Леле бе аман жени еј, еве не ми купиле моите ни стан ни куќа, ниту на брат ми му купиле, сами си вложивме и си купивме, си живеат сами моите и таа куќа по нивна смрт со брат ми ќе ја поделиме на пола, што треба сега да не си ги сакам моите родители, зошто немачле што да ми остават? И на брат ми да остават, баш и ми е гајле искрено, иако е кажано сто пати дека се што имаме ќе биде на пола па макар и 100€ да се тоа. Јас си го сакам брат ми, се дружам со него, нашите деца се дружат, и нема ништо поубаво од тоа! Баталете материјални работи, гледајте да градите соживот, и да не ви фали никој во фамилијата, нема ништо повредно од тоа!
Ама тука гледаш како пишуваат. Дека не е побитен братот од имотот. Тој што не си го сака братот или сестрата, самиот себе не се сака. Муабетот беше зошто само на едното дете му даваат, или на сите еднакво или на никој
Кај шо има слога има и бога. Ама не е баш така се црно и бело. Многу жени размислуваат баш како тебе, од љубов спрема братот ќе му го остаат и својот дел, а они кај маж им ќе седат. И ако дојде ред да се разведат, братот го нема никаде, ќе и каже на сестра му да си седи тамо кај шо ја малтретираат. Затоа чиста сметка, долга љубов. Секој својот дел треба да си го земе.
Точно. Секој треба да подели подеднакво на децата. Ама и ќерките да се потрудат да бидат независни. Оти секакви родители има. Баш читав еден пост.... Братот ја средувал куќата и сестрата нема зошто да му зема дел. Сестро златна..... Таа нема да му земе на братот. Ќе земе од родителите. А они очекуваат синот да средува, затоа што тој ќе наследи. А ќерката нека си бара од мажот. А за чување на родителите.... Ако си заслужат. За неговите ама ич не се замарам. А свекрвите знаете кого малтретираат? Оние снаи со мек карактер. Удираат таму кај што можат. Затоа упорно зборам покажување заби од старт. За да си знаат каде им е местото.
Треба и синовите да се потрудат да бидат независни. А не цел живот да чекаат на готово. Се некој да им даде, се некој да им пере, се некој да ги рани.
Ако и купиле стан или братот и платил за тој дел, нема право да бара дел. Колега еден има сестра, и оваа си е во странство, не сакала ништо, ама овој и дал пари, викаше подобро така отколку утре да ме колнат нејзините деца. Чиста сметка, долга љубов.
Е ај кажи ми како може браќата да земат се ако не им препишат родителите? Родителите се криви најмногу, што секогаш едно дете фаворизираат, а другото да е живо и здраво.
Од љубов и брат ми го вика истото за мене, поентата не ми беше таа, туку дека не е се во материјалното, кој што дал или земал, ние си се имаме едни со други и за нас тоа е најбитно.
Не е се во материјалното ама материјалното е многу потребно за да опстанеш. Родители шо мислат дека женското е поневредно од машкото и брат шо не ти подава рака кога ти треба, не вреди ни да ги погледниш а не па пелени да им мениш и да им помагаш.
Тоа да. Ама да се очекува сестрата да се откаже само затоа што заминала во странство, а не и дале ништо, не е во ред. Секогаш едното дете се фаворизира. А другото кој го врти. На такви родители да им трчам по болници и да им менувам пелени, нема шанси.
Супер е за ваков договор, сите сложни и среќни, проблем настанува ако едно од децата не сака да им помага на родителите, па целиот терет е на едното дете. Тоа не е баш фер.
Јас немам таков проблем, а и не сме ни размислувале на оваа тема конкретно, само отсекогаш се знаелп дека се е на пола кај нас колку и да има. Ние сами си створивме и си имаме доволно за живот со мм, не ми треба ничиво материјалално искрено, супер ми е и вака. Сам па како 'знам.
Епа оти си израсната со љубов, родителите не те делеле и затоа не си размислувала. Родителите ако те делат, и брат ти утре ќе мисли дека има повеќе права од тебе. И на тебе ќе ти се створи омраза спрема нив. И како после очекуваат да ги гледаш кога те третирале како куче?
Не се води тука дискусија за ако немаат родителите што да ти остават. Немаат, немаат. Меѓутоа и да немаат или имаат и притоа да го фаворизираат синот наспроти ќерката, кажува што родител е. За мене, никаков. Не е до материјалното, иако многу пати е, бидејќи не сме Германија, туку дискриминација. Излегува ти како татко или мајка, ти вредам помалце од син ти. Тие го прават раздорот меѓу децата, а не тие меѓу себе. Ја реновирал куќата. Да, сигурно. Си реновирал спрат. И навистина нема право никој да му го земе, ако сам си го изградил. Дискутабилно е, ако веќе постоел. Според мене, фер и правилно е тој дел да го откупи од сестрата, па нека се шири со небо. Да имаа ќерките избор каде да се вратат, стапката на разводи ќе отидеше до плафон. И не се работи само за затуцани села, затуцани луѓе, такви примери гледам и кај високообразовани во центарот на градот. Среќа што промените почнуваат од понови генерации. Верувам дека тогаш насилството врз жените ќе биде намалено, затоа што мама и тато ќе ги пречекаат назад, а не да им ја бапнат вратата и после ќерко ме боли кичма, носи ме по доктори.
Јас па мислам дека повеќе ги фаворизираат ќерките, им прават ручеци, деца им чуваат, а на синот демек не биле должни деца да му чуваат, и да му чуваат еден ден ќе му преречат, а на ќерката нема. Имам неколку примери ги гледам со полни торби, си прават муабет меѓусебно комшии, ги слушам, дека ќе оделе кај ќерките па да им однеле нешто. Постари колешки исто така, кажуваат право од работа ќе оделе да им чуваат на ќерките деца, таа ќе излегувала со другарки. Па кажуваат зимници се тие им правеле на ќерките. И баш помлада колешка една ја праша а на снаата. Оваа кажа дека снаата си има мајка, нека и прави. Истава помлада колешка баш кажуваше на почеток првите години правеле со свекрва и зимници, золва и нигде ја немало, ќе си дошле со кола и ќе наполнат гепекот. Ептен не ги фаворизираат ќерките. Исто комшика ми вика јас направи, гледам нема, свекрва и носела на ќерка и.
Тоа не е фаворизирање. Перење на совест е. Пошо оставиле се на синот. Изгледа сметаат дека со ајвар и туршија ќеркава ќе им биде бек ап, за ако снаата не им мења пелени.
А од каде ова дека на синот му оставиле? Синот си купил сам стан. Колешкава заедно со маж и сами си купиле. Значи зборам за синови што си живеат во свој сопствен стан. Многу те погодува изгледа што му оставиле се на брат ти, ама оди расправај се со него, ние не сме ти виновни што си останала со прстот во уста. Или прашај ги родителите зошто братот го фаворизираат.
Тука строго се зборува за домот кај свекрва За кај мама и тато, знаеме како е. Самостални треба да сме и да оставиме или да превоспитаме такво мамино синче и таква свекрва! Со почит кон сите.