,па скраја да е ништо не и е.... Немој така да гледаш и не биди толку опседната со твојата свекрва,рекла рекла сепак ти си помлада малку ке покутиш....во ред е кога ке претера кажи и ти , ама овака не е добро како што ти кажа и тессие ти си бремена и тоа не е во ред.... толкава негативност има во тебе....што човек малку ке се запраша дали е се во ред ....или бараш за себе некое внимание....Но би те замолила малку да бидеш по фина со твојте одговори....минатиот пат речи си се уништи темава"Свекрвите и снаите – проблеми" цело време со невкусни одговори напаѓаш феминки....Ова е тема си го пишуваш проблемот и тоа е тоа,а не.....Ние сите те разбираме можеби ти е тешко,но мораш да разбереш дека мораш малку да оставиш простор и за другите феминки убаво ти напиша и baby-star размисли малку..... Немој со толку голема негативност не е во ред не свекрвати ти делуваш малку чудно ништо навредливо само малку смирено млада душа а толку.....не е во ред тоа!!!
Добро Трудничка мене едно нешто ме интересира.Како таа твоја свекрва богати живеела пред ти да стапнеш у таа кука?!? Гладна, жедна, неиспрана, не испеглана седела? Син толкав како исчувала без тебе ?!? Мислам стварно ја направи со проштење од гом*о подоле. Ко у најмања рука таа тебе да те чекала па да седне на маса и да јаде. За син и си дојдена,ама ти и син не живеете сами па сами да диктирате правила на однесување туку живеете со уште 2ца. Коа ке живееш сама тогаш ке кажуваш како треба и ке поставуваш правила. Јас пола живот имам живеено во заедница со баба и дедо и можам да кажам дека мајка ми секогаш ако не друго имала однесување на ниво према баба ми без оглед на тоа колку се расправале( а многу се расправаа пошо и баба ми беше терсене жена и не ја сакаше мајка ми пошто не можеле да имааат деца со татко ми). Што вика мајка ми со бебе во една рака и со лажица во друга сум мешала манџа на шпорет ама на баба ми никад не и било преречено зашто у нејзина соба лежи и нејке да ме причува додека мајка ми заврши домашни работи. Кога се чистело сегде се чистело и на баба ми никад не и било преречено зашто она не помага крај краева стара е неможеш да ја тераш да риба теписи на 60 години.Па мајка ми сеа има 60 години па кичма ја боли се жали веке не може ни да чисти ни да мие ко порано. Кога се праело ручек за сите дома се праело а не само за мене и татко ми пошо нели по твојата логика би требало само за мажот и за детето да се прави ... Пак ке кажам многу ти е се изместени вредностите и границите за она елементарно људско понашање. Тоа што си мислела дека ке избегаш од дома и ке отидеш да живееш во подобри услови сеа од глава ти се мава пошто не е така па свекрвата е крива за тоа. И што ако маж и меси леб?!? И кај мене дома татко ми готви па научи и леб да меси и пастмајлии да праи.Не затоа што нема кој да го прави тоа туку на човекот мерак му е бе да се плетка у кујна . Стално си гледа емисии некои за готвење што на 24 kitchen што Храна и Вино и си ги снима рецептите .Едноставно тоа го опушта и кејф му е. И што според тебе мајка ми е недомакинка пошто она не го праи ручекот туку татко ми ?!? Мислам дека многу попаметно би ти било да наместо времето што го поминуваш во омраза и клеветење на свкервата да земеш да си прочиташ книга некоја да се опуштиш,да направиш круг еден во двор,да си навадиш цвекиња едноставно да си најдеш некоја корисна активност со која ке си го исполнуваш денот и ке ја тргнаш нејзе од памет.
Свекрва ми двојка на зборовите. Тоа што се омажив јас за син и незначи дека заради парите се омажив. Кога јас и мм имавме врска јас не знаев ни кој е ништо е ни од какво семејство е и дали има пари го сакав таков каков што е. На некоја од вас кога свекрва ви или снаа ви би ви го навредувала семејството би ве понижувала на се секој можен начин вие би и правеле поштовање како не сама на зборови да ке кажете. И јас така викав кога братучетка ми не ја поштуваше свекрва и ама кога осетив на своја кожа како е некој да те понижува во секоја прилика и пред секој што ке дојде и згора на се малку и сум јас што ме понижува го понижува и моето семејство . Всушност таа си го понижува синот значи тој не бил способен па донел таква снаа каква што таа ме нарекува. 2 години сум овде како снаа и секогаш јас правев ручек месев леб,перев чистев немав проблем со тоа. Истото го работев и откако останав бремена но сега кога лекарот ми забрани да работам како да ризикувам да го ставам животот на бебето на коцка за да и угодам нејзе. Пред да дојдам кој и правел ручек, леб ,перење, чистење... Напоменав погоре свекор ми го правел тоа откако нејзината свекрва починала. И ден денес свекор ми се кара со неа за некој работи многупати и вели „СТАНИ ФАТИ НЕКОЈА РАБОТА ГЛЕДАЈ КОЛКАВА ЖЕНА Е ДОБРО ЗНАЕШ ДЕКА И РЕКОА ДА НЕ РАБОТИ ПО ДОМА ДА СЕ ОДМАРА КРИТИЧНИ И С ЕПОСЛЕДНИВЕ МЕСЕЦИ А ТИ НЕМОЖЕШ ДА СЕ ИЗНАЛЕЖИШ. ЦЕЛ ЖИВОТ МАМА ТЕ СЛУЖЕШЕ НАМЕСТО ТИ НЕЈА ТАА ТЕБЕ КОГА ПОЧИНА ЖЕНА МЕ НАПРАВИ ЈАС МЕСТО ТЕБЕ РУЧЕК ПРАВЕВ ПЕРАВ ПЕГЛАВ ПА ДУРИ И ЛЕБ МЕСЕВ А СЕГА КОГА ДОЈДЕ СНААТА СЕ НА НЕА ОСТАНА КУТРАТА СО ТОЛКАВ СТОМАК ДО ЗАБИ НЕ ВЕЛИ НЕ РАБОТАМ И ПОКРАЈ ТОАШТО И ЗАБРАНИЈА„ . Уште да цитирам што и велат домашните па да видите дали сум во право? Секако овде има и свекрви кој се бранат мегусебно и снаа кој с ебранат мегусебно.
Премлада сум за да бидам свекрва злато (а според мене и мајка), а не ни планирам деца да имам во блиска иднина па да дочекам некој вака да ми соли памeт што не поминал ни пола од мојот живот и да ми се мази зошто ќе фати некој тањир. А ако е вистина за сите тие навреди што ти ги упатила свекрва ти, тогаш јас не сум свекрва ти двојка, не сум дотолку проста да се служам со навреди за да му го покажам некому местото туку се служам со факти. И другата страна, обично изиритирана е таа која се служи со навреди, прости коментари и оговарање. И кога би имала син, би го научила да работи и да заработи за сопствен кров над глава или барем за под кирија секогаш да има пари затоа што не би си поминала лесно некоја која од вчера истопорена ќе ми се прави царица и газдарица и ќе ми превртува со очи и ќе ме олајава за мојот изглед и навики во мој дом за кој само јас знам колку труд, емоции и средства сум жртвувала за да го изградам. Ако тој ја избрал и си ја поднесува таква, не значи дека треба на глава да ми се качува. И караниците меѓу свекорот и свекрвата не се твоја работа, како што твоите со мт не се работа на свекрва ти. Ако таа е проста и и` враќаш со иста мера, со простотилук, каква почит очекуваш?
Најправилно решение за младите и за старите е да не живеат под ист покрив доколку имаат услови, макар и под кирија или станбени кредити. Но доколку не постојат тие услови за посебно живеење на младите, и тие останат под покривот на свекрвата и свекорот, за кој тие макотрпно работеле цел живот, не им дава за право да им го диктираат животот на младите, да им ја нарушуваат интимата и се уште да ги третираат како мали деца. Таа снаа што Ќе дојде во новата куќа сигурно не очекува тие да влезат во нејзината соба додека таа спие со мажот на кратки пижами уште рано сабајле без да тропаат па и во која било друга прилика. Сигурно не очекува да и кажуваат што да јаде а што да не јаде итн итн, да ги наоЃА нив во нивната соба додека не се дома со мажот или пак гости да чекаат таму. Таа соба можеби е се уште во нивна сопственост но во туѓо владение па немаат право како порано. Тоа е исто како закуподавецот да може во било кое време да оди кај закупецот и за се да го контролира, не вака не така. Па на крајот се Ќе ти дојде преку глава и Ќе се иселиш. Зборувам од лично искуство. поздрав
На свекрва ми двојка мислев на тоа кога рече „Тоа што си мислела дека ке избегаш од дома и ке отидеш да живееш во подобри услови сеа од глава ти се мава пошто не е така па свекрвата е крива за тоа.„ бидејки и свекрва ми ми вели сум се омажила за син и заради пари како јас ако не беше син и ке умрев од глад немаше да се омажам. Исто да одговарам на претходните постови речиси цела година на секоја навреда премолчував што и да ми префрлеше молчев се качував на другиот спрат ке се исплачев само з ада не ја навредам ама кога веке не се трпи нешто ке се одговориш. Ако јас сега не и се спротиставам на навредите понижувањата каде ми е карјот со неа ? Зар да бидам сувенир во куката кој ке им биде како број или машина за деца рагање и работа? Порано ви имав пишано дека кога се омажив за мм 5 месеци уште учев мајка ми ми ја плакаше школарината што значи јас тогаш неможев да одам на работа. Кога завршив школо останав бремена мм не сакаше да работам додека сум бремена но за жал го изгубив бебето за кое ме обвинија дека сум го отрула сум го убила јас како јас да не го сакав моето бебе само таа го сакаше. После абортусот (миссед) 2 месеци одмарав бидејки така ми беше кажано од лекарите па потоа тргнав на работа баш зимата не фати цел ден бев на отворено се разболев качив температура 40 едвај главата ја држев на раменици а свекрва ми ми вели „Стани мори чумо оди на работа не се прави дека си болна„ а јас на инекции бев 3 дена висока температура што едвај ја свалив добив бронхитис. Тогаш мм рече нема да оди на работа ваква болна зимата дома ке ја помине па потоа пак останав бремена во 3 месец прекрварив од што сум дигала тешки работи ми беше строго забрането да работам строго лежење ми рече лекарот дури ни да с едвижам смеев. Едвај до купатило одев. Во 5 месец од бременоста добив нагла килажа од која лекоарот пак ми забрани да работам затоа што може да го изгубам бебето но јас за да им угодам не послушав работев за срека ништо не ми биде сега во 7 ипол месеци лекарот ми забрани да работам било каква работа бидејки од почеток сум имала критична бременост. Сепак 1 година трпев се секоја нервоза ја трпев плачев постојано не ми даваше свекрва ми кај мојата мајка да одам иако мајка ми ми плакаше такси но откако мм престана да биди на нејзина страна застана со подршка на мене се спротистави на мајка му за секоја навреда што ја кажуваШЕ ЗА МЕНЕ и моето семејство станав уште полоша снаа во нејзините очи. Сум го зела син и од неа ајде нека останеше неженет син и па само со неа да беше дас немораше да го дели со снаа. гоцевска токму тоа сакав да го објаснам но како и порано не сум во право велат самочовек што го има искусено тоа знае како е . Зарем е во ред свекрва ти да те прашува за интимноста или откако ке се поделите вие на еден спрат тие на друг таа да ти влева во дневна купатило спална без да тропне. Еднаш живи не закопа со мм голи рано наутро без да троплне се лупнува внатре да оставила некој работи што купила син и . Со мм од срам цел ден не излеговме од соба. Кога веке не сме во заедница зошто да ми се меша во животот како живееме што правиме каде трошиме па не ја прашувам јас неа па таа да ме прашува мене.
trudnicka - да, во право си, свекрва ти е за никаде, ти не треба да работиш. Сега подобро се чувствуваш? Тоа што некој ќе те поддржи или не на некој форум, нема да ти ги реши проблемите. Ако си влегла во некоја куќа, мораш да имаш почит за тие што живеат таму. И не може да очекуваш друг да ти ги врши работите. Едноставно, така е, животот е суров. За почеток, наместо да пишуваш тука километарски мислења, сврти се малку дома и гледај да си го решиш проблемот. И гледај што ти можеш да направиш, а не што другите треба да прават. Ако навистина не смееш да работиш - и да нема ручек нема да умрете за јадење, ќе јадете што било. И не мораш да се расправаш со свекрва ти, можеш и да премолчиш. Расправањето нема да ти го реши проблемот, само ќе ги ископлицира работите.
Еден покрив делите = во заедница сте, па макар куќата имала десет спрата. Нема да бидете во заедница кога ќе отидете некаде под кирија или ќе дигнете кредит за станче. Во никој момент јас не реков дека свекрва ти не греши, но еве и ти и` се мешаш во работите со тоа што коментираш за караници меѓу неа и маж и` и како тоа маж и` и` месел леб. Тоа не ли е мешање во нечија приватност? Си излегла полоша во нејзини очи затоа што си враќала на нејзин начин во поголем интензитет. Фино си си се наместила самата. Јас што требаше да направам на свекрва ми Спојлер еднаш што бев избркана од дома? Што мислеше ти, ние другите не сме биле на мака? Во животот не му е најтешко на оној најмногу што кука, туку на оној кој најмногу преживеал, независно дали ќе зборува за тоа или не. Со памет си ја свртев на моја страна. Не ме сака како ќерка, нормално, но со тоа што и` покажав дека не сум како неа, ја натерав да се засрами од нејзиното однесување. И се засрами. Притоа, еве одговорно признавам, ниту в лице, ниту зад грб имам некој лош збор кажано за неа. Тоа повеќе ја болеше. Ти мислиш мене првите денови откако се случи инцидентот не ми беше плодна почвата да развивам омраза кон неа и да и` смислувам одмазднички планови? Нее, премногу се сакам себеси за да се замарам толку душо, а и мм па да го обременувам со домашни проблеми кои имам уста, можам да разговарам и сама да си ги решам или пак да се опседнувам со жената ризикувајќи да си го запоставам мм. Плус тоа, бев свесна дека сум во нејзина куќа и тогаш само за тоа имаше и услови и си ја подвиткав опашката. Додека не се створат услови за друго, барем да си го направам таму животот што попријатен. А за бременоста, иако двапати се сомневав бидејќи најчесто ми е редовен циклусот, секогаш сум користела заштита затоа што не сум сакала да се ставам во безизлезна ситуација пред да се средат работите. И тие години беа последните години кога јас воопшто размислував и планирав деца. Зошто самата се ставаш во безизлезна ситуација? Зошто не користиш заштита? Бременоста ја гледаш како гаранција дека не смеат да ти преречат ако не работиш или зашто сакаш да се оствариш како мајка? И уште ова. Не е работата да ќутиш, да ќутиш па да го користиш ќутењето како оправдување за да избувнеш како Попокатепетел или на секое да му го ставаш капачето. Јас најотворено и најкултурно сум си кажувала (на само како што е ред) што ми пречи, сум разговарала за проблеми, но да земам да ги исмејувам или навредувам луѓе во години поради нивниот изглед или навики, никогаш.